Преговори без датум
Преговори без датум
Европската комисија (ЕК) се подготвува на 14 октомври годинава на Македонија да и' испорача преговори за членство, но нема да соопшти датум. Исто така, ќе биде споменато и големото значење на добрососедските односи, а во меѓувреме е можно да биде дефиниран поимот „добрососедски односи“, дознава „Дневник“.
Според се' уште неофицијалните информации во Брисел и со оглед на четирите закони усвоени последниве седмици, екипата на комесарот за проширување Оли Рен на 14 октомври најверојатно ќе може да заклучи дека Македонија е на добар пат да се оспособи за членство во ЕУ. Но во оваа препорака нема да фигурира датум на кој преговорите би требало да стартуваат. Определувањето датум останува надлежност на земјите-членки и не постои правило што определува кога тоа треба да се случи. Оваа процедура, како и досега усвоените документи, во кои Македонија се условува со добрососедски односи и решение на спорот со името, и' овозможува на Грција да избегне да става вето.
Во мислењето што ЕК го изработи за Хрватска во април 2004 година, за нејзината кандидатура за членство стои дека земјата е функционална демократија и функционална пазарна економија, како и тоа дека на среден рок ќе биде способна да се справи со обврските што ги носи членството. Покрај овие три Копенхагенски критериуми неопходни за почеток на преговори, ЕК во заклучокот додава и редица задачи што се' уште стојат пред Хрватска. Сепак, со оглед на исполнетите критериуми од Копенхаген, Комисијата „препорачува дека преговорите за членство со Хрватска би требало да почнат“. Во понатамошната хрватска приказна е запишан јуни 2004 кога на земјата и' е доделен кандидатски статус. Но, земјите-членки прв пат за датум за старт на преговори се произнесоа дури во март 2005 година, кога датумот го условија со барањето Хрватска на Хашкиот суд да му го предаде генералот Анте Готовина. На ваквата препорака Загреб одговори со акциски план за фаќање на генералот, усогласен со Хаг и со Брисел, кој даде резултат во октомври 2005 година, кога Готовина беше уапсен. Дури откако тогашната хашка обвинителка Карла дел Понте даде зелено светло за Загреб, преговорите стартуваа.
- Хрватска никој не ја блокираше. Едноставно, немаше консензус за почеток на преговорите. Тоа е сценариото што најверојатно ја чека Македонија оваа есен - раскажува дипломат во Брисел.
Брисел во октомври најверојатно ќе констатира дека Македонија ги исполнува трите Копенхагенски критериуми и врз основа на тоа ќе му препорача на Советот на ЕУ да почне преговори. Но, со оглед на тоа што датумот е во надлежност на земјите-членки, тие неговото определување може да го одлагаат и условуваат се' додека не констатираат дека сите услови се исполнети, а формално тоа нема да значи дека Грција ставила вето. Така треба да се толкуваат и изјавите на Оли Рен или на Ерван Фуере, кои редовно потсетуваат дека решавање на спорот со Грција не е услов за позитивен извештај на ЕУ, но може да го олесни и забрза стартот на преговорите.
Според соговорникот на „Дневник“, постојат две работи што може долго да го одлагаат вистинскиот старт на преговори, а тоа се добрососедските односи и спроведувањето на усвоените закони.
- Познато е дека Македонија има лоша репутација во спроведувањето на законите. Владата и Собранието ги донесуваат законите, но потоа нивното спроведување често е проблематично и не ги дава саканите резултати - вели познавачот на македонската политичка сцена.
Добрососедските односи се уште еден елемент кој веќе долго се провлекува низ европските документи за Македонија. Тој прв пат беше „институционализиран“ на самитот во јуни 2008 година, со кој се затвори словенечкото претседателство со ЕУ. Тогаш лидерите на ЕУ во однос на Македонија заклучија дека „одржувањето на добрососедските односи, вклучително и преговарано и заеднички прифатливо решение за спорот со името остануваат есенцијални“.
- Со оваа формулација на највисокото европско одлучувачко тело македонската судбина е запечатена уште пред повеќе од една година. Без решение за спорот никаде не може да се оди и никој нема да може да каже дека Грција ставила вето - објаснуваат во Брисел.
Надежта на многумина во Брисел е дека шведското претседателство со ЕУ ќе успее до крајот на годината да издејствува дефинирање на поимот „добрососедски односи“.
Во критериумите од Копенхаген не е експлицитно споменато дека добрососедството е услов. Овој пат би се одело на нивно прецизирање со кое би се избегнале интерпретации, вели еден дипломат. Според него, ваквото дефинирање не мора да биде лош сигнал за Македонија.
- Дали, на пример, преименување на аеродром или автопат е доказ за нарушување на добрососедски односи? На ова прашање засега само Грција дава потврден одговор, а ЕУ ги следи желбите на својот партнер - велат во Брисел, каде што веруваат дека дефинирање на поимот би можело да биде позитивен чекор.
Наша дописничка од Брисел
Светлана Јовановска
izvor: http://dnevnik.com.mk/?itemID=FDE797...490F9DC4&arc=1
What else is "new"! KURVOOO Vavilonska!!
eu =

Comment