Macedonian Orthodox Church - News & Updates

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    Предавничкиот Чин на САС

    Предавничкиот Чин на САС

    Предлог - нацрт спогодба за воспоставување на црковно единство со Српската православна црква ја разбранува и дијасората која со будно око гледа што се се случува во сопствената земја и околу неа. Македонската дијаспора е оставена сама насебе да се организира како што знае и умее. Зарем можат вакви работи да ни се случуваат сега?

    Се палат, се туркаат, се обечестуваат цркви манастири, се креваат икони, се скрнават фрески, непроценливо богатство се разнесува. А на Поглаварот и тие околу него продадените души ама им е гајле. Никој не се најде да тропне на маса и да побара заштита од меѓународната заедница да не се оштетуваат црквите и манастирите. Навистина некој ке рече војна, лоши времиња! Ама оваа е така изрежирана да се заплаши народот она тајно договореното да се оствари.

    Се направи промена на уставот на Република Македонија, нашата света Македонска православна црква се порамни со исламската верска заедница, со протестантите на Трајковски, а на штета на МПЦ. Се засиливме со анатеми да ги заплашуваме пратениците. И од тоа фајде нема, се си помина со банкети со делегации дојди ми - појди ми.

    Последниве неколку години Светиот архиерејски синод на МПЦ помогнат веројатно и оддржавниот врв вложи големи напори да се издејствува признавање и прифаќање на автокефалноста на МПЦ заткаена уште 1958 година, прогласена на Третиот црковно - народен собир во 1967 година во Охрид. Се направија посети на православни цркви, се скокна до Патријархот во Цариград но од сето тоа како резултат е ова велепредавство. Наместо да чекориме напред, ние се вракаме назад како магаре на мост - во безизлез.

    Дали ова што денес ни се случува во дијаспората не е дел од стратегијата во разнебитувањето на сопствениот идентитет и црква?

    Веднаш со доаѓањето на владиката Петар во Австралија стапи во акција со една група на луѓе кои моментално беа на раководни места во црковните општини со кои сакаше да протурка правилници за работа како што би му одговарало нему, но со изговор дека тој е поборник за некакво си устројство и ред во црквата. Но за која црква сега се прашуваме?

    Прашуваме? На подмолен начин без знаење и без одобрување на членските собранија на македонските православни цркви во парламентот на Нов Јужн Велс побара да се изгласа закон со кој имотот останува на владиката односно тој да има апсолутно право да раководи и да може што сака да прави и да нема никаква обврска некому да му поднесе било каков извештај. Кога се дозна во парламентот дека се работи без знаење на заедницата и членовите на парламентот го отфрлија како неважечки тој документ се додека не се најде заедничка согласност.

    Судски расправии низ цела Австралија. Досегашната штета е околу три и повеке милиони долари. Судскиот спор кој владиката Петар го води против МПЦ „Св. Петка“ во Рогдаел кој треба да започне во месец август најминимално ке чини уште 730.000 долари (покрај оние досега потрошените повеќе од миллион долари од двете страни) според проценката на адвокатите. Тоа го знаат сите во САС и поглаварот. За време на посетата на високата црковна делегација на Австралија која ја сочинуваа поглаватрот Г.Г. Стефан, митрополитот Агатангел, и домакиноит Петар наводно била по повод 35-годишнината од прогласувањето на МПЦ за автокефална, Зошто дојдоа тука да слават 35 години, а од друга страна му се вракаат во скутот на СПЦ.

    Зошто по враќањето во Републиката црковната делегација не и кажува на јавноста како поминаа на средбата во Волонгон, и за другите средби и зашто го напуштија состанокот?

    Зошто не одржаа народни собранија со народот - верниците да им кажат дека тие се во право а не управите на црковните општини и верниците кои се стожери за македонското опстојување на овие простори. Зошто не ги посетија македонските цркви осветени од нашите поглавари - претходници, туку протестантските расколнички. Ова е потврда дека поглаварот потпаднал под влијание на се моќниот Петар и нема смелост да стави ред и мир во црквата. Иако делуваат посебно тие се носителите на македонскиот опстој овде. Тие се што организираат фестивали, концерти, училишта да се изучува македонскиот јазик, литература и култура, фолклорни друштва спортски и литературни асоциации. Тие се носители и во организирањето на протестите против сите оние кои посегнуваат или се обидуваат да го негираат нашиот етноидентитет на овие простори.

    Го изгубивме центарот на општината во Перт, информативниот центар во Анклиф, Старскиот дом во Сиднеј, манастирското место во Сиднеј, преку три милиони долари одлеани во контата на адвокатските фирми, разделена заедница каде брат со брат не комуницираат, нити за свадби ниту за погреби. На повидок се околу 730.000 долари за претстојниот судски процесс во август. Ако во тоа се стави и сето она што го доживеале и нашинците во Европа и Америка, тогаш и кантар не ке го мери терсене табиетот. Навистина чудни нешта ни се случуваат во дијаспората, дури и некои цркви се потпалуваат. Такви случаи имаме во Шведска, Америка и Австралија.

    Многупати одвреме навреме се расфрлаат писменца со одлука дека тој семоќниот Петар бил расчинет од сега блаженоупокоениот поглавар на МПЦ г.г. Гаврил. Досега САС на МПЦ не дал никаков демант на тоа дали навистина владиката Петар е рашчинет или не? Која е вистината за негово враќање во крилото на МПЦ наводно се погрижиле неговите браќа во Христа од СПЦ, Лаврентие, Амфилохие и Иринеј (заколнети непријатели на македонскиот народ и црква),па можеби сега тој сака да им се одолжи. Не било залудно тоа што се случувало за време на изборот на последниот поглавар на МПЦ г.г. Стефан, владиката Петар веројатно затоа ја оспоруваше и се уште ја оспорува валидноста на актуелниот поглавар г.г. Стефан.

    Зошто некои членови на САС кои толку многу ги заболе за таа македонска земја и Македонска православна црква за да биде во прегратките на СПЦ не го повикаа свештеничкиот клир и благочестивите верници на МПЦ да се спротивстават на донесувањето на Охридскиот договор или за промена на Уставот каде МПЦ се спушта во ист ранг со други верски заедници?

    Веројатно не сакаат да се мешаат во политика, бидејќи црквата и државата се одвоени, иако истите тие се извалкани со политика (дури вооружани со пиштоли како награда) од која никогаш не ќе можат ни да се исперат. Можеби тоа не им одговара затоа прифатиле тој предлог нацрт во Ниш да го потпишат на српски јазик бидејќи бил разбирлив за шефот на преговарачкиот тим (Петар) од епархијата на СПЦ за вардарска бановина, а домаќините веројатно не сакале да му ја повредат суетата на шефот на делегацијата (Петар) па не ја спомнале никаде МПЦ ниту Македонија.

    На 4 јуни 2002 год, во просториите на фудбалскиот клуб Илинден во Рогдаел во организација на МПЦО „Св. Петка“ одржа семакедонски собир на кој беше изгласана резолуција и неколку барања.

    К. Циревски, Сиднеј (Австралија)

    Р Е З О Л У Ц И Ј А

    Се отфрла и осудува предлог - нацрт спогодбата од 17 мај 2002 година потпишан во Ниш од страна на тројцата македонски архиереи, бидејќи преку него се рушат темелите на нашата света црква на нашата државност, се бришат јазикот и националниот идентитет на Македонецот.

    Народот е должен да ја брани честа на црквата, а не честа на политизираните владици. По секоја цена мора образот на МПЦ да остане чист и неизвалкан бидејќи таа е национална црква на македонскиот народ.

    Македонскиот народ цврсто ја поддржува автокефалноста на МПЦ заткаена уште 1958 година, а прогласена во1967 година.

    Му даваме полна поддршка на членовите на САС на МПЦ, митрополитите Кирил и Агатангел, кои застанаа на браникот да ја чуваат честа, достоинството и историјата на МПЦ, а со тоа и на македонската држава - единствената татковина на сите МАКЕДОНЦИ.

    Б А Р А Њ Е

    1. Преговарачите во името на САС на МПЦ во Ниш - Србија; митрополитите Петар, Тимотеј и Наум да одговараат пред Црковен суд на МПЦ и да бидат казнети. Поточно митрополитот Петар, кој подготвува терен за рушење на МПЦ и нејзино обезличување, според сите злодела што ги има направено кон МПЦ во Македонија и во заедниците на македонската дијаспора кој како креатор на ова велепредавство не успеа да го направи денес, тој и утре ќе го стори тоа, затоа уште веднаш треба да биде отстранет од редовите на МПЦ.

    2. Митрополитот Јован кој со своите истапи јавно докажа дека се до неговиот живот ке се бори за рушењето на МПЦ, односно за “автономна Охридска архиепископија” сметаме дека подобро би било да си остане во Грција каде што моментално се наоѓа и да се отстрани од редовите на МПЦ

    3. Поглаварот на МПЦ е недостоен да го чува Св. Климентовиот трон, и да управува со кормилото на нашата Света апостолска црква и да ја штити нашата напатена библиска земја од предавници кои не опкружуваат и затоа Ваше Блаженство сметаме дека попаметно би било да му го предадете тронот на некој вистински достоен македонски архиереј кој ќе ја чува честа, достоинството и историјата на нашата Св Климентова црква, бидејќи сме загрижени недај Боже на подмолен начин да падне во рацете на Јуда па да го предаде на Лаврентие, Филохие или Иринеј.

    Comment

    • indigen
      Senior Member
      • May 2009
      • 1558

      ШТО ЛИ УШТЕ СЕ ЧЕКА, ШТО!?

      ФОРУМ

      ШТО ЛИ УШТЕ СЕ ЧЕКА, ШТО!?

      Перо Дамчевски - КОЦИН, Сиднеј, Австралија

      (До медиумите и до институциите на системот и до Црквата во Македонија)

      Во Ниш паднаа маските на Петар, Тимотеј и Наум. Нишкиот договор има врска и со австралиските судови на владиката Петар. Не случајно „Света Петка“ Рокдаел беше прва на листата на Владиката да се втурне во судските лавиринти. До кога ќе му се дозволува на Петар да прави невиден пустош во македонската заедница во Австралија?!

      Нишкиот потпишан акт на тројцата владици од 17 мај 2002 година потврдува и открива дека тие свесно и спротивно на сите црковни канони на МПЦ и од зад грб на целиот македонски народ ја рушат нашата света Светиклиментова православна црква. Оваа идеја не е нова за оние кои добро ги следат работите од подалеку. За вакви намери владиката Петар е обвинет и во неговата тужба од 1990 година кога беше расчинет со одлука на Синодот согласно Уставот на МПЦ од 09.6 1990 година, а потпишано од денес покојниот Поглавар, Блаженоупокоениот г.г. Гаврил.

      Македонската емиграција во Австралија во Македонија важеше и се уште важи за една од најорганизираните на црковно и на национално поле. Доброупатените во Македонија многу добро знаат колку духовни храмови се изградени со сите дополнителни простории за еден организиран културно-просветен и спортски живот на македонската заедница. Сето тоа е градено макотрпно и со една цел - да не бидеме подолу од другите заедници и да го зачуваме македонскиот дух и на овие простори. Во тоа успеавме со сопствени средства и доброволна работна рака. Македонската емиграција во Австралија знаеше да им застане организирано на сите негатори на македонската нација кои беа дистрибуирани од подалеку со цел да не прекрстат, да не обезличат, да не поништат. Но, ние не дозволивме и достоинствено излегувавме на бројни јавни протести кои ги тресеа Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт и каде уште не, каде од 30.000 до 60.000 демонстранти само на еден собир излегуваа пред амбасадите на негаторите и пред австралискиот Парламент.

      Централни места за организирање на вакви протестни собири беа црквите, но сето тоа како некому да му ги бодело очите, им пречело нашето единство. „Света Петка“ беше прва меѓу првите за сите овие и многу други разноразни акции каде се калеше Македонството.

      Но, изгледа дека баш затоа мораше прва да падне на суд за да се растури тоа заедништво, таа хомогеност на Македонците сплотени од сите делови на распарчена Македонија на едно место. По се изгледа, поради она што се подготвуваше во Ниш од поодамна, креаторите на потпишаниот предавнички договор се плашеа и од големите реакции кои ќе пристигнат од Петтиот континент, па некој побрза да не растури. Но, во тоа се излажаа. Бројните писма и реакции од цела Австралија се доказ дека Македонците не само во Австралија, туку насекаде во светот не дозволуваат некој да ја продава и разнебитува за грст пари и за некакви титули нашата Света Црква, но и дека се добри чувари на се што е македонско насекаде.

      Судските спорови во Австралија продолжуваат безмилосно. Се трошат секојдневно огромни народни средства кои веќе преминуваат милионски бројки. Неговото Блаженство, г.г. Стефан, Поглавар на МПЦ, неодамна ја посети Австралиската епархија, но не ги посети сите негови цркви и верници. Значи, уште еден раскол и делби и тоа од врвот на еден великодостојник кој сигурен сум дека длабоко во себе, во неговата душа знае дека грешката не е во нас, во народот, во верниците, за сите овие судски процеси. Но, изгледа дека така мора да ја тера работата и тој под некоја присилна команда која можеби доаѓа од Белград, Атина, Софија или пак дури и од Тирана.

      Владиката Петар и натаму шири дезинформации меѓу верниците низ Македонската заедница тука во Австралија. Ги става луѓето во недоумица дека во црквите каде не црквува тој, умрените не се погребани, не се правилно појдени на оној век, венчаните не се женети, не се мажени, нивните бракови биле невалидни, крстените биле некрстени, безимени и така натаму и така натаму. Дека тие цркви не се цркви, дека тие луѓе што одат таму не се луѓе, не се верници. Дека поповите не се попови, туку распопи, биле... Ете затоа многу и од ден на ден се повеќе наши млади бегаат во туѓи цркви.

      До кога најодговорните во Република Македонија ќе ги толерираат овие безумни одлуки на поединци и ќе дозволуваат ние Македонците да бидеме тема број еден во црковни расправии и судски процеси во цела Австралија!? До кога некому ќе му се дозволува да го руши угледот на МПЦ како во земјата така и надвор од неа, кој на дело се докажа дека е против МПЦ со потпишаниот документ во Ниш? Зарем власта не е свесна колку и какви последици произлегуваат од овие судски процеси што ги води некој во име на МПЦ, а тој лично нема ништо со неа, односно е против неа!?

      Не е ли крајно време некој да пресече и да им застане на патот на сите предавници и сите узорпатори кои работат против опстојот на државата и на нашата света Македонска Православна Црква?!

      Не е ли крајно време!?

      Не е ли!!!???

      Comment

      • ArMakedon
        Junior Member
        • Aug 2010
        • 45

        Треба да се подзачисти тоа синодот од некои владици.
        "The first method for estimating the intelligence of a ruler is to look at the men he has around him." — Niccolo Machiavelli

        Comment

        • aleksandrov
          Member
          • Feb 2010
          • 558

          Моќта во Синодот очигледно ја узурпирале непријатели на македонските народни и слободарски темели на Македонската Православна Црква. Ако во Синодот на МПЦ сеуште има достојни владици, тие треба отворено да се оградат од узурпаторите и да побараат помош од својот чесен народ. Премолчувањето на злото е најголемо зло.
          All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident. Arthur Schopenhauer

          https://www.facebook.com/igor.a.aleksandrov?ref=tn_tnmn

          Comment

          • aleksandrov
            Member
            • Feb 2010
            • 558

            Дали Петар ќе ја спроведе Нишката Спогод&#1073

            Еве едно писмо што го испративме минатата недела до сите медиуми во Македонија. Посматрајќи кој го објавил, а кој не, можете да заклучите какви се моменталните политички ветришта во Република Македонија. Под него е писмото на адвокатката на Петар Каревски, од која бараме да расчисти со заведувачките дезинформации кои свесно и злонамерно се шират околу специјалниот нацрт-закон за Старателство врз македонските православни црковни имоти кој Петар се обидува да го протурне низ парламентот на австралиската федерална држава Нов Јужен Велз.

            Почитувани уредници,


            Ви се обраќаме во врска со долното писмо од госпоѓата Билјана Апостолова-Антунович, која е правен застапник на нерегистрираната Епархија на владиката Петар, наречена Македонска Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд (забележуваме дека Епархија со вакво име и ваква територијална јурисдикција не постои во Член 7 од Уставот на МПЦ, со кој се одредува кои Епархии се дел на МПЦ).

            Ја потврдуваме како точна информацијата на госпоѓа Антунович дека Предлог-законот за старателство врз македонските православни црковни имоти 2010 сеуште не е одбиен од страна на Парламентот на австралиската федерална држава Нов Јужен Велс, туку е предмет на разгледување пред парламентарна комисија.

            Благодарни сме што госпоѓата Антунович се решила јавно да ја разјасни вистината во врска со Предлог-законот за старателство врз македонски православни црковни имоти 2010. Би ја замолиле да отиде докрај и да го потврди и следното:

            1. Дали е факт дека според Член 5 од предлог-законот се предлага формирање на компанија сочинета само од владиката, архиерејскиот намесник на владиката, шест лица назначени од страна на владиката, секретарот на Епархијата предводена од владиката, и заменик-претседателот на Епархијата чиј претседател е владиката?

            2. Дали е факт дека според Член 13, предложената компанија ќе може своите имоти да ги употребува за служби на било која Црква или религија, како на пример Српската или Грчката православна црква, без обврзувачка потреба од посебно одобрение од Синодот и Архиепископскиот Црковно-народен Собор на МПЦ-oa или од локалната Македонска православна заедница?

            3. Дали е факт дека според Член 14, предложената компанија ќе може имотите кои би биле под нејзина законска сопственост да ги префрли под друго старателство, како на пример старателство за Српската или Грчката православна црква, без потреба од посебно одобрение од Синодот и Архиепископскиот Црковно-народен Собор на МПЦ-oa или од локалната Македонска православна заедница?

            Понатаму, би ја замолиле госпоѓата Антунович да ги расчисти и следните дезинформации, со кои се заведува македонската јавност околу содржината на овој предлог-закон:

            1. Дали е вистинито тврдењето на владиката Петар дека ако се усвои предложениот закон тоа ќе значи регистрирање на МПЦ во Австралија како посебно правно лице?

            2. Дали е вистинито тврдењето на владиката Петар дека усвојувањето на предложениот закон ќе значи признавање на МПЦ од страна на Австралија или од страна на парламентот на австралиската федерална држава Нов Јужен Велз?

            3. Дали е вистинито тврдењето на владиката Петар дека во постоечките Македонски православни општини кои се регистрирани како непрофитни инкорпорирани асоцијации или компании, ако некој управувач направи финансиска злоупотреба, не може лично да биде повикан на законска одговорност?

            4. Дали е вистинито тврдењето на владиката Петар дека во новата компанија која тој сака да ја оформи со посебен парламентарен закон сите 'старатели' лично ќе одговараат при било каква тужба во врска со нивното управување?

            5. Дали е вистинита шпекулацијата дека усвојувањето на предложениот закон ќе значи признавање на Република Македонија под уставното име од страна на Австралија?

            Со почит кон професионалниот статус на госпоѓата Антунович, правник и партнер во фирмата gadens lawyers во Мелбурн, мораме да го ставиме во прашање нејзиното тврдење дека таа сведочела во име на "20-тина црковни општини кои се во заедништво со Македонската Православна Црква." Би ја замолиле госпоѓата Антунович јавно да потврди кои се тие "20-тина црковни општини" во чие име таа наводно сведочела. Се надеваме дека таа го знае точниот број на нејзините наводни клиенти и дека нема пречка јавно да ги потврди нивните имиња, ако веќе сведочела во нивно име при јавна парламентарна расправа.

            Во нејзиното писмо до медиумите, госпоѓата Антунович тврди дека сличниот ваков закон кој по барање на владиката Петар беше предложен во парламентот на австралиската федерална држава Викторија не бил одбиен, туку бил повлечен по барање на владиката. Би ја замолиле да потврди од која причина владиката побарал повлекување на тој закон.

            Се надеваме дека со нејзиниот професионален авторитет госпоѓата Антунович ќе помогне Македонската православна јавност, како и Синодот и членовите на Архиепископскиот Црковно-народен Собор да ја дознаат целата вистина за предложениот закон, кој наликува на отворање врата за реализирање во Австралија на Нишката Спогодба со Српската Православна Црква, потпишана на 7ми Мај 2002.

            Во секој случај, се надеваме дека медиумите и државните и црковни институции во Република Македонија ќе побараат професионален превод и независен правен совет во врска со вистинската содржина на предлог-законот, за да не дозволат да бидат заведени во можно отстапување на независноста и интересите на макотрпно воспоставената Црква на Македонскиот православен народ, од страна на предводникот и потписник на Нишката спогодба, чија реализација се спречи само заради решителната реакција на македонскиот православен народ и неговото достојно свештенство.

            Игор А. Александров
            Претседател
            Здружение на македонските заедници од Австралија
            Г-н Љупчо Поповски Главен и одговорен уредник
            Утрински Весник
            Почитуван Г-не Поповски

            Ние сме правни застапници на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Петар Каревски и Македонската Православна Црква Епархија за Австралија и Нов Зеланд.

            Ви се обраќаме во врска со написот насловен “Владиката Петар не успеа да воведе старателство врз црквите во Австралија”, објавен во денешното интернет издание (24 август 2010) на Утрински Весник, за да ве известиме дека информациите кои се објавени во тој напис се неточни.

            Ние ја застапуваме Епархијата во сите правни работи во врска со предлог законот за старателство (насловен macedonian orthodox church property trust bill 2010). Предлог законот беше воведен во Парламентот на Нов Јужен Велс на 10 јуни 2010, а на 24 јуни 2010 беше предаден на Парламентарна комисија (general purpose standing committee no.3) за да се разгледа неговиот ефект и делување. Во текот на минатиот месец, оваа комисија прими писмени изјави од заинтересирани лица и организации. Јавно сослушување на сведоци кои поднесоа писмени изјави и од кои комисијата сакаше да чуе подетално беше закажано за 23 август 2010.

            Ве известуваме дека Парламентот на Нов Јужен Велс не заседава во моментов, зимската пауза започна на 25 јуни 2010 и ќе трае до крајот на месецов, а првиот ден на заседавање по оваа пауза е 31 август 2010. Вашиот напис дека на вчерашната сесија на Парламентот се разгледувал горенаведениот закон е неточна.
            Вчера, на 23 Август 2010, се одржа јавното сослушување од страна на Парламентарната комисија. Транскриптот од вчерашното сослушување и изјавите на оние кои се појавија како сведоци во целост е објавен на следнава веб-страница:

            На истата веб-страница исто така има линкови до сите писмени изјави поднесени до Парламентарната комисија како и до текстот на предлог законот.

            Г-нот Пол Хој, Висок Советник (senior counsel), и Билјана Апостолова-Антуновиќ, партнер, во нашата адвокатска куќа, сведочеа пред комисијата во името на Епархијата и 20-тина црковни општини кои се во заедништво со Македонската Православна Црква. Митрополитот Петар беше присутен придружуван од 21 свештеник во Епархијата. Сведочеа исто така и оние кои не го подржуваат предлог законот.
            Парламентарната комисија ќе ги разгледа сите изјави, и ќе подготви извештај до Парламентот на Нов Јужен Велс. По разгледувањето на овој извештај, Парламентот ќе одлучува дали предог законот ке биде усвоен.

            Поради горенаведеното, вашиот напис дека Парламентот на Нов Јужен Велс одби да го разгледува барањето на владиката Петар за донесување закон за старателсто е неточен. Неточен е исто така и вашиот напис дека сличен закон беше одбиен и од Парламентот на Викторија. Предлог законот на Викторија беше повлечен по барање на владиката Петар.

            Важно е, со цел да се заштитат интересите на Македонската заедница во Австралија, да го објавите ова писмо и да ги корегирате многубројните грешки во гореспоменатиот напис.
            Со почит,

            biljana apostolova-antunovic paul hoy
            for gadens lawyers for gadens lawyers
            Last edited by aleksandrov; 08-30-2010, 12:05 AM.
            All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident. Arthur Schopenhauer

            https://www.facebook.com/igor.a.aleksandrov?ref=tn_tnmn

            Comment

            • Vangelovski
              Senior Member
              • Sep 2008
              • 8533

              1 Верно е словото: кој ревнува за епископство, добра служба посакува.
              2 Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување;
              3 не пијаница, не жесток, не лаком, туку благороден, не наклонет на препирка, не среброљубец,
              4 кој управува добро со својот дом и има покорни деца со сета честитост,
              5 зашто ако не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјата црква? -
              6 Да не е новообратен, за да не се возгордее и да падне во осудата на ѓаволот! 7 А треба да има и добро сведоштво и од надворешните, за да не падне во прекорување и во стапица на ѓаволот.

              1 Тимотеј 3:1-7
              If my people who are called by my name will humble themselves and pray and seek my face and turn from their wicked ways, I will hear from heaven and will forgive their sins and restore their land. 2 Chronicles 7:14

              The Revolution was in the minds and hearts of the people; a change in their religious sentiments, of their duties and obligations...This radical change in the principles, opinions, sentiments, and affections of the people was the real American Revolution. John Adams

              Comment

              • Bill77
                Senior Member
                • Oct 2009
                • 4545

                Macedonian Church Against any Name Change

                Sunday, 03 October 2010

                The Head of the Macedonian Orthodox Church HH Stefan expects the Ecumenical Patriarch Bartholomew to help in resolving dispute between Macedonian Orthodox Church (MOC) and Serbian Orthodox Church (SOC).

                In Stip where Church – National Gathering on the occasion of the Holiday of the Macedonian Saints took place, Stefan commented the statement of the Patriarch Bartholomew that he will come to Macedonia when “small dispute between two churches MOC and SOC will be resolved.”

                - We believe it is so and expect Ecumenical Patriarch Bartholomew to help because the problem of one place of the church is the problem of entire orthodox church, HH Stefan said.

                He added that the relations between MOPC and SOC do not depend from weather conditions as it depends from inter-personal relations of leading persons in two churches.

                On journalist question, Stefan answered that MOC does not send delegation on enthronement ceremony of the Serbian Patriarch Irinej, which took place today in Pec Patriarchate.

                - In the last couple of years there have been no speech or occasion when we have always said that the name Macedonia, the name Republic of Macedonia and the name Macedonian Orthodox Church should not allow to be changed, Stefan said.

                He announced that commission of MOC Synod to canonise the bishop Gavril Svetogorec for the Saint because his saintliness was seen and confirmed by believers and monks of “St. Gavril Lesnoski” monastery from Probistip.

                Metropolitan Agatangel called believers not to give up the name of the state

                The Metropolitan Agatangel of Povardarie Eparchy at today’s Church – National Gathering in Stip called the believers not to give up the name of the country.

                - I cannot say it is the position of the MOC, it is my personal position and as archpriest of our holy Macedonian church I call at every holy liturgies the Macedonian people and all citizens who live in Macedonia not to give up the holy Macedonian name, Agatangel said.

                It is a duty to defend the country and the name, because as he said, the name is given by the God and Macedonia and Macedonian are mentioned over 70 times in the Bible.







                AMEN
                http://www.macedoniantruth.org/forum/showthread.php?p=120873#post120873

                Comment

                • Prolet
                  Senior Member
                  • Sep 2009
                  • 5241

                  Bill, Serbian ArchBishop Irinej is saying that we should be negotiating with Vraniskovski's church as that church is the main representative of the Serbian Church in Macedonia.
                  МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.

                  Comment

                  • Bill77
                    Senior Member
                    • Oct 2009
                    • 4545

                    Originally posted by Prolet View Post
                    Bill, Serbian ArchBishop Irinej is saying that we should be negotiating with Vraniskovski's church as that church is the main representative of the Serbian Church in Macedonia.
                    Yes Prolet. But we have another thread where this was discussed.

                    I just wanted to point out another subject (which i high lighted) where "Agatangel" promotes never giving away our Name. Its a shame it's only his personal view and can't speak for the church. Mabe the church should make a stance. I suppose its not the church's area to comment on......or is it Prolet?


                    We can also discuss "Ecumenical Patriarch Bartholomew" involvement thats related to this article.
                    Prolet, who is this "Patriarch Bartholomew" ?
                    whats your opinion on seeking his involvement?
                    Last edited by Bill77; 10-03-2010, 08:58 PM.
                    http://www.macedoniantruth.org/forum/showthread.php?p=120873#post120873

                    Comment

                    • indigen
                      Senior Member
                      • May 2009
                      • 1558

                      ВЕСТ НА ДЕНОТ

                      Г.г. Стефан: Името на државата и на црквата не треба да се менува

                      Штип, 3 октомври 2010 (МИА) - Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан очекува Севселенскиот патријарх Вартоломеј да помогне во решавањето на спорот меѓу МПЦ и Српската православна црква. Во штипската населба Ново Село, каде што денеска се одржа Семакедонски црковно-народен собор по повод Празникот на македонските светители, тој за медиумите ја коментираше изјавата на патријархот Вартоломеј дека ќе дојде во Македонија кога ќе се реши „малиот спор на двете цркви МПЦ и СПЦ“.

                      - Верувам дека е така и очекуваме самиот вселенски патријарх Вартоломеј да помогне онака како што доликува на вселенски патријарх, зашто проблемот на едно место на црквата е проблем за сета православна црква, рече г. г Стефан.

                      Тој додаде дека односите помеѓу МПЦ и СПЦ не зависат од временските прилики, колку што зависат од меѓучовечките односи на раководните луѓе во двете цркви.

                      На новинарско прашање, г.г. Стефан одговори дека МПЦ не испратила делегација на устоличувањето на српскиот патријарх Иринеј, што денеска се одржува во храмот „Свети апостоли“ во Пеќката патријаршија.

                      Во врска со беседата на митрополитот на Повардаската епархија г. Агатангел на денешниот собор во Ново Село, во која тој бара од политичарите и граѓаните да не дозволат промена на името на државата, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан рече дека е повторен ставот што Црквата го искажала и во други пригоди.

                      - Последниве неколку години нема послание на Синодот или пригода кога требало да се каже, секогаш се велело дека името на Македонија, името на Република Македонија, името на Македонската православна црква не треба да дозволиме да се менува, изјави г.г. Стефан.

                      Тој најави дека наскоро Комисијата на Синодот на МПЦ за канонизиран светец ќе го прогласи епископот Гаврил Светогорец, кој потекнувал од Штип, бидејќи неговата светост била потврдена и видена од верниците и монасите во манастирот „Свети Гаврил Лесновски“ во Пробиштип.

                      - Нашиот народ го почитува, тој е присутен во нашата иконографија, неговото житие, богослужбата, се бележат чудотоворните дејствија кои се случувале во време на неговиот живот, вели г.г Стефан, кој денеска чиноначалствуваше со свечената литургијата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во наслебата Ново Село на Семакедонскиот црковно-народен собор.

                      Во календарот на Македонската православна црква првата недела во октомври им е посветена на македонските светители, во чест на црковниот народен собор одржан во Охрид, кога со одлука на соборјаните е возобновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква.

                      Митрополитот Агатангел ги повика верниците да не се откажуваат од името на државата

                      На Семакедонскиот црковно-народен собор што се одржа денеска во штипската населба Ново Село, митрополитот на Повардарската епархија г. Агатангел ги повика верниците да не се откажуваат од името на државата.

                      - Јас не можам да кажам дека тоа е став на МПЦ, тоа е мој, личен став и како архипастир на нашата света македонска црква секојпат на сите божествени литургии го повикувам македонскиот народ, ги повикувам сите граѓани кои живеат во Македонија да не се откажуваат од светото македонско име. Доколку дојде до гласање, да кажат „не“, нема промена на името, на нашето древно македонско, рече г. Агатангел.


                      Тој додаде дека должност е одбраната на земјата и името бидејќи, како што рече, името е дадено од Бога и над 70 пати во Библијата се спомнуваат Македонија, Македонец и македонски.

                      Агатангел нагласи дека за спорот помеѓу Грција и Македонија не било разговарано во Синодот на МПЦ и оти изјавата е негов личен став. вјд/хс/ 14:52



                      Доколку дојде до гласање, да кажат „не“, нема промена на името, на нашето древно македонско, рече г. Агатангел.
                      Внимавајте што е ВИСТИНСКОТО значење на оваа порака без да се црта слика или слики! По мое видуање, во овој случај Агатангел отворено или задскриено (директно или индеректно) ја подржува ВЛАДИНАТА злонамерна АГЕНДА ЗА РЕФЕРЕНДУМ за "ИМЕТО"!

                      Второ, ако Агатангел ја држи "ТВРДАТА" позиција во врска со името и националните македонски интереси, што да мислиме за другите?
                      Last edited by indigen; 10-04-2010, 12:00 AM.

                      Comment

                      • Prolet
                        Senior Member
                        • Sep 2009
                        • 5241

                        Bill, Ofcourse they should, the church is the spiritual leader of our people not only the church but the Synagogues and Mosques (IVZ) should be also supporting our name as they are part of our country too. Its all part of national unity

                        As for Bishop Agatangel, he is a very good Bishop who is fighting for Macedonian Interests as any Bishop should be doing.

                        As for Bartolomej, he is the Bishop of Cari Grad we havnt really seen anything public from MPC but apparently they are asking him for advise of some sort. I think the Russian Church would help more, but they are in a similar situation as the Serbian Church because they have alot of countries under their Eparhija like Belorus,Latvia,Ukraine even Finland i think.

                        МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.

                        Comment

                        • Rogi
                          Senior Member
                          • Sep 2008
                          • 2343

                          Внимавајте што е ВИСТИНСКОТО значење на оваа порака без да се црта слика или слики! По мое видуање, во овој случај Агатангел отворено или задскриено (директно или индеректно) ја подржува ВЛАДИНАТА злонамерна АГЕНДА ЗА РЕФЕРЕНДУМ за "ИМЕТО"!
                          Jas ne se soglasuvam so vasata hipoteza i vasiot zaklucok vo vrska so ovaa izjava.

                          Eve i jas ke dadam edna izjava, no so taa ista gorenavedena logika, mozes i so slednoto da dojdes do istiot zaklucok deka vo eden nacin ili drug, se podrzuva ideata za referendum i pregovori, no pak ke si vo greska:


                          "Makedoncite ne smeat da se otkazat od Makedonskoto ime. No, ako vladata na Republika Makedonija e spremna da rizikuva so naseto ime so taa glupava ideja za referendum, odnosno glasanje, i ako nie ne sme dovolno sposobni toa da go sprecime, nie Makedoncite mora ednoglasno da se sprotivstavime i da im objasneme na vladata, so nasite glasovi, deka sme celosno protiv bilo kakva promena na Makedonskoto ime."


                          Neli, i so ovaa izjava, sepak mozes (pogresno) da dojdes do istiot zaklucok. No i ovoj pat, ke si vo greska - porakata e ednostavna.
                          Last edited by Rogi; 10-03-2010, 09:29 PM.

                          Comment

                          • indigen
                            Senior Member
                            • May 2009
                            • 1558

                            Originally posted by rogi View Post
                            jas ne se soglasuvam so vasata hipoteza i vasiot zaklucok vo vrska so ovaa izjava.
                            Твое право е тоа но јас си останувам на мојот став!

                            eve i jas ke dadam edna izjava, no so taa ista gorenavedena logika, mozes i so slednoto da dojdes do istiot zaklucok deka vo eden nacin ili drug, se podrzuva ideata za referendum i pregovori, no pak ke si vo greska:

                            "makedoncite ne smeat da se otkazat od makedonskoto ime. No, ako vladata na republika makedonija e spremna da rizikuva so naseto ime so taa glupava ideja za referendum, odnosno glasanje, i ako nie ne sme dovolno sposobni toa da go sprecime, nie makedoncite mora ednoglasno da se sprotivstavime i da im objasneme na vladata, so nasite glasovi, deka sme celosno protiv bilo kakva promena na makedonskoto ime."


                            neli, i so ovaa izjava, sepak mozes (pogresno) da dojdes do istiot zaklucok. No i ovoj pat, ke si vo greska - porakata e ednostavna.
                            ПРЕД СЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОКРЕНУВА ОТПОР ПРОТИВ КАКВИ И ДА СЕ ПРЕГОВОРИ ИЛИ РАЗГОВРИ ЗА ИМЕТО МАКЕДОНСКО И РАСКИНУВАЊЕ КАКО НЕПРАВЕДНИ И НЕВАЖЕЧКИ СИТЕ ДОГОВОРИ (ПРИВРЕМЕНИ ИЛИ КАКВИ И ДА СЕ!) КОИ ВАЗАЛИТЕ ГИ УТВРДИЛЕ ИЛИ ГИ НАСЛЕДИЛЕ.

                            Каде е ПОВИКОТ на МПЦ и Агатангел ЗА КРАЈ НА ПРЕГОВОРИ ИЛИ РАЗГОВОРИ и РАСКИНУВАЊЕ на "Привремената согласност/спогодба" и за барање прием во ООН под дражавното име - Македонија?
                            Last edited by indigen; 10-04-2010, 12:01 AM.

                            Comment

                            • Prolet
                              Senior Member
                              • Sep 2009
                              • 5241

                              Branko Crvenkovski is attacking MPC because of political interference, just like every other individual or organization has the right to give their opinion about our name and should be defending our name, Branko Crvenkovski is continuing with his disgraceful behavior.

                              МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.

                              Comment

                              • indigen
                                Senior Member
                                • May 2009
                                • 1558

                                Originally posted by Prolet View Post
                                Branko Crvenkovski is attacking MPC because of political interference, just like every other individual or organization has the right to give their opinion about our name and should be defending our name, Branko Crvenkovski is continuing with his disgraceful behavior.

                                http://sitel.com.mk/video/makedonija...-vodi-politika
                                When SDS were in power in the 1990s, they had G.G. Mihail singing to their tune and endorsing some of their VASSAL political agendas and I believe sending Jole Karevich (aka Petar) to Australia to divide the patriotic Macedonian community and dissipate its resources and unity of purpose was part of their (very successful) plot. The way things work in Macedonia, whoever has political power will always be able to pull the strings of the church hierarchy.

                                But I ам slightly heartened to read the following messages from G.G. Stefan and Bishop Agatangel:

                                ЦРКОВНОНАРОДЕН СОБОР ВО ШТИП

                                Г.г. Стефан: Македонија не смее да го смени името од Бога дадено

                                Вчера во Штип се одржа црковнонароден собор во чест на празникот на сите македонски светители.

                                "Некој сака името Македонија и Македонец да го избрише и од светата книга, и да не постоиме како народ и како држава. Во Библијата на повеќе од 37 пати се споменува името Македонија и Македонец.


                                Па затоа Македонија не треба да дозволи да се менува светото и вековно име кое е дадено од Бога.
                                Ние сме народ македонски и живееме во држава во која живеат и други народи, но сите тие си имаат свои матични држави. А ние Македонците немаме друга држава, и затоа мораме Македонија да ја чуваме како зеницата во окото", рекоа поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и владиката Агатангел на беседата по свечената света литургија, која вчера се одржа во црквата "Пресвета Богородица".

                                На свечената литургија присуствуваа верници од цела Македонија и свештеници од сите македонски епархии, како и од Американско-канадската македонска епархија. (Ј.Т.)


                                Last edited by indigen; 10-05-2010, 05:45 AM.

                                Comment

                                Working...
                                X