Предавничкиот Чин на САС
Предавничкиот Чин на САС
Предлог - нацрт спогодба за воспоставување на црковно единство со Српската православна црква ја разбранува и дијасората која со будно око гледа што се се случува во сопствената земја и околу неа. Македонската дијаспора е оставена сама насебе да се организира како што знае и умее. Зарем можат вакви работи да ни се случуваат сега?
Се палат, се туркаат, се обечестуваат цркви манастири, се креваат икони, се скрнават фрески, непроценливо богатство се разнесува. А на Поглаварот и тие околу него продадените души ама им е гајле. Никој не се најде да тропне на маса и да побара заштита од меѓународната заедница да не се оштетуваат црквите и манастирите. Навистина некој ке рече војна, лоши времиња! Ама оваа е така изрежирана да се заплаши народот она тајно договореното да се оствари.
Се направи промена на уставот на Република Македонија, нашата света Македонска православна црква се порамни со исламската верска заедница, со протестантите на Трајковски, а на штета на МПЦ. Се засиливме со анатеми да ги заплашуваме пратениците. И од тоа фајде нема, се си помина со банкети со делегации дојди ми - појди ми.
Последниве неколку години Светиот архиерејски синод на МПЦ помогнат веројатно и оддржавниот врв вложи големи напори да се издејствува признавање и прифаќање на автокефалноста на МПЦ заткаена уште 1958 година, прогласена на Третиот црковно - народен собир во 1967 година во Охрид. Се направија посети на православни цркви, се скокна до Патријархот во Цариград но од сето тоа како резултат е ова велепредавство. Наместо да чекориме напред, ние се вракаме назад како магаре на мост - во безизлез.
Дали ова што денес ни се случува во дијаспората не е дел од стратегијата во разнебитувањето на сопствениот идентитет и црква?
Веднаш со доаѓањето на владиката Петар во Австралија стапи во акција со една група на луѓе кои моментално беа на раководни места во црковните општини со кои сакаше да протурка правилници за работа како што би му одговарало нему, но со изговор дека тој е поборник за некакво си устројство и ред во црквата. Но за која црква сега се прашуваме?
Прашуваме? На подмолен начин без знаење и без одобрување на членските собранија на македонските православни цркви во парламентот на Нов Јужн Велс побара да се изгласа закон со кој имотот останува на владиката односно тој да има апсолутно право да раководи и да може што сака да прави и да нема никаква обврска некому да му поднесе било каков извештај. Кога се дозна во парламентот дека се работи без знаење на заедницата и членовите на парламентот го отфрлија како неважечки тој документ се додека не се најде заедничка согласност.
Судски расправии низ цела Австралија. Досегашната штета е околу три и повеке милиони долари. Судскиот спор кој владиката Петар го води против МПЦ „Св. Петка“ во Рогдаел кој треба да започне во месец август најминимално ке чини уште 730.000 долари (покрај оние досега потрошените повеќе од миллион долари од двете страни) според проценката на адвокатите. Тоа го знаат сите во САС и поглаварот. За време на посетата на високата црковна делегација на Австралија која ја сочинуваа поглаватрот Г.Г. Стефан, митрополитот Агатангел, и домакиноит Петар наводно била по повод 35-годишнината од прогласувањето на МПЦ за автокефална, Зошто дојдоа тука да слават 35 години, а од друга страна му се вракаат во скутот на СПЦ.
Зошто по враќањето во Републиката црковната делегација не и кажува на јавноста како поминаа на средбата во Волонгон, и за другите средби и зашто го напуштија состанокот?
Зошто не одржаа народни собранија со народот - верниците да им кажат дека тие се во право а не управите на црковните општини и верниците кои се стожери за македонското опстојување на овие простори. Зошто не ги посетија македонските цркви осветени од нашите поглавари - претходници, туку протестантските расколнички. Ова е потврда дека поглаварот потпаднал под влијание на се моќниот Петар и нема смелост да стави ред и мир во црквата. Иако делуваат посебно тие се носителите на македонскиот опстој овде. Тие се што организираат фестивали, концерти, училишта да се изучува македонскиот јазик, литература и култура, фолклорни друштва спортски и литературни асоциации. Тие се носители и во организирањето на протестите против сите оние кои посегнуваат или се обидуваат да го негираат нашиот етноидентитет на овие простори.
Го изгубивме центарот на општината во Перт, информативниот центар во Анклиф, Старскиот дом во Сиднеј, манастирското место во Сиднеј, преку три милиони долари одлеани во контата на адвокатските фирми, разделена заедница каде брат со брат не комуницираат, нити за свадби ниту за погреби. На повидок се околу 730.000 долари за претстојниот судски процесс во август. Ако во тоа се стави и сето она што го доживеале и нашинците во Европа и Америка, тогаш и кантар не ке го мери терсене табиетот. Навистина чудни нешта ни се случуваат во дијаспората, дури и некои цркви се потпалуваат. Такви случаи имаме во Шведска, Америка и Австралија.
Многупати одвреме навреме се расфрлаат писменца со одлука дека тој семоќниот Петар бил расчинет од сега блаженоупокоениот поглавар на МПЦ г.г. Гаврил. Досега САС на МПЦ не дал никаков демант на тоа дали навистина владиката Петар е рашчинет или не? Која е вистината за негово враќање во крилото на МПЦ наводно се погрижиле неговите браќа во Христа од СПЦ, Лаврентие, Амфилохие и Иринеј (заколнети непријатели на македонскиот народ и црква),па можеби сега тој сака да им се одолжи. Не било залудно тоа што се случувало за време на изборот на последниот поглавар на МПЦ г.г. Стефан, владиката Петар веројатно затоа ја оспоруваше и се уште ја оспорува валидноста на актуелниот поглавар г.г. Стефан.
Зошто некои членови на САС кои толку многу ги заболе за таа македонска земја и Македонска православна црква за да биде во прегратките на СПЦ не го повикаа свештеничкиот клир и благочестивите верници на МПЦ да се спротивстават на донесувањето на Охридскиот договор или за промена на Уставот каде МПЦ се спушта во ист ранг со други верски заедници?
Веројатно не сакаат да се мешаат во политика, бидејќи црквата и државата се одвоени, иако истите тие се извалкани со политика (дури вооружани со пиштоли како награда) од која никогаш не ќе можат ни да се исперат. Можеби тоа не им одговара затоа прифатиле тој предлог нацрт во Ниш да го потпишат на српски јазик бидејќи бил разбирлив за шефот на преговарачкиот тим (Петар) од епархијата на СПЦ за вардарска бановина, а домаќините веројатно не сакале да му ја повредат суетата на шефот на делегацијата (Петар) па не ја спомнале никаде МПЦ ниту Македонија.
На 4 јуни 2002 год, во просториите на фудбалскиот клуб Илинден во Рогдаел во организација на МПЦО „Св. Петка“ одржа семакедонски собир на кој беше изгласана резолуција и неколку барања.
К. Циревски, Сиднеј (Австралија)
Р Е З О Л У Ц И Ј А
Се отфрла и осудува предлог - нацрт спогодбата од 17 мај 2002 година потпишан во Ниш од страна на тројцата македонски архиереи, бидејќи преку него се рушат темелите на нашата света црква на нашата државност, се бришат јазикот и националниот идентитет на Македонецот.
Народот е должен да ја брани честа на црквата, а не честа на политизираните владици. По секоја цена мора образот на МПЦ да остане чист и неизвалкан бидејќи таа е национална црква на македонскиот народ.
Македонскиот народ цврсто ја поддржува автокефалноста на МПЦ заткаена уште 1958 година, а прогласена во1967 година.
Му даваме полна поддршка на членовите на САС на МПЦ, митрополитите Кирил и Агатангел, кои застанаа на браникот да ја чуваат честа, достоинството и историјата на МПЦ, а со тоа и на македонската држава - единствената татковина на сите МАКЕДОНЦИ.
Б А Р А Њ Е
1. Преговарачите во името на САС на МПЦ во Ниш - Србија; митрополитите Петар, Тимотеј и Наум да одговараат пред Црковен суд на МПЦ и да бидат казнети. Поточно митрополитот Петар, кој подготвува терен за рушење на МПЦ и нејзино обезличување, според сите злодела што ги има направено кон МПЦ во Македонија и во заедниците на македонската дијаспора кој како креатор на ова велепредавство не успеа да го направи денес, тој и утре ќе го стори тоа, затоа уште веднаш треба да биде отстранет од редовите на МПЦ.
2. Митрополитот Јован кој со своите истапи јавно докажа дека се до неговиот живот ке се бори за рушењето на МПЦ, односно за “автономна Охридска архиепископија” сметаме дека подобро би било да си остане во Грција каде што моментално се наоѓа и да се отстрани од редовите на МПЦ
3. Поглаварот на МПЦ е недостоен да го чува Св. Климентовиот трон, и да управува со кормилото на нашата Света апостолска црква и да ја штити нашата напатена библиска земја од предавници кои не опкружуваат и затоа Ваше Блаженство сметаме дека попаметно би било да му го предадете тронот на некој вистински достоен македонски архиереј кој ќе ја чува честа, достоинството и историјата на нашата Св Климентова црква, бидејќи сме загрижени недај Боже на подмолен начин да падне во рацете на Јуда па да го предаде на Лаврентие, Филохие или Иринеј.

Comment