Синодот ја презеде јуриздикцијата врз 12 општини во Австралија
МПЦ реши да стави крај на поделбите во австралиско новозеландската епархија кои траат повеќе од 16 години. Синодот одлучи да ги прифати под своја управа 12-те црковни општини кои се во отворен судир со надлежниот администратор, владиката Петар. Македонските владици формирале комисија која усвои платформа за решавање на спорот.
Надлежниот архиереј, кој повеќе од една деценија се обидуваше со судски спорови да ги присили неговите противници да се вратат под неговоа управа, денеска не сака да ја коментира одлука на синодот, која практично значи негово дистанцијарње од решение на спорот, но вели дека ќе ја почитува.
Синодот на МПЦ засега не сака да прецизира дали како една опција за надминување на проблемот е назначување посебен владика за овие 12 црковни општини.
Црковнииот проблем на австралискиот континент трае речиси две децении. Синодот на МПЦ, реши да се вмеша во проблемот, откако претставници на црковните општини се заканија дека сами ќе назначат свој митрополит.
Мирјана Давидовска

Comment