Поглаварот на ИВЗ повикува на обединување на Албанците во една држава
Божја волја е обединување на сите Албанци во една земја, порачува Реисот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи во интервјуто за весникот на албански јазик „Zhurnal plus", кое ќе биде објавено во целост во петочниот број.
„Сојузот на албанските земји е божја волја и ние имаме обврска да го вратиме тоа и да му се заблагодариме на Бог за тоа", вели Реџепи.
Поглаварот на ИВЗ повикува на обединување под исто знаме и во иста земја каде Бог ги одредува границите, пренесува порталот на албански јазик, „Журнал".
„Обединувањето на албанските земји е Божјата волја, и затоа ние имаме обврска да ги вратиме така како што биле порано. Обединување на силите на албанскиот народ на сите нивоа ќе стане реалност, а Албанија ќе има единствена граница, таа која ја создал Бог. ИВЗ со сите свои капацитети е подготвена да придонесе за националната кауза и да одговори на секој вид повик во насока на обединување на сите Албанци. Јас сум многу загрижен за положбата на Албанците, бидејќи не може да се замисли луѓето да живеат во пет држави. Неприфатливо е вие да живеете овде, таткото да живее во матичната земја, a браќата да живеат надвор oд границите", вели Реисот Реџепи, во интервјуто за „Zhurnal plus"./крај/zh/бб
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

Comment