View Single Post
Old 11-06-2010, 07:22 PM   #7
Bratot
Senior Member
 
Bratot's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Posts: 2,855
Bratot is on a distinguished road
Default

Бечев: Историчар или Националист!?

Штом ќе ги фатите Бугарите во лага тие бегаат од суштината на спорот и не сакаат ни да слушнат за што, всушност станува збор.

Пример за тоа се коментарите после статијата за разобличувањето на плитката пропаганда сервирана од Д. Бечев.

Имено, како да се забораваат аналогичните примери во Историјата и само за Македонците се применуваат двојни критериуми.

Се сомневам дека “докторантот“ Бечев е спремен да ги примени своите размислувања на пошироко меѓународно ниво.
Би му предложил да почне со предизвикување на полската историја и нивната химна позната како “Маршот на Домбровски“ настаната во Италија и прифатена од полските легиони на Јан Хенрик Домбровски кои пак се бореле во редовите на француските војски на Наполеон Бонапарта во неговите европски походи.

Потоа може да се префрли повторно на “домашен“ терен и да објасни зошто македонските “Јенки“ кои сепак пристапиле во служба на армијата на САД во Првата Светска војна и покрај директната прокламација на Претседателот Вудроу Вилсон, според која сите мажи кои биле Германци или припаѓале на германската империја и сите нејзини сојузници биле декларирани како отуѓени непријатели на САД и со тоа ослободени од воената служба. Како сојузник на Германија, истото ослободување се однесувало на сите личности родени во Бугарија или личности од Бугарска етничка припадност.

Се’ што требало да направат е да им кажат на назначените офицери дека тие не се Македонци туку Бугари или дека се родени во Бугарија.
Наместо тоа, тие одлучуваат да се борат и подоцна загинуваат во Првата Светска Војна како Македонци, само храбри и мажи патриоти се одлучуваат на вакво дело на несебично жртвување, се жртвуваат докрај наместо да го поминат животот со лажен идентитет.

Ова подоле е “војничка книшка“ на еден од многуте Македонци кои ги пополнувале при регистрација во Армијата на САД во Првата Светска Војна, впрочем, како и сите останати војници.(Клик за слика)

Обрнете внимание на следните делови:

#5 Where were you born?
#6 If not a citizen, of what country are you a citizen or subject?
#10 Race (specify which)?

превод:

# 5 Каде сте родени?
# 6 Ако не е државјанин, на која земја сте државјанин или предмет?
# 10 Раса (наведете која)?

Одговорот на овие прашања е единствен- Македонија и Македонци.

Дали нашиот “докторант“ кој решил да ја објаснува македонската историја е во состојба да го објасни своето не толку дамнешно членство во бугарската националистичка партија ВМРО-БНД како тогашен соработник на Каракачанов и младински лидер на партиските надежи?

Да потсетиме дека едно од начелата на оваа партија е “заштита и обнова на бугарштината во Република Македонија, до повторното обединување на бугарската држава“ (!?) (види слики)


Историјата на Бечев со негирањето на македонската историја излегува на виделина со популизирањето на првите интернет форум дискусии, оставајќи безброј траги кои сведочат за неговата пристрасност и заложба. Неговите најнови популаризирања се обид на злоупотреба на својата стекната научна титула како наводен кредибилитет за своите стари анти-македонски заложби.

Причината поради која Бечев се вклучува на веќе започнатата кампања против наводната антиквизација на македонската влада е “непристапниот“ историски терен за бугарската пропаганда која никако не може да воспостави подлабоки врски со тој дел од македонската историја, во периодот кога бугарското име не постоело ниту како егзоним ниту како ендоним на европските простори.

После сето ова, излишно е да зборуваме за Бечев како за некој релевантен непристрасен таканаречен доктор, бидејќи неговата определба и пристрасност кон бугарските национал-шовинистички движења и идеи е јасна, според тоа, неговиот речник за Македонија нема никаква релевантност


http://www.macedonianspark.com/vesti...-10-49?lang=mk
__________________
The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot
Bratot is offline   Reply With Quote