Here are some interesting news from our financially bankrupt southern neighbor.
Link: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...kite-makedonci

Заштита на македонскиот јазик кој го зборуваат грчките Македонци !?
23.11.2011 - 16:15 |
* Македонија
Атина да го заштити македонскиот јазик кој го зборуваат грчките Македонци. Со вакво барање граѓански здруженија од Грција почнаа кампања. Македонскиот јазик кој се зборувал во Грција бил различен од јазикот кој го зборувале “Скопјаните”.
Македонците намерно организирале фестивали во Грција, увезувале песни и ора за да ги претопат двете, според нив, различни култури. Така Грците, кои го зборуваат македонскиот јазик попримиле по некој славјански идиом.
"Славофонскиот дијалект што го зборуваат во повеќе региони на Македонија нема никаква врска со јазикот што го зборуваат во Скопје. Тоа претставува културно богатство, кое мораме да го зачуваме и мора храбро да го зборуваат Македонците - Грци”, се вели во соопштението испратено од здружението “Ново Петрици”.
Оваа кампања, славистите оценуваат дека е контрапродуктивна за Грција, бидејки со ова самите го признаваат постоењето на македонскиот јазик.
Дијалектите од Северна Грција се многу тесно врзани со дијалектите во Македонија,а тие се база на македонскиот литературен јазик. Значи до јазичена гледна точка, македонските дијалекти од Грција се дел од истата целина како дијалектите во Република Македонија, објаснува Виктор Фридман, професор по славистика на Универзитетот во Чикаго.
Автоголот на Грција, според Фридман оди во прилог на Македонија, како дополнителен аргумент во преговорите за името.
Доколку се признава дека македонскиот современ јазик се зборува на грчка територија, тоа е чекор напред, вели Фридман.
На работилницата организирана минатата недела во Серес, здруженијата ја предупредуваат власта дека Скопје ќе се обиде да ги искористи моменталните салбости на грчката држава за да ги исполни своите надворешно политчки цели.
Побраа офцијална Атина, наместо да молчи да ги заштити грчките Македонци и да ја спречи кражбата на грчкото културно наследство.
Снежана Јовановска

Comment