Macedonian Orthodox Church - News & Updates
Collapse
X
-
ГАВРИЛ КРСТОВИЧ: Како Грците издејствувале укинување на Охридската архиепископија
URL:
ГАВРИЛ КРСТОВИЧ: Како Грците издејствувале укинување на Охридската архиепископија
Според истражувањето на Гаврил Крстович од 1869 година, кој имал на располагање голем број документи од архивата на Вселенската патријаршија, но и од архивата на турската империја во врска со укинувањето на Охридската архиепископија, барањето на Вселенската патријаршија за укинувањето на архиепископијата е базирано врз лажни обвинувања и фалсификувани документи
Блаже МИНЕВСКИ
Патријархот Самуил заедно со Синодот на Цариградската Патријаршија фалсификувале документи со кои укинување на Охридската патријаршија наводно барал самиот Арсениј, архиепископ на Охридската архиепископија, заедно со епископите и верниците. Според таквото фалсификувано барање главна причина за укинување на Охридската архиепископија е финансискиот крах на архиепископијата, но и на сите епархии со кои управувала. Но, вистинските причини за укинување на Охридската архиепископија не се финансиските долгови, кои наводно биле толку големи што ја парализирале работата на црквата, како што тврдел патријархот Самуил, туку желбата Патријаршијата во Цариград, односно Грците, да ги приграбат за себе сите 31 епархиии со кои раководела Охридската архиепископија. Според истражувањето на Гаврил Крстович од 1869 година, кој имал на располагање голем број документи од архивата на Вселенската патријаршија, но и од архивата на турската империја во врска со укинувањето на Охридската архиепископија, барањето на Вселенската патријаршија за укинувањето на архиепископијата е базирано врз лажни обвинувања и фалсификувани документи.
ШЕСТ ЕПИСКОПИ ПРЕДАВНИЦИ
Вселенскиот патријарх Самуил и Светиот синод на Вселенската партријаршија со смислена игра за наводни финансиски проблеми на Архиепископијата во Охрид успеале да издејствуваат од султанот Мустафа трети , син на султанот Ахмед трети, одлука со која се укинува Охридската архиепископија, а целокупниот имот, заедно со верниците, во пакет, се префрла во надлежност на Вселенската патријаршија со седиште во Цариград. Во документите до кои дошол Крстович меѓудругото стои дека Вселенската патријаршија меѓу причините за укинувањето на Охридската архиепископија, освен катастрофалната финансиска состојба и молбата на шест епископи на Охридската архиепископија, по народност Грци, кои молат да се припојат кон Цариградската патријаршија затоа што албанските качаци ги уништиле епархиите со пљачкање, убиства и палежи, како важна причина ги наведува и честите речиси постојани промени на архиепископот, кои тие ги нарекуават несреќни и недостојни.
Се разбира ваквото тврдење на патријархот Самуил Ханџера упатено до Портата воопшто не е точно, зашто пред Арсениј, последниот охридски архиепископ не станува збор за чести промени на престолот. Имено, само двајца архиепископи владееле кратко, а тоа се Јеремија, кој починал брзо по назначувањето, и Ананија, кој бил сменет затоа што сосила седнал на архиепископскиот трон во Охрид. Во истиот на документ на Патријаршијата, кој наводно бил упатен до Султанот а со кој се бара укинувањето на Охридската архиепископија, може да се види дека укинувањето на архиепископијата наводно го бараат сите епископи и сите христијани од Македонија.
Но дали овој документ, односно дали ваков документ стигнал до Султанот? Според истражувањето на Крстович, кој посебно бил заинтересиран за укинувањето на Пеќката патријаршија но истовремено ги анализирал и документите поврзани со укинувањето на Охридската архиепископија, во архивата на Високата порта, односно во актите што се однесуваат на верските прашања во Отоманската империја, нема никаков документ со кој наводно епископите и верниците-христијани од Македонија поднеле некакво барање за укинување на Охридската архиепископија до Султанот. Таков документ едноставно нема. Постои некаков запис во еден царски берат со кој се нотира барањето за укинување на Охридската архиепископија и нејзино припојување на Цариградската патријаршија од страна на Патријаршијата и Синодот, кои всушност молат да се нареди да се запише во документите на Портата припојувањето на Охридската архиепископија кон Патријаршијата со забрана Охридската архиепископија некогаш да побара отцепување од Патријаршијата.
Значи, записникот од архивата на Портата само потврдува дека укинувањето на Охридската архиепископија не е барање на архиепископот, народот и свештенството во Македонија, туку намера и желба на Патријаршијата. Имено, укинувањето е одобрено на барање и предлог, односно молба од страна на Вселенскиот патријарх и Синодот на Патријаршијата во Цариград.
ФЕРМАН ЗА УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА – НЕМА!
За да се увери дека не постои никаков документ со кој самата Охридска архиепископија наводно бара припојување кон Цариградската патријаршија, во 1867 година, значи сто години по укинувањето на Охридската архиепископија, Гаврил Крстович писмено се обраќа до Високата Порта во Цариград со молба да му се издаде препис од Високата заповед со која се укинува Охридската архиепископија:
„Откако беше примена нашата молба веднаш бил побаран таков документ во архивата но одговорот што стигна беше дека Висока заповед или ферман за укинување на Архиепископијата во Охрид нема. Постои само кус запис на крајот од еден лист на записник со молба од патријархот Самуил за укинување на Охридската архиепископија. Освен препис од тој записник добивме и препис од берат со кој се поставува првиот митрополит на Цариградската патријаршија во Охрид по укинувањето на Охридската архиепископија. Станува збор за митрополитот Григориј Драченски. Со двата документи само се потврдува дека укинувањето на Охридската архиепископија е направено на барање на Цариградската патријаршија, со молба и мазар на Цариградскиот патријарх и Светиот синод“.
Според тоа, укинувањете на Охридската архиепископија, а тоа го потврдуваат документите на самата Патријаршијата, но и оние што се наоѓаат во архивата на Високата порта во Цариград, е дело на патријархот Самуил и Синодот на грчката патријаршија во Цариград, а приказната дека тоа се прави по барање на свештенството и народот е чиста лага. Значи, нема никакво барање од народот за укинување на архиепископијата и нејзино припојување на Патријаршијата, а нема никаква молба ниту од архиепископот Арсениј туку само негова оставка која е поднесена под притисок на шестемина Грци, митрополити на Охридската архиепископија, кои во дослух со патријархот Самуил ја имаат замислено, испланирано и реализирано комплетната стратегија и акција околу укинувањето на Охридската арихиепископија.
Самиот чин на укинување на архиепископијата пред султанот се правда со некаква грижа, односно желба да им се помогне на верниците кои молат да се спасат од пропаста во која е пропадната Охридската архиепископија. Се разбира основната цел на проектот за укинување на Охридската архиепископија всушност е уништување на националната свест кај народот, која засилено почнува да се пројавува под патронат на Охридската архиепископија. Дополнителен мотив за таквиот проект на Самуил е можноста да се приберат дополнителни пари за Патријаршијата која до гуша е во големи долгови кон Високата порта, кои мора да се платат.
Од друга страна, дека архиепископот Арсениј ниту некогаш напишал молба за укинување на Охридската архиепископија, ниту пак некогаш се согласил со такви нешто, сведочи и настанот што се случил за време на неговото заточение во манастирот Зограф на Света Гора. Имено, неколку години подоцна, токму поради финансискиот крах на Патријаршијата и големите злоупотреби на средства од патријаршиската каса, на Света Гора привремено бил заточен и самиот Самуил, патријархиот што го испрати на заточение Арсениј, последниот Охридски архиепископ. Според запис на отец Нестор, но и според сведоштвата на монасите во манастирот Зограф, еден ден Арсениј и Самуил случајано се сретнале во дворот на манастирот, па сите имале можност да видат како Арсениј со горки зборови го прекорувал и проколнувал Самуил за укинувањето на Охридската архиепископија.
Притоа треба да се знае дека Самуил е Грк, а Арсениј Македонец од семејството Беласчеви од Охрид.
СУЛТАНОВ ФЕРМАН ЗА ПОДДРШКА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА
Според османлиските документи што можат во секое време да се анализираат, а тоа значи документирано да се реконстриура вистината околу укинувањето на Охридската архиепископија, недвосмислено е дека Самуил, патријархот на Цариградската патријаршија во време на укинувањето на Охридската архиепископија, употребил само лаги и клевети, тврдејќи дури и тоа дека автономијата на Охридската архиепископија , со нејзините словенски арихиепископи, всушност има намера, односно постојано се бори за политичко отцепување од Портата. Освен тоа, според Грците во Патријаршијата во Цариград, Архиепископијата била во големи долгови, но и во постојани кавги меѓу епископите кои наводно крваво се бореле за тронот, а останувале многу кратко на него, и ништо не се менувало во раководењето. Заедно со сите тие лаги, Самуил обезбедил и поткрепа од шест митрополити од 31 колку што во тоа време имала Охридската архиепископија, да го поддржат во лагите за пропаста на Архиепископијата и опасноста од нејзината автономија. Сето тоа, заедно со лажното барање на верниците, го ускористил за да ја убеди Високата порта да ја укине Охридската архиепископија, да го укине тронот на самостојната македонска црква, односно да ја припои на Цариградската патријаршија.
Се разбира самиот чин на укинување на Охридската архиепископија е противзаконска и антиканонска постапка во чија основа лежи користољубието, властољубието и омразата на Патријаршијата, која, како што вели Георги Беласчев, праправнук на архиепископот Арсениј, преку Гркот Самуил по секоја цена сакала да ги потчини под нејзина управа ‘прекрасните епархии на Македонија’.
Во архивата на Османската империја има документ, односно ферман на Султанот Мехмед трети кој директно се однесува на Охридската архиепископија, односно на наводната финансиска пропаст од која патријархот Самуил наводно сакал да ја спаси со укинување.
Специјалната архива за црковни работи се чува во Цариград под името ‘бископос муката’. Овој ферман на Мехмед трети е напишан на третиот ден од месецот Реџеп во 1171 година (1758 по Христа) во Цариград на барање на Методиј, архиепископ на Охридската архиепископија, кој со писмо се обраќа до Султанот за да го заштити од разните лихвари кои секојдневно го притискаат за некакви наводни долгови кои ги направиле неговите претходници. Со ферманот од 1758 година Султанот меѓудругото наредува да се престане со притисоците, нагласувајќи дека ‘кога некој патријах умре или биде сменет, и на негово место се назначи друг, новиот патријарх ги плаќа само долговите кон Државниот трезор на неговиот претходник, ако такви долгови има за плаќање. По плаќањето на овој долг новиот патријарх не треба да се вознемирува за никакви други долгови. Оттука, за да се почитува законот, го издавам овој ферман со кој заповедам веднаш по пристигнувањето на оваа моја одлука да се постапи според неа и да се погрижите и постапите како што е наредено. Значи, забранувам да се вознемирува спомнатиот патријарх за долгови на неговиот претходник кон кого и да било, освен долгот кон државата, кој треба да се плати за Државниот трезор, ако таков долг има’.
Значи, султанот Мехмед трети добро знаел дека врз архиепископот Методиј , по кој доаѓаат архиепискипите Кирил, Ананија и Арсениј, се вршел притисок од разни лихвари за долгови кои Охридската архиепископија не ги направила. Ферманот што го добил архиепископот Методиј го забранува ова своевидно рекетарство, кои само девет години подоцна, заедно со фалсификуваните документи за доброволно напуштање на тронот од страна на последниот Охридски архиепископ Арсениј, ќе биде искористено од Цариградскиот патријарх Самуил за конечно укинување на Охридската архиепископија.
Според тоа, укинувањето на Охридската архиепископија е организирано од Цариградската патријаршија со помош на, ако може така да се рече, локални рекетари, и со шпионскиот ангажман на шестмина епископи Грци кои раководеле со шест епархии на Охридската архиепископија, со фалсификувано писмо на верници кои бараат укинување на архиепископијата и со фалсификувано барање на Арсениј за припојување на Охридската архиепископија кон Цариградската патријаршија.
Се разбира наводното барање на Арсениј е чист фалсификат, односно Арсениј со закани по неговиот живот е присилен само да поднесе оставка од тронот, а оставката, со мала интервенција на заговорниците, е претворена во барање за укинување на Охрдиската архиепископија.
PS:
I wrote this on the other 'church' thread but it probably applies here as well.
If a schism is about to take place in Orthodox Christianity who will be the "true" Orthodox church, and who will be the "new" schismatics/heretics? Those who follow/side with Constantinople or the Russian Orthodox Church?
(The Serbian church and Vraniskovski will easily and immediately side with the Russians. Book it.)Last edited by Carlin; 10-13-2018, 01:14 AM.
Leave a comment:
-
-
Seriously, how can the MOC lead the way? A history of disturbing relationships and subordination with the Serbian church through to similar activities with the Bulgarian church. Everything is tainted in Macedonia.
When the Macedonians rise as one, there is a chance to clean the slate.
Leave a comment:
-
-
Originally posted by Spirit View PostAs we all know the Macedonian Orthodox Church plays an very important role in most Macedonian lives and is very influential. If what Bishop Timotej has said is true and this is the position of the MOC I wonder how Zaev and his cohort of fuckwits will work their way around this given that most people would be more likely to heed and listen to what the MOC has stated. I could be of target here of course.
From what I see, people blindly follow political parties in Macedonia no matter what.
Political parties always have self interest and Zaev is as bigger crook as any. Why can't the blind followers realise this?
If Zaev tries to push his agenda amid the dismal failure of the referendum there should be a coup.
Leave a comment:
-
-
Originally posted by Stojacanec View PostWith any luck the current government and about 35% of the voters should re-align to what the Macedonian position should be.
Leave a comment:
-
-
Originally posted by Spirit View PostForgive me but I don’t know how to attach links. Here is the latest from МИА website. I don’t know how much validity there is to it.
Name of the church and of the country to remain unchanged: Macedonia
Struga, 6 October 2018 (MIA) - The Archbishopric Council of the Macedonian Orthodox Church - Ohrid Archbishopric (MOC-OA) reaffirmed its position that the name of the MOC should not be changed and that the name of the country should not be changed as well.
This decision was reached after the MOC Council held its annual session on Friday and Saturday in a monastery in the village of Kalista in Struga.
МПЦ
The bishops adopted a resolution in which the MOC position of 26 December 2017 is upheld, namely 'not changing the constitutional position of Macedonian language, preserving the unitary character of Macedonia and protecting the Macedonian national identity," said MOC spokesman, Bishop Timotej.
"At the same time, the Council's members convey an appeal for national unity and a sincere call to all political factors in the country to take a responsible approach in these trying times for our homeland, filled with challenges, recommending them to use all means possible to preserve the national and spiritual identity of the Macedonian people and everything that is Macedonian," Bishop Timotej told a news conference. ba/17:03
###
Leave a comment:
-
-
Originally posted by Soldier of Macedon View PostIt is of significance. Emperor Justin was born in Bederiana (near the modern-day village of Bader, Skopje). His nephew, Emperor Justinian, was born in Tauresium (near the modern-day village of Taor, Skopje). Both of these (east) Roman emperors were Thracian by origin. At the time, Macedonia was located within the Roman administrative unit known as the Illyrian Prefecture. When Justinian came to the forefront, he built a city near his birthplace (location disputed) named Justiniana Prima and elevated its metropolitan seat to an archbishopric, for a time rivalling the Archbishopric of Solun for primacy in the prefecture. Due to a number of contributing factors, the city was abandoned less than a 100 years after its establishment. Several centuries later, the Archbishopric of Ohrid (associated with both Tsar Samoil and Emperor Basil II) was given this appellation and considered its successor in the region (i.e., Macedonia and surrounding lands). That is just a brief overview.
Motive is definitely relevant here. On the face of it, it appears that their intent is to solidify the status of the MOC as the successor of the most significant archbishoprics that have existed on the territory of the Macedonian republic. There is a case to argue for that. But the timing is concerning. With all of the treachery that has been going on, one could be forgiven for suspecting that they're assuming these older titles (Archbishopric of Ohrid & Justiniana Prima) in preparation for excluding the national name from the church.
Unless they're in on it. I'd suspect that some of those vultures would find it somewhat more palatable than a name identifying it specifically as a Macedonian Orthodox Church.
My thoughts exactly.
Leave a comment:
-
-
Originally posted by Spirit View PostForgive me but I don’t know how to attach links. Here is the latest from МИА website. I don’t know how much validity there is to it.
Name of the church and of the country to remain unchanged: Macedonia
Struga, 6 October 2018 (MIA) - The Archbishopric Council of the Macedonian Orthodox Church - Ohrid Archbishopric (MOC-OA) reaffirmed its position that the name of the MOC should not be changed and that the name of the country should not be changed as well.
This decision was reached after the MOC Council held its annual session on Friday and Saturday in a monastery in the village of Kalista in Struga.
МПЦ
The bishops adopted a resolution in which the MOC position of 26 December 2017 is upheld, namely 'not changing the constitutional position of Macedonian language, preserving the unitary character of Macedonia and protecting the Macedonian national identity," said MOC spokesman, Bishop Timotej.
"At the same time, the Council's members convey an appeal for national unity and a sincere call to all political factors in the country to take a responsible approach in these trying times for our homeland, filled with challenges, recommending them to use all means possible to preserve the national and spiritual identity of the Macedonian people and everything that is Macedonian," Bishop Timotej told a news conference. ba/17:03
###
Just copy it from the web address bar and paste it into your post on the forum.
Leave a comment:
-
-
Forgive me but I don’t know how to attach links. Here is the latest from МИА website. I don’t know how much validity there is to it.
Name of the church and of the country to remain unchanged: Macedonia
Struga, 6 October 2018 (MIA) - The Archbishopric Council of the Macedonian Orthodox Church - Ohrid Archbishopric (MOC-OA) reaffirmed its position that the name of the MOC should not be changed and that the name of the country should not be changed as well.
This decision was reached after the MOC Council held its annual session on Friday and Saturday in a monastery in the village of Kalista in Struga.
ÐÐЦ
The bishops adopted a resolution in which the MOC position of 26 December 2017 is upheld, namely 'not changing the constitutional position of Macedonian language, preserving the unitary character of Macedonia and protecting the Macedonian national identity," said MOC spokesman, Bishop Timotej.
"At the same time, the Council's members convey an appeal for national unity and a sincere call to all political factors in the country to take a responsible approach in these trying times for our homeland, filled with challenges, recommending them to use all means possible to preserve the national and spiritual identity of the Macedonian people and everything that is Macedonian," Bishop Timotej told a news conference. ba/17:03
###
Leave a comment:
-
-
Originally posted by vicsinad View PostWhat significance does Justiniana Prima have in Macedonia's history and the Church's history?
Originally posted by Risto the Great View PostI still do not trust them and question its purpose.
Originally posted by Carlin15 View PostI agree with you and am somewhat baffled by this move. If anything, the perception/reaction of the Patriarchate of Constantinople, Greek and Serbian churches might be negative.
Originally posted by maco2envy View PostWho cares what those clowns think.
Leave a comment:
-
-
Thinking a little further, perhaps this is an attempt to acknowledge something a little earlier than the OA. Which means the Bulgarian lovefest going on at the moment might culminate in some kind of concession about the title to OA. Unfortunately we can only assume something sinister.
Leave a comment:
-
-
I'm curious as to how the rest of the Orthodox world will perceive or react to this.I agree with you and am somewhat baffled by this move. If anything, the perception/reaction of the Patriarchate of Constantinople, Greek and Serbian churches might be negative.
Leave a comment:
-
-
Originally posted by vicsinad View PostI'm simply trying to ascertain the significance of the MOC needing to add another title. I can't take them always in good faith at what they do, so I'm curious as to how the rest of the Orthodox world will perceive or react to this. Perhaps not at all. Also wondering if this is the basis for the MOC to make another move in the future.
Leave a comment:
-
-
Originally posted by Niko777 View PostSo just to clarify for everyone here, the Macedonian Orthodox Church did not add "Justiniana Prima" to its name, but instead added it to the title of the Archbishop.
"Се дополнува членот 2 од Уставот на МПЦ дека МПЦ кој ќе гласи дека Македонската православна црква е историска и правна наследничка на Охридската Архиепископија и на Јустинијана Прима, има достоинство на Архиепископија и се именува како Македонска православна црква-Охридска Архиепископија, а во комуникацијата Македонска православна црква."
I am not sure this was necessary.
PS:
It seems that the last mention of the first/original Justiniana Prima was amid the Slav raids on the Balkans.
Leave a comment:
-
-
So just to clarify for everyone here, the Macedonian Orthodox Church did not add "Justiniana Prima" to its name, but instead added it to the title of the Archbishop.
Leave a comment:
-
Leave a comment: