Vladicite Kiril i Agatangel gi vratija "avtonomistite" na patot za stabilnost
МПЦ ГО ОДБЕГНА РАСКОЛОТ
Владиците Кирил и Агатангел ги вратија "автономистите" на патот за самобитност
Овие митрополити категорично се спротивставија на намерата на архиепископот Стефан и на владиците Петар, Наум и Тимотеј МПЦ да се врати во СПЦ како Охридска архиепископија
Светиот синод на Македонската православна црква по заканата од внатрешен раскол завчера не ја донесе одлуката за враќање во составот на Српската православна црква како "автономна православна Охридска архиепископија". За тоа, инаку, постоеше подготвеност откако тројцата владици со благослов на архиепископот Стефан неодамна во Ниш потпишаа спогодба за воспоставување црковно единство.
Митрополитите Кирил и Агатангел категорично се спротивставија на намерата на архиепископот Стефан и на владиците Петар, Наум и Тимотеј МПЦ да стане автономна црква со ново име како Охридска архиепископија и во состав на СПЦ. На седницата, тие отворено најавија дека ако овој предлог се прифати тогаш ќе се случи раскол и дека ќе ги повикаат верниците и свештениците во одбраната на самобитноста на МПЦ.
Синодот на МПЦ во официјалното соопштение од седницата наведува дека на разговорите во Ниш меѓу комисиите на Македонската и Српската православна црква не бил потпишан и донесен конечен документ со кој се воспоставува црковно единство меѓу МПЦ и другите помесни православни цркви. "Документот што се појави во јавноста е само нацрт-документ од работен карактер, а не таен документ. Светиот архијерејски синод еднодушно го истакна својот став дека никогаш не се откажал и нема да се откаже од името на својата Црква - Македонска православна црква, како и од титулата на нејзиниот поглавар - архиепископ охридски и македонски. Потребно е и натаму да се продолжи со разговори, со цел да се изнајде најприфатливо конечно решение по ова прашање", се вели во официјалното синодско соопштение.
Во членот 14 од нацрт-спогодбата се наведува дека "Црквата за која станува збор се нарекува Охридска архиепископија", додека "Поглаварот официјално носи титула архиепископ охридски и митрополит скопски".
Митрополитот полошко - кумановски Кирил по седницата изјави дека секое отстапување од светите македонски заложби може да наметне осуда.
- Ние немаме алтернатива, освен заедно, збратимени да се потрудиме да опстоиме и како македонски народ, како Светиклиментова македонска православна црква и како суверена и независна држава Република Македонија, рече владиката Кирил.
Тој на седницата најмногу се конфронтирал со велешкиот владика Јован кој упорно инсистирал МПЦ да се преименува во Охридска архиепископија. Митрополитот Јован, кој ги усовршува теолошките студии во образовните институции на Грчката православна црква, изјавил дека "до смрт ќе опстои на своите ставови".
Брегалничкиот владика Агатангел на петочната богослужба во Кочани предупредил дека ќе се случи раскол. Митрополитите Петар, Тимотеј и Наум истапиле со тврдењето дека автономијата со име Охридска архиепископија е максимално нешто што може да се добие бидејќи другите православни цркви не ја прифаќаат нашата автокефалност.
На секоја нова средба нам ни се нуди се понеповолно решение за статусот и затоа ова мораме да го прифатиме, рекол владиката Петар кого група верници пред почетокот на седницата го дочекала со извици: "Јуда", "Српски шпион"...
Г. Петар до архиепископот Стефан доставил и нов предлог на чии основи би требало да се разреши спорот со СПЦ. Предлогот, чија содржина е непозната ќе се постави на синодска седница. Архиепископот г.г. Стефан главно молчел, исто како и дебарско-кичевскиот владика Тимотеј.
Дознаваме дека новиот став на преговарачите е дека статусот на автокефална црква треба да биде наше категорично барање во сите наредни средби со претставниците на СПЦ.
Од вкупно 17 точки колку што содржи нацрт-спогодбата за воспоставување на црковно единство меѓу "Охридска архиепископија" и СПЦ, повеќе се крајно спорни. Најлошото е сигурно тоа што никаде не се спомнува одредница "македонска". Освен ова, на пример, се предвидува изборот на поглаварот на Охридската архиепископија да го потврдува српскиот патријарх кој мора да се спомнува како прв во литургијата. При судењето на епископ или во друг спор треба да решаваат најмалку дванаесет епископи при што бројот на оние кои нам би ни недостасувале би се обезбедил од СПЦ. Поглаварот би имал само титула "архиепископ охридски", но не и "македонски"... Инаку, тројцата македонски владици спогодбата ја потпишаа само на српски јазик.
Бранко Ѓорѓевски
Број 1858 понеделник, 27 мај 2002
Macedonian Orthodox Church - News & Updates
Collapse
X
-
Za Potsetuvanje - MPC - nishka spogodba Maj 2002
На 17 мај 2002 година во Ниш делегации на Македонската и Српската Православна Црква потпишаа Нацрт-спогодба.....титулата на поглаварот на МПЦ Архиепископ Охридски и Македонски ја преименува во Архиепископ Охридски и митрополит скопски, со право изборот на поглаварот на МПЦ да го потврдува Патријархот српски.
--------------
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ИЗМАМАТА НА ОДРОДНИКОТ И ОДМЕТНИКОТ ВРАНИШКОВСКИ
8 јули 2006 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес во врска со српската експозитура во Македонија на Зоран Вранишковски одржа прес-конференција на која зборуваше претседателот Тодор Петров .
Се потврди дека случајот Вранишковски, Србија упорно го злоупотребува за грубо мешање во внатрешните работи на Македонија, а македонските власти поради несоодветен третман придонесуваат за негова ескалација.
[......]
Имено, во што се состои заблудата на случајот Вранишковски: На 17 мај 2002 година во Ниш делегации на Македонската и Српската Православна Црква потпишаа Нацрт-спогодба за воспоставување на црковно единство. Во оваа нацрт-спогодба Македонската Православна Црква е насловена како Православна Црква во Република Македонија, односно Охридска Архиепископија. Со нацрт-Спогодбата Српската православна Црква & признава автономен статус на Македонската Православна Црква, ја преименува во Охридска Архиепископија, а титулата на поглаварот на МПЦ Архиепископ Охридски и Македонски ја преименува во Архиепископ Охридски и митрополит скопски, со право изборот на поглаварот на МПЦ да го потврдува Патријархот српски.
Нишката нацрт-спогодба е отфрлена од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на 25 мај 2002 година, но потврдена е од Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква Асбр.38/зап.16 од 23 мај 2002 година. Од 23 мај 2002 година, СПЦ за цело време до денес се однесува како Нишката спогодба да е во сила. Затоа, во сите дописи на Српската Православна Црква до МПЦ, поглаварот на МПЦ Неговото Блаженство г.г. Стефан, од 23 мај 2002 година го ословува со титулата од нишката спогодба г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски.
Откога Светиот Синод на Македонската Православна Црква ја отфрла Нишката нацрт-спогодба за воспоставување на црковно единство, Српскиот патријарх упатува поединечен повик до архиереите, свештенството, монаштвото и побожниот народ во Република Македонија за пристапување кон литургиско и канонско единство со СПЦ, а преку неа и со сите православни Цркви.
Овој повик го прифаќа само тогашниот митрополит повардарски Јован, кој на 21 јуни 2002 година ја известува СПЦ дека тој со Повардарската епархија на МПЦ која ја раководи, пристапуваат кон литургиско и канонско единство со СПЦ, потврдено со писмен акт од страна на Српскиот патријарх г.г. Павле на 22 јуни 2002 година.
На 26 јуни 2002 година Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква го повикува Митрополитот Јован да се врати во единството на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, но тој тоа го отфрла, поради што со одлука на САС на МПЦ од 05 јули 2002 година, митрополитот Јован е разрешен од должноста епархиски архиереј на Повардарската епархија на МПЦ.
На 24 септември 2002 година Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква го избира Зоран Вранишковски за “егзарх на Патријархот српски за автономната Охридска Архиепископија.”
На редовното заседание од 13 до 24 мај 2003 година Светиот Архиерејски Собор на Спрската Православна Црква донесува одлука за конституирање и на Свети Архиерејски Синод на автономната Охридска Архиепископија, и ги избира Јоаким Јовчески за “викарен епископ велички и за администратор на Кумановско-полошката епархија”, а Горан Кимев го избира за “викарен епископ дремвицки Марко” со намера да создаде паралелна ерархија на Македонската Православна Црква. Светиот Архиерејски Собор на СПЦ истовремено “го суспендира” македонскиот митрополит Кумановско-полошки Кирил, “го става под забрана за свештенодејствување” и против него покренува црковно-судска постапка. Светиот Архиерејски Собор на СПЦ истовремено им дава ултиматум на македонските архиереи да пристапат во канонско единство со СПЦ најдоцна до 1 септември 2003 година, со закана за покренување црковно-судска постапка против сите нив.
[.....]
-
👍 1
Leave a comment:
-
-
Originally posted by Soldier of Macedon View PostSo when is this apparent recognition due to take place?
Check the below from Wiki:
Everything Ok here..........
That agreement was celebrated in a common liturgy by the Macedonian priests and the Serbian Patriarch German in 1959 in Skopje, as a sign that Serbian church recognises an autonomy of the Macedonian church. In 1962 Serbian Patriarch German and Russian Patriarch Alexis visited the Macedonian Orthodox Church. On the feast of Saints Methodius and Cyril in Ohrid two patriarchs and the Macedonian Metropolitan Dositej concelebrated Holy Liturgy as the first liturgy of the head of the Macedonian church with heads of other Orthodox churches.
The issue of dispute is the method used to gain autocephaly, the issue of the Serb Orthodox minority (according to the last census, there are 40,000 citizens of the country declared as Serbs) and the question of some hundreds of Serb Orthodox shrines from the medieval Nemanjić period.
Despite public appeals from both churches for "Christian brotherhood and unity", both sides did little to settle the dispute.
The ROC should stop selling dreams and come to the table, or get lost from Macedonian matters altogether. I am sick of these carrot dangling games by our so-called 'friends'.
Leave a comment:
-
-
The church is such a double edged sword. It should not define our nationality, yet the peculiarities of the modern Orthodox faith seem to add something to an ethnic identity.
Leave a comment:
-
-
Originally posted by Rogi View PostI'm doubtful.
If it does take place, it will no doubt strengthen our position. This is what the Greeks don't seem to get through their heads, it is not "just" a name, it is not "just" the state, the language, the people, the church, the culture, all of it is named Macedonian, and so it will remain.
Leave a comment:
-
-
the least they could do, with Macedonian Saints being part of their Church!
Leave a comment:
-
-
Macedonian Orthodox Church - News & Updates
Tags: None
-
Leave a comment: