Новиот преговарач ќе биде од триото Ханџиски, Јолевски и Иванов
Благој Ханџиски, Зоран Јолевски и Ѓорѓи Иванов се трите имиња што се вртат како речиси сигурни за можен наследник на македонскиот преговарач во грчко-македонскиот спор околу името по разрешувањето на Никола Димитров. Високи владини извори за Утрински весник тврдат дека амбасадорот Благој Ханџиски, кој моментно ја врши функцијата шеф на Канцеларијата за врски на Македонија во Атина, македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, и професорот на Правниот факултет, Ѓорѓи Иванов, се влезени во најтесниот избор, од кои ќе се избере идниот преговарач. Името, велат нашите извори, ќе се знае по враќањето на премиерот Никола Груевски од САД.
Амбасадорот Никола Димитров, кој од март 2003 година ја вршеше функцијата преговарач предложен од тогашниот премиер Бранко Црвенковски, на собраниска седница на 3 ноември годинава беше разрешен од шефот на државата. Во образложувањата на овој изненадувачки потег од Кабинетот на претседателот изјавија дека дуализмот на преговорите по вклучувањето на Мартин Протоѓер и' нанесува штета на Македонија.
Изборот на нов преговарач доаѓа во време кога се во тек интензивни дипломатски напори да се реши спорот со името. Заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Роберт Вуд, на редовниот брифинг во Вашингтон, одговарајќи на прашање на грчки новинар дали е реална желбата на САД, Македонија во декември да добие покана за членство во НАТО, изјави: Нашата позиција за прашањето за името е добро позната. Сакаме да го видиме решено. Во тек се дипломатски активности во обид да биде решено, но не би сакал да коментирам ништо повеќе, додаде тој.

i hope that Ѓорѓи Иванов will be the next negotiator !
he is a great historian !
Comment