Македонските Албанци ќе ја бојкотираат Македонија!
Албанските спортисти во Македонија или барем некои од нив се подготвени да ги бојкотираат активностите на националните селекции во сите спортови како одговор на „навредливото навивање“ на Македонците на неодамна завршеното ракометно ЕП во Србија, велат тие во изјава за дневниот весник на албански јазик „Журнал“.
Според весникот, ова би било втор чекор во обидот да се спречи, како што велат тие, негативниот феномен што се појавил во последните неколку години. Првиот бил бојкотот од страна на албанските медиуми во државата кон сите македонски репрезентативни селекции, односно одбивање за известување за настаните што ги вклучуваат националните селекции на Македонија.
На списокот на спортистите што зборуваат за „Журнал“ на темата за бојкотирање на македонскиот репрезентативен дрес се фудбалерите Самир Фазли и Мухамет Усеини, каратистот Берт Јакупи, тенисерот Шендрит Деари, одбојкарот Хабил Ајети и кошаркарот Мухамед Тачи. Тие воедно сметаат дека „дале многу за оваа држава, а таа не им возвратила со ништо“.
„Неколку пати досега имам размислувано за бојкот на македонската репрезентација додека некој не ги осуди овие појави“, изјавил Фазли, кој е стандарден младински репрезентативец на Македонија и кој веќе има и неколку настапи за сениорската селекција.
Слична изјава, која лесно може да се протолкува како антимакедонска, за весникот „Журнал“ дава и неговиот соиграч од репрезентацијата на Македонија, Усеини.
„Имам донесено одлука ако во иднина слушнам од трибините навредливи навивања за време на натпревар на репрезентацијата, да го соблечам дресот на Македонија и да го напуштам теренот во знак на протест“, вели Усеини.
Според поранешниот младински кошаркарски репрезентативец, Мухамед Тачи, сето ова било само уште еден доказ дека Македонците ги мразеле Албанците и тој по никоја цена не би го облекол жолто-црвениот дрес, и ако му се даде шанса, бидејќи се чувствува како Албанец, а не како Македонец.
Kurot me boli za vas ako sakate ili ne, a jas znam deka ne te sakam vo Makedonska reprezentacija, golema usloga ke ni naprajs. So zdravje.

Comment