In 2009 number of Macedonians decreased, Albanians increased, again

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Niko777
    Senior Member
    • Oct 2010
    • 1895

    In 2009 number of Macedonians decreased, Albanians increased, again

    Македонците стануваат малцинство во Македонија?!



    Македонците за себе велат дека се народ познат по тоа што поминал низ многу тешки периоди и премрежја, но сепак опстанал. Но последните години тој е пред уште еден предизвик, него го убива белата чума, односно има многу повеќе починати отколку родени.


    Официјално според податоците на Државниот завод за статистика во текот на 2009 година биле родени 23.684 деца а во истата година починале 19.060, што значи населението било зголемено за 4624 лица. И во 2010 според податоците на ЦИА Македонија ќе забележи позитивен природен прираст, според овие податоци населението во нашата земја во текот на 2010 година било зголемено за 0.25 проценти.

    Но доколку се анализира морталитетот и наталитетот на етничките заедници посебно, може да се види, дека носител на природниот прираст се етничките заедници на нашата земја кои припаѓаат на исламската вероисповест.

    Тоа го потврдуваат и податоците на Државниот завод за статистика според кои во 2009 година, од вкупниот број на родени, Македонци биле 12.490 а починале 14.332, што значи дека во таа година 1.842 Македонци повеќе починале отколку што се родиле. Истата година биле родени 7454 Албанци, а починале 3023, па така во 2009 година, бројот на Албанци се зголемил за 4431 жител. Освен кај Албанците зголемен природен прираст има и кај Турците и Ромите.

    Македонските градови стануваат села, албанските села градови.

    Дека бројот на Македонците и останатото православно население се намалува, може да се види многу лесно и во реалноста. Па така доколку се прошетаат некои предели кои се населени со македонско население веднаш се добива впечаток дека тие опустошуваат.

    Тоа се потврдува и со податоците на Државниот завод за статистика.
    Така во 2002 година вo 141 село немало ниту еден жител, додека 445 села имале помалку од 50 жители и во сите нив живеаат 9290 жители. Додека во 180 села живеаат помалку од 100 лица а во сите нив заедно има 12.906 жители . Всушност тоа се населени места во кои со години и не се раѓаат деца. Наталитетот во овие места е сведен речиси на нула, за разлика од морталитетот кој е се поголем. За околу 50 години, доколку не се превземе нешто тие ќе престанат да постојат.

    За разлика од нив селата во Северозападна Македонија, стануваат се поголеми и не е реткост во Полошкиот регион или во Скопско да се сретне села кое има над десет илјади жители.

    Пустошот кој ги зафати македонските села уште во седумдесетите години продолжува со се поголем интезитет. Но сега тој пустош започна да ги зафаќа и македонските градови.

    Најдобар пример за тоа се градовите Демир Хисар, Ресен и Кратово каде во првите девет месеци од минатата година, 62, 73, односно 20 лица повеќе починале отколку што се родиле. Сите овие градови сега имаат околу шест илјади жители што значи дека само по природен пат овие населени места губат по еден процент од своето население. Уште поголем е бројот на лицата кои ги напуштаат овие и заминуваат во Скопје и надвор од Македонија. Доколку овој тренд продолжи тогаш за извесен период тие ќе ја доживеаат истата судбина на Галичник.

    Но оваа не е појава која што е карактеристична само за помалите општини, тоа се случува речиси и со сите поголеми општини во кои доминатно население е македонското, освен со Струмица.

    Најилустративен е примерот со еден од најубавите и втор по големина град во нашата земја - Битола. Таму во првите девет месеци од минатата година 120 лица повеќе починале отколку што се родиле.

    Можеби звучи чудно но и во скопските општини населени претежно со македонско население бројот на починати и родени лица или се изедначува или повеќе има починати од родени, како на пример општината Карпош, каде во првите девет месеци од 2010 година имало шест лица повеќе починати отколку родени.

    За разлика од нив во општините Сарај имале 397 лица, во Чаир 479 лица и во Студеничани 296 лица повеќе родени отколку починати, во првите девет месеци од 2010 година.
    Македонците мора да ја добијат биткaта со белата чума

    Лесно може да се заклучи дека последиците од сето ова се уништувачки. Прво тие имаат несогледливи последици за економскиот развој на земјата.

    Тоа доведува до неможност за фунционирање на пензиските фондови, бидејќи за кратко време бројот на пензионери може да го надмине бројот на вработени. Денес тој сооднос е 1,5 спрема 1, но во догледно време тој може да се изедначи.

    Намалувањето на населението по природен пад особено негативно ќе се одрази врз помалите општини, бидејќи илузорно е да се верува дека тие ќе остварат некој позначителен економски прогрес ако бројот на жители во нив се намалува.

    Бизнисмените секогаш кога инвестираат, покрај другото, го согледуваат и природното движење на населението. Намалувањето на населението всушност значи и намалување на пазарот на тој што сака да инвестира, но и можноста за обезбедување на работна сила.Намалувањето на населението истовремено би можело да ја намали и цената на недвижнини. Познато е дека становите и куќите во помалите македонски градови се продаваат по многу ниски цени, што не можат да ги покријат ни основните трошоци за нивната изградба.

    Според информациите на агенциите за недвижности, една куќа доколку во Скопје вреди 200 илјади евра, исто таква во внатрешноста на земјата чини барем трипати поевтино.

    Но овие последици се незначителни во однос на опасноста од постепеното умирање на македонската нација, при што македонскиот народ може да се доведе во ситуација да биде малцинство во сопствената земја. Фертелитетот односно бројот на родени деца по жена веќе одамана не е доволен за да овозможи не само негов прираст туку и опстанок. Стапката на фертилитет (просечен број на деца кои во репродуктивниот период ги раѓа една жена), кај Македонките изнесува околу 1,4, а само за проста репродукција на населението неопходна е стапка од 2,1 деца.
    Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на Македонците секоја година се намлува за околу две илјади а на Албанците се зголемува за околу четири илјади. Тоа дополнително ја потврдува тезата на некои демографи дека за педесет години вкупното население во нашата земја ќе изнесува 1.700.000 илјади жители од кои милион ќе бидат муслимани, а 700.000 православни.

    Но за таквата ситуација проблемот треба да се бара исклучиво во самите Македонци.

    Најчест изговор поради што наталитетот е така мал е лошиот животен стандард, што се разбира дека влијае но не е единствената и главна причина.

    Со намалување на населението се соочуваат речиси сите економско развиени европски и светски земји, а најголем природен прираст имаат најсиромашните држави.

    Всушност стандардот не е ништо подобар од пред 50 години кога во нашата земја се раѓале и до 50 илјади деца.

    Главна причина поради која се намалува наталитетот е хедонизмот, поточно желбата за се поголеми провидни уживања во животот. Веќе одамна е заборавена скромноста, нешто што го карактеризираше нашиот народ долги години наназад.

    Скромноста е заменета со суетата и потрошувачката култура што ја носи новото време, а при тоа заборавено е на убавината и љубовта што ја носи секое едно родено дете. Се повеќе навлегуваат овие нови вредности кои како што се гледа водат кон уништување на Македонскиот народ.

    Од сето ова призлегува дека кампањите кои се водат во последните неколку години за многудетно семејство се повеќе од потребни, бидејќи позитивно допринесуваат во битката со белтата чума односно природното изумирање на Македонскиот Етникум.

    Исто така повеќе од јасно е дека во оваа битка Македонците мора да излезат како победници, бидејќи можност за втора нема да имаат.
  • Niko777
    Senior Member
    • Oct 2010
    • 1895

    #2
    Some points from the article:

    -Macedonian population is going down all over the country including Skopje
    -Macedonian towns are becoming villages, Albanian towns are becoming cities
    -in 2009 the Macedonian population decreased by 1800 people, the Albanian population increased by 4400 people
    -If trends continue, in 50 years there will be 1700000 Muslims and 700000 Christians in Macedonia

    Comment

    • Niko777
      Senior Member
      • Oct 2010
      • 1895

      #3
      -The article also says that the population decrease will have very bad economic effects in Macedonian areas.

      -It also says that in the beginning of 2010 Albanian areas like Cair and Saraj are seeing a sharp rise whereas areas like Bitola are sharply declining

      Comment

      • fyrOM
        Banned
        • Feb 2010
        • 2180

        #4
        It takes people to make a city. With Macedonians having less kids and leaving for the west it is no wonder. Another factor is that Albanians also go to near western countries and constantly send money back to a trusted person to improve their position back home instead of concentrating of building a new life in the west.

        Comment

        • Niko777
          Senior Member
          • Oct 2010
          • 1895

          #5
          I was wondering if someone in Macedonia can answer this question for me: Did the government end up implementing the pension for mothers with 3+ children? If so, how much is the pension?

          Comment

          Working...
          X