Тројца Хунзи повредени во тепачка, повод политичката криза во Македонија
22/02/2013
Во среда навечер во тепачка која се случила во северен Пакистан во местото Муртазабад повредени се тројца припадници на Хунзите. Тепачката настанала по завршувањето на централниот Дневник на МТВ1 кој редовно се следи преку сателит.
Во локалното кафуле ,,Аминта” две спротивставени групи влегле во жестока расправија за актуелната политичка криза во Македонија. Едната група позната по своите либерални политички убедувања почнала да извикува пароли против Владата, на што група конзервативни Хунзи возвратила со повици „Уа комуњари“ и „Бранко битанга“.
Во општата тепачка биле употребувани секакви предмети и шишиња при што повредени се три лица, двајца од нив се лесно повредени, а третиот полесно.
flour2
По пријава од сопственикот интервенирала пакистанската полиција и спречила инцидент од поголеми размери. Според портпаролот на СВР Муртазабад, во тек се информативни разговори со инволвираните во тепачката, а полицијата набргу ќе излезе со кривични пријави против учесниците.
Полицијата додава дека бројот на инциденти во областите населени со Хунзи е значително зголемен по заострувањето на политичката криза во Македонија. Оттаму се надеваат на брзо решение на оваа криза и наоѓање компромис помеѓу двете страни, со што ќе се смири безбедносната ситуација и во овој регион на северен Пакистан.

Comment