Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > News and Politics

Reply
 
Thread Tools
Old 02-02-2021, 03:24 PM   #91
Carlin15
Senior Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 1,987
Carlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud of
Default

Experts on the upcoming census: "In 10 years alone, 160,000 Macedonian citizens emigrated to Western Europe"

Експерти спроти пописот во април: „За 10 години само во Западна Европа се отселиле 160.000 македонски државјани“

URL:
https://mk.voanews.com/a/voa-macedon...1/5762423.html

Експертите сметаат дека резултатите од пописот во април ќе бидат драстично поразлични од оние во 2002 година.

Резултатите од пописот кој треба да се спроведе во текот на месец април, ќе донесат драстична промена во демографската структура на населението во Северна Македонија во однос на последниот попис од 2002 година, вели за Гласот на Америка, Дончо Ѓерасимовски, поранешен директор на Заводот за статистика. Според Еуростат од 2008-ма до 2018-та, бројот на македонски граѓани кои добиле дозвола за престој во некоја од земјите на ЕУ е приближно 160.000.

Дончо Ѓерасимовски, поранешен директор на Завод за статистика коментира: „Последниот податок кој го слушнавме овие денови е колку наши граѓани односно државјани се отселени во САД. Тоа е околу 24.601. Тоа допринесува од потреба и за други длабински анализи, колку се заминати во Канада, Нов Зеланд, Австралија, и останатите европски земји“.

Социологот, Илија Ацески, вели дека постои стравување дека во изминатите две децении, случени се радикални промени во одредени сфери во дражавата. Причина за тоа смета е што подолг временски период има помасовно иселување надвор од земјата.

„Според некои проценки, од она што можам да го видам и што е познато, некаде околу 500.000 жители сигурно имаме иселено. Цели делови и региони во Македонија се буквално иселени. Во тоа е целиот проблем. Од Струмица и струмичко, повеќе деца се раѓаат во Италија, отколку во Струмица“, коментира, Илија Ацески, социолог.

„За десеттина години ние имаме некаде околу 45000-50000 родени деца во странство“, Дончо Ѓерасимовски, поранешен директор на Завод за статистика.

Ацески очекува дека со пописот би можело да дојде и до промена на процентуалната застапеност на етничките заедници: „Пред се делот во Западна Македонија, каде е најголемата концентрацијата на албанското население и каде во последните две децении имаме голем процент на иселување. Ако дојдете вие до еден податок, од 17% албанско насление или во тие општини каде нема 20%, само по себе по тие закони ќе доведе до едно пореметување на самиот систем. Затоа, резултатите од пописот не би требало да променат ништо во однос на тоа како денес функционира македонската држава. Ако се убедуваме, не знам дали ќе има попис и во наредните 20 години“.

Ѓерасимовски вели дека доволно е да се следи морталитет и наталитет на населението и работите ќе бидат појасни. Веќе втора година вели земјава има негативен природен прираст.

„Од осум региони кои постојат во државата, шест се со негативен природен прираст. Тоа се 56 општини, тоа е над 60% од општините во Република Македонија, кои имаат негативен прираст. Тоа значи дека се намалува населението во тие општини“, вели Дончо Ѓерасимовски, поранешен директор на Завод за статистика.

Сериозен проблем е што во земјава не се следaт надворешните миграции и нема одјавување на населението кое заминува надвор во светот, иако за тоа постојат точно утврдени стандарди кои ги променуваат сите држави во светот, вели Ѓерасимовски.

Ацески, пак, вели дека покрај Северна Македонија, само уште една африканска држава не спровела попис, последните 20 години.

Last edited by Carlin15; 02-02-2021 at 03:36 PM.
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Old 02-03-2021, 09:42 AM   #92
Carlin15
Senior Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 1,987
Carlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud of
Default

Digital census or postponement for spring 2022, says Mickoski, calling on the Government to show reason

URL:
https://english.republika.mk/news/ma...o-show-reason/

Today we formally start the initiative with which we will submit the law to the Parliament Speaker, asking to nullify the census law which was adopted without consensus and without any respect for the health of citizens in the midst of the pandemic. Unfortunately the authorities have also failed to deal with it, and Macedonia is firmly nailed to the bottom or at the top according to the number of infections and deaths due to the incompetence of the government, VMRO-DPMNE leader Hristijan Mickoski said at Wednesday’s press conference.

Mickoski said that ee are witnessing that a number of countries in the region such as our neighbor Bulgaria, our neighbor Serbia, then furthermore Croatia, Romania, Germany, taking care of the health of citizens decided to postpone their census for fall or spring 2022 or fall 2021.

Since the census in our country is impossible to take place in the fall 2021 due to the local elections and the campaign that will take place then, we call on the government to show reason, to take care of the health of the people and postpone the census for spring 2022. Nothing will change if the census is postponed for several months, instead of the one planned for April 2021, he said, adding that not even the census have been formed nor trained, which is practically impossible amid the pandemic.

He added that thousand of people’s lives will be at risk even more so that we do not have vaccines that would protect those people. The first vaccines that would eventually arrive in a modest amount in Macedonia are expected somewhere in early March.

We call for reason, if there is no reason to postpone the census for 2022. We urge the government and the authorities in the parliament to accept the proposal of the opposition for digital census, back in 2015 supported by the European Union, the European Commission, the Ministry of Information Society and Administration that there are conditions to prepare databases for conducting digital census, a project that was completed in 2018, 2019, Mickoski said.




Zaev accepts postponement of the census, but only for a month or two

Заев прифаќа одлагање на пописот, но да заврши до средината на јуни

За фрлената ракавица од претседателот на државата да се разгледа можноста за одлагање на пописот за неколку месеци, временскиот простор што го гледа за можен премиерот Заев е пописот да заврши до средината на јуни.

URL:
https://kanal5.com.mk/zaev-prifakja-...a-juni/a459371

Last edited by Carlin15; 02-03-2021 at 09:46 AM.
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Old 02-04-2021, 08:40 PM   #93
Liberator of Makedonija
Senior Member
 
Liberator of Makedonija's Avatar
 
Join Date: Apr 2014
Location: Australia
Posts: 1,389
Liberator of Makedonija is on a distinguished road
Default

Read in "Australian Macedonian Weekly" that the vast majority of those who have applied for Macedonian citizenship in the last five years have been Albanian
__________________
I know of two tragic histories in the world- that of Ireland, and that of Macedonia. Both of them have been deprived and tormented.
Liberator of Makedonija is offline   Reply With Quote
Old 02-05-2021, 01:20 PM   #94
Carlin15
Senior Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 1,987
Carlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud of
Default

Објавени детали - како ќе се спроведува пописот

URL:
https://sitel.com.mk/objaveni-detali...veduva-popisot

Државниот завод за статистика ја објави методологијата врз основа на која ќе го спроведува пописот закажан за 1 април.

Според неа, Македонија ќе користи комбиниран пописен модел. Ќе се вкрстуваат бази на податоци од 9 државни институции со одговорите кои повеќе од 5500 попишувачи ќе ги соберат на терен директно од граѓаните.

Ќе се попишува и резидентното и нерезидентното население по што ќе се сумираат податоци за секоја категорија посебно но и за двете заедно.

За прв пат попишувачите нема да користат хартија туку целата пописна процедура ќе се води на лаптоп кој ќе биде постојано онлајн и поврзан со базите на државните институции. На вратата ќе ви тропне само еден попишувач. Кога ќе му го кажете Вашиот матичен број и тој ќе го внесе во компјутерот поголемиот дел од прашањата за кои системот може да најде одговори во базите автоматски ќе се пополнат. Вие ќе треба само да ги потврдите информациите или да ги измените ако некаде има потреба за тоа.

Можете да попишете и лице кое во тој момент не е во домот, но ќе треба да го знаете неговиот матичен број а податоците кои ќе ги дадете ќе мора да се поклопуваат со оние податоци кои попишувачот ќе ги добие на мониторот на својот лаптоп кога ќе го вметне матичниот број.

За лицата кои живеат во странство а сакаат да се попишат изработена е посебна онлајн апликација која ќе може да се користи само надвор од Македонија и преку која овие граѓани ќе можат самите да си ги внесат податоците. Оние кои нема да ја искористат апликацијата можат да бидат попишани и од лица во Македонија кои ги знаат нивните податоци но повторно ќе биде потребен целосно пополнет прашалник, а овие граѓани ќе мора и дополнително лично да се изјаснат за националните и верските белези.

Од 1 март почнува попишувањето на лицата во затворите, оние кои немаат целосна документација, војниците во касарните како и лицата кои се дел од дипломатските мисии.

Попишувачите кои ќе одат во домовите на граѓаните нема претходно да поминат преку ковид тестирање но постојано ќе носат заштитна опрема.

Според законот пописот кој ќе се спроведува на 7 јазици треба да трае до 21 април а резултатите од Државниот завод за статистика се надеваат дека ќе ги објават за неколку месеци
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Old 02-05-2021, 06:01 PM   #95
Risto the Great
Senior Member
 
Risto the Great's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Colony of Australia
Posts: 15,000
Risto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond repute
Default

Oh, a laptop sounds very secure.
__________________
Risto the Great
MACEDONIA:ANHEDONIA

"Holding my breath for the revolution."
Risto the Great is offline   Reply With Quote
Old 02-08-2021, 08:17 AM   #96
Carlin15
Senior Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 1,987
Carlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud of
Default

ПОПИСОТ СТАНУВА ТРАУМАТИЧЕН И СКАНДАЛОЗЕН: Селими го учи директорот на Статистика

URL:
https://vecer.mk/makedonija/811310/

Пописот, според досега виденото, станува целосно етничка и политичка операција, а се друго е небитно. ДУИ и партиите на македонските Албанци инсистираат само на едно да се попишуваат Албанци кои над година дена не се во Македонија како резиденти во државата заради остварување на етнички и политички права кои се неосновани.

Дека нема сомневање во тоа е доказ и новиот инцидент каде заменик директрот од ДУИ го демантира претпоставениот, директор на Заводот за статистика, токму на оваа точка поврзана со пописот.

Во петокот на прес-коференција директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски пред новинарите рече дека за лицата кои се отсутни, односно живеат во странство, податоци може да даде најинформираното лице за него, но дека не може да даде податоци за кои се бара лично изјаснување, а тоа се етничката и верска припадност и јазикот.

Денеска, во изјава за ТВ21, заменик директорот на Државниот завод за статистика Илми Селами вели дека не би можел да каже што мислел директорот Симовски кога ја дал таа својата изјава, но нагласува дека не е така.

Тоа е грешка. Такво нешто не е предвидено ниту со законот ниту со методологијата. Законската одредба е општа и во неа се вели дека податоци за отсутното лице ќе даде лице кое ги знае податоците, од матичниот број, па сѐ друго што е потребно за попишувањето, рече Селами.

Инаку, во општата одредба се вели дека податоците за отсутното лице ги дава повозрасно лице кому податоците му се најпознати.

Прес-конференцијата во петокот заедно ја одржаа директорот и заменик директорот Симовски и Селами.
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Old 02-19-2021, 02:16 PM   #97
Carlin15
Senior Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 1,987
Carlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud of
Default

ЈАС СУМ МАРСОВЕЦ

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_ka...sum-marsovets/

Ќе си се пишам Марсовец во личната карта. Не знам, некако така ми дојде. Го следев слетувањето на сондата на НАСА, малку се возбудив и одеднаш Марс ми се приврза на душата. Како да ми е дома. Како да потекнувам од таму.

Што? Нема да смеам да се пишам така оти Марсовците не се наведени во Преамбулата на Уставот? Па таму пишува едни, други, трети, четврти. и реченицата завршува со и други. Еве, јас сум од тие другите. Еве, имам пријатели што се среќни оти се меѓу првите вакцинирани против ковид-19 и тие сакаат во личната карта да им пишува етничка припадност Фајзер. Иако и тоа може да предизвика раздор во семејствата оти брачниот другар сака да се пише Бионтек. А Спутник смее ли да се пише? Или, тие етнички заедници не влегуваат во категоријата други, туку во ептен други.

Какво време дојде, се будиш еден ден и треба да решиш што да се пишеш за наредните 10 години додека ти трае личната карта. Децата чии родители се од различна националност, уште од 14 години ќе треба да изберат дали повеќе ја сакаат мајката или таткото.

Ај баш да видам кој ќе се осмели да ми забрани да се пишам Марсовец? Не есапам ни Комисија за спречување дискриминација. Нит пак на Уставен суд губам време да барам правда. Штом законот во Собрание се води по брза постапка оти има европско знаменце, и јас ќе се однесуам европски. Одам директно на суд во Стразбур.

Собранието, политичката елита и јавноста бараат логика во нешто што е сосема нелогично среде пандемија. Гледате каков бесмислен муабет водиме? Прекрасно. Забавата допрва следи на Собранискиот канал на јавниот сервис.

Сондата тргна во јули 2020 и по седум месеци, вчера слета на Марс. А што сработија нашиве политичари за тие седум месеци? Етничка припадност во лична карта. А да. Ќе заборавев уште еден успех и тројазични табли на патиштата. Двојно остварување.
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump