Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > News and Politics

Reply
 
Thread Tools
Old 10-16-2009, 10:44 PM   #11
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default Vladicite Kiril i Agatangel gi vratija "avtonomistite" na patot za stabilnost

МПЦ ГО ОДБЕГНА РАСКОЛОТ

Владиците Кирил и Агатангел ги вратија "автономистите" на патот за самобитност

Овие митрополити категорично се спротивставија на намерата на архиепископот Стефан и на владиците Петар, Наум и Тимотеј МПЦ да се врати во СПЦ како Охридска архиепископија

Светиот синод на Македонската православна црква по заканата од внатрешен раскол завчера не ја донесе одлуката за враќање во составот на Српската православна црква како "автономна православна Охридска архиепископија". За тоа, инаку, постоеше подготвеност откако тројцата владици со благослов на архиепископот Стефан неодамна во Ниш потпишаа спогодба за воспоставување црковно единство.

Митрополитите Кирил и Агатангел категорично се спротивставија на намерата на архиепископот Стефан и на владиците Петар, Наум и Тимотеј МПЦ да стане автономна црква со ново име како Охридска архиепископија и во состав на СПЦ. На седницата, тие отворено најавија дека ако овој предлог се прифати тогаш ќе се случи раскол и дека ќе ги повикаат верниците и свештениците во одбраната на самобитноста на МПЦ.

Синодот на МПЦ во официјалното соопштение од седницата наведува дека на разговорите во Ниш меѓу комисиите на Македонската и Српската православна црква не бил потпишан и донесен конечен документ со кој се воспоставува црковно единство меѓу МПЦ и другите помесни православни цркви. "Документот што се појави во јавноста е само нацрт-документ од работен карактер, а не таен документ. Светиот архијерејски синод еднодушно го истакна својот став дека никогаш не се откажал и нема да се откаже од името на својата Црква - Македонска православна црква, како и од титулата на нејзиниот поглавар - архиепископ охридски и македонски. Потребно е и натаму да се продолжи со разговори, со цел да се изнајде најприфатливо конечно решение по ова прашање", се вели во официјалното синодско соопштение.

Во членот 14 од нацрт-спогодбата се наведува дека "Црквата за која станува збор се нарекува Охридска архиепископија", додека "Поглаварот официјално носи титула архиепископ охридски и митрополит скопски".

Митрополитот полошко - кумановски Кирил по седницата изјави дека секое отстапување од светите македонски заложби може да наметне осуда.

- Ние немаме алтернатива, освен заедно, збратимени да се потрудиме да опстоиме и како македонски народ, како Светиклиментова македонска православна црква и како суверена и независна држава Република Македонија, рече владиката Кирил.

Тој на седницата најмногу се конфронтирал со велешкиот владика Јован кој упорно инсистирал МПЦ да се преименува во Охридска архиепископија. Митрополитот Јован, кој ги усовршува теолошките студии во образовните институции на Грчката православна црква, изјавил дека "до смрт ќе опстои на своите ставови".

Брегалничкиот владика Агатангел на петочната богослужба во Кочани предупредил дека ќе се случи раскол. Митрополитите Петар, Тимотеј и Наум истапиле со тврдењето дека автономијата со име Охридска архиепископија е максимално нешто што може да се добие бидејќи другите православни цркви не ја прифаќаат нашата автокефалност.

На секоја нова средба нам ни се нуди се понеповолно решение за статусот и затоа ова мораме да го прифатиме, рекол владиката Петар кого група верници пред почетокот на седницата го дочекала со извици: "Јуда", "Српски шпион"...

Г. Петар до архиепископот Стефан доставил и нов предлог на чии основи би требало да се разреши спорот со СПЦ. Предлогот, чија содржина е непозната ќе се постави на синодска седница. Архиепископот г.г. Стефан главно молчел, исто како и дебарско-кичевскиот владика Тимотеј.

Дознаваме дека новиот став на преговарачите е дека статусот на автокефална црква треба да биде наше категорично барање во сите наредни средби со претставниците на СПЦ.

Од вкупно 17 точки колку што содржи нацрт-спогодбата за воспоставување на црковно единство меѓу "Охридска архиепископија" и СПЦ, повеќе се крајно спорни. Најлошото е сигурно тоа што никаде не се спомнува одредница "македонска". Освен ова, на пример, се предвидува изборот на поглаварот на Охридската архиепископија да го потврдува српскиот патријарх кој мора да се спомнува како прв во литургијата. При судењето на епископ или во друг спор треба да решаваат најмалку дванаесет епископи при што бројот на оние кои нам би ни недостасувале би се обезбедил од СПЦ. Поглаварот би имал само титула "архиепископ охридски", но не и "македонски"... Инаку, тројцата македонски владици спогодбата ја потпишаа само на српски јазик.

Бранко Ѓорѓевски

Број 1858 понеделник, 27 мај 2002
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1858&stID=2977
indigen is offline   Reply With Quote
Old 10-16-2009, 10:52 PM   #12
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default Верниците ги поразија владиците

Коментар - Катерина Блажевска

Верниците ги поразија владиците

Quote:
Светиот синод на МПЦ вчера ја отфрли срамната спогодба од Ниш. Триумфира достоинството на православните верници во Македонија и нивната непресушна желба да ги зачуваат автокефалноста и името на Македонската православна црква. На задоволство на православните Македонци, Нишка бања деновиве ќе остане посиромашна за неколку "клисари" од Македонија, кои се до вчера понизно им ги ладеа ножните палци на српските архијереи Амфилохие Радовиќ, Иринеј Буловиќ и нивните антимакедонски истомисленици.
Автономистите Наум, Петар, Тимотеј, Јован и нивниот верски шеф, архиепископот Стефан, кој им ги одобрил парафите на спогодбата, го доживеаја најголемиот срам што може да му се случи на некое православно чедо. Јавноста ги виде разголени до срж, со избербатени мантии, како си го кријат срамот зад шајкачите нафатирани со српски шовинизам и како ги мазнат своите накострешени бради во страв дека ќе бидат "тасма" избричени и казнети од верниците.

По вчерашната "сеанса", МПЦ навидум е спасена од раскол, иако на сите им е јасно дека тој веќе се случи. Црковниот врв го урниса својот, каков таков кредибилитет, а ловориките за тој успех со право им припаднаа на споменатите владици. Сите тие се претставија како дустабанлии на трнливиот пат за зачувување на автокефалноста на МПЦ, како најмени скретничари на грчко-српските интереси и како измеќари на туѓите политички фрустрации. Од петни жили се трудеа да го елиминираат мислењето на црковно-народниот собор, а гласот на верниците да го претстават како нејак крик на верски неедуцирани субјекти. Со тоа јавно се дистанцираа од верниците и се обидоа да претаат по светите гробови на великодостојните Доситеј, Ангелариј, Гаврил, Михаил...

Единствено што им успеа е да се живописаат на ѕидот на срамот и да изградат една нова нишка "Ќеле-кула" од душите на македонските верници. Лентата на тој "споменик" на велепредавството и евтиното вазалство, лично ја пресече владиката Наум, кој завчеравечер во српски "дрес" си беше издејствувал симултанка во неколку телевизии. Од неговата "богоугодна" реторика, ќе остане запаметена заканата за фрлање анатема врз сите што се спротивставија автокефалноста на МПЦ да се трампа за некаква автономија. Ќе остане запаметена и неговата заложба за едукација на верниците, затоа што немале познавање од спорната проблематика. Верниците и од овој случај веќе научија многу. Тој пак, покажа дека не значи оти "верски едуцираните" научиле нешто за моралот и достоинството. Ќе остане овековечена и неговата осуда на партиите кои немале право да се мешаат во црковни работи и да профитираат од критики на нишката спогодба.

Можеби и би било разбирливо кога сето ова би го зборувал некој друг. Но, со што го заслужи тоа право физичкото и црковно лице, т.н. владика Наум, кој повеќе од три години функционира како реквизит изнајмен на "реверс" од политичката гарнитура на власт? Заблуден во желбата да биде поблиску до "царот" отколку до Бога, не виде дека неговата аура рефлектира лик на еден официјален осветувач на кабинети, фабрики, ресторани, спортски сали и санитарни јазли, приврзок на министри и единствен поп кој не пропуштил ниедна полициска вежба. Неговата автономна мантија е присутна секаде каде што дрмаат гранатните грлачи, каде што се пука, каде што се дига борбениот дух и многу милитантен прав. Од Пенуш до Ниш, тој владика е прочуен како српска "дика". Се истакна како виртуоз на квази-верскиот топ-шоп, продавајќи инстант српски детергенти што нудат брзо чистење парафи со гаранција "да тај потпис, уствари, није потпис".

По вчерашното соопштение, што имплицира дека и тој делумно се едуцирал и оти конечно ги сфатил вековното значење на автокефалноста и името на МПЦ наспроти краткотрајниот мирис на "лесковачките мучкалици", очекуваме дека ќе успее да го најде својот духовен мир некаде надвор од српските пашалуци. Или барем дека нема да се појави во маскирна мантија на некој нов Пенуш, каде што и пенушките стојат повисоко од нечии духовни приземности.

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1868&stID=3472
indigen is offline   Reply With Quote
Old 10-16-2009, 11:02 PM   #13
indigen
Senior Member
 
Join Date: May 2009
Posts: 1,558
indigen is on a distinguished road
Default Pod pritisok na javnosta, Sinodot ne go usvoi nishkiot dokument

ПОД ПРИТИСОК НА ЈАВНОСТА, СИНОДОТ НЕ ГО УСВОИ НИШКИОТ ДОКУМЕНТ

МПЦ не се откажува од името и од титулата на поглаварот

Потписниците на нишкиот документ тројцата владици Петар, Наум и Тимотеј ретерирале во расправата, а договорот од Ниш го бранел само владиката Јован, според кој, името на МПЦ мора да се смени во Охридска архие

Светиот синод на Македонската православна црква на завчерашната вонредна седница под притисок на јавноста не го усвои документот од Ниш со кој се предвидува МПЦ да го смени името во Охридска архиепископија и да добие автономија, а не автокефалност.

Quote:
На нацрт-спогодбата во Ниш од македонската страна свои потписи ставиле владиците Наум, Тимотеј и Петар.
"Светиот архијерејски синод констатира дека на разговорите во Ниш, меѓу комисиите на двете цркви, не е потпишан и донесен конечен документ со кој се воспоставува црковно единство меѓу Македонската православна црква и другите помесни православни цркви. Документот што се појави во јавноста е само нацрт-документ од работен карактер и не е таен документ. Светиот синод еднодушно го истакна својот став дека никогаш не се откажал и нема да се откаже од името Македонска православна црква, како и од титулата на нејзиниот поглавар - Архиепископ охридски и македонски", соопшти МПЦ.

Како што дознаваме, седницата поминала во конструктивна расправа, на која потписниците на нишкиот документ ретерирале во своите ставови. Документот го бранел само владиката Јован, велејќи дека името Охридска архиепископија мора да се прифати за да се добие признавање и од Грчката православна црква. На таквиот став на Јован најжестоко реагирале владиците Кирил и Агатангел кои се заканиле со раскол.

Quote:
"Ние немаме друга алтернатива освен сите Македонци да се здружиме за да опстоиме и ќе опстоиме и како посебен македонски народ, и како посебна самостојна Македонска православна црква, и како суверена држава Македонија, се додека светот светува и векот векува", им изјави на новинарите владиката Кирил по завршувањето на седницата на Синодот. Владиката Петар, пред седницата на Синодот на влезот во Архиепископијата беше исфиркан од група незадоволници и беше потсетен на минатото со македонската народна песна "1762" за кодошењето на грчките владици на охридскиот архиепископ во Цариград. Петар на седницата понудил ново решение за спорот чии детали не се соопштуваат. Неофицијално, поглаварот г.г. Стефан за време на жолчната расправа молчел и не го искажал јасно својот став за предавничкиот договор во Ниш.
По завршувањето на состанокот на Синодот, потписниците на нишкиот договор не сакаа да дадат никаква изјава. Владиката Петар избега од задната врата на Архиепископијата, Наум не ни сакаше да ги погледне присутните новинари, а Јован само кратко прокоментира: "Ќе го бранам мојот став до смрт!".

Г.Трпеноски

***

Владиката Наум барал поддршка и од партиите

Владиката Наум, како што дознаваме, имал разговори со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од кои барал поддршка за нишкиот документ. Како што дознаваме, и двете партии му одговориле негативно, со образложение дека таква поддршка не можат да дадат зашто тоа е работа за која треба да одлучи Црквата." Имавме разговор со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и владиката Наум на кој тие не информираа и ни објаснија дека предлогот МПЦ да го смени името во Охридска архиепископија води до автокефалност. Немаме намера да се мешаме во црковните работи, бидејќи таа е одделена од државата", ни изјави Владо Бучковски, потпретседател на СДСМ. И ВМРО - ДПМНЕ е против нишкиот предлог и според пратеникот Михајло Георгиевски " добро е што Српската православна црква за првпат разговара како со самостојна црква, но сепак таквиот предлог не треба да се прифати и треба да се истрае во борбата за автокефалност на МПЦ".

Година: 2 Број:563 Понеделник 5/27/2002

http://star.vest.com.mk/default.asp?...ika=Makedonija
indigen is offline   Reply With Quote
Old 10-19-2009, 11:43 PM   #14
Soldier of Macedon
Senior Member
 
Soldier of Macedon's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Outpost
Posts: 13,651
Soldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond repute
Default

Here is the link about Ivanov's recent visit to the Constantinople Patriarch.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?v...lId=2&pmId=501
Quote:
According to Ivanov, Patriarch Batholomew was well-informed about the situation with the Macedonian Orthodox Church, adding that pontiffs should decide on the issue by themselves, since the churches are solely competent for the problem.
What a load of weak garbage by Bartholomew, the MOC is a reality, why should internal matters concerning states and pontiffs stand in the way of his official recognition of the MOC from Constantinople? What is he waiting for? What are the Serbs waiting for? What are they all waiting for? What needs to be done?

Neither the ROC or the CP are willing to assist us, their Orthodox 'brothers'. Speak with these guys and they tell you that the issue needs to be sorted out internally with the SOC, speak with the Serbs and they tell you that recognition must come from the CP.........they are quite happy for the unity of the Orthodox faith to continue looking like an elusion and mockery in the Christian world.

The Archbishopric of Ohrid in Macedonia has often conducted itself in an autocephalous manner, these so-called 'brothers' are not worthy of our respect if they don't have any intention of respecting us. Macedonia's Orthodox Christianity cannot be denied either way, and it never will be, it is our rich history in this field that they despise and refuse to recognise, lest they look 'equal' or god-forbid 'inferior' to the Macedonians.
__________________
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.
Soldier of Macedon is offline   Reply With Quote
Old 10-20-2009, 03:57 AM   #15
Prolet
Senior Member
 
Prolet's Avatar
 
Join Date: Sep 2009
Posts: 5,241
Prolet is on a distinguished road
Default

Dimko, Have you heard the old Serb saying "Obecanje ludo Radovanje" ??

Its not bound to happen anytime soon especially not now when we established Diplomatic relations with Kosovo.

SOM, Whos our prestavnik in Carigrad?? Do we even have somebody there?
Prolet is offline   Reply With Quote
Old 10-20-2009, 07:06 AM   #16
Soldier of Macedon
Senior Member
 
Soldier of Macedon's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Outpost
Posts: 13,651
Soldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond repute
Default

Prolet, the church issue has existed for decades, Kosovo independence for less than 2 years. Where was the SOC recognition for the last few decades? Veter vo magla, Kosovo or no Kosovo, they never had any intention of recognising us. Either all of these priests and politicians are as slow as snails, or they all think we are sheep that can have the wool pulled over our eyes without a fuss. Judging by their actions, the latter seems more probable, as it doesn't take decades to solve a church dispute.

I don't know who the prestavnik is in Constantinople, perhaps they can send Petreta......
__________________
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.
Soldier of Macedon is offline   Reply With Quote
Old 10-20-2009, 08:51 PM   #17
Big Bad Sven
Senior Member
 
Big Bad Sven's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Posts: 1,528
Big Bad Sven is on a distinguished road
Default

We are still waiting for this “soonish” announcement that the Russian church will recognize or even HELP the MOC

I have always been of the opinion that the Macedonians would have more support and have been treated with more respect and dignity if we where catholic, or even bloody muslim or Looney tunes Mormons. We probably would have had a united Macedonia. To bad where stuck with corrupt and backwards caveman, our “orthodox brothers”
Big Bad Sven is offline   Reply With Quote
Old 10-20-2009, 08:52 PM   #18
Big Bad Sven
Senior Member
 
Big Bad Sven's Avatar
 
Join Date: Jan 2009
Posts: 1,528
Big Bad Sven is on a distinguished road
Default

You are dreaming if you think Demetrios Arhondonis (Constantinople Patriarch) is going to help the MOC, he probably is of the opinion that the MOC should be part of the SOC and macedonia is "Greek" - which is the what every Looney toon religious "greek" fanatic shouts out every day.

The issue of the MOC has been going on for to long, Demetrios Arhondonis and his counter part in Russia should have the balls to stand up and help the poor Macedonian people. Because of their silence, they have allowed the MOC church to be treated with out any dignity or respect within the Orthodox world.

Until that day I view the Orthodox hierarchy as nothing more then a joke and another tool used by macedonia’s enemy’s to brainwash/humiliate/destroy the Macedonian people.

With the rest of the Orthodox world turning a blind eye in regards to the poor Macedonians, and hearing of the stupid squabbling between the Macedonians churches in Australia, it makes me thing what a sad and pathetic state the orthodox world is in today.
Big Bad Sven is offline   Reply With Quote
Old 10-23-2009, 07:19 AM   #19
Soldier of Macedon
Senior Member
 
Soldier of Macedon's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Outpost
Posts: 13,651
Soldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond reputeSoldier of Macedon has a reputation beyond repute
Default

Quote:
Originally Posted by Big Bad Sven View Post
We are still waiting for this “soonish” announcement that the Russian church will recognize or even HELP the MOC
The ROC is full of itself, the self-proclaimed third Rome hasn't done a thing to assist the MOC. It is not in their interest to help this biblical people (Macedonians) that gave the brothers and students who produced the letters in which they now write.

It's all games. They say they support the MOC yet refuse to do the right thing by us as their Orthodox 'brothers', instead preffering to take sides in the issue, backing the Serbs. Then, on the flip side, they sell dreams about Orthodox 'unity' to the Serbs and watch them lose Kosovo without lifting a finger to help (despite the empty rhetoric and endless barking). I am well past being frustrated with the zealot idiots in these two groups (Russians and Serbs), I know for a fact that they have among them some very good people, perhaps most of them are like that, but when idiots reign supreme sometimes the good can only sit back and watch their kinsmen at work. I have some good Serb and Greek friends, you know, normal people, who look at the Orthodox link between us as something of a bond, not as a tool for claiming one or the other.
__________________
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.
Soldier of Macedon is offline   Reply With Quote
Old 11-15-2009, 06:19 PM   #20
Risto the Great
Senior Member
 
Risto the Great's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Location: Macedonian Colony of Australia
Posts: 15,583
Risto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond reputeRisto the Great has a reputation beyond repute
Default Serbian Orthodox patriarch dies

http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8361205.stm

Quote:
The head of the Serbian Orthodox Church, Patriarch Pavle, has died in Belgrade, the Church has announced.

The patriarch, 95, became leader of the Church in 1990. He was admitted to the city's military hospital two years ago.

Though he reportedly suffered from heart and lung conditions, the Church did not specify the cause of death.

Most of Serbia's population of seven million people are Orthodox Christians. President Boris Tadic said this was "an irredeemable death" for the nation.

"There are people who bond entire nations and Pavle was such a person," Mr Tadic said in a statement.

"His death is also my personal loss," the president said.

Bishop Amfilohije, who has served as acting head of the church during most of Pavle's illness, broke into tears as he held a prayer after announcing the death.

Bells tolled from Serbian churches, as the government announced three days of mourning, beginning on Monday.

Another bishop, Lavrentije, said the patriarch's death was no reason to be sad.

"The Serbian people now have someone to represent them before God better than anyone else," Lavrentije said.

The Church's highest body, the Holy Synod, may announce as early as Monday when a new patriarch will be chosen - usually after at least 40 days.

Serb interests

Pavle was a respected theologian and linguist, known for personal humility and modesty.

After the fall of communism and rise of Serb nationalism, the Church regained a leading role during his rule.

At the beginning of the Balkan wars that followed the dissolution of Yugoslavia in the early 1990s, Pavle said - according to Serbian state television: "It is our oath not to make a single child cry or sadden a single old woman because they are of another religion or nation."

But critics accused him of failing to contain hardline bishops and priests who supported Serb paramilitaries against Catholic Croats and Bosnian Muslims.

After those wars, Pavle became more directly involved - openly criticising Serbian President Slobodan Milosevic, after he lost Kosovo following Nato's intervention.

Since then, the Serbian Orthodox Church has strongly supported the Serbian government in its efforts to stop Kosovo's independence drive.

"Kosovo is not only a question of territory, it is a question of our spiritual being," he said after Kosovo's declaration of independence.

The text highlighted in bold reveals he was a liar.
Perhaps the next one will be better.
__________________
Risto the Great
MACEDONIA:ANHEDONIA
"Holding my breath for the revolution."

Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com
Risto the Great is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump