Ќе се открива споменик на борците на ДАГ во Катлановска бања, обезбеден и бесплатен превоз
Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот и Светскиот Македонски Конгрес, на 15 март 2014 година (сабота) на влезот на Катлановска бања, со почеток во 11 часот, ќе биде откриен Споменик на ранетите и починатите Македонци и Грци - борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година.
Натписот на Споменикот е на македонски, англиски и грчки јазик.
Во 11.00 часот ќе се одржи панихида, по неа предвидени се пригодни обраќања, полагање свежо цвеќе на Споменикот, и културно-уметничка програма со учениците од Музичко - балетскиот училишен центар “Илија Николовски - Луј“ од Скопје со песни и носии од Егејот.
Споменикот ќе остане траен паметник за местото каде се лекувани ранетите и починатите Македонци и Грци борци на Демократската Армија на Грција во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, и ќе претставува сведоштво за помошта која Македонија им ја даваше на антифашистите и борците за слобода.
Овој Споменик е прилог кон историско македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција.
“Овој Споменик е траен помен за заедничката борба на Македонците и Грците против фашизмот во Европа. Длабоко веруваме дека еден ден, сите Македонци во Грција и прогонетите Македонци од Грција, ќе ги добијат своите права и слободи“, се вели во соопштението.
Организаторите обезбедија бесплатен автобуски превоз за сите заинтересирани. Автобусите на Градскиот сообраќаен превоз од Новата железничка станица во Скопје за Катлановска бања поаѓаат во 9 часот. Еден автобус поаѓа од Драчево кај амбулантата и еден автобус од Бутел пред општината. Автобусите ќе се вратат во градот во 15 часот.
I dont know how to feel about this. I guess it shows that we are human, lets hope it is received well on the other side.

Comment