Петмина убиени близу Скопје
Доцна синоќа се пронајдени пет мртви лица покрај Железарското езеро во близина на Скопско Радишани
Според шпекулациите низ населбата Радишани, која се наоѓа на само неколку километри од местото на настанот, се работи за млади момчиња, меѓу кои и еден матурант.
Сепак ова се непотврдени сознанија, бидејќи првичните официјални информации ќе бидат соопштени утре. Според информациите момчињата со два автомобили биле заминати на езерото по риба.
Таму заминале околу 18 часот. Што се случилово меѓувреме, кој стрелал во нив и зошто, сеуште нема информации.
Жртвите се млади момчиња од македонска националност на возраст од 18 до 20 години сите од скопската наслеба Радишани.
Калп што јавуваат од МВР - Пет лица се најдени мртви кај Железарското езеро во атарот на селото Смиљковци, Скопско. Телата биле пронајдени крај два автомобила. Полицијата врши увид. Неофицијално крај телата се пронајдени и чаури, но нема информација сеуште од кое огнено оружје е пукано. Според неофицијални информации телата имале по неколку прострелни рани. Местото било како од хорор филм – отворени вратите од двата автомобила а телата паднати крај нив облиени во крв.
Телата ги пронашле рибари околу 22:30.
Повеќе информации и детали за ова убиство МВР најави за утре. Ќе се идентификуваат телата и ќе се врши анализа на собраниот доказен материјал од местото.
izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...i-blizu-skopje

Comment