Протести поради уапсените за убиствата кај Смиљковци
Повеќе од две илјади граѓани од албанска националност кои протестираат поради апсењето на осомничените за петкратното убиство кај Смиљковци се движи од Бит Пазар до Основниот суд Скопје1 кон зградата на Владата.
Со извици „Албанците не се терористи„ „ Алах е голем“ “УЧК“, граѓаните се движат по главната улица на Бит Пазар. Скопскиот основен суд е под силно полициско обезбедување.
Протестантите претпладнето се собраа пред џамијата Јаја Паша, каде по утринската молитва , прво го изразија својот револт пред судот, а најавуваат дека ѓе продолжат да протестираат и пред Владата.

Последните информации од протестот на групата која под мотото „Стоп за монтираните случаи“ моментно протестира пред владата се дека групата започнала да фрла со камења кон полицајците. Досега полицајците беа само навредувани дека се убијци, а големата група протестирачи која се собра на сооцијалните мрежи започнала да ја каменува полицијата.
Протестот најпрво започна по петочната молитва во Јаја Паша џамијата, па продолжи кон Бит Пазар и зградите на судовите каде беше забележително големо присуство на полицијата. Оттаму тие се упатија кон владата, каде нивниот број се зголеми и достигнува околу 1.500, поради тоа што многумина и се придружуваа на групата додека таа се движеше.
На почетокот неколку стотини, за потоа да се соберат неколку илјади, а неофицијално според полицијата околу 10.000 илјади демонстранти кои го изразуваа своето незадоволство по скопските улици, пак, јави телевизија А1 он.
Собирањето, јави телевизијата. почна по петочната молитва во џамијата Јаја Паша на скопски Бит пазар. Уште на почетокот ќе дојдеше до поголем инцидент кога полицијата неподготвена сакаше да интервенира и да го спречи блокирањето на улицата.
Извикувајќи „Алах е голем“ кој не е со нас е предавник“ демонстрантите се упатија кон Основниот суд Скопје 1. Засилено полициско обезбедување го чуваше судот. Демонстрантите се обидоа но, беа спречени да го пробијат кордонот. Тие велат - Македонци сме и не дозволуваме да има монтирани политички процеси.
Масата на демонстранти се зголемуваше како што се приближуваа кон Владата на Република Македонија. Извикуваа „Деца сме дале за Косово, животот не го даваме“, „УЧК, бараме правда“, „кучиња“, „Груевски терорист“.
Специјални единици на МВР не дозволуваа демонстрантите да го пробијат кордонот пред Владата.

Comment