Металург продолжува да гази во Лигата на Шампионите
Македонскиот ракометен шампион е хит во годинешното издание на елитното ракометно натпреварување. И во третиот натпревар ракометарите од Автокоманда остварија победа, која е втора на гостински терен во групната фаза. Нова жртва на Металург беше дански Силкеборг, кој пред своите гледачи беше совладан со 26-23.
[Металург продолжува да гази во Лигата на Шампионите]
Металург одигра неизвесен натпревар во третото коло од шампионската лига, во кој на крајот преовлада големото срце на гостинот од Македонија. Иако нашиот претставник во најголем дел од дуелот резултатски заостануваше, сепак со многу напор го доведоа натпреварот во возбудлива завршница во која направија и комплетен пресврт.
Во првото полувреме играчите на Лино Червар не ги исполнија задачите на стратегот и играа лошо во одбрана, што резултираше со предност за противникот од 14-11 на паузата. Иако во почетните минути од вториот дел Данците дојдоа и до пет гола предност, до 50-та минута металурзите дојдоа до израмнување благодарение на одлична серија предводена од Вугринец и Георгиевски.
И покрај неколку неправедни исклучувања, Металург играше цврсто во одбрана, а во нападот клучни погодоци постигна Наумче Мојсоски, за на крајот на семафорот да стои 26-23. По три кола нашиот тим е на делба на врвот во групата заедно со Киелце, а следниот натпревар го играме дома следниот викенд против вториот најдобар тим во Русија, Санкт Петербург.

Comment