The article below states that the Macedonian Ambassador to Australia's term will not continue. It discusses some of the scandals surrounding his term.
Македонскиот амбасадор во Австралија Перо Стојановски заминува од функцијата, јавува Радио Илинден од Мелбурн. Стојановски нема да се врати во Македонија и ќе премине на друга функција по негово барање. Според информациите со кои располага студиото во Мелбурн, Стојановски ќе продолжи да работи за Обединетите Нации на работно место во Австралија.
Се уште актуелниот амбасадор Перо Стојановски уште пред Нова година дошол во Македонија и притоа од Министерството за надворешни работи му дале согласност за разрешување. Стојановски функцијата амбасадор ја извршува две години но сепак неговата дипломатска кариера изобилува со скандали.
Еден од нив е оној со Лидија Думбалоска со која Стојановски е во судски спор зашто наводно му украла службен лаптоп со државни тајни. Сепак, судската развршница ќе покаже дали е тоа така, или пак се работи за случај од личен карактер, бидејќи самата Думбалоска на суд се обидува да докаже дека лаптопот го делеле додека биле во врска и дека бил личен со исклучиво лични материјали, меѓу кои и компромитирачки фотографии.
Перо Стојановски подоцна изјавуваше дека е мета на хакерски упад на Фејсбук страницата на амбасадата кога на него се појави ФИРОМ, а не Македонија. Сепак, иако тврдеше дека го пријавил случајот во федералната полиција и дека таа трага по сторителите, Плусинфо во контакт со австралиската федерална полиција дозна дека дека полицијата не е запознаена со случајот.

Comment