Шеснаесеткракото сонце под воинот на коњ?!
четврток, 04 август 2011, 18:20
Шеснаесеткракото сонце, но не целосно, туку само една половина од него, ќе биде главниот мотив на постаментот на споменикот на Воинот на коњ. Работници денеска ги финишираа големите релјефи на столбот на скопскиот плоштад. Античкото сонце, кое во изворна форма, е составено од шеснаесет зраци, на споменикот е претставено со само девет. Но, не станува збор за стилизација на овој симбол, туку само за едноставно негово пресекување на половина. Можеби тоа треба да биде аргумент ако има реакции од грчка страна – дека не станува збор за шеснаесет, туку за деветкрако сонце, исто како што, според надлежните, не станува збор за споменик на Александар Велики, туку за Воин на коњ.
Ваквото објаснување за името на статуата не ја спречи Грција остро да го осуди поставувањето на споменикот – чин што го смета за уште еден доказ на како, што вели Атина, иредентизмот и провокативното однесување на владата во Скопје. Грција еднаш веќе протестираше за употребата на т.н сонце од Вергина на постаментите на лавовите на мостот Гоце Делчев, што според неа претставуваше кршење на Привремената спогодба која нормира дека македонија не треба да го користи овој симбол во која било форма.
Македонската влада, како што покажа писмото на екс-министерот за надворешни работи Милошоски до Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како реакција на овие грчки забелешки, реши да ги поправи релјефите на лавовите и на нив наместо шеснаесет да се појави осумкрака ѕвезда. Таквиот потег, што се случи пред почетокот на процесот против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, беше искористен како аргумент дека скопје, спротивно на тврдењата на Атина, презема корективни мерки по забелешките на соседот.

Comment