Within the next 3-4 years every school in Macedonia will be renovated, some new ones will be built aswell.
Education Minister Todorov has already began allocating funds, according to reports, alot of schools havnt been renovated for 40 to 50 years.
Lets hope this will happen.
Тодоров најави историски инвестициски проект за образовната инфраструктура
Ќе се реконструираат сите училишта во Македонија
Министерот за образование и наука Никола Тодоров најави голем инвестициски проект за подобрување на образовната инфраструктура што треба да почне идната година и да трае три до четири години.
- Наредната година ќе почнеме еден од најголемите инвестициски циклуси во образовната инфраструктура во историјата на Република Македонија. Работиме на обезбедување средства од меѓународни извори. Целта е секое училиште во РМ да го реконструираме и да го направиме пристојно место за учење, работење и престојување, изјави Тодоров.
Според него, потребни се од 2,5 до 3 милијарди денари за средување на сите инфраструктурни проблеми во образованието. МОН, како што рече, има анализа за сите училишта, ги знае сите проблеми и постојано работи на подобрување на условите во нив.
- Постојано сме посветени, но е невозможно сите инфраструктурни проекти да бидат решени во една година. Во последните 3-4 години се вложени 1,5 милијарди денари во образовната инфраструктура, што е трипати поголемо вложување во однос на претходниот четиригодишен период... Има навистина сериозни проблеми, но ние сме сериозно фокусирани на нивно решавање....Проблемите не се од денес, вчера или од пред две или пет години. Има училишта во земјава стари и по 40-50 години и во некои од нив никогаш немало поголеми вложувања, рече Тодоров.

Comment