They are offering Bulgarian passports to people in Albania to declare themselves as Bulgarians, it seems Karakachanov doesnt get the picture there are no Bulgarians in Albania only those who work in the Bulgarian Embassy in Tirana.
Каракачанов: Бугарите во Албанија да не се идентификуваат како Македонци или Албанци
Бугарија повторно бара свои сонародници во Албанија. Лидерот на бугарската ВМРО, Красимир Каракачанов, побарал поактивна улога на бугарските државни институции во врска со Бугарите во Албанија.
- Во 2011 година во Албанија ќе се спроведе попис и активната улога е многу значајна за да може Бугарите во оваа земја да се идентификуваат како Бугари, а не како Македонци или како Албанци,- пренесува изјава на Каракачанов тиранскот весник„Шќип“,што тој ја дал за бугарски медиум.
И оваа , како и многуте претходни ја негираат Македонците. Ова не е првпат Бугарија да бара Бугари таму каде што ги нема, вели Васил Стерјовски, потпретседател на македонската партија и дипломиран историчар.
- Бугарско малцинство во Албанија не постои. Тоа се само обиди на Бугарија Македонците во Албанија да ги побугарчи и да ги претстави како Бугари. Нема Бугари во Албанија кои се преселиле од Бугарија во Албанија за време на некоја војна, туку тука имаме автохтоно македонско население, кое што живее во Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, и кое по својот јазик,култура, фолклор и обичаи не го врзува ништо со Бугарија, туку напротив ова население има ист јазик, фолклор и обичаи како Македонците од другата страна на границата, кои се во Ресен, Дебар и.т.н, вели Стерјовски.
Ползувајќи ја големата сиромаштија на жителите, посебно во подрачјето на Голо Брдо и на Гора, се спроведуваат разни пропаганди за асимилација на Македонците, а една од нив е и обидот за насилна бугаризација.
Освен помош тие нудат и бугарски пасоши, но не наидоа на голем одѕив, вели Стерјовски, кој апелира до македонските власти да го реактивираат издавањето македонски пасоши кои ги бараат Македонците во Албанија.
Инаку, на пописот кој ќе се спроведе наредната година, за првпат по шеесет години, во Албанија ќе се даде можност секој слободно да ја искаже својата етничка, јазична и верска припадност.

Comment