Второто сценарио е отстранување од власт на неподобната политичка гарнитура и нејзина замена со пофлексибилна, и тоа сега, во овој период од неколку месеци.
Македонија не прифаќа кумство оти веќе е крстена
[...]
[...]
Второто сценарио е отстранување од власт на неподобната политичка гарнитура и нејзина замена со пофлексибилна, и тоа сега, во овој период од неколку месеци. Тоа е можно по пат на елиминирање на симболот (политичар што дава отпор) преку негова бламажа, обвинување за криминал или друга форма на недоличност, преку атентат или сообраќајка, преку креирање масовно незадоволство и барање за негово демисионирање или преку сопствено повлекување од политиката, а по утврдена точка на лично топење. Овие опции во изминативе четири години беа неколкукратно испробани на актуелниот премиер. Завчера слушнавме и тоа дека му било ветувано владеење и во наредните изборни циклуси. За некои не бевме известувани, што најмалку значи дека не се случувале, а за некои катаден слушавме. Видовме неприлични политички ад хок сојузништва, промаршираа нови ѕвезди „репатици“ на политичкото небо, нови лидери и нови партии, имаше враќање на стари лидери во матичните партии со иста цел, имаше обиди за кревање митингашки востанија, имаше перманентни обиди за дестабилизација преку поттикнување на албанскиот милитарен и верски радикализам. Сето тоа заврши мизерно. Останува во игра уште само креирање на ново парламентарно мнозинство и одземање на легитимниот мандат, кој Груевски го добил на слободни избори. Ова сценарио од 2008 година наваму дури во три наврати заврши неуспешно, но летово можно е да го видиме и четврти пат.
Народот не се пали веќе на моркови
Да речеме дека овој пат ќе успее. СДСМ ќе добие консензусна поддршка на предлогот за десет загарантирани парламентарни места за малите етнички заедници. ДУИ, во име на толку важните евроатлантски интеграции, решила да го жртвува својот интерес за ексклузивитет на т.н. Бадентеров принцип. Под претпоставка дека сегашните коалициски партнери на Груевски- Стоиљковиќ, Бајрам, Хасипи, Кипаризовска плус Лилјана Поповска, Павле Трајанов и Ѕинго и уште два–тројца вмровци „што тајно пребегале кај Љубе Бошковски“ - формираат ново мнозинство заедно со СДСМ, ЛДП, ДУИ, ДПА и Нова демократија, сепак остануваат две непознати: како ќе реагира претседателот Иванов и како ќе реагира македонскиот народ, кому безобразно ќе му се погази изборната волја? Што правиме ако овој пат не ќути? Опасно е да се провоцира наталожен гнев. Збирот од многу инхибирани индивидуи значи ослободување стравотна енергија. Дали евентуалната нова влада може да смета на „имплементација“ на својот евентуален потпис под ултиматумот за името? Како и каде ќе го имплементира новото име? Ако за рамковниот и требаат десетина години и уште се имплементира, колку ќе треба за операцијата прекрстување!?
[...]
Автор: Мирка Велиновска

Неуспех на евроатлантските политики
Првата опција што досега беше разработувана е да се искористат Албанците како внатрешен дестабилизирачки фактор и да се активира сценарио за растурање на Македонија како унитарна држава. Предусловите се обезбедени со сменетата уставна преамбула и територијалната поделба, која овозможи етнички компактен регион. Албанците се масовно вооружени и воено и политички организирани и хомогени. Тие се и под целосна контрола на САД.

Comment