Originally posted by Bratot
View Post
Зборникот го доби името бугарски, иако од 660, 584 се македонски, а 76 се бугарски. Константин Миладинов со собрани македонски песни беше во Русија, а таму мислел да го објави. Таму, во Русија, него го викале Македонец.
Таков бил одговорот што Константин му го дал на клисарот на киевската соборна црква "Св. Софија", кога одговорил дека "не е Грек" туку Македонец. Рускиот славист А.В. Рачински дека рецензентите што го разгледувале понудениот зборник што го предложил за Печат самиот К. Миладинов, тие биле одушевени од содржината и складноста "на некои од македонските песни". Во разговор со бугарскиот поет, како што пишува подоцна Георги Раковски, Константин ја соопштил намерата: "ја има многу македонски песни што сакам да ги издадам..." По идењето во Загреб, по совет на Штросмаер зборникот го добива името бугарски. Имено, при една посета на Загреб, кога се сретнал со бугарскиот книжевник, фолклорист и дипломат Васил Чолаков, го замолил да му даде 100 песни: од Бугарија, за да може да го нарече својот зборник бугарски. Ова се гледа од писмото на Васил Чолаков до Фрањо Рачки: од 12.4.1862 година /по смртта на Миладиновци/. Во писмото се наведува дека песните не се подарени, туку продадени.
Да цитираме дел од писмото:
"Може да ви йе познато - му пишува Чолаков на Рачки - че като дойдох преминътъта година в Загреб, покойнийт мой друг Константин Миладинов ме умоли да му дам сто песни из въсточните старни на България, за да може да даде названйе своята збирка "Български народни песни"". Аз - додава Чолаков - с благодарение испълних молбата на свойт друг, като ми ся врече да ми даде непременно сто (100) форинта от тукашните предбройници за трудът ми. Но като предбройниците не испратиха парите с време, то йест докле беше сам Миладинов в Загреб, и като не знаех и аз че ще мя постигне таково зло в тукашните старни, то оставихме да се наплатиме в свое време като се върна в България".
Од писмото се гледаат две работи: дека бугарските песни се додадени само за да може да се даде името бугарски народни песни, а не македонски.
Од предговорот кон Зборникот, како и од јазичните анализи се гледа дека 564 песни се од околината на десетте македонски градови Струга, Охрид, Битола, Дебар, Велес, Костур, Воден, Кукуш, Струмица и Прилеп., а 76.-те песни /од стотте/ што ги добил од В. Чолаков се од околината на Софија и Панаѓуриште.

Comment