Пратеници Албанци од Македонија ставаат потпис на петиција за Голема Албанија
Објавено во: Македонија
Автор: Фаланга
Датум: 17 Август, 2013
Пратеници Албанци од македонскиот Парламент, деновиве се потпишуваат на петиција за Голема Албанија, предложена од Кочо Динај, директорот на албанскиот Инситут за регионални прогнози и основач на движењето „Природна Албанија“, дознава Дневник. Динај за весникот тврди дека граѓаните ќе бидат изненадени од тоа колку потписи ќе бидат собрани. -До 28 ноември годинава, ќе се изненадите колку многу потписи ќе бидат собрани за поддршка на идејата за обединување на Албанците на една територија – во границите предвидени со акт од пред 100 години, за време на Собранието на Влора (Валона) во 28.11.1912 – вели тој за Дневник. Според петицијата на Динај во рамките на Голема Албанија треба да влезат и територии од денешна Македонија.