Пратеници Албанци од Македонија ставаат потпис на петиција за Голема Албанија
Објавено во: Македонија
Автор: Фаланга
Датум: 17 Август, 2013



Пратеници Албанци од македонскиот Парламент, деновиве се потпишуваат на петиција за Голема Албанија, предложена од Кочо Динај, директорот на албанскиот Инситут за регионални прогнози и основач на движењето Природна Албанија, дознава Дневник. Динај за весникот тврди дека граѓаните ќе бидат изненадени од тоа колку потписи ќе бидат собрани. -До 28 ноември годинава, ќе се изненадите колку многу потписи ќе бидат собрани за поддршка на идејата за обединување на Албанците на една територија во границите предвидени со акт од пред 100 години, за време на Собранието на Влора (Валона) во 28.11.1912 вели тој за Дневник. Според петицијата на Динај во рамките на Голема Албанија треба да влезат и територии од денешна Македонија.