Македонски манифест: Итно да се прекинат преговорите за
името
Итен прекин на преговорите за спорот со името со Грција и барање за прием во Обединетите нации под името Република Македонија, бараат група интелектуалци од Македонија. Со промената на името, сметаат тие, ќе се обезличи државата и ќе укине македонскиот народ.
- Притисокот за промена на името може да се квалификува како најнов вид геноцид, по физичкиот, јазичкиот и религискиот сегмент, што е модерна измислица на САД и на ЕУ, базирана на нелегалните барања на Грција, се вели во Македонскиот манифест кој досега го потпишаа 50-тина интелектуалци, уметници, професори, правници, а чија содржина денеска беше презентирана на прес-конференција.
Во него се додава дека со барање за промена на името на Македонија на повидок е нов, софистициран вид холокауст врз Македонците.
- Името е архетип на душата на еден народ, извор на неговиот севкупен идентитет. Изместувањето на само една буква или лепење на придавка претставува негова деструкција, изместување на народот од неговото историско, цивилизациско, антрополошко и културно лежиште, се вели во Манифестот.
Иницијативниот одбор на Македонскиот манифест смета дека секој граѓанин во Македонија треба да знае дека промената на името не е обична работа, туку дека неговата цел е бришење на Македонците како посебен народ. Географската определница пред името Македонија за севкупна употреба, на што инсистира Грција, велат, значи неизбежно губење на македонскиот идентитет, културата, традицијата и јазикот.
- Легитимни се и неспорни аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, меѓутоа, тоа во никој случај не смее да се реализира со виткање на ’рбетот и губење на достоинството. Нема цена која може да го натера народот да потклекне и да се самоукине. Македонците се исклучиво трпелив и толерантен народ, ама за се има свои граници, се истакнува во Македонскиот манифест.
Во него иницијаторите порачуваат дека Македонците први го носеле, и го носат името Македонија, оти само тие низ вековите го сочувале, и никој нема право да им го оспори или одземе.
Од Иницијативниот одбор истакнуваат и дека се против референдумско изјаснување на граѓаните за ова прашање. Вакво клучно и судбинско прашање не се става на референдум. Името не ни е добиено да референдум, за така да се решава. Тоа е идентитетско прашање, истакнуваат од Иницијативниот одбор.
Манифестот ќе можат да го потпишат сите граѓани во Македонија и да му порачаат на светот дека на оваа територија живеат Македонци, кои не се согласуваат со промената на името и оти нема да потклекнат на притисоците. Со сите собрани потписи Македонскиот манифест ќе биде испратен до државните институции, амбасади, Брисел, ОН…
Во иницијативниот одбор на Македонскиот манифест се поетот Ефтим Клетников, композиторот и диригент Запро Запров, историчарот Стефан Влахов Мицов, универзитетскиот професор Слободан Пренџов, писателот Александар Русјаков и композиторот Стојан Стојков.
izvor: http://toppost.mk/2013/05/29/%D0%BC%...A%D0%B8%D0%BD/

Comment