Писмо до Ангела Меркел
Македонски манифест: aнтицивилизациски притисок на ЕУ, Германија да ја признае Македонија
Германија да се стави на страната на правдата и да ѝ помогне на Македонија да го одбрани сопственото вековно име, а со тоа и историскиот идентитет на Македонците, за да не биде обезличена и избришана од картата на народите. Ова е дел од писмото на иницијативниот одбор на групата Македонски манифест испратено до германската канцеларка Ангела Меркел.
„Ние ја знаеме Германија како економски џин, но уште повеќе ја знаеме како земја на големи умови, гении во уметноста, филозофијата и науката, како што се: Хелдерлин, Хердер, Гете, Новалис, Ман, Бах, Бетовен, Кеплер, Гриневалд, Хегел, Шелинг, Маркс, Хајдегер... кои покрај својата божествена дарба имаа и широк космополитски хоризонт, хуманистички визии и силно изразено чувство за правда. Сметаме дека и Вие го имате наследено тоа од нив, па затоа Ви се обраќаме да и помогнете на малата Македонија, на која неправедно и се наметнати услови за влегување во ЕУ и НАТО. Длабоко верувајќи дека Вам ви е блиска генерички етичката максима на Кант: „Ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене", се надеваме дека тој принцип на големиот филозоф Ве раководел и на неодамнешната средба со господинот Метју Нимиц. Се надеваме дека на тој состанок сте застанале на страната на правдата и правото на Македонија на сопственото име, право кое се темели не само на современите хуманистички правни норми на современиот свет, туку и на законот на природното и божествено устројство на човекот и светот - сите народи, и големите и малите, да живеат во братско заедништво со и во своите автентични имиња и идентитети. Не сакаме да веруваме дека само заради тоа што Македонија е мала земја Германија ќе го ризикува својот углед и ќе остане индиферентна на очигледниот идентитетски геноцид што врз нас го прави Република Грција и на тој начин уште повеќе ќе го заврзе „македонскиот јазол", како што ја нарече својата книга првиот и многу почитуван германски амбасадор во Република Македонија, Ханс Лотар Штепан", се вели во писмото на Македонски манифест.
„Чудовишно би било ние, Македонците, уште еднаш да бидеме казнети само затоа што не сакаме да го промениме името на државата и сопствениот идентитет, поради што низ историјата многу пати бевме распнувани и страдавме. Голема неправда и притисок врши ЕУ врз Македонија за добрососедските односи со Грција и Бугарија, наши соседи чии влади не го признаваат нашиот национален идентитет и во кои на делови од македонскиот народ кои живеат таму на најгруб начин им се ускратени основните човекови права и врз кои се врши невидена тортура и асимилација. Тоа го констатира во својот извештај и специјалниот известувач на генералниот секретар на ООН, г-ѓа Мек Дугал", пишува во писмото.
Македонија пет години едноподруго од Европската комисија добива позитивен извештај за напредокот и препорака до Советот на министри на ЕУ да и се определи датум за почеток на пристапни преговори, но Грција не дозволува нашата земја да го оствари тоа право. Притисокот на ЕУ би требало да биде обратен, бидејќи онака како што е поставен целосно е апсурден, антицивилизациски, надвор од моралните и хуманистичките норми за кои декларативно се залага ЕУ, пишува во писмото и се додава дека и Македонците имаат право да живеат достоинствено во сопственото име и во сопствениот идентитет.
извор: http://www.mkd.mk/makedonija/politik...-da-ja-priznae
Македонски манифест
Collapse
X
-
Македонски Манифест: ЕУ без кредибилитет
Европската Унија не почнува да го губи својот кредибилитет, затоа што во случајот со Република Македонија одамна го има изгубено, пишуваат членовите на Иницијативниот одбор на „Македонски манифест“ во отвореното писмо до Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Во продолжение во целост ви го пренесуваме писмото на „Македонски манифест“.
Почитувани,
Република Македонија петти пат по ред доби позитивен извештај и препорака за отворање на пристапни преговори за интегрирање во Европската унија.
Последниот Извештај е сличен на претходните, но за прв пат Европската комисија потенцира дека постојаното одложување на почетокот на преговорите за Република Македонија може да го проблематизира кредибилитет на Унијата во однос на проширувањето.
Ние, група универзитетски професори, книжевници и музички уметници од Македонски манифест, не можеме а да не забележиме дека и Европската унија, и покрај малата доза на себепреиспитување, настапува со доза на лицемерство. А еве и зошто:
ЕУ не почнува да го губи својот кредибилтет, затоа што во случајот со Република Македонија одамна го има изгубено. Причина за губењето на кредибилитетот не е Република Македонија, туку членката на ЕУ, Република грција. Дваесет години официјален Брисел ја поддржува Република грција во нејзините обиди да ја принуди Македонија да си го смени името, а со тоа нејзините граѓани засекогаш да се откажат од сопствениот вековен македонски национален идентитет. Грција бара да се обезличиме, национално да се обезглавиме, лажејќи го светот дека ние сме ја краделе грчката историја и дека имаме територијални претензии кон неа. Таканаречената „лулка не демократијата“ ја злоупотребува својата привилигирана позиција во Европската унија блокирајќи ни го правото да се зачлениме во неа, со услов кој ниедна друга земја не би го прифатила.
За каков кредибилитет зборува ЕУ кога во нејзиниот клуб одлуките се носат со консензус? Наместо правилата на демократијата, Брисел овозможува посилните да ги уценуваат послабите, големите да им наметнуваат диктат на помалите, а привилегираните да ги остваруваат и своите шовинистички политики?
Република Македонија уште во 1991 година, со почетокот на распаѓањето на Југославија, од Бадентеровата комисија доби највисоки оценки за патот на осамостојувањето. Со тоа на Македонија ѝ се даде зелено светло рамноправно, како самостојна држава, да се приклучи на сите меѓународни заедници. Но, уште на самиот почеток, падна кредибилитетот и на ООН, и на ЕУ, затоа што ги прифатија фашизоидните лаги на грција. Под притисок на официјална Атина, ООН, ЕУ, а подоцна и НАТО ги прифатија сите грчки уцени како правилни политики и така ги погазија основните начела на човековите права на самоименување и самоидентификување. Со ваквото однесување ООН, ЕУ, а подоцна и НАТО го загубија кредибилитетот граден врз база на рамноправност, правда, еднаквост и хуманост.
Република Македонија под меѓународен притисок предизвикан од Република грција ги смени Уставот и 16-зрачното знаме од Кутлеш за да ја задоволи Атина, а тоа очигледно не е доволно. Македонија е како лисица фатена во стапица, која мора да си ја одгризе ногата за да се спаси. Само што од нас сега се бара да си ја одгриземе главата, да се одречеме од тоа што со векови сме биле, да се откажеме од македонштината, како што побара грчкиот претседател Папуљас, да продолжиме да постоиме како сурогат без корен. И додека овој беспримерен експеримент се извршува врз нас, Европската унија не е само посматрач, туку и поддржувач на тие политики својствени за фашизмот. За каков кредибилитет тогаш зборува ЕУ?
Македонскиот народ како дел од југословенската федерација е признат и запишан во Обединетите нации уште во 1945 година, а денес ЕУ им дозволува и ги поддржува своите членки грција и бугарија засекогаш да го избришат од мапата на постоењето. Брисел ги погази меѓународните правни институции со тоа што не ја почитува Хашката пресуда на Меѓународниот суд на правдата која е во корист на Македонија во спорот со грција? Зошто на тој начин гази и врз кредибилитетот на институциите на ООН?
ЕУ ги поддржува и шовинистичките политики на нејзината нова членка, Република бугарија, која ја призна Македонија под нејзиното уставно име, ама не го признава постоењето на македонската нација. За цинизмот да биде уште поголем, бугарија бара, а официјален Брисел тоа го поддржува, Република Македонија со бугарската држава да потпише договор за добрососедски односи со кој ние ќе се откажеме од нашата историја. Какви се тие добрососедски односи со земја која не го признава вашето постоење како народ? Како може Европската унија да седи спокојна кога на делови од македонскиот народ кои живеат во грција и во бугарија најбрутално им е забрането да се иденификуваат како посебно, македонско малцинство? За каков кредибилитет зборува официјален Брисел, кога поддржува бришење на еден народ и толерира нецивилизирано барање тој под присила да се откаже од својот идентитет и историја?
Европската унија треба да признае дека во однос на Република Македонија ги погази сите цивилизациски и хуманистички придобивки за кои начелно се залага. Ги сруши идеалите на Виктор Иго, ја погази желбата на Шуман, ги отфрли принципите за еднаквост, слобода и братство за да ги поддржи политиките на своите членки грција и бугарија, кои се својствени за деветнаесеттиот век?!
За Иницијативниот одбор на Македонски манифест,
Ефим Клетников
izvor: http://toppost.mk/2013/10/25/%D0%BC%...8%D0%BB%D0%B8/
Leave a comment:
-
-
Отворено писмо до политичките лидери: Притисокот за името – нов букурешки договор
Групата Македонски манифест упати отворено писмо до политичките лидери во Република Македонија со кое предупредува дека промената на името ќе значи геноцид врз македонскиот народ преку ликвидација на идентитетот.
Ви го пренесуваме писмото интегрално:
И по сто години од Букурешкиот договор судбината на Македонија е под неговата заканувачка сенка. Над Македонија е надвиснат облакот на новите црни бури што треба да ја доуништат. Ќе се лажеме ли сè уште или свесно ќе признаеме дека промената на името значи геноцид врз македонскиот народ преку ликвидација на идентитетот?
И денес, како и пред сто години, заговорници на тој холокауст се големите европски нации скриени зад божемната хуманистичка маска на Европската унија, само што сега за нашето уништување се игра на крајно софистициран и перфиден начин кој треба да не доведе до промена на името со наша согласност, што ќе рече до самоуништување. Тоа значи дека ни по сто години кобниот Букурешт за нас не е завршен. Разликата денес е во тоа што оние кои пред сто години ја парчосуваа Македонија сега работат на ликвидација на нашиот идентитет, засилени со уште една империјална сила – САД.
Грција, која сака целосно да ја уништи Македонија е поддржана во нејзиниот геноциден фашистички концепт токму од овие сили, а за нас како земја врз која се врши нечовечки експеримент, не важат човековите права, судските пресуди на меѓународните судови и правилата на Обединетите нации кои важат за сите други. Ќе дозволиме ли да се самоукинеме како Македонци и тоа сега кога конечно изградивме сопствена држава!? Ќе дозволиме ли безимени да влеземе во ЕУ и во НАТО?
Затоа им се обраќаме на политичките лидери, на претседателот, на премиерот и на водачите на опозицијата, од кои бараме, без завиткан политички јазик, да кажат на какви позиции стојат: дали веќе го прифативте обезличувањето или сте спремни да застанете во одбрана на името? Сакаме да знаеме дали за вас е прифатлив предлогот Горна Република Македонија ставен на маса без да ни се каже што се нуди под маса? Дали веќе се подготвуваат и се печатат листовите за референдум на кој треба да се стави она што за нас е свето и вековно, затоа што овој молк фрустрира и измачува? Kако инаку да ја толкуваме изјавата на германскиот пратеник за Југоисточна Европа, Ернст Рејчел кој јавно кажа дека предлогот за името на Нимиц бил прифатен од македонска страна и дека сега се чека ставот на Грција? Вистина ли е?
Ќе може ли конечно македонскиот народ да дознае од нашите политички лидери или со нашите чувства ќе си играат европските бирократи? Ќе чуеме ли што крие во пакетот Горна Република Македонија или ќе не ставите пред свршен чин на референдум, кога партиско-политичката машинерија ќе биде спремна да одработи како со референдумот од 2004 година за територијалната поделба?
Дали овие прашања заслужуваат одговор или по којзнае кој пат ќе бидеме изиграни како Македонци и доведени до потпишување капитулација и ќе се збогуваме од автентичното постоење, од сопствениот идентитет, оти ние сме убедени дека поместување на само една буква од името е губење на идентитетот. Тоа би било рамно на самоуништување.
Јавно го повикуваме македонскиот народ да биде буден и ако затреба да биде спремен со сите можни средства да се спротивстави на новиот букурешки договор за наша идентитетска ликвидација.
Иницијативниот одбор
на групата Македонски манифест
izvor: http://toppost.mk/2013/08/27/%D0%BE%...D1%80%D0%B8-2/
Leave a comment:
-
-
Macedonia does the weirdest things like actually negotiating their identity if they can call themselves.Isnt there a principle of self identification.No one has a right to tell you who you are.Not soime bs about being a slav & not a macedonian.We are macedonian through & through.
Leave a comment:
-
-
the people must awaken that the bucharest treaty has no bearing on them at all this is 100 years later.If one part of macedonia can declare their independence so can the rest.In the mean time stop all name negotiations.
Leave a comment:
-
-
На плоштадот „Македонија“ запален е Букурешкиот договор (ФОТО+ВИДЕО)
Како да се одбраниме од вампиризмот на новиот Букурешки договор на истите европски сили, кој сака да не докрајчи, сега со замисленото менување на името, изјави денеска писателот Ефтим Клетников, член на групата „Македонски манфисет“ која денеска на плоштадот „Македонија“ во во Скопје го запали Букурешкиот договор.
Утре се навршуваат 100 години од Букурешкиот мировен договор кој, иако привремено им става крај на Балканските војни, за нас, Македонците, е најголемата историска неправда, зашто ја официјализира поделбата на Македонија меѓу соседите Грција, Бугарија и Србија. Распарчувањето на Македонија се случува под патронат на големите сили“, изјави еден од иницијаторите Александар Русјаков, режисер и писател.
Со ова палење, групата Македонски манифест ја изразува ништовноста на тој акт за Република Македонија и истовремено го крева гласот против скриените обиди и отворените притисоци на меѓународната заедница да ја повампири историјата за да се продолжи геноцидот врз Македонците.
„Го запаливме кобниот Букурешки договор како ништовен за нас и како порака до сите што сакаат на најперфиден начин да не ликвидираат дека не се сме заспани, туку дека сме будни пред злото што тропна на нашата врата и дека ќе му се спротивставиме со сите возможни средства.... Денес Европа го поддржува фашистичкиот концепт на Грција и на нејзината „Златна зора“ што произведува геноциден мрак. Таа ги затвора очите пред тој фашистички налет затоа што можеби сака да го сокрие фашизмот во сопствениот двор. Но до кога?... Ние, групата Македонски манифест под мотото Името е нашата татковина го повикуваме македонскиот народ на единство и натпартиска слога и свест. Го повикуваме да се разбуди и цврсто да застане во исконот на својот идентитет, да се побуни против неговата изолација од срамните преговори за Името и да им каже НЕ на сите што прават сметка во крчма без него... Нашата порака со палењето на кобниот Букурешки договор е упатена до сите моќници што сакаат да не уништат. НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ!“, рече Клетников.
izvor: http://www.mkd.mk/makedonija/politik...or-fotovideo#1
Leave a comment:
-
-
who gave grujo et all the right to bargain with our name?Definitely the people need to revolt why isn't the rom govt telling the greek govt to piss off as we won't entertain the thought of even thinking of a change in name.Whilst that is a start the politicians are miles away,they don't comprehend the message sent home.
Leave a comment:
-
-
I commend their actions and wish them well in gathering the signiatures, which should only take a few days if just half on the Macedonians in the ROM woke up to themselves before their name is sold/traded away!
Leave a comment:
-
-
Каравнот на манифестот за прекин на преговорите за името на Македонија тргна од Неготино
Караванот на Македонскиот манифест за прекин на преговорите за името денескa тргна од Неготино. Откако група интелектуалнци го промовираа манифестот во Скопје, денеска тие дојдоа на средба со неготинчани, за да им ја презентираат неговата суштина. Започна и собирањето на потписи од страна на граѓаните на Неготино за поддршка на овој манифест.
- Ние сме против референдум за името бидејќи такво важно прашање не се става на референдум. Референдумот е еден вид коцкање од кое никогаш не го знаете конечниот резултат. Со референдумот за територијална поделба многу добро се изгоревме па и ова ако пламне сега ние ќе одиме во ништо, нагласи во изјава за медиумите поетот Ефтим Клетников.
Тој истакна дека го прочитал последното интервју на премиерот кој, како што рече, многу отворено кажува дека целта на западот е да ни го сменат името и оти дури тогаш ќе не примат кај што сакаме.
Од манифестот истакнуваат дека имаат поддршка како од македонските граѓани, така и од иселениците. Планираат да соберат околу 150 илјади потписи, и се залагаат преговорите да прекинат.
Во иницијативниот одбор на Македонскиот манифест се поетот Ефтим Клетников, композиторот и диригент Запро Запров, историчарот Стефан Влахов Мицов, универзитетскиот професор Слободан Пренџов, писателот Александар Русјаков и композиторот Стојан Стојков,...
izvor: http://sitel.com.mk/mk/karavnot-na-m...na-od-negotino
Leave a comment:
-
-
Отворено писмо до Филип Рикер, заменик државен секретар на САД: МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИ – ЗАСЕКОГАШ
Господине Филип Рикер, не знаеме, до заклучувањето на писмово до Вас, дали се уште сте во балканскиот вилает (во некоја, како што би рекол Мирослав Крлежа, „темна балканска крчма“), или сте во некоја исто таква меѓународна крчма, можеби веќе во удобната фотелја на Стејт Департментот во САД од каде се управува со судбината на светот.
Вие, колку што ни е познато, бевте тука за да се видите и да помуабетите со Јадранската група кандидатки за НАТО, во која спаѓа и Македонија. Патем, Вие дојдовте и со една подидеја, доколку тоа и не беше главната Ваша идеја, а посетатата на јадранските НАТО-вци само изговор за тоа. Имено, Вие јавно ја повикавте нашата влада, а со тоа и Македонците, да покренат јавна демократска дебата за проблемот со Името (гледате дека ние него го пишуваме со голема буква!), што ќе рече за нашето преименување на кое Вие и Вашата држава толку суптилно(?!) инсистирате. Притоа го имате предвид најновиот предлог на Метју Нимиц: Горна Република Македонија.
Дорбо, г. Рикер. Прво, ние немаме проблем со Името. Тоа е проблем на Грците чиј фашистички концепт за уништување на идентитетот на еден древен народ и негово бришење од светската карта на народите, за жал, го поддржувате и Вие, Вашата држава и ЕУ. А тоа е голем срам и за Вас и за нив, бидејќи тука отсуствува елементарно чувство за правда и вистинољубивост, вредности што Вие ги немате, а со кои толку многу се гордеете.
Патем, какво е тоа искрено пријателство ако ни го признавте Името (лукаво – за со нашите квислинзи да ја реализирате територијалната поделба во 2004 г.), а сега силно не притискате да го смениме. А што ќе правиме со оние повеќе од 130 држави што ни го признаа Името?! Да го смениме ли и да им речеме: извинете, не се викаме така, сега викајте не поинаку, со новото име! Што мислите, г. Филип Рикер, зарем овој народ е толку глуп и без самопочит? Таков ли е Вашиот заклучок од дипломатскиот престој во Македонија? Многу сте се излажале и затоа повлечете ја Вашата перфидна идеја за кукавичка дебата за проблемот со Името, кој ние го немаме.
Ако сакате дебата, и ние можеме да Ви предложиме. Дајте да дебатираме за Авганистан, за Ирак, за Сирија, за Гвантанамо, за Индијанците… Доколку, пак, сакате на македонска тема, поставете дебата за 2001-та за која Вашиот актуелен амбасадор кај нас јасно изјави дека била агенда на САД. А во 2001-та се пишуваше со ножеви врз кожата на невини македонски цивили, од вашите борци за човекови права се врзуваа со бодликав тел и се креваа во воздух со динамит под нив. Дајте да дебатираме за Охридскиот договор, или за територијалната поделба, кои по се изгледа исто така се американска агенда и чии катастрофални дефекти по однос на Македонците Вие воопшто не сакате да ги видите. Или дебата за пописот за кој Албанците не сакаат да чујат за да не излезе на видело нивниот вистински процент. Можеби и тоа е Ваша агенда.
Или и Вие, г. Филип Рикер, како Гркот Папуљас сметате дека веќе му дошол крајот на македонизмот и на македонското Име? Мислите ли декат НАТО и ЕУ се доволни за да се самоукинеме, како што не притискате? Не, се лажете, нема никаква цена за откуп на нашето Име, г. Филип Рикер. Врз македонскиот народ веќе две децении се врши страшен притисок идентитетски да се избрише, да се самоукине со промена на Името. Но, сфатете дека никој од нас нема право тоа да го стори: ниту владата, ниту народот. Никој! Освен, се разбира, некои силни империјални бомбардери и беспилотни летала – убијци, што делат правда низ светот, низ нови Хирошими и Нагасаки.
Врз македонскиот народ цели две децении се врши перфиден психолошки притисок за да се доведе до апатија и рамнодушност, па да рече: па добро, доста е, се согласуваме! Но, тоа нема да се случи, г. Филип Рикер. Се надеваме дека нема да ја доживееме судбината на Хазарите и на Индијанците, сега на еден перфиден но софистициран геноциден начин. Ќе одиме од град во град, од село во село, од човек до човек, нема да дозволиме да падне и да заспие духот на Македонците. Да знаете дека и неродените деца, зачнати во бакнежот на македонските љубовници, го носат печатот на нашето исконско Име и за ништо на светот него нема да го предадат. Кажете им го тоа на Папуљас, на Грците и на Американците. И откажете се од организирање дебата за Името. Ние таа дебата веќе ја отворивме со „Македонскиот манифест“, кој ќе Ви го испратиме и во кој порачуваме дека засекогаш и секаде остануваме Македонија и Македонци! Точка. Откажете се и Вие и Грците од идејата да не преименувате, а со тоа и да ја споделите нашата историска меморија и да не избришете од светската карта на народите. Во тој случај ќе треба и најсветата книга над книгите – Светото Писмо – да го фалсификувате, бидејќи таму Македонија и Македонците се обележани со Божји печат. А и таа веќе се фалсификува во таа насока. Но…
Откажете се од намерата за наше преименување. Откажете се засекогаш. Бидете ни искрен пријател, Вие и Американците. Тоа Ви доликува.
Со почит: Ефтим Клетников, Запро Запров, Георги Барбаровски, Стојан Стојков, Стефан Влахов Мицов, Слободан Пренџов, Васил Атанасов и Александар Русјаков, членови на Иницијативниот одбор на „Македонски манифест“
izvor: http://toppost.mk/2013/06/24/%D0%BE%...D%D0%B8%D0%BA/
Leave a comment:
-
-
Originally posted by DedoAleko View PostНа иницијатива на група интелектуалци
Продолжува потпишувањето на Македонскиот манифест
izvor: http://www.mkd.mk/makedonija/politik...skiot-manifest
I neka nema eden Makedonetz sho ne si go klai imeto i pismoto na ova manifesto, tolgai ke vidime sho ke se smeni i sho ne ke se smeni!
Leave a comment:
-
-
На иницијатива на група интелектуалци
Продолжува потпишувањето на Македонскиот манифест
izvor: http://www.mkd.mk/makedonija/politik...skiot-manifest
Leave a comment:
-
Leave a comment: