Стерјовски: Во Албанија Македонец можеш д

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts

  • Јован Кукузел
    replied
    Хаџинасто користи комунистичка реторика кога зборува за правата на Македонците


    Стерјовски Во Албанија Македонец можеш да бидеш само во Мала Преспа - YouTube

    Leave a comment:


  • Јован Кукузел
    replied
    Хаџинасто користи комунистичка реторика кога зборува за правата на Македонците

    Не престануваат реакциите на Македонците во Албанија околу изјавите на шефот на дипломатијата Едмонд Хаџинасто. Тие тврдат дека нема ни тронка вистина во неговата изјава дека Албанија била пример за почитување на правата на малцинствата. Изјавата им наликува на реториката од комунистичкиот период.

    [Хаџинасто користи комунистичка реторика кога зборува за правата на Македонците]

    Освен што, на шефот на албанската дипломатија Едмонд Хаџинасто не му веруваат на изјавата дека ќе има реален попис, според европски стандарди, Македонците во Албанија за апсурна ја сметаат и изјавата дека оваа земја била пример на почитување на правата на малцинствата.

    - Овие изјави на министерот Хаџинасто дека Албанија е пример за почитување на малцинстваа ни наликуваат на реториката од комунистичкиот период, кога и тогаш се тврдеше дека Албанија е пример за почитување на малциснтвата, дека малциснтвата во Албанија ги уживаат сите права. За жал од комунистуичкиот период ништо и не е изменето во однос на малцинствата во Албанија. Освен тоа во одредени места каде што се признаваме официјано, а тоа е само во Мала Преспа, за жал иронијата да е поголема правата на Македомците во оваа област, споредено со комунистичкиот период се намалени, а не зголемени, бидејќи живееме во демократија, вели Всил Стерјовски од Македонската партија.

    Според него, Албанија не може да се пофали дека ги почитува правата на малцинствата затоа што тие, посебно македонското е само пет проценти признато од вкупната бројка, а каде се тука, се прашува тој, Македонците од Гора и Голо Брдо, и другите градови. Да е поголем апсурдот, додава Стерјовски, нема држава во светот да признава малцинство само во одредни зони, а кога таа зона ја напушта веднаш добива друга етничка припадност. Во случајот, Македонецот од Мала Преспа кога заминува од таму, веднаш станува Албанец.


    Leave a comment:


  • Стерјовски: Во Албанија Македонец можеш д

    Стерјовски: Во Албанија Македонец можеш да бидеш само во Мала Преспа

    Реторика од комунистичкиот период - ова е оценката на Македонците од Албанија за изјавата на министерот за надворешни работи од оваа држава, Едмонд Хаџинасто, дека западниот сосед на Македонија бил пример за почитување на правата на малцинствата.

    - За жал, од комунистичкиот период ништо и не е изменето во однос на малцинствата во Албанија. Освен тоа, во одредени места каде што се признаваме официјално, а тоа е само во Мала Преспа, правата на Македонците споредено со комунистичкиот период, се намалени. Албанија не може да се пофали дека ги почитува правата на малцинствата затоа што посебно македонското, е само пет проценти признато од вкупната бројка, а каде се тука Македонците од Гора, Голо Брдо и другите градови - вели Васил Стерјовски од партијата Македонска Алијанса од Албанија.

    Да е поголем апсурдот, додава тој, нема држава во светот да признава малцинство само во одредни зони.

    - Во случајов, Македонецот кога заминува од Мала Преспа во друг дел од Албанија, веднаш станува Албанец - заклучува Стерјовски.


Working...
X