Стерјовски: Во Албанија Македонец можеш да бидеш само во Мала Преспа
Реторика од комунистичкиот период - ова е оценката на Македонците од Албанија за изјавата на министерот за надворешни работи од оваа држава, Едмонд Хаџинасто, дека западниот сосед на Македонија бил пример за почитување на правата на малцинствата.
- За жал, од комунистичкиот период ништо и не е изменето во однос на малцинствата во Албанија. Освен тоа, во одредени места каде што се признаваме официјално, а тоа е само во Мала Преспа, правата на Македонците споредено со комунистичкиот период, се намалени. Албанија не може да се пофали дека ги почитува правата на малцинствата затоа што посебно македонското, е само пет проценти признато од вкупната бројка, а каде се тука Македонците од Гора, Голо Брдо и другите градови - вели Васил Стерјовски од партијата Македонска Алијанса од Албанија.
Да е поголем апсурдот, додава тој, нема држава во светот да признава малцинство само во одредни зони.
- Во случајов, Македонецот кога заминува од Мала Преспа во друг дел од Албанија, веднаш станува Албанец - заклучува Стерјовски.

Comment