Пред неколку дена во село Каменање, општина Боговиње, Tетовско е пронајдена ретка надгробна плоча со некаков натпис.
Имаме информации дека сопственикот, етнички Албанец, веќе стапил во контакт и преговара со археолози од Албанија да ја продаде оваа ретка надгробна плоча надвор од границите на Македонија.
За овој пронајдок се известени во Управа за заштита на културното наследство, меѓутоа до ден денес нема никакви активности да се испита случајов пред да биде прекасно, односно овој редок пронајдок да заврши во некој музеј во соседна Албанија.
Селаните од ова село не информираа дека во селото Каменање имало уште многу вакви археолошки пронајдоци.
Фотографија што ја објавуваме е направена од оригиналот на археолошкиот пронајдок.

Comment