Macedonian Language an Academic hit in Croatia

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Prolet
    Senior Member
    • Sep 2009
    • 5241

    Macedonian Language an Academic hit in Croatia

    Македонскиот јазик - академски хит во Хрватска

    Останати вести
    Македонија со три проекти во европската престолнина на културата
    Рави Шанкар ја доби наградата за хуманизам
    Печати | Прати ја страницата | Врати се назад

    Во 2008 година на Лекторатот за македонски јазик во Риека беа запишани 170 студенти, додека во 2009 година само во зимскиот семестар тој број е евидентно зголемен, со што Риека стана најголемиот универзитетски македонистички центар во светот, вели проф. д-р Васил Тоциновски, водител на Лекторатот



    Реномираниот проф. д-р Васил Тоциновски, еден од најплодните современи македонски писатели, научен работник и истражувач на македонската литературна историја, патот го донесе во Хрватска. Како раководител на Лекторатот за македонски јазик при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека. Тој има големи заслуги за откривање на животните судбини и литературното дело на „дводомните автори“ од македонско потекло, односно Македонци што живееле и твореле во странство. Своето богато стручно и научно искуство, сега, како редовен професор, им ги пренесува на студентите во Хрватска.



    Лекторатот за македонски јазик во Риека веќе стана најголем македонистички центар од 1930-тите во светот. Од каде толкав интерес во Хрватска за македонскиот јазик? Зошто младите Хрвати се определуваат да го изучуваат македонскиот јазик?

    - Во самиот почеток од својата работа Лекторатот со 76 студенти по трите предмети што се предаваа во зимскиот семестар на академската 2008/2009 година беше најголемиот македонистички центар во светот. Во летниот семестар, кога имавме два предмети, на нив им се приклучија уште сто нови студенти. Интересот за македонскиот јазик, литература, култура и цивилизација е во многувековниот континуитет и традиција на хрватско-македонските врски. Во учебната 1983/84 година македонистичките студии, исто така, биле мошне омилени кога предавале професорите Петар Кепески, Горан Калоѓера и Борислав Павловски. Потоа предметите со успех ги предавал Калоѓера кога биле одбранети и 30 дипломски работи по македонистика. Покрај неговата педагошка и научноистражувачка работа, секако свој учинок имаат и членовите на многубројното извонредно организирано македонско национално малцинство во Риека, кои се угледни и почитувани граѓани. Запознавањето со новото кирилично писмо, со историјата и традицијата на Македонија за младите Хрвати несомнено е извонредна можност за откривање и спознавање нови цивилизациски вредности.



    Колку предмети имаат студентите и што е всушност нивната придобивка од изучувањето на оваа студиска програма?

    - На Кроатистика во овој зимски семестар сите студенти од 3. и 5. семестар слушаат три предмети. Најголем е интересот за „Македонска култура и цивилизација“ со 76 студенти. Македонска литература во 19 и 20 век слушаат 46 студенти. Сите тие, меѓу другото, изработуваат семинарски работи, кои се читаат на часовите и по кои јавно се дебатира. Македонски јазик 2 изучуваат 25 студенти. Секој предмет неделно има по четири часа. Покрај вистината за Македонија, нејзината вековна борба за извојување национални и социјални права и слободи, посебно внимание им посветуваме на ВМРО и на Крсте Мисирков и на непроценливото материјално и духовно богатство, кои на најуверлив начин ги одразуваат посебноста и идентитетот, непокорот на Македонците и на нивната татковина. Зашто тие се рамноправен член во големото семејство културни народи на светот.



    Вие сте водител на Лекторатот во Риека. Покрај Вас, предава и познатиот македонист професорот Горан Калоѓера. Уште колку професори ја одржуваат наставата по македонски јазик и книжевност?

    - Професорот Горан Калоѓера, актуелен проректор за меѓународна соработка, неодамна одржа предавање за капиталното дело „Зборникот на браќата Миладиновци“. Седумдесетгодишнината од печатењето на стихозбирката „Бели мугри“ на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин е свеченост во македонското културно друштво „Илинден“ во Риека, каде што нашите студенти на македонски и на хрватски јазик читаат творби од Рацин. Во летниот семестар, кога на студентите од завршните години им го предавам предметот „Монографски пристап“ кон теми од современата македонска литература, наш гостин ќе биде професорот Дарко Гашпаровиќ, одличен познавач на македонската драма и театар. Го спомнав нашиот Илинден, па да додадам оти традиционално во него се одржуваат предавањата за малцинствата во Хрватска, која тоа прашање го има извонредно добро решено, со посебен осврт на македонското, од Михајло Давчевски и Илија Христодулов. Како илустрација ги користиме играните филмови „Мис Стон“ и „Републиката во пламен“, документарните филмови за Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски, за Блаже Конески и Петре М. Андреевски.



    Подготовките за отворање на Лекторатот во Риека траеле шест години, а првата генерација на студенти е запишана во 2008/2009 година. На какви тешкотии наидовте и со колку студенти ги почнавте студиите?

    - Македонистичките студии на Универзитетот во Риека со распаѓањето на Југославија замруваат. Неминовно се остваруваат нови планови и програми, но би рекол македонистиката постојано била дежурна тема во академските средини. Но секако упорноста на проф. Калоѓера, како нејзина душа, мисла и смисла, е најзаслужна за новиот почеток на Лекторатот по македонски јазик со првото предавање по македонски јазик на 20 октомври 2008 година. Интимно, никој не очекуваше дека интересот на студентите ќе биде толку голем и впечатлив. Веќе споменав, бројката од 76 студенти искрено и ме изненади и уште повеќе ме израдува. Значи, ниту ронка, ниту трага од какви било тешкотии. И Филозофскиот факултет и градот Риека ми беа топол дом, средина на разбирање, љубов и почит, како отсекогаш да сум бил тука и со нив.



    Македонски јазик, литература и цивилизација се изучуваа и на универзитетите во Загреб и во Осиек. Судејќи според интересот, можеме ли да очекуваме дека наскоро ќе се појави потреба од отворање уште еден центар (лекторат) за македонистика во Хрватска?

    - Македонистиката во Загреб има извонредна традиција. На универзитетите во Осиек и во Задар од објективни причини таа повеќе не постои. Од многубројните средби и разговори, знам дека во Осиек таа желба за нејзино возобновување е силно изразена, а неа постојано ја истакнуваат и Македонците во Сплит. Дали наскоро ќе се отвори нов лекторат тоа го знаат и за тоа одлучуваат универзитетите во Македонија и во Хрватска и министерствата за образование и наука, односно и за спорт.



    На филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од академската 2008/2009 година дотогашниот Лекторат за хрватски јазик и книжевност прерасна во Катедра за хрватски јазик книжевност. Според Програмата за соработка на хрватското и македонското министерство за образование, се доделуваат и стипендии за изучување на македонскиот, односно хрватскиот јазик, кои се своевиден поттик за кандидатите. Кој може да добие стипендија?

    - Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во својата богата традиција мислам оти посебно внимание и посветувал на хрватската литература. Неа ја предавале и ја предаваат извонредни професори и познавачи, па во најдобра смисла на зборот, таа популарност и доведе до создавање на Катедрата за хрватски јазик и книжевност. И она што особено радува се стипендиите, кои, би рекол, на самото место обострано им овозможуваат на младите луѓе да го учат македонскиот, односно хрватскиот јазик. Нема ништо подобро, нема поголемо училиште од она кога тоа се остварува на самото место.



    Каква е соработката меѓу високообразовните институции меѓу Хрватска и Македонија?

    - За таа соработка можам да искажам само пофални зборови. Универзитетот во Риека остварува долгогодишна и плодна соработка со универзитетите во Скопје и во Битола. Ќе наведам само еден пример, меѓу Филозофскиот факултет во Риека со Институтот за македонска литература при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одржани се два големи меѓународни научни собири посветени на хрватско-македонските книжевни и културни врски (Риека-2006, Охрид-2007), од кои се објавени два прекрасни зборници. На таа тема успешно беше реализиран и меѓународен истражувачки проект, кој беше финансиран од страна на двете ресорни министерства. Секоја година загрепски и риечки студенти учествуваат во работата на реномираниот Семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. И не треба секако да се заборават научните конференции во Загреб, Риека, Задар, Сплит.




    Додека некој го оспорува нашето име, други го изучуваат нашиот јазик

    Ректорот на Универзитетот во Риека, акад. Даниел Рукавина, рече дека особено е горд на Лекторатот по македонски јазик, бидејќи ги изразува пријателските чувства и почитувањето на академската заедница од Риека кон македонскиот народ, неговата историја и култура, особено во време кога некаде се оспоруваат македонската нација и македонското име. Тој особено се залага за унапредување на тоа пријателство меѓу Република Хрватска и Република Македонија. Како Вие, но и студентите ги чувствувате тие заложби на универзитетското раководство во Риека?



    - Таа позната мисла на нашиот некогашен ректор, кој од неодамна е во пензија, во себе ги содржи вековните искуства и резултати на македонско-хрватските односи. Тие и денес се неповторлив пример за светот како два народа и две држави се почитуваат и сакаат, се разбираат и соработуваат. Нивните корени се длабоки. Двата народа потекнуваат од едно генетичко стебло. Му припаѓаат на големото семејство словенски народи, кои глаголицата ги внесува во редот на европските културни народи. Немале заедничка граница, и тоа секако била голема среќа. Никогаш меѓусебно не војувале, никој никому ништо не му зел и не му останал должен. Македонецот, кој бил постојано прогонуван и негиран, секогаш во Хрватска можел јавно и слободно да ја изрази својата национална припадност и да ги остварува своите идеи и идеали. Така и не случајно светлината на денот токму во оваа братска држава ќе ја видат три македонски библиски книги. Тоа се „Зборникот на браќата Миладиновци“ (1861), „Македонија или гласот на робот“ на Георги Капчев (1898) и „Бели мугри“ на Кочо Рацин (1939). Не го создаваат ли тие македонското свето тројство! Во годините меѓу двете светски војни Загрепскиот универзитет и самиот Загреб нималку случајно прераснуваат во моќен македонистички центар. Само за илустрација, на него во 1936 година студирале 117 млади Македонци. И сега младите Хрвати, до еден, знаат за Охридската книжевна школа како прв словенски универзитет на Балканот, или за неповторливите личности и дела на Крсте Мисирков и на Кочо Рацин.

    Автор: Сашо Георгиевси, наш дописник од Хрватска

    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.
Working...
X