Детроит ќе стане голема бавча
13.03.2010
Работејќи на ниво досега неиспробано во САД, градот ќе ги демолира куќите во некои од најотсечените квартови на Детроит и ќе ги пресели жителите во постабилните населби Околу една четвртина од градот со површина од 360 квадратни километри ќе се претвори од урбана во полурурална
ДЕТРОИТ (АП) - Детроит, кој беше симбол на американската индустриска сила скоро цел 20 век, ќе спроведе радикален план за обновување кој ќе подразбира огромни површини од сега веќе разорениот, рѓосан град да се претворат во полиња и обработлива површина какви што беа пред појавувањето на автомобилите.
Работејќи на ниво досега неиспробано во САД, градот ќе ги демолира куќите во некои од најотсечените квартови на Детроит и ќе ги пресели жителите во постабилните населби. Околу една четвртина од градот со површина од 360 квадратни километри ќе се претвори од урбана во полурурална.
Во близина на центарот овошни насади и бавчи со зеленчук ќе ги заменат соседствата кои се морничава глетка од празни згради и празни парцели. Жителите на приградските населби кои патуваат до градот ќе треба да поминуваат како низ село за да дојдат до градот. Оние населби што ќе преживеат во родното место на автомобилската индустрија ќе станат пространи зелени површини.
Идејата за ова беше првпат спомната во 90-тите, кога распаѓањето на градот почна да се шири. Сега, кога рецесијата сe повеќе го тоне градот кон пропаст, сe поблиску е одлуката како да се продолжи понатаму. Градоначалникот Дејв Бинг, кој лани дојде на функцијата, се очекува месецов да открие некои детали во неговото обраќање за состојбата на градот.
"Сега почнуваме да мислиме на нештата кои беа незамисливи", изјави Џејмс В. Хјуџис, декан на Факултетот за просторно планирање и јавна политика и еден од урбаните експерти кој со голема заинтересираност внимателно го следи експериментот. "Сега е јасно дека нема да се вратат славните денови. Некои луѓе можеби не го прифаќаат тоа, но ова е реалноста".
Значењето на она што е веќе почнато сега се проширува низ целиот град.
"Луѓето се плашат", вели Дебора Л. Јангер, која порано била извршен директор на групата Корпорација за поддршка на локалните иницијативи во Детроит, која работи на ревитализација на пет области во градот. "Кога ќе прочитате дека ќе снема цели населби, тоа влева страв".
Иако се има волја за намалување на градот, начинот на изведување е нејасен и исполнет со проблеми. Мора да се донесат политички експлозивни одлуки за тоа кои населби да бидат срамнети со булдожер, а кои да се средат.
Ќе се потрошат стотици милиони долари федерални пари за да се купи земјиште, да се изградат згради и да се преселат жителите, бидејќи градот кој е во очајна финансиска состојба нема пари за тоа да го направи сам. Не се знае колку луѓе од градот во кој претежно живеат работници со афроамериканско потекло ќе бидат преселени, но може да станува збор за илјадници. Некои од нив нема да заминат своеволно.
"Ми се допаѓа вака како што е", вели Дејвид Хардин (60) чијшто бунгалов е еден од трите вселени домови во целиот блок со празни живеалишта лоциран во близина на местото познато како Градски аеродром. Тој живее тука од 1976 година, кога сите домови на улицата биле вселени и вели дека ужива во мирот и тишината.
Во поголемиот дел од 20 век Детроит беше индустриска електрана - градот што ја стави Америка на тркала. Работниците од фабриките живееа во населби од едноставни еднокатни и двокатни куќи и одеа пеш до работа. Потоа фабриките почнаа да се затвараат една по една. После протестите од 1967 година се забрза иселувањето на белците кон предградијата, а по нив заминаа и голем број црнци од средната класа.
Градот кој во 50-тите имаше скоро 2 милиони жители, денес е скоро преполовен по број на население. Во некои квартови вселени се само една до две куќи, опкружени со парцели полни со ѓубре и празни, изгорени куќи. Скитниците собрале сe што вреди од празните згради. Според една неодамнешна проценка, во Детроит има 33.500 празни куќи и 91.000 празни станбени парцели.
Неколку други индустриски градови во опаѓање, како Јангстаун и Охајо, веќе го прифатија стеснувањето. Од 2005 година наваму Јангстаун руши по неколку стотици куќи годишно. Меѓутоа плановите за Детроит го засенуваат ова. Слободниот простор во Детроит од 103 квадратни километри е поголем од цел Јангстаун. Бинг, кој се соочува со дефицит на буџетот од 300 милиони долари и опаѓање на даночната основа, вели дека градот нема да може да плаќа за полициски патроли, противпожарна заштита и други служби за низ целиот град.
Со моменталниот план ќе бидат срушени околу 10.000 куќи и празни згради за три години и ќе се инвестира во нови поздрави населби. Во населбите што ќе бидат срамнети, градот ќе им понуди на жителите да ги пресели или да им го купи местото. Градот ќе може да бара право над земјиштето во случаи на запленување поради неплатен данок и да се повика на правото државата да земе приватен посед за јавни цели во случај некој да не сака да си замине, како што се постапува во случај на изградба на автопат.

Comment