Indigen, Whats your opinion on this VMRO review by a pro Opposition newspaper?
Митологијата околу минхенската средба стана главна приказна во Македонија
Оливера Војновска
Многу успеси и падови, надежи и разочарувања се врзани за дводецениската приказна на ВМРО-ДПМНЕ. Период во кој најголемата и највлијателна партија во десницата мина низ многубројни премрежиња и преживеа крупни трансформации. Настаните оставија длабоки траги не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку имаа големо влијание и врз целата домашна политичка сцена.
Во 20-годишната сторија на ВМРО-ДПМНЕ се испреплетени и многу лични приказни. Испишани се имињата на многу способни, чесни поддржувачи и искрени патриоти. Но, околу неа се извртеа и многу новокомпонирани патриоти, преобразени комунисти, позери и блефери. На роденденската забава пред „Мекдоналдс“ во центарот на Скопје нема да има речиси ниедна од личностите, кои во пролетта 1990 година ги удрија темелите на партијата, со еуфоричен занес ги полнеа плоштадите и ветуваа нова, поинаква и просперитетна независна Македонија. Годините и настаните што се нижеа, за жал, покажаа дека некои од нив, сепак, немале искрени намери.
Само десетина дена пред прославата на 20-годишниот јубилеј поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, излезе во јавноста со контроверзни тврдења за бугарофилството во ВМРО-ДПМНЕ, како и за наводниот нерегуларен избор на Никола Груевски на кормилото на партијата во 2003 година. Тој го нарече Груевски „Србин со говорна мана“. Георгиевски јавно кажа дека не само што се чувствува како македонски бугарофил, туку така се чувствувале и 90 проценти од неговата партијата во почетокот на 1990-тите години.
Новинарот Ванчо Механџиски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и дел од иницијативниот одбор, вели дека многу често се мешаат Минхенскиот состанок на родоначалниците на партијата (на кој Механџиски не бил учесник) и берлинскиот период и настани. Според него, многу побитен е Берлин како средиште на многубројни случувања поврзани со почетоците на заживувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Механџиски престојувал во Берлин две недели во почетокот на јуни 1990 година и бил директен сведок на некои од овие настани. Присетувајќи се на тоа време, тој вели дека во Берлин престојувал како гостин на Гојко Јаковлевски. „Токму за време на овој престој се уверив во посветеноста на овој човек на автентичните идеи на македонската национална кауза. Така барем јавно тој ги декларираше. Гојко и неговиот брат Мане, навистина имаат голем влог во формирањето на оваа партија. Тие, исто така, одржуваат долгогодишни врски и му беа многу блиски пријатели и покровители на Богдановски - идеолошкиот татко и автор на првата и единствена вистинска политичка програма на ВМРО-ДПМНЕ“, раскажува Механџиски.
Но, во Берлин, како што вели самиот, иако површно, сепак, забележал дека браќата Јаколевски одржуваат силни братски врски со Софија. „Повеќе од сигурно дека тие врски се користени во натамошното зацврстување и етаблирање на ВМРО-ДПМНЕ на македонската политичка сцена. Поконкретни и опипливи показатели за тие блиски и делотворни братски врски со Софија би требало да имаат нашите тајни служби“, претпоставува Механџиски. Во оваа пригода тој не сака да говори за неговото разидување со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Потсетува дека заедно со неговиот идеолошки истомисленик Венко В’чков, тоа јавно го соопштиле преку заедничко писмено образложение во „Нова Македонија“ и „Вечер“ во втората половина на август 1990 година.
„Судирот со првото раководство на ВМРО-ДПМНЕ беше и една од главните причини за нашето напуштање на раководството, но и за бугарофилството во партијата и кај нејзиниот прв претседател, Љупчо Георгиевски“, додава Механџиски.
Еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Транталовски, уште пред седум години со писмо преку медиумите кажа кои се основачите на партијата. Тој наведува дека во првата петорка на ВМРО-ДПМНЕ заедно со него се и Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Георгиевски и Борис Змејковски. Транталовски уште кажува дека во судскиот регистар, каде што и официјално е регистрирана партијата во август 1990 година, стојат имињата на: Георгиевски, Змејковски, неговата ќерка Дијана Транталовска, Васил Наумов и други лица. „На состанокот во Минхен Богдановски го предложи тогаш младиот студент Георгиевски за водач на партијата, како млад, храбар и јасно национално определен, човек без хипотеки. Предлогот беше прифатен од сите“, напиша во медиумите Транталовски. Токму во неговата куќа во Ресен, а на предлог на Георгиевски, партијата го добива името ВМРО-ДПМНЕ. Според кажувањето на сведоците на тие случувања, покрај Героргиевски, во иницијативниот одбор за одржување на основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ учествуваат и Змејковски, Механџиски, В’чков и Дијана Транталовска. Деновиве токму Змејковски негираше дека Георгиевски бил основач на ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемата десничарска партија од своите почетоци настапи со тезите за независна Македонија и за бришење на реликтите од комунистичкиот - социјалистичкиот систем, врз кои оваа држава функционираше цели 45 години. Сепак, на патот на тој амбициозен проект, на кој ВМРО-ДПМНЕ предводена од Георгиевски, се возеше во првите години од плурализмот, на жртвениот олтар се најдоа повеќемина партиски првоборци, меѓу кои Владимир Голубовски и Змејковски, а во почетокот на 2002 година и Доста Димовска.
Истата година поради кататаклизмичното владеење на Георгиевски, корупцијата, олигархизмот, ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби изборите. Истакнати и влијателни фигури во ВМРО-ДПМНЕ и луѓе, кои со симпатии гледаа на тој проект, демонстрира свест за една катастрофална изолација во која Георгиевски ја носи и партијата, но и Македонија. Неговата оставка од лидерската позиција во партијата беше неизбежна.
Следеше силен обид ВМРО-ДПМНЕ да се претстави како современа демохристијанска и проевропски ориентирана партија. Надежите на членството, но и на јавноста беа во ексминистерот за финансии, Никола Груевски. Тој си ја зеде задачата да ја извлече ВМРО-ДПМНЕ од политичкиот амбис во кој западна по воениот конфликтот и по губењето на власта во 2002 година. Во таа мисија за сојузник ја имаше поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова. Цветанова претседаваше со Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година во Охрид, а за кој Георгиевски кажа дека бил наместен и да немало притисоци, ќе победел Марјан Ѓорчев. Цветанова неодамназа нашиот весник негираше дека Конгресот бил нерегуларен. Зад тврдењата на Георгиевски застана и Филип Петровски. Ѓорчев, кој е актуелен градоначалник на скопската општина Кисела Вода (номиниран од ВМРО-ДПМНЕ) и своевремено реагираше дека Груевски го победил на начесен начин, сега вели дека поразот бил чесен.
На Груевски и на Цветанова им се разидоа патиштата по вонредните претседателски избори во 2004 година, на кои ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Сашко Кедев, а потоа и по референдумот. Цветанова никогаш отворено не проговори за судирот со Груевски. Таа формално остана во партијата, но се дистанцираше од политиката и целосно и' се посвети на професорската кариера.
Во меѓувреме Груевски во партијата донесе нови кадри, негови блиски луѓе од доверба, како што се Трајко Славески, Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер, Зоран Ставрески и други експерти од економската и од технолошката сфера. Тоа, веројатно, беше повод на ВМРО-ДПМНЕ да и' се прилепи етикетата дека станува партија на технократи. Со победата на изборите во 2006 година, Груевски ја зацврсти функцијата во ВМРО-ДПМНЕ. А со триумфот во 2008 година кога партијата освои апсолутно мнозинство во Собранието, тој целосно ја цементира лидерската позиција. Во овој период Груевски го смени долгогодишниот пријател Славески од министерската функција во финансии а неговиот ресор го презеде Ставрески. Освен што жестоко се бранеше во Собранието дека чесно и одговорно ја извршувал функцијата, Славески во јавноста не излезе со други коментари за неговата демисија.
ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе го слави роденденот два дена порано, во вторник на 15 јуни. Според официјалното образложение, тоа е направено така, бидејќи Груевски наредниот ден патува за Брисел каде што ќе присуствува на состанокот на европските народни партии, кој традиционално се одржува во исто време кога е и Самитот на лидерите на ЕУ.
На прославата нема да присуствува Георгиевски, кој јавно кажа дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ нема личности што би можеле да говорат за основањето и за почетоците на партијата. „Мислев дека фалсификувањето на историјата е работа на комунистите, но ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги надмина. Сите сме сведоци за настаните пред 20 години и не знам од каде таа потреба да се избрише нешто што се случувало тогаш “, разочарано ќе констатира Георгиевски. На бината поставена на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, на Груевски ќе му аплаудираат новите млади лица на ВМРО-ДПМНЕ. (О.В.)

Comment