Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > На Македонски

Reply
 
Thread Tools
Old 05-01-2010, 07:54 AM   #1
julie
Senior Member
 
julie's Avatar
 
Join Date: May 2009
Location: makedonska colonia
Posts: 3,869
julie is on a distinguished road
Default World Macedonian Congress Todor Petrov on Bulgarian Anti-Macedonianism

just got this off facebook


Todor Petrov СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ОСУДА НА БУГАРСКИОТ АНТИМАКЕДОНИЗАМ!

28 април 2010 година, Скопје, Македонија (СМК) - Заедничка прес-конференција во врска со оневозможувањето македонски делегации да присуствуваат на чествувањето за Јане Сандански во Пиринскиот дел на Македонија на 18 и 25 април годинава одржаа Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес, Исмаил Бојда претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија, Ташко Јованов претседател на Сојузот на Македонците од Егејот „МАКЕДОН“, Ѓорѓи Доневски генерален секретар на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Славко Манговски координатор на Телевизија „СОНЦЕ“, Иван-Џо Петрески претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Тони Такашманов претседател на Здружението Антички Македонци, Никола Костурски претседател на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција и проф. Тихомир Стојановски уметнички директор на Театарот „Скрб и утеха“.

Делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и на Светскиот Македонски Конгрес, на 18 април беше оневозможена да присуствува на одбележувањето на 95 годишнината од убиството на Јане Сандански на гробот под Роженскиот манастир, во организација на ОМО ИЛИНДЕН. Во првиот обид за влез во Бугарија на граничниот премин Делчево - Станке Димитров не држеа речиси четири часа со „генерален ремонт“ на возилото, на крајот да го вратат назад во Македонија. При вториот обид, откако граничната полиција не пропушти во Бугарија, пред градот Симитли не застана патрола на сообраќајната полиција. Со полициска придружба не вратија во полициската станица Благоевград, со образложение дека висината на глобата треба да ја определи началникот на сообраќајната полиција. Во полициската станица Благоевград чекавме уште четири часа да дојде началникот иако протестиравме за нашето задржување. Без гаранции дали и на трето возило нема да му пронајдат маана, не одвратија од намерата да го продолжиме патот до гробот на Јане Сандански под Роженскиот манастир, па се вративме назад во Македонија.

Делегации на Светскиот Македонски Конгрес, Сојузот на Македонците со исламска религија, Здружението Антички Македонци, Театарот Скрб и утеха, Телевизијата Сонце, Сојузот на Македонците од Егејот Македон, Заедницата на органзиациите на етничките Македонци протерани од Грција, на 25 април повторно беа вратени од граничниот премин Ново Село - Златарево и оневозможени да присуствуваат на одбележувањето на 95 годишнината од убиството на Јане Сандански на споменикот во Мелник, во организација на ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН. Образложението на бугарската гранична полиција беше заради немање здравствено осигурување, покана каде и кај кого се патува, резервации од хотели.

Од бугарската граница со истото образложение на 25 април вратени се дестина возила со македонски државјани од Богданци, Скопје, Прилеп, Битола и Гевгелија.

На претседателот на Сојузот на Македонците со исламска релгија кој имаше уредна виза од бугарската амбасада во Македонија, му дозволија да го продолжи патот, но на крајот и нему му издадоа писмен отказ за влез во Бугарија.

На директорот на Телевизијата Сонце издаден му е отказ за влез во Бугарија иако е американски државјанин.

Постапките на бугарската полиција и на 18 и на 25 април недвосмислено покажаа дека Софија продолжува со дискриминацијата према Македонците и ги нарушува добрососедските односи.

Ја отфрламе изјавата на бугарското министерство за надворешни работи дека не станува збор за дискриминација од политички побуди, туку за наводно непоседување потребни документи за влез во Буагрија.

Очекувавме дека со членството во Европската Унија, Бугарија го надраснала минатото, но за жал, нејзината антимакедонска политика потврдува дека доволно не пораснала за демократските вредности во сојузот на држави каде што членува.

Вложивме протестна нота до Европската Унија, ОБСЕ, Советот на Европа, Владата и Министерството за надворешни работи на Македонија и Бугарија и очекуваме овие институции соодветно да реагираат.

Од македонската влада бараме во вакви случаеви секогаш да применува реципроцитетни мерки и да вложи остар протест пред ЕУ и бугарската влада и министерство за надворешни работи заради заштита на граѓанските права на македонските државјани оневозможени во слободата на движењето со понижувачки мерки. Ако Софија од Спаска Митрова направи меѓународен скандал, македонската влада на вакви случаеви не треба да се оглушува. Патем, ако Македонците се Бугари, јавно ја прашуваме Владата во Софија, што стори за враќањето на граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите од Егејскиот дел на Македонија, од Балканските војни до денес?

Уште еднаш повторуваме, дека Македонците немаат територијални претензии према Бугарија, Македонците го почитуваат територијалниот интегритет на сите соседи. Македонците и Албанија и Бугарија и Грција и Србија подеднакво ги сакаат како свои татковини затоа што се значителен број во овие држави, но никогаш нема да се откажат од борбата за своите човекови и граѓански права и слободи, затоа што нивен врвен критериум се толеранцијата и коегзистенцијата, интергацијата со афирмација на помесните етноси јазици, религии и култури, а не нивна интергација со асимилација. Тоа свое однесување со векови го потврдувале, така било, така и ќе остане.

39 minutes ago · Report
julie is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump