Американскиот интернет-сајт "Викиликс", кој објавува документи од тајните служби, ќе објави информации од грчките тајни служби за инволвираноста на Грција во конфликтот од 2001 година, изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Според Тачи, меѓу тајните документи ќе има и информации за средби меѓу некои функционери на ДУИ и грчки функционер во врска со спорот за името.
Тој одби да коментира дали поранешниот заменик-министер за внатрешни Рефет Елмази ќе биде повикан за сведок во случајот со досиејата "Фалсификатор".
Телевизијата "Алсат-М" и таквите ѓубриња не ми се интересни. Денеска господин Груевски, Владата и МВР нека одат и нека ги апсат "Викиликс". "Викиликс" објавува страшни документи за сегашната влада. Вчера американскиот амбасадор во Атина бил кај министерот за надворешни работи Димитрис Друцас за да му објасни дека ќе се појават точни документи за улогата на грчката влада во врска со конфликтот во 2001 година. И за улогата за некои претставници на Албанците, нормално не од ДПА, туку другари на Кољо Дијамантот, во врска со преговорите за името на Македонија со Грците. Нека одат и нека ги присвојат компјутерите на "Викиликс" и на ЦИА и тогаш ќе полемизираме - изјави Тачи.

Comment