Пишува: Костадин Стојаноски
Спин мајсторите, дел од партиите и медиумите кои упорно работат за грчката кауза се користат со неколку трикови се со цел да ја убедат македонската јавност да го промени своето име, и да го прифати кобниот предлог Република Северна Македонија. Овој пат, само ќе се задржиме на нивните ’аргументи’ кои се валидни колку ексјугословенски динари.
Лага бр. 1
Името е веќе сменето, се чека само датумот тоа да биде објавено!
Оваа конструкција ја пласираат штабовите на опозициските партии и нивните медиумски потрчковци (колумнисти и експертутки), а имаат за цел да го ослабат т.н. ’тврдо ткиво’ кое ни под разно не сака да се смени името и кое е главната причина што оваа власт има се уште висок рејтинг. Нивните побуди можат да се сведат на два сегменти – првиот чисто партиски, и вториот веројатно во соработка со грчките политички фактори, што засега останува во доменот на шпекулациите.
Имено, партиската логика вели, дека ако најголема причина за високиот рејтинг на ВМРО ДПМНЕ е цврстиот став за името, кога тие ќе го променат името, апсолутно нивниот рејтинг ќе падне вртоглаво бидејќи ќе го изгубат најголемиот дел од довербата што ја добиле. И тука е шансата на опозицијата.
Со други зборови, сведено на дневнополитичка шема – да се прикаже политичкиот противник како лажен патриот кој само ја заведува јавноста. Кога ќе се потврди тоа (ако ДПМНЕ го смени името), автоматски опозицијата ќе дојде на власт бидејќи цело време била во право и само сме загубиле драгоцено време.
Вториот сегмент може да се најде кај врските на видни опозициски членови, експертутки и тн. со грчките фактори, осведочени дури и во книгата на Киро Глигоров. Овој дел е малку понеблагодарен сега да се разјаснува, но голем дел од јавноста верува дека набрзо ќе се појават грчките листи на новинари, квазиексперти и сл. кои биле на нивниот платен список.
Зошто оваа конструкција е лага?
1. Затоа што во било кој момент (датум) владата да објави смена на името, ќе се соочи со истото - паѓање од власт и ќе заврши на буништето на историјата, како нивниот партиски претходник кој важеше за легенда, а заврши повеќе од неславно. Покрај тоа, големи се шансите да се случи народен бунт, кој ќе има неизвесен епилог.
2. Затоа што ова се кажува веќе 4 години, а може да се кажува и уште 40, но целта ќе биде само ослабување на македонското ткиво - односно оваа лага е ефективна како мртва лисица во кокошарник.
3. Бидејќи ако беше точна, актуелната влада немаше да поднесува тужба против Грција во Хаг и со разни потези да се обидува да парира на грчката политика (споменици и сл), ниту пак перманентно да потенцира дека ќе има референдум, туку едноставно ќе чекаше да се смири лончето за да ја обзнани капитулацијата.
Лага бр. 2
Секое друго име е подобро од Поранешна југословенска Република Македонија (ФИРОМ)
И оваа конструкција доаѓа од истите кругови и има иста цел како претходната. Да се ослабат македонските преговарачки позиции и да се испере мозокот на македонскиот народ. Имено, според оваа конструкција ФИРОМ е ’некрофилско’ име, кое е многу полошо од Северното, па затоа треба веднаш да го промениме и да го прифатиме грчкиот предлог.
Зошто оваа конструкција е лага?
1. Затоа што е апсолутно погрешно склопена. Имено, ПЈР Македонија е референца, а не име со кое настапува Република Македонија во ОН и другите меѓународни организации. Додека трае референцата, односно спорот, Македонија може да се бори да добие меѓународна поддршка преку признавање на нејзиното вистинско име, што и го правеше во досегашниве 15 години. Кога ќе ја прифати промената, крај на сето тоа. Македонија ќе мора да го прифати името Република Северна Македонија и збогум на приказната за нашето име!
2. Затоа што од ФИРОМ никој досега (освен радикалните Грци на интернет) не ја извел придавката фиромски, или за народот не рекол дека се Фиромци. Имено, засега ние се уште сме Македонци за поголемиот дел од светот, или граѓани на ПЈР Македонија за пицајзлите. Кога ќе го прифатиме името Република Северна Македонија, колку и да сакаат да не убедуваат дека нема да биде така, ние ќе станеме Северномакедонци, како што пишуваме за граѓаните на Северна Кореја – Севернокорејци или како што се вели за граѓаните на ЈАР – Јужноафриканци, затоа што под терминот Македонци ќе се подразбира граѓани на Грција, со грчки ентитет кои живеат во регионот Македонија! Така ќе стои и во Википедија, и во ОН и во сите можни меѓународни структури. Тоа впрочем е и целта на Грција, што нивните врхушки воопшто не го кријат дека е така.
3. Затоа што во преговорите Грците наметнуваат и дополнителни услови кои не значат само промена на името, туку се бара и промена на идентитетот, придавките и се што следува. Со сегашната референца, ние не сме обврзани да го користиме името Фиромци или придавката фиромски!
4. Затоа што сега кај необременетата светска јавност од политика, се уште сме Македонци. Ако појдете во Јамајка, таму пријатните домаќини ќе ве почестат со името Македонци, а кога ќе се потпише капитулацијата ќе ве пречекаат со Северномакедонци, па колку и да се буните вие, затоа што така сте се согласиле да ве викаат.
5. Затоа што Грците немаше да си го валкаат своето реноме како ’проблематична’ држава во надворешната политика, ако повеќе им одговараше ФИРОМ. Грција знае дека со влезот во НАТО и ЕУ под ФИРОМ, Македонија побрзо ќе се ослободи од оваа неблагодарна референца и дека спорот ќе го добие целосно. Јасно им е дека оваа референца им е глупава и на другите земји, па затоа сега со сите сили притиска Македонија сама да потпише капитулација, а во тоа одработуваат голем број новинари и квазиинтелектуалци кои плачат како бебенца кога некој, или тие самите ќе се наречат предавници.
Лага бр. 3
Мора да се промени името (да се реши спорот) бидејќи Албанците ќе се отцепат
Според оваа конструкција, која исто така има цел само да плаши мали деца, Албанците се воинствени, а истовремено и мошне проевропски настроени, кои нема да нѐ чекаат да си го решиме ’нерационалниот спор’, затоа што тие експресно сакаат влез во НАТО и ЕУ. Па затоа со оружје ќе припукаат и ќе се отцепат за да влезат во НАТО и ЕУ.
Зошто оваа конструкција е лага?
1. Затоа што почива на многу услови и на многу стаклени нозе. Прво, не е баш веројатно дека ЕУ со нетрпение ќе прими еден воинствен народ кој има огромен проблем со мафијашко-терористички структури апсолутно во сите територии каде што живее (албанската мафија е осведочена како една од најпроблематичните во светот), каде што се пука на свадби со зољи, а дрогата и проституцијата се апсолутно навлезени во сите пори на општеството. Да не зборуваме за последниот антиисламистички бран што се јави во поголемиот дел од европските држави, во кои се повеќе се забрануваат бурки, џамии и тн.
2. Доколку Албанците сакаат да се отцепат, тоа мошне веројатно е да се претпостави, дека Македонија нема да дозволи да се случи по мирен пат, што би значело дека ќе има воен конфликт, кој никој не го посакува. Ни жителите на Македонија, ниту државите во регионот, а верувам ниту ЕУ и САД. Што значи дека доколку има нов воен конфликт целиот регион ќе остане – заостанат, уште многу години, па Албанците нема експресно да влезат во ЕУ и НАТО, туку напротив може и нивната матична држава Албанија да остане надвор од портите на ЕУ уште многу, многу години! Токму ова го предупредија и група интелектуалци во ТВ емисија во Тирана, каде што го нападнаа Мендух Тачи дека работи против интересите на Албанците.
3. Тука би поставил едно реторичко прашање. Ако на Албанците навистина им се поважни евроинтеграциите од нивните национални прашања, тогаш зошто го отцепуваа Косово од Србија, кога според сите показатели Србија побрзо ќе се интегрира во ЕУ од Косово? Зошто едноставно не останеа во таа држава, за побрзо да влезат во ЕУ и НАТО, туку создаваа независна држава која уште најмалку 10 години нема шанси да почне преговори со ЕУ? Но, факт е дека кога нивните национални интереси се во прашање, тие се на прво место. Така и нашите! Македонија мора да го зачува своето име и идентитет, а Албанците мора да го разберат тоа, како ние што го разбравме нивниот интерес Косово да биде независно, па го признавме како независна држава!
Лага бр. 4
Само во ЕУ и НАТО Македонија може да опстои
Според оваа конструкција, Македонија сама не може економски и политички да се развива, напротив се тврди дека опстанокот на земјава е доведен во прашање, и дека прашање на ден е кога државата ќе се растури, исчезне или ќе доживее катаклизма.
Оваа лага се кажува над 10 години, и за волја на вистината, таа се засилува да се потенцира само кога ВМРО ДПМНЕ е на власт. Имено, во периодот од 2002-2006, тоа слободно може да се провери низ архивите на медиумите на интернет, никој од сегашните душегрижници не го потенцираше ова.
Зошто оваа конструкција е лага?
1. Прво, авторите на оваа лага не го кажуваат до крај нивното кобно сценарио. Едноставно што ќе се случи со нашата земја, и како тоа „нема да опстои“. Дали ќе не окупира некоја соседна држава, дали ќе ја погоди земјата некоја нуклеарна бомба, или ќе не зафати некоја страшна болест. Едноставно, се кажува дека ќе не нема, а како, тоа не е баш јасно. Еве искрено, јас не планирам да ме снема, а верувам дека не го планираат истото уште најмалку 2 милиони луѓе. Значи некој ќе треба да не истреби. А, како, нека објасни тој што ги кажува ваквите конструкции!
2. Второ, затоа што апсолутно во досегашниот тек на историјата се покажала како лага. Служи само за плашење мали деца, а Македонија се уште опстојува. Не дека Македонците се задоволни да бидат надвор од ЕУ и НАТО и да имаат минимален или никаков економски раст, но едноставно цената да се самоукинеме како народ е неприфатлива.
3. Затоа што моменталните политички констелации во светски рамки не дозволуваат Македонија да се распадне. На големите сили и одговара Македонија, а тие се тука веќе со свои економски и политички структури на кои не им е баш во интерес да биде неизвесна судбината на земјава.
Лага бр 5.
Со решение на проблемот со името (со смена, продажба на името Македонија) ќе тече мед и млеко
Оваа лага е морковот, за разлика од претходните кои се стапот во приказнава. Според неа, кога ќе го смениме името, ќе заврши мачниот период на нашата транзиција, конечно ќе станеме дел од ЕУ и НАТО и со тоа ќе завршат сите наши проблеми, а ние среќни и весели ќе живееме во земја Дембелија до крајот на нашите животи. Не се знае само кој ќе биде принцот, а кој принцезата....
Нашата бајка всушност е ваква - силување!
Зошто оваа конструкција е лага?
1. Затоа што досега сите вакви ’моркови’ се покажале како лажни. Имено, Македонија го смени знамето под притисок, ја прифативме референцата ФИРОМ под притисок, примивме над 300.000 косовски бегалци под притисок, направивме Рамковен договор под притисок, извршивме катастрофална територијална поделба под притисок, и пак ништо од нивните ’моркови’ кои цело време се верглаат. Ние се обесчестуваме, а земјата Дембелија е подалеку и од планетата Ааамазара.
2. Затоа што дури и да го смениме името, ние нема експресно да влеземе во ЕУ, туку ќе започнеме преговори кои ќе траат уште најмалку 5-6 години. Што значи дека за ’Дембелија’ ќе почекаме уште најмалку толку и плус уште толку за евентуалните економски ефекти од фондовите на ЕУ да добијат некаков минимален резултат. Тука ќе ги оставиме настрана и сите не баш пријатни предвидувања за економската иднина на ЕУ и можните црни сценарија што се се` поактуелни во последно време.
3. Затоа што факт е дека со влезот во НАТО и ЕУ, Бугарија не го реши проблемот со корупцијата и сиромаштијата, а Грција финансиски банкротираше и ќе биде во страшна економска криза уште многу години. На Белгија и се заканува политички распад на земјата – односно одделување на валонскиот и фламанскиот елемент иако Брисел е главен град на ЕУ. Ако горната конструкција е вистина, сите овие држави немаше да ги имаат проблемите што ги имаат! Едноставно ЕУ и НАТО не значат решение на сите проблеми, значат само подобри политички и економски услови во определени ситуации и можност за поголем просперитет. Но, не по цена на национално обезличување!
Како заклучок:
Сите овие конструкции се оружје на грчкиот фактор во психолошката или специјална војна што ја има против нашата татковина. Вакви слични орудија, спинови, психолошки манипулации и сл. се разбира во соодветни верзии биле користени во секој политички конфликт низ историјата.
Можат да се најдат и на интернет многу материјали, од кои најмногу за Втората светска војна, Студената војна, потоа за Виетнамската војна и многу примери од современата историја.
Едноставно, целта на ваквата пропаганда што со години опстојува во Македонија, е да се ослаби јавното мислење кај народот при определен конфликт, да се деморализира, или да се прикаже ставот на противникот како пожелен или неопходен. Повеќе можете да прочитате овде (прочитајте ги и линковите најдолу) и ќе ви стане појасно со што всушност се служат Грците и дека сето ова што се случува во нашиот медиумски простор воопшто не е наивно, особено ако се знае дека еден актуелен сопственик на две телевизии и повеќе печатени медиуми јавно изјавил дека тој ќе го реши името и притоа константно преку неговите медиуми пропагира смена и попуштање и истовремено води хајки против сите оние кои сакаат македонското име да опстане.
П.С. За крај, сите партиски коментари како и сите прогрчки коментари на овој текст нема да се толерираат. Демократијата во САД не подразбира поддршка за терористичките напади и за Осама Бин Ладен, ниту пак во Полска 1939 не значела поддршка на Хитлер. Прогрчките (фашистички) ставови апсолутно ќе бидат бришени и секој обид на овој текст да се залепи партиска налепница, ќе заврши неуспешно.
П.П.С. Во некоја од следните прилики очекувајте текст со тема: Зошто токму името Република Северна Македонија е најлошото можно решение за спорот со Грција!

Comment