Not sure if this has been already brought up or not, But here it is.
Бугарија и станува сојузник на Грција во спорот кој ова земја го има со нашето име, пренесува грчки Катимерини во своето денешно издание.
Во последно време Софија била во иста позиција како и Атина, исправена пред проблемот со агресивниот македонски иредентизам. По Атина и Софија најде нарушавање на принципите за добрососедство и испрати порака дека ако лидерите во Скопје продолжат по таа линија, Бугарија ќе стави пречка на патот на Македонија кон европското семејство. Со тоа, меѓу Бугарија и Грција, почнува да се гради една неформална оска против агресивниот национализам на Никола Груевски и неговите блиски соработници - се вели во текстот на грчкиот весник.
Во таа насока води и вчерашната вест објавена од германските медиуми Шпигл и Дојче Веле според која бугарските разузнавачи минатата година ги блокирале материјалите на Виножито, партијата на Македонците во Грција.
Угледните германски медиуми се повикуваат на информациите од бугарската служба за безбедност кои неодамна протекоа во јавноста и пренесуваат дека бугарските разузнавачи го информирале екс премиерот Станишев и дека спровеле „оперативни дејства за задржување на членови на промакедонските структури“ од Бугарија и Грција, како и на лица од Македонија, од кои биле одземени пропагандни материјали за грчката „Виножито“ непосредно пред изборите. За случајот биле информирани и претставниците на грчките служби во Бугарија.
За спречување на процесите по линија на т.н. „промакедонски национализам“ бугарските служби активно работеле преку операцијата „Сепаратисти“. Интерессно е што се познати дури и шифрираните иммиња на бугарските шпиони. „Славеј“, „посредник“ и „бегалец“ оперирале во Македонија преку нивните операции кои се викале „Езеро“ и „Октопод“.
Разузнавачите директно му реферирале на тогашниот премиер Сергеј Станишев, кој уште пред да одекне аферата, остана без пратеничкиот имунитет. Сега, заради протекувањето на информациите во јавноста, му се заканува и затворска казна.
Александар Спасовски

Comment