I wish i was in Stari Kraj now, this looks wonderful.
Крушево Етноград
Споделете ја веста320
Еден месец пред големата прослава во чест на Илинден, востаничкo Крушевo ги привлекува туристите со Етно градот. Се средуваат улиците, забрзано се шијат комитските, турските и народните носии.
Сите браќа, сестри и мили комшии од револуционерно Крушево се обединети околу проектот Етно град за привлекување на што повеќе туристи.
Крушево Етно град, во комбинација со останатите туристички атракции на Крушево, даваат одлична можност да се видат и доживеат духот и гостопримството на градот со највисока надморска височина на Балканскиот полуостров.
На оваа манифестација луѓето се облечени во времето од пред 100 и повеќе години, како комити и војводи, во староградски носии, во униформи на турски војници, надополнети со автентичноста на градскиот лик.
Оваа година е ново тоа што за туристите има носии кои тие можат да ги изнајмат и со нив да се фотографираат низ сокаците во Крушево.
Во Крушево сеуште рачно се ткаат: јамболии и батании; се плетат и везат: перници, пердиња, милиња, чаршафи; кои се дел од традицијата, обичаите и културното наследство на ова поднебје. Вештите крушевски златари ја знаат мајсторијата и занаетот на традиционалната рачна изработка на благородните метали и со право се гордеат со рачно изработениот филигран, рачно работен и лиен сребрен и златен накит како и др. златарски производи. Крушевчани ги негуваат и старите занаети калајџиски, кујунџиски, казанџиски. Сите тие вредни рачни изработки на нашите мајстори можете да ги видите на едно место секоја година од 1-5 август на ЕТНО- САЕМОТ кој традиционално се одржува од 2003 г.

Comment