Aфера Телеком

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Aфера Телеком

    Судот во САД потврди: Со аферата Телеком СДСМ ги оштетила граѓаните за најмалку 38,4 милиони евра



    Вкупната штета која Република Македонија ја претрпела од корупциската афера Телеком е невозможно да се пресмета. Дел од штетата е во вештачки напумпаните сметки кои македонските граѓани со години ги плаќаа за телефонски разговори и за интернет услугите. Поради вештачки наметнатиот монопол, Македонија со години заостануваше зад соседните држави, а да не зборуваме за европските држави, по достапноста на интернетот, што имаше катастрофални последици по информатичката индустрија. Еден од најдобрите двигатели на економскиот развој денес, информатичката индустрија која обезбедува одлично платени работни места за младите во Македонија, со години со сила беше спречувана да се развие, само за да се зачува монополската позиција на Маѓар Телеком и Дојче Телеком во Македонија, и за да се наполнат џебовите на политичарите од Владата на Бучковски и Шекеринска.



    Според документите достапни во судот во Њујорк, политичари од СДСМ земале до 12 милиони евра во мито за да спречат влез на други сериозни странски компании во телекомуникацискиот пазар кои би донеле пониски цени и поквалитетни услуги од монополската компанија. Дополнителна штета која делумно ја претрпеле и македонските граѓани е во тоа што Маѓар Телеком и Дојче Телеком, кои во 2011 година постигнаа спогодба на првиот судски процес против американските власти за исплаќале поткуп на политичароите од СДСМ и платија казна од 95 милиони долари како надомест на штета, сума која делумно сигурно била извлечена и од џебовите на македонските граѓани и претплатници.



    Но, иако штетата предизвикана по овие основи не може прецизно во целост да се пресмета, самата компанија сепак направила приближна пресметка за тоа колку изнесува екстра профитот што Македонски Телекомуникации го оствариле благодарение на тоа што со години не беа соочени со посериозна конкуренција на телекомуникацискиот пазар. Македонски Телекомуникации, односно Мобимак, до 2007 година мораа да се натпреваруваат на мобилниот пазар само со далеку помалиот оператор Космофон, во сопственост на грчката компанија ОТЕ, кој немаше ни половина од уделот во пазарот што го имаше Мобимак односно денешен Т-Мобајл. Македонски Телекомуникации и Маѓар Телеком седнале и направиле пресметка колку пари годишно заработуваат од оваа повластена позиција на пазарот, што им ја овозможила Владата на СДСМ.



    Скандалозната пресметка на остварениот екстра профит е содржана во имејл порака што Андраш Балог, директорот на центарот за стратегиски операции на Маѓар Телеком, му ја испратил на директорт на Маѓар Телеком Елек Штрауб на 6 август 2005 година. Штрауб, Балог и Тамаш Морваи се тројцата поранешни директори во Маѓар Телеком кои сега се обвинети од страна на американската Комисија за хартии од вредност поради корумпирање на македонските политичари од СДСМ и ДУИ, а интернет пораката е заведена во доказниот материјал доставен пред судот во Њујорк. Во текстот на пораката пишува дека компанијата има заработувачка од два милиони евра во дотогашниот тек на 2005 година, за кои Балог навестува дека може да бидат искористени за потплатување на македонските политичари.



    “Елек, за твоја информација, еве една брза и валкана пресметка на ефектот кој ќе го има Протоколот за соработка врз бизнис плановите на Македонски Телекомуникации. Ова покажува дека сме заработиле приближно 2 милиони евра во 2005 година. Тоа значи дека ќе ги имаме ресурсите потребни за мерките кои се неопходни”.

    Во интернет пораката, како атачмент, била испратена скандалозна пресметка на парите кои оваа компанија ги извлекувала од македонската економија, благодарение на повластената положба на пазарот. Во пресметката е наведено кое ќе биде влијанието врз бизнисот на Македонски Телекомуникации доколку успеат да го одложат воведувањето на трет самостоен мобилен оператор до 2007 година. Се пресметува и кои би биле штетите што Македонски Телекомуникации ќе ги претрпат за нивниот бизнис ако Владата на Бучковски и Шекеринска дозволи влез на нова компанија, но само како МВНО оператор – оператор кој нема да биде самостоен, односно ќе мора да ја употребува инфраструктурата и базните станици на некој од веќе постоечките оператори – Мобимак или на Космофон. Според скандалозната проценка на Македонски Телекомуникации, компанијата би заработила 38,4 милиони евра повеќе доколку преку потплатување на Владата на СДСМ го одложи воведувањето на трет мобилен оператор до 2007 година. Во другата варијанта, ако во Македонија влезе трет оператор но тој не биде самостоен и не смее да гради своја инфраструктура и базни станици, туку мора да биде врзан за една од двете веќе постоечки мрежи, тогаш екстра профитот што би го заработиле Македонски Телекомуникации би изнесувал 20,1 милиони евра. Овие суми се екстра профитот што компанијата го заработувала од македонските граѓани, преку вештачки високите цени на телекомуникациските услуги кои компанијата можеше да ги наплаќа затоа што не беше соочена со вистинска пазарна конкуренција.

    Владата на СДСМ не само што можеше да дозволи влез на трет самостоен мобилен оператор, туку тоа беше барано од неа од страна на Европската Унија, а барања за влез на трет оператор и либерализација на телекомуникацискиот пазар постојано упатуваше и тогаш опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Но, поради поткупот примен од страна на Маѓар Телеком, преку нивните грчки и кипарски посредници, СДСМ и ДУИ никогаш не дозволија влез на трет мобилен оператор, независно дали самостоен или несамостоен – МВНО оператор. Конечниот влез на трет мобилен оператор се случи дури по доаѓањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, која го донесе Австрискиот Телеком како трет самостоен оператор преку компанијата ВИП, со што почна и процесот на намалување на монополот на Македонски Телекомуникации и на либерализирање на пазарот на телефонијата и интернет услугите.

    izvor: http://zurnal.net/?p=8670
  • DraganOfStip
    Senior Member
    • Aug 2011
    • 1253

    #2
    И овие сега сакат да ни ја водат државата?
    Овие ќе ја заменат сегашната врхушка на Грујо?
    И после коа ќе ме праша некој зашо не гласаш...
    ”A people that elect corrupt politicians, imposters, thieves and traitors are not victims... but accomplices”
    ― George Orwell

    Comment

    Working...
    X