Its more then clear that we have interference from Organizations like OBSE, who are advising Education Minister Todorov to reverse his decision on Grade 1 Kids to learn Macedonian.
I think OBSE is chaired by Greece.
Тодоров: Македонски за сите првачиња
Наим Вренези
27.01.2010 16:22
Владината одлука македонскиот јазик да се изучува од сите првачиња, ќе биде спроведена и покрај препораката на ОБСЕ, да не се избрзува.
Писмото од ОБСЕ, кое вчера го објави А1 го налути премиерот Груевски. Владата преку соопштение информира, писмо од Волебек воопшто не пристигнало во канцеларијата на премиерот. Велат дека се длабоко изненадени од реакцијата на ОБСЕ.
„Во нашите очи се нарушува кредибилитетот на оваа ценета организација. Писмото на ОБСЕ е испратено само до вицепремиерите Адеми и Наумовски и министерот за образование Тодоров. Го потсетуваме ОБСЕ дека на заеднички состанок во август токму од нивните претставници се сугерирало да се почне со изучување на македонскиот јазик од сите првоодделенци. Владата и во иднина ќе ја продолжи соработката со ОБСЕ, но по овој настан, со поголема доза на внимателност ќе ги анализираме нивните препораки“, се вели во соопштението на владата.
Министерот Тодоров кој знаел за писмото со став дека програмата е современа демократска тенденција, која нема да штети никому.
„Не планирам да отстапам од одлуката, планирам да ги убедувам оние кој што треба да ја применуваат дека примената на оваа одлука е од полза на сите нас кој живееме во Република Македонија и е во функција на целосна интеграција на македонското општество“, рече Никола Тодоров, министер за образование и наука.
Владиниот партнер ДУИ, со спротивен став, како и ОБСЕ и тие бараат одлагање на одлуката.
Сафет Незири
„Ние како ДУИ имаме ист став, како што сме рекле порано дека треба да се седне, министерот и министерството за Образование да седнат со релевантни фактори од сферата на образованието, психолози, педагози и експерти од оваа сфера да се анализира, да се направи една детална анализа за да не дојде до оваа ситуација во која сме дојдени“, рече Сафет Незири, пратеник на ДУИ.
Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек со писмо адресирано до премиерот Груевски, два дена пред имплементацијата на проектот предупредува за можни несакани ефекти ако се избрзува со применување на владината одлука првачињата од немнозинските заедници да го изучуваат македонскиот јазик од прво одделение.
Зад ваквото писмо како што дознаваме ќе застанат и амбасадорите на САД Филип Рикер и на Европската Унија Ерван Фуере.

Comment