Krste Petkov Misirkov - The Macedonian

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts

  • Soldier of Macedon
    replied
    Gotta love the form that Misirkov uses, it is very palatable to all Macedonian dialects - which was the main point.

    Leave a comment:


  • Risto the Great
    replied
    A bre "neshcho novo" indeed.
    Like honey to a bee :-)

    Leave a comment:


  • Soldier of Macedon
    replied
    Неколку зборои за македонцкиiот литературен iазик

    Во четирите горни статиiи на оваа книга iас сакаф да обрнам погледите на моiите сонародници на нуждата од iедно корено изменуаiн'е на досегашниiот процес на нашето дуовно развиiаiн'е, као и на тоа да моiите возгледи во тоi случаi не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор напред во досегашното развиiаiн'е на нашето национално самосознаiн'е и да сет затоа сосем природни и осноателзни.

    Се разбират, оти во iедна мала книга, као шчо iет оваа моiата, не се можат подробно да се разгледаат сите задирнати прашаiн'а. За секоiе од ниф би се можела да напишт по iедна цела книга. Но сега за сега от таквиiа подробни разгледуаiн'а за задирнатите питаiн'а се немат ушче голема и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се кажит по неколку зборои, зашчо они iедно без друго сет неiасни и неразбирливи. Осем разгледуаiн'ето на сите задирнати прашаiн'а, за да бидит iасно поiауаiн'ето , на книгата, сега ке требит да се кажит неколку зборои за своiевременоста на книгата и нашиiот литературен iазик.

    Мнозина, можит, к'е речат, оти вистина арно iет чоек да се позамислит над прашаiн'ата, задирнати во таiа книга, но сега ушче не му iет времето. Со оваа книга, ке речат они, се носит раздор и разiединуаiн'е мег'у нас, на место соiединуаiн'ето, коiе сега за сега ни iет така нужно. За македонцка народност, македонцка литература и литературен iазик ниiе ке мо жиме да му мислиме само, кога к'е заживеiеме iеднаш слободен политичен живот; а до тогаi нам ни требит, ниiе да сме соiединени и да остаиме на страна националното прашаiн'е.

    На тоа iас можам да одгоорам само ово: по моiето мислеiн'е, сегашните, т.е. мiурштегцките реформи сет максимум, шчо можа да ископчит од Европа револуциiата. Револуциiата на пролет ке бидит наi глупаото, шчо можиме ниiе да напраиме. Со револуциiата на пролет ке се користат само нашите неприiатели, коiи си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси. Револуциiата на пролет само ке ни унишчит совршено нас и ке унишчит плодоите, добиiени од неiа до сега, оти она ке бидит напраена не против Турцко, а против него и Реформаторцките Сили, и оти тоа ке бидит не по наши есапи, а по есапите на некоiа Голема Сила и некоiи мали балканцки држаiи, коiи ке не натераат нас да се дигниме, а после ке не остаат на стред пат; наi после, оти ниiе, ако против сите аргументи на здравиiот омисл пак подигниме востааiн'е, ке бидиме само осноа на дипломатцка борба мег'у реформаторцките држаи и некоiа трек'а, коiа борба ке се свршит само [со] нашето поништуаiн'е. За тоа ниiе, требит, да се откажиме от секоiа мисл'а за револуциiа на пролет, ушче поеке, шчо реформите ке се воведат, зашчо со ниф iет врзана честта на две Големи Сили, коiи сет во стаiн'е да постаат се на своiето, - и да се зафатиме за ноа т.е. културна борба, во коiа прво место ке требит да зимат прашаiн'ето за нашата народност и нашето национално-религиозно развиiаiн'е. Значит, истом сега му iет времето да се мислит за iазико наш, нашата национална литература и восггитааiн'е во национален дух. Сега настапуат време за интерес со националнорелигиозни прашаiн'а.

    Тоi интерес малу iет задоцнел, но от тоа ушче неследуат, да он си немат сега место мег'у нас и да можит да ни напакостит.

    Ако сме логични, то требит да признаiиме, оти автономиiата на Македониiа, за коiа до сега револуционерите се бореа, имат смисл'а само во тоi случаi, ако револуционерите согледуваа во нашиiот народ таквиiа качества и особини, коiи се немаат у друзите балканцки народи, а сет само наша характерна црта. Само согледуаiн'ето.на тиiе своiеобразни црти во характерот, нравите, ооичаiите, жиотот, предаiн'ата и iазикот на нашиiот народ iет важна причина да сме ниiе против делеiн'ето на нашата таткоина и за неiната автономиiа, зашчо дележот ке ни искоренит се шчо ни iет мило и ке ни наврзит много противно нешчо на нашиiот народен дух. Само оддел'ното македонцко национално самосознааiн'е каi нас ни даат морално прао, да се бориме против бараiн'ето на малите балканцки држаи, да се разделит нашата таткоина, и да се бориме против пропагандите, шчо готват почва за дележ. А ако не можит да се добиiет автономиiа, требит ли ниiе равнодушно да гледаме на работаiн'ето на пропагандите и да се бориме со iедно ноо течеiн'е, шчо iет напраено само против ниф, за тоа само, шчо тоа течеiн'е ке ослабело наi силната пропаганда? Никак не, зашчо ни iедна пропаганда, колку и да iет она силна, не можит да ни даит тоа, шчо очекуаме ниiе од неiа. Сите пропаганди сет .пропаганди само на своiи, но никак не и на наши интереси, и од ниф никогаш немало нишчо особено за народот. Спасеiн'ето от пропагандите никоi пат не ке ни доiдит, зашчо, ако iет денеска iедна по силна, утре к'е се чинит и другата таква, а првата ке ослабнит. Пропагандите само наi после можат да достигнат краiната своiа цел'а - дележот, коiе не го сакаат и тиiе, шчо сет против националниiот сепаратизм. Значит, последниiот не iет неуместен во сегашните прилики, и можит да ни даит само арни плодои, но не и да ни напакостит.

    Iедно си имат местото националниiот сепаратргам, то требит да се проiавит он во милоста кон се шчо iет народно, и на прво мсето, во милоста кон народниiот iазик.

    Iазикот iет средство, со коiе ниiе познааме, шчо мислит, шчо осек'ат и шчо сакат нашиiот собеседник. Во iазикот се имаат оддел'ни гласовни знакои или зборои за сите мисли, осек'аiн'а и сакаiн'а на iеден чоек, затоа iазикот на iеден народ iет негоо дуовно богатство и наследство, во коiе се закл'учуваат, отпечатениво гласовни знакои или зборои, сите народни мисли, осек'аiн'а и сакаiн'а, со коiи имат живено и живит iеден народ и коiи се предаваат, као нешчо свето от iедно поколеiн'е на друго. Да сочуат некоi своiот народен iазик и да го бранит као светиiн'а, значит, да останит он верен на дуот на своiите предедовци и да уважаат се, шчо имаат они напраено за своiето потомство Да се откажит чоек от своiо народен iазик значит, да се откажит он и од народниiот дух Со тоа само се обiаснуат сакаiн'ето и усилиiата на покорителите, да напраат покорените, да се откажат от своiот iазик и да изучат на негоо место нивниiот; исто така со тоа се обiаснуат упортството на покорените народи да сочуваат сето своiе духовно народно наследство, а особито iазикот.

    Таква милост кон нашиiо народен iазик требит да имаме и ниiе, ако сакаме да останиме верни на дуот на нашите предедовци. Милоста кон народниiо iазик iет наш долг и наше прао. Ниiе сме должни да милуаме нашиiот iазик, зашчо тоi iет наш, исто така, као шчо ни iет наша таткоината ни. Првите гласои шчо и имаме чуено, сет гласоите на нашите татковци и маiки, гласоите и збороите на нивниiот народен iазик. Преко ниф ниiе добифме нашата прва дуовна храна, зашчо со ниф се осмисл'уаше се, шчо видефме со нашите очи. Со народниiот iазик ниiе осво iуаме психологиiата на нашите татковци и предедовци: и се чиниме нивни дуовни последници, као шчо сме со снагата нивни телесни продолжаачи. Ако се односуаме со презреiн'е кон народниiот наш iазик, ниiе само враiк'аме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледаiн'е и воспитаiн'е. Ниiе имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиiот iазик и тоа прао ни iет свешчено. Секоi, коi шчо напаг'ат на нашиiот iазик, ни iет исто таков наш неприiател', као и нападачот на нашата вера. Верата и iазикот, тоа сет душата на iеден народ, со изменуаiн'ето на коiи, iеден народ праит коренен душевен нреврат: он се откажуат от се прег'ешно и земат со ноо. Тоi коренен преврат, ако стаат постепено во течеiн'е на цели векои, не iет опасен, зашчо iедни делои од него се односуваат до iедни поколеiн'а, друзи до друзи поколеiн'а, така да iедни делои преминаваат по наследство, као народно наследиiе, и само некоiи сет нои. Тоi коренен преврат не iет опасен само, ако iет резултат на самостоiното развиiаiн'е на народот.

    Но, ако iеден народ изменуат своiот iазик и своiата вера во iедно касо времо и под силно чуздо влиiаiн'е, сам без сознааiн'е однесуаiк'и се кон таiа измеиа, то он се откажуат от сам себе и от негоите интереси и предаат и себе и ниф на iеден по силен народ, коi шчо ке постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. Значит, да се откажит iеден народ от своiот iазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и своiите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своiи очи, да судит за себе и за друзите со своiот ум и разум, а да чекат укажаiн'е за се от страна. iеден народ, коi шчо изгубил своiот iазик, мiасат на iеден чоек, коi шчо изгубил патот и не знаiит ст каi идит и каi одит, и коi шчо не знаiит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо. Колко во по скоро време iеден народ изменуат сзоiот iазик, толко по опасно и отчаiано iет негоото положеiн'е.

    Опаснсста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нив но место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме сите и дозволени и недозволени стредства, за да сочуаме нашиiот народен iазик, и со него нашите народни интереси. При тоа ниiе не сакаме туг'о, а си браниме своiето.

    iазикот iет акустичен резултат од физиолошко работеiн'е на органите на чоечката реча, на коi шчо му се приписуат извесно змачеiн'е; Главните елементи на iазикот или чоечката реча сет: органите на речата, нивното физиолошко работеiн'е, слуот, псиолошкото восприiимаiн'е на физиолошкото работеiн'е на органите преко слуот, и присоiединуаiн'ето кон восприiиманиiот резултат на физиолошкото раiботеiн'е на органите на речата или гласот, или зборот, некоiе значеiн'е. Значит, iазикот главно iет физиолошко-психолошка способност на чоека, и као таква зависит от се тоа, шчо праит да се менит чоек, т.е. со развиiаiн'ето на iеден чоек и iеден народ се развиiат и негоиiот iазик, со нивното опаг'аiн'е опаг'ат и нивниiот iазик. Чоек се менит во време и пространство: исто така се менит и негоиiот iазик. Променеiн'ата во iазикот на iеден народ во време состауваат историiата на iазикот на тоi народ, а променеiн'ата негои во пространство составуваат негоите современи вариациiи или диiалекти, поддиiалекти, гоори, подгоори и пр.

    Секоi народен iазик имат своiа историiа и своiи современи вариации или диiалекти, поддиiалекти и пр. Своiа историiа и вариации имат и нашиiот iазик. По таiа историiа можит да се изучит, како сегашните вариации се добиiа от по стари и последните од iеден обшч македонцки iазик, а тоi од iедна iужнословенцка група и пр. Исто така по неiа можит да се проследит на коiа вариациiа, или на коi диалект; во коiе време имало по голема литература.

    Историiата, како на нашиiот, исто така и на друзите iазици, ни покажуат, оти секоi диалект, поддиалект, гоор и подгоор, можит да се употребуат во литературни произведеiн'а. Таiа привилегиiа на iеден диалект, поддиалект и пр. - да бидит орган на литературна реча - по учеiн'ето на историiата на iазиците, се даат ним, не по некакви особени естетични преимушчества, а по чисто практични причини, т.е. по стечеiн'ето на историко-културните прилики. Тиiе прилики денеска подигаат iедно наречиiе на сте пен на литературен iазик, утре друго и пр. Историко-културните прилики во создааiн'ето на литературни iазици гооподствуваа секоаш, господствуваат они и сега. Благодареiн'е ним во наi ноо време се откажафме да си избериме iедно од нашите наречиiа за наш обшч литературен iазик, а наместо тоа зедофме да се учиме и да пишиме на туг'ите саседни iазици, наi поеке на бугарцкиiот. Благодареiн'е на приликите сега ниiе си избираме за обшч литературен iазик, централното македонцко, т.е. Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Охридцко наречиiе.

    Коiи сет тиiе историiцко-културни прилики, шчо не застауваат: прво, да си создааме своi литературен iазик и второ, да избираме имено центарлното наречиiе?

    Ето коiи.

    Ниiе видофме колку сет народните интереси тесно врзани со iазикот, а последниiот со характерот и дуот народен. Ниiе видиме сета, оти три национални и религиозни пропаганди во нашата таткоина се борат iедна против друга и сите заiедно се борат против нас и нашите интереси, сакаiки да им нанесат смртен удар и да си и потчинат под себе, зимаiки, со таiа цел'а религиозното и сколиiцжо работеiн'е каi нас, во своiи раци преко црквата и сколиiата за да нанесат смртен удар на нашата народност, ни налагаат на нас нивниiот, наместо нашиiот iазик. Народните интереси ни налагаат за да и зашчитиме ниф, да браниме нашиiот iазик од пропагандите. Тоа бранеiн'е ке бидит уопешно и ке размрсит сите планои на пропагандите, ако бидит задружно и обшчо. А за да бидит такво, требит со обшчо согласиiе да се изберит iедно наречиiе за обшч македонцки литературен iазик. Согласиiе ке имат, ми се чинит, само ако секоi од нас праит избор не по некакви естетични сообразуаiн'а и не по чисто местни причини, а од гледишче на обшчите интереси. Последните пак налагаат: перифериiцките наречиiа, да отстапат место на централното. Како шчо во iедна држаа се имат држаен центр, коi шчо наi арно iет да се насг'ат во стредината на држаата и кон коi шчо се собираат сите конци од државниiот жиот, исто така и во iазиковните или области от сродни наречиiа требит да се имат iеден центр, коi шчо по значеiн'ето негоо требит да се односуат кон перифериiцките наречиiа и гоори, као шчо се односуат центрот и столицата на држаат кон краiните окрази и околиiи. Около централното наречиiе требит да се групираат сите наши научни и литературни сили, за да го очистат и обогатат со сокроишча од друзите македонцки наречиiа и да создадат од него iеден убав литературен iазик. На него требит да се создадит iедна богата сколиiцка, научна и убаа литература, за да можит преко ниф да се раширит низ цела Македониiа во вид на литературен iазик, коi шчо ке изместит од неiа пропагандцките iазици. А заiедно со изместуаiн'ето на пропагандцките iазици и со создааiн'ето наш литературен iазик, се изместуваат од Македониiа и интересите на балканцките држаици и нивното место ке го застапат создадените со iазикот македонцки интереси.

    И така, користа, шчо ке ни iа даит нашиiот обшч литературен iазик, ни служит за мерило при избираiн'е наречиiа за таiа цел'а, и она iет главниiот фактор при создааiн'ето на нашиiот нов литературен iазик. При возвишааiн'ето на iедно наречиiе на степен на литературен iазик, никога немаат играно важна рол'а негоите естетични своiства. Тоа iет iедно, зашчо практичните сообразуаiн'а зимаат врф над естетичните, а друго, зашчо последните сет односител'ни и поеке субiективни. По таiа причина, по убаи се чинат на чоека готоо само тиiе наречиiа и гоори, што и слушат он или и имат слушано по често. За тоа и не можит да се зборит за естетичност во iазикот, диалектите и гоорите.

    Значит, iеден македонец од источна, или северна, или iужна, или западна Македониiа немат прао да се противит да бидит избрано централното македонцко наречиiе за литературен iазик само зато, шчо не им се чинело убао. Немаат прао они да протестираат против централното наречиiе и за тоа„ шчо iет оно централно као и зашчо изборот се праит по практични соображеiн'а.

    Сега да видиме, али избираiн'ето на централното наречиiе за литературен iазик се оправдаат от практично гледишче?

    Битол'а се избират за резиденциiа на Генералниiот Инспектор за Македониiа и негоите советници - цивилни агенти. Она се обрак'ат во престолнина за Македониiа. Таiа ноа престолнина не iет далеку от старите: Преспа и Прилеп, и од седалишчето на до неодамна автокефалниiот Оридцки Архиепископ. Значит, централното наречiие имат зад себе, така да се речит, историiцки праа. Последните се основаат и на негоото централно положениiе, коiе iет, како во географцки, така и во етнографцки однос. Централен град во Македониiа ни iет Велес. От тоi центр географцки, ниiе само мало се оддалечуаме, идеiки преко Прилеп кон Битол'а и Орид. Таков праец при оддалечуаiн'ето од географцкиiот центр се обiаснуат со тоа, оти тиiе краiишта сет от по големо историiцко значеiн'е за Македониiа, а од друга, сет по оддалечени и от србцкиiот и бугарцкиiот iазикои центри, состауаiки от себе македонцки iазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Оридцки iет iатката на македонцкиiот iазик, зашчо на запад од него iет Дебранцкиiот (рока), на iуг - Костурцкиiот (ронка), на исток - источниiот или Солунцкиiот (ргка) и на север - Скопцкиiот или северниiот (рука).

    Создааiн'ето литературен iазик iет дуовна потребност каi нас, со коiа се мислит да се клаит краi на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси, и со коiа требит да се создаит своi литературен и научен центр, за да се немат нужда од Белград и Софиiа. А та тешка задак'а ке се достигнит само, ако македонецот от северна Македониiа подаит рака на своiот брат од iужна Македониiа, и македонецот од источна Македониiа подаит рака на тоi од западна. Подадените раци к'е се прекрстат около Прилеп -Битол'а .

    И така: стремеiн'ето на македонците да создадат своi културен центар; тоа шчо сега Битол'а се чинит престолнина на Македониiа; шчо Битол'а, Орид, Прилеп сет историiцки места за македонците; као и тоа, шчо состауваат они географцки и iазичен центр; сите заiедно праат да се приiимит, као обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречиiе.

    Откако се изберит наречиiето, коiе имат да бидит македонцки литературен iазик, ке требит да се разгледат и прашаiн'ето за македонцкиiот праопис.

    За праописот као и за праецот на нашето културно развиiаiн'е ке требит тука да се напраат неколку забелешки. Праописот на iеден iазик, као и изработуаiн'ето на iеден литературен iазик можит да идит постепено и полусознател'но. iеден чоек од iеден народ, шчо немат пиоменост, можит да изучит азбуката од iеден народ по културен од негоиiот. Тоi чоек можит да употребуат туг'ата азбука и за гласои од негоиiот iазик, или да изложит своiите мисли со помок'та на туг'а азбука. Но ако во негоиiот iазик се имаат гласои, коiи се немаат во iазикот, от коi шчо се позаiмуат азбуката, тогаi позаiмуачот на туг'ата азбука ке напраит некоiи изменеiн'а и дополнеiн'а во неiа, со коiи ке бидит означена разликата во гласоите мег'у двата iазика. Таiа позаiмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предаiн'ето се се изменуат и се дотеруат до своiствата на iазикот на позаiмуачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурните народи од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место,ако два саседни народи сет во не iеднакви политични прилики, ке се речит, iедниiот, т.е. по културниiот народ гооподаруат, а другиiот, по некултурниiот народ iет заробен, или наi малу немат полна политична слободиiа. Но инак одат работите, ако двата народи имат своiи држаи. Во таков случаi позаiмуаiн'ата, особено културните, биваат по сознател'но и по скоро. Така рисiанството и писменоста каi нас македанците се имат зафатено наi рано от сите словенцки народи. Они се распространуваа со векои и идеа одоздолу на горе. За тоа во историiата нишчо не се зборуат за покрстуаiн'ето на нашиiот народ. Но со покрстуаiн'ето секоi пат имат идено и писменоста. Со замолчуаiн'ето на нашето покрстуаiн'е се замолчуат и процесот на образуаiн'ето на нашата пиеменост.

    И така нашето дуовно препородуаiн'е и просветеiн'ето каi нас, па и изработуаiн'ето на нашата писменост, заради географцките и историiцки прилики, имаат земено во првата ил'адогодишнина по Р. Хр. инаков ход, а у друзите праославни словени инаков. Каi нас тоа се извршуат постепено и незабележано, каi ниф брзо и со извесна тенденциiа.

    От турцкото завоiуваiн'е на Балканцкиiот полуостров стана iедна премена. Турцкото господство ни пресече сите врски со нашата старина. Наi тешко се отрази оно на Македониiа, као централна провинциiа, па затоа во тоа време, кога у друзите праославни словени постепено се изработуаше писмениот iазик и праописот, ниiе се поеке се обезличаафме и готоо сосем се откажафме од нашиiот iазик, као орган на литературна реча. Од време на време во течеiн'е на цел XIX век ниiе имаме опитуачки да се пишит на македонцки, но зарди некоiи историiцки причини тиiе опитуачки не се овенчаа со успеф, каков би можело да се очекуат од ниф.

    Литературните опитуачки на македонцките писачи во XIX век немаа за жалост таков значаi, да задобиiат последуачи, затоа, ако и сега во XX в. видиме некоiи опитуачки да се пишит на македонцки, то тоа се не праит сознател'но и од некакви патриотични влечеiн'а и цели, а само за забаа. Во тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото дуовно-национално возродуаiн'е, от тоа на друзите праославни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по напред ниiе постепено и први се просветуафме со рисiанство и со писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак сега, во тоа време, кога сите праославни словени лостепено си изработиiа своiи литературни iазици, своiи богати литератури и постепено изработени праописи, ниiе остааме назад от сите, туку речи, без литературни традициiи, не затоа, што и немаме, а зашчо заборааме своiето, изучааiки туг'ето.

    Ниiе сега со брзина ке требит да разработиме нашиiот литературен iазик, да устаноиме нашиiот праопис и да создадиме iедна наша литература, коiа ке одгоарат на сите наши нужди. Со нашето сегашно национално возродуаiн'е ниiе се протиостааме на друзите праославни, словени, као шчо се протиостаафме и напред: тогаi бефме први во дуовното препородуаiн'е, коiе каi нас беше бавно, а каi ниф скоро, сега наопако; тогаi они нас сакаа да не достигнат и работеа со извесна тенденциiа и брзина, сега наопаку.

    Во зависност от тоа, како се имат развиiано iеден народ и негоиiот iазик. и праописот можит да бидит различен. Ако iеден народ само постепено си изработуат своiето писмо и нето го преработуат и притоа во негоата историiа се немаат таквиiа собитиiа, шчо iа преполоуваат и праат цела пропаст мег'у iедната, т.е. старата и другата или ноата неiна полоина, - писмениiот iазик и праописот содржаат во себе много таквиiа особини, коiи немаат реална вредност во гласоите на сегашното стаiн'е на iазикот. Но, ако во историiата на културното развиiаiн'е на iеден народ се имаат два периода, мег'у коiи се имат iеден, као треки, но коi шчо iет период од застоi и iет као непрелазна стена мег'у ниф, - тогаi во новиiот период на развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е имаме препорадуаiн'е на народниiот дух, коiе стаат вистина на стара осноа, но во него влиiаат много нои начела, согласно со дуот на времето и со специалните потреби на народниiот жиот и негоите проiауаiн'а. Тоа препородуаiн'е се одбележуат и во книжниiот iазик и праописот: како iедниiо, така и другиiот сет горе долу слободни од некоiи традициiи, коiи не сет согласни со современото стаiн'е на разгоорниiот iазик.

    И така историiата на културното развизаiн'е на народите, согласно со неiниот ход, содеiствуват: или на чисто етимологиiцки или историiцки праопис, или на бркан - етимологиiцко-фонетичен или историiцко-фонетичен, или наi после на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис зависат от по големата или по малата приврзаност кон старото или ноото стаiн'е на iеден разтоорен или литературен iазик. iедеiн'от от трите праописа се усвоiуат за iеден литературен iазик у iеден народ, шчо се возродуат, главно во зависност от та тенденциiа, шчо госпоствуат при народното возродуаiн'е.

    iедно iет така, то и нашиiот праопис и праецот на нашиiот литературен iазик ке требит да бидат во полна зависност од та тенденциiа, коiа ке не раководит нас при нашето национално возродуаiн'е. Каква можит да бидит таiа тенденциiа се видит от таiа книга. Но iас ке си дозвол'ам да повторам. Она iет: прво, Македониiа да се неутралисат за Бугариiа и Србиiа и да се оддалечит iеднакво од двете држаи и друго, она требит да се обiединит на iазична осноа. Тиiе принципи ке ракоодат изработуаiн'ето на литературниiот наш iазик; они ке ракоодат и праописот. На тиiе два принципа одгоарат: 1, Прилепцко-Битол'цкото наречиiе за литературен iазик, као iеднакво далеко и от србцкиiот и бугарцкиiот iазици, и централно во Македониiа. 2, фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологиiата и 3, речничниiот материiал да iет собраiн'е от сите македонцки наречиiа.

    (Стр. 132-145)

    Leave a comment:


  • Soldier of Macedon
    replied
    Состауала, состауат и можит ли Македониiа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична iединица?

    Во трите горе изложени статиiи iас разгледаф наi важните за мене, па ми се чинит, и за сите искрени патриоти прашаiн'а. Мисл'ам, оти читачот без коментариiи ке разберит, шчо сакаф во ниф iас да речам.

    Но се, шчо рекоф iас во ниф, ке си останит без убав фундамент, ако не се разгледат некоiи теориiцки прашаiн'а, от праил'ното постааiн'е на коiи ке зависит успеот во нашето обшчо работеiн'е во полза на нашата таткоина и нашиiот народ.

    Мнозина ке се запитаат: за каков национален сепаратизм овде се гоорит? не се мислит ли да се создаат сега ноа македонцка народност? Но тоа нешчо iет искуствено и као такво ке траiит ден до пладне. Ами каква ноа т. е. македонцка народност, кога ниiе, нашите татковци, дедои и предедои се велеле бугари? Али македонците во нивната историiа проiауале некаква обшча работа политична и дуовна? Како се односуале они кон друзите народности балканцки и обратно?
    Во таiа статиiа iас ке се постарам да одгоорам на тиiа и много друзи подобни прашаiн'а, и со тоа по моiата сила да разiаснам научните оснои на националниiот сепаратизм, као и да покажам; на непраилноста на тиiе возразуаiн'а, коiи се стаат од негоите противници, коiи со тоа сакаат да компромитираат него, као нешчо искуствено.

    Једно от првите прашаiн'а, шчо ке постаат противниците на националното обединуаiн'е и возродуаiн'е на македонците ке бидит: каква македонцка словенцка народност? Никога немало македонцка народност, ке речат тиiе, па и сега iе немат. Во Македониiа секога iет имало, па и сега имат две словенцки народности: бугари и срби. Значит некакво македонцко словенцко национално возродуаiн'е iет просто празна работа на неколку фантазери, коiи при тоа немаат никакво пон'атиiе за южно-словенцката историiа.
    Македониiа, после ке речат нашите противници, не предстауат ни географцко, ни етнографцко, ни историiцко цело. Она не iет никак повлиiала на судбите на саседните народи, а iет била арена на политична и културна борба мег'у разните балканцки народности. Истите расудуаiн'а за нашата таткоина, можит, ке чуiиме и од некои од нашите сонародници - македонцки словени, шчо се викаат бугари, кога ке се исцрпат сите друзи стредства за борба со македонцкото национално обiединуаiн'е. Во Македониiа немат iазик, ами имат много наречиiа различни мег'у 'себе, но сите стродни со бугарцките наречиiа' и со ниф состауваат iедно цело — бугарцкиiот iазик. Друзи од македонцките наречиiа сет по блиски до србцкиiот iазик, ке продолжат своiите возразуаiн'а нашите противници.

    Колко и да сет осноател'ни сите приведени возразуаiн'а на нашите противници против обшноста на македонцките словени и принадлежноста нивна кон iедно самостоiно словенцко цело, па ми се чинит, да можат да им се напраат и не по малечки контравозразуаiн'а, от коiи ке се видит, да националното самосознаiн'е и возродуаiн'е на македонцките словени iет нешчо многу обично и разбирливо.

    * * *

    На првото забележуаiн'е на нашите противници, оти никога немало македонцка словенцка народност, можит много просто да им се одгоорит: шчо немало по напред, можит да се сторит по доцкан, стига да се имаат различни историiцки прилики со своiи оддел'ни бараiн'а.

    Некога сите индо-европеiци состауале iеден народ со iеден iазик, шчо востаноуваат сега лингвистите от срамнуаiн'е на старите и нои индо-европеiцки iазици. Но исчезнаа тиiа историiцки прилики, при коiи индоевропеiците се разбираа по мег'у ниф и настапиiа друзи историiцки прилики, при коiи се зафати цепеiн'ето на iазико, на обшчото национално самосознааiн'е, со обшчи iазик, веруаiн'а, к'уди, предааiн'а и пр. Но тоа, делеiн'е пак беше на големи делои, или народни групи, како напр. индоиранцка или ариiцка, германцко-словенцко-литовцка и пр. Тиiе групи со стечеiн'ето на по доцните историiцки прилики се подразделиiа на iазични фамилиiи, како: индиiцката, иранцката или персиiцката, арменцката, грцката, трако-илирцката, италиiцката, кел'тцката, германцката, словенцката и балтиiцката или литовцката. Словенцката, приближно од около родеiн'ето на И. Хр., се раздели прво: на источно-словенцка или руска, на западно-словенцка и на iужно-словенцка група. И само от последната се оддели бугарцкиiот словенцки народ, со името бугари, наврзано на бугарцките словени од несловенцките бугари.

    Ако сега нашите противници допушчаат образуаiн'ето на по мали етнографцки целини од по голема, као последица на историiцка необходност, и ако они досега гледале на македонците како на бугари, то зашчо сега они не можат и не сакаат да допушчат образуаiн'ето от таiа голема етнографцка целина, шчо iе велеле сите, па и они, бугарцки народ, две по малечки целини: бугарцка и македонцка? А сегашните историiцки прилики тоа го сакаат, како шчо сакале некоаш образуаiн'ето на бугарцкиiот, србцко-хрватцкиiот и словенцкиiот народи од iужнословените, или пол'цкиiот, чешко-словачкиiот и лужичко-србцкиiот от западнословенцката група.

    Сформируаiн'ето на македонците во одделна словенцка народност iет ,наi обичен историiцки процес подобен на процесот на образуаiн'ето на бугарцкиiо и србцко-хрватцкиiот народ од некогашните iужни словени.

    Да срамниме тиiе два процеса.

    Једни историци и филолози тврдат, оти iужните словени, ушче до доiдуаiн'ето нивно на Балканцкиiо полуостров, се разликуале по мег'у себе, т. е. состауле два оддел'ни народи: словени (бугари и словинци) и србо-хрвати. Така тврдиiа Копитар, Миклошич и Шафарик. Друзи историци, особено лингвисти (iазикознаiци) тврдат, оти сите iужни словени, во време на своiето пресел'уаiн'е на Балканцкиiо полуо'стров, зборуале на разни диiалекти (наречиiа) од iеден iазик, сите се велеле со iедно обшчо име: словени. Словени се велеле и србо-хрватите. Имиiн'ата: срби и хрвати се носиле од малечки iужно-словенцки групи и биле племенни, а се сториле народни само, кога нивните носители, т. е. племиiн'ата срби и хрвати, образуале големи држаи. Сите словени, подаiници на србцката држаа, се велеле на место словени -срби, а на хрватцката држаа- хрвати. Така учит проф. Јагич, а заiедно со него и негоите ученици. Тоi и на сегашните iужнословенцки iазици не гледат, како на три целини, точно разграничени, а како на верига дробни наречиiа, коiи шчо се сливаат iедно во друго, како шчо влизаат колцата во веригата, од iедна страна во iедното саседно, а од друга -во другото саседно колце.

    Ако се довериме на првата теориiа, т. е. бугарите и србо-хрватите да се преселиiа на Балканцкиiо полуостров како готови оддел'ни целини, то се питат, до каде се простираа тиiе народности во време на преселеiн'ето, и дали сите доiдени бугарцки словени останаа
    и досега таквиiе или некоi дел од ниф се посрби? и дали сите доiдени србо-хрвати останаа као такви, или дел и од ниф се побугари? При допушчаiн'ето, да се доселиiа готои iужнословенцките народности на Балканцкиiот полуостров, совршено неосветено остаат прашаiн'ето за границите мег'у бугарите и србите, особено прашаiн'ето, со какво населеiн'е беа заселени стредновековните: Мораа, Кучео и Браничео, или, со друзи зборои, денешната кралеина Србиiа? За ниф велит Шафарик, на осноаiн'е на византиiцките историци, особено Константин Порфирородни, да беа они заселени со бугарцки словени, шчо бидоа посрбени во XIII и XIV в. в. Ако се допушчит за верна таiа теориiа ке бидит iасно, оти iеден народ не секога можит да устоит против натискот от туг'и, соседни народи, а губи iеден своi дел во корист на по силниiот сасед, и друго, од неiа се видит, оти народите можат да се состаат од два блиски народи, слиени во iедно, као последица на историiцка необходност.

    Шчо имат бидено во стредните векои, зашчо да не можит да бидит и сега? Бугарцкиiот народ iет изгубил готоо цела денешна Србиiа во корист на србите, и се примирил со мисл'ата за таiа загуба, и не броiеiки iе за таква. Зашчо он не можит да се примирит и со мислата за загубуаiн'ето на Македониiа, кога тоа загубуаiн'е iет исто таква неминуана необходност, како шчо беше неминуана необходност и загубуаiн'ето на Србиiа? Историiцките прилики неминуано водеа до изгубуаiн'ето на Србиiа за Бугариiа во корист на Неманичите и на србството, прво во политичен, а после и во национален однос; а историiцките прилики, создадени од Берлинцкиiот трактат, напраiа, Македониiа да бидит загубена за бугарите, прво во политичен однос, а после и во национален.

    Ушче iедна паралел' со историiата на Србиiа: да беше Србиiа недоол'на от своiата судба во држаата на Неманичите, она ке праеше опит да се ослободит и да им протиостоiит ним со стремеiн'ето да се присоединит до Бугариiа; но опитот ке беше напраен и ке доведеше до желаните резултати само, ако дозвол'уваа историiцките прилики; но последните не дозволиiа тоа, и Србиiа се примири со приликите и биде загубена за бугарите. Истото iет и ке бидит и со Македониiа. Македониiа напраи опит наi напред да се ослободит от Турцко, но за сожал'уаiн'е излезе опитот неудачен. Можит по ослободуаiн'ето ке се мислеше и за соединуаiн'е со Бугариiа. Но таiа година ни покажа, оти историiцките. прилики никоi пат не ке дозвол'ат да се соiединит цела Македониiа со Бугариiа; сега за македонците и бугарите, остаат iедно од двете: или делеiн'е на Македониiа мег'у Балканцките држаици и со тоа изгубуаiн'е за бугарите и македонците 2/3 од Македониiа, или полно пресечуаiн'е врските со бугарите и постауаiн/е на македонцкото прашаiн'е на совршено неутрална, чисто македонцка осноа. Кога така го постауат необходноста прашаiн'ето, то iасно iет, оти секоi пат и от секого ке бидит предпочетено второто. И вистина, зар ке се решит iеден искрен патриот македонец да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопiе и пр. за соединуаiн'ето на Македониiа до левиiот брег на Вардар со Бугариiа? Зар имат по голема близост мег'у iеден македонец од источна Македониiа и iеден рушчуклиiа или iеден македонец од источна и западна или северна и iужна Македониiа? Кога историiцката необходност категориiцки ни заiавуат: македонци, или се соiединуаiте мег'у себе и отчекнеiте се од друзите балканцки народи, или готвеiте се за дележ на, таткоината ви! — сите искрени патриiоти македонци ке приимат првото. Па тоа го налагат на македонците и чоешчината: зар iет чоечко сегашното стаiн'е, во коiе iа имаат доведено Македониiа пропагандите? Во iедна кук'а таткото iет од iедна народност, iедеiн'от син од друга, друг'от от трек'а народност, и iеден Господ знаит, до кога ке се продолжит да бидит така! Чоешчината го барат од нас да се искоренит во таткоината наша тоа ненормално стаiн'е, и да се примират брат со брат, татко и деца. Такво обiединеiн'е iет необходност, а не ни iет нужно фамил'но неприател'ство за некакво обiединеiн^е со Бугариiа, шчо никоi пат не ке бидит допушчено, ни од малите балканцки, ни од големите држаи.

    Значит во сегашните политични прилики имат, не по малу осноаiн'е за загубуаjн'е од бугарите Македон:иiа, од осноаiн'ата за загубуаiн'ето нивно во стредните векои денешна Србиiа. И као шчо загубуаiн'ето на Србиiа во политичен однос повлече по себе загубуаiн'ето неiно и во национален однос, исто така раздробуаiн'ето на С. Стефанцка Бугариiа во политичен однос ке повлечит и раздробуаiн'ето неiно во етнографцки однос. Приликите создаат културна и национална близост мег'у л'уг'ето, и приликите и разрознуваат роднинцките елементи.

    Такво сопостауаiн'е можит да бидит мег'у првата, т. е. теориiата за заселеi'н'ето на Балканцкиiот полуостров од iужни словени, сформируани во две народно'сти, строго разграничени во етнографцки и географцки однос и постепеното изменеiн'е на етнографцката карта на Балканцкиiот полуостров од iедна страна, и:
    процесот на современото национално обособуаiн'е на Македониiа од друга.

    Сега да видиме, дали од гледишче на другата, т. е. Јагичiевата теориiа за образуаiн'е на iужнословенцките народности, можит да се обiаснит постааi'н'ето, при сегашните политични прилики, на iедна ноа македонцка словенцка народност?

    Јагич ни велит, iужно-словенцките iазици да сет и да биле верига од наречиiа; исто така, сите iужни словени, до образуаiн'ето на бугарцката, србцката, хрватцката и словенцката држаа, да се велеле со iедно име
    словени. На, протежеiн'ето на таiа верига од iужно
    словенцки племиiн'а и наречиiа, као да се образуале 4
    iаки возли, ке се речит, 4 држаи со разни имиiн'а, т. е.:
    словинцка, хрватцка, србцка и бугарцка држаа. Тиiе возли, т. е. држаи, спроти силата, шчо iе имаа, кога се оброзуваа, си и разделиiа мег'у себе сите колца -племиiн'а, и наречиiа на iужно-словенцката етнографцка верига и и крстиiа со нивното име. Возлите си имаа, као
    своi центр носител'от на националното име; со увеличеiн'ето или умалеiн'ето на политичното могушчество на носител'от на националното име и последното се рашируат или се умал'аат. Така станали имиiн'ата србин и хрватин народни от племени; така се присоiединиле до нивните носители механически соседните племиiн'а со своiите наречиiа и состаиле со ниф iеден народ, постепено асимилируаiки се со своiите покорители или присоiединители.

    Ако обра;зуаiн'ето на iужнословенцките народности iет механичнополитичен процес, то истиiот не iет нешчо невозможно и во сегашно време. Во iужно-словенцката iазична верига имат неколку колца надвор от србцкиiот и бугарцкиiот политични возли: тоа сет македонцките наречиiа, И вистина, тиiе колца, бидеiки по
    м ег'у себе наi блиски, имаат некоiи режки на исток блиски со бугарцките и на север со србцките колца. Тиiе колца во разни времиiн'а беа со разни имишча боiадисани, до кога, во 4-та четвртина на, поминатиiот
    XIX век, боiите не зафатиiа да се клаат iедна врз друга и не парализуваа iедна друга. И iедната и другата боiа не се држеше iако за колцата, и малу по малу боiите зафатиiа да се рушат и под ниф зафати да сиiат природната им боiа „словенцка" со одблеск „македонцки" од географцката област, во коiа сет распределени. Носителите на тиiе колца — наречиiа некога се викале „словени", а после, то бугари, то срби, до кога конкуренциiата на тиiа двата имиiн'а не и напраи боiите туг'и за македонцките словени, и они не зафатиiа да се именуваат со старото географцко име на своiата татжоина. Името македонец прво се употребуаше од македонцките словени, како географцки термин за покажуаiн'е на своiот происход. Тоа име iет обшчо известно на македонците словени и сите со него се именуваат. Једно iет така, и iедно обравуаiн'ето на народноста iет политично-механичен процес, то имаат се сите нужни условиiа за оддел'уаiн'е на Македониiа во самостоiна етнографцка област: македонците имаат обшча таткоина, последната постепено со реформи се оддел'уат во самостоiна политична целина, во неiа се имаат неколко колца од iужно-словенцката iазична верига, тиiе колца много лесно се обiединуваат со обшчото признааiн'е стредното од ниф за обшчо орадiе во искажуаi'н'ето на литературната реч за сите интелегентни л'уг'е во Македониiа и за во книгите и сколиiите. И така, сите условиiа за националното возродуаiн'е на Македониiа се имат на лице, па и тоа возродуiн'е и од гледишче на втората историiцка теориiа за образуаiн'е на Балканцкиiот полуостров на малите етнографцки iединици од iедна по голема iет совршено логично.

    Тоа можит да се забележит на тиiе,шчо вел'ат да никога немало македонцка народност. — Немало, ама iе имат сега и ке бидит за однапред.

    * * *

    Сега да се попитаме друго: али ке бидит точно, да се кажуат да имат во Македониiа две народности и ако имат iедна, то али таiа народност можит да бидит наречена србцка или бугарцка?

    Во Македониiа, како и во секоiа друга земiа, имат многу наречиiа, блиски iедно до друго. Таiа блискост од iедно наречиiе се проiавуат, од iедна страна до сите друзи македонцки наречиiа во обшчи фонетични или звуковни, морфологични или формени и лексични или речнични особини; од друга страна секоiе наречиiе iет наi блиско до негоите соседни наречиiа, имаiки со ниф обшчи особини, коiи се немаат во по оддалечените од него друзи наречиiа, и то западниiот дел од наречиiето iет по блиско до негоиiот западен сасед и со него, туку речи, се сливат, источниiот до источниiот и пр., и така, наречиiата као да сет врзани iедно со друго, како колцата во iедна верига.

    Сега се питат: коiи колца од, нашата верига наречиiа ке се наречат србцки, а коiи бугарцки и на коiа осноа?

    При решеiн'ето на тоа прашаiн'е не требит да се забораат и следните прашаiн'а: коiи наречиiа от србцкиiо и бугарцкиiо iазици се признаат за наi типични за тиiе iазици и коiи нивни особности се признаваат за наi характерни за iедните и другите iазици? Дали тиiе наi характерни црти се имаат во сите македонцки наречиiа!? Дали македонцките наречиiа имаат своiи обшчи характерии особности, коiи се немаат, ни во србцкиiот, ни во бугарцкиiот iазици? Дали во македонцките наречиiа по оддел'но преовладаваат македонизмите пред србизмите, или бугаризмите, или наопаку? Наi после да ли особините на краiните или перифериiцките македонцки наречиiа и гоори ни дозвол'уваат да и сочитаме за по блиски до стредното и наi типично македонцко наречиiе Велешко-Прилепцко-Битолцкото или до централните наречиiа на србцкиiот и бугарцкиiот iазик?

    Као наi типичен и раширен србцки диiалект се iавуат Босниiцко-Ерцеговинцкото или iужното србцко наречиiе, коi шчо iет од времето на Вук Караджич литературен iазик на србо-хрватите. Централното или Велешко-Прилепцкото македонцко наречиiе никоi пат не можит да бидит по своiите особини однесено кон србцкиiот iазик, зашчо мег'у него и централното србцко-хрватцко наречиiе или сегашниiот србцко-хрватцки iазик имат исто таква разлика, како и мег'у чешкиiот и пол'цкиiот iазици. Ке се речит, во стредината на Македониiа срби немат. От сегашното признаiн'е на сашчествуаiн'е на Балканцкиiо полуостров рамо три словенцки народи: словинци,србо-хрвати и бугари, со одричаiн'ето во центрот на Македониiа срби, као да се признаат косвено имаiн'е тамо бугари. Но дали денешното гледишче iет праил'но? Немат срби, значит имат бугари, Но немаiн'ето срби дали вистина значит да имат бугари?

    Во централното македонцко наречиiе, мег'у другото се имаат таквиiа фонетични особини: старо-македонцките
    гласои ъ и ь , во тиiе места, каi шчо се имаат сочуано, преминуваат во о и е, напр. денот, от старо-македонцкото дьньтъ ; преку дьньт; сонот, от сънът; на место старото тi и дi имаме к' и г' или iк' и iг', напр. вреiк'а и туг'а; на место iн имаме нi' напр. коiн' на место конi, на место -а, напр. рака и др. Сите тиiе особини не сет србцки, но не сет ни бугарцки. Они се немаат во главното бугарцко наречиiе - источно-бугарцкото коiе служит и за литературен бугарцки iазик.

    Ако источно-бугарцкото наречиiе се признаат за наi типично, то многу iет iасно, оти самата географцка далекост на македонцкиiот центр од него iет доста да покажит, оти последниiот не можит да бидит бугарцки.

    На источно-бугарцкото наречиiе сега се гледат,
    како на таi типично и наi чисто от туг' уплив, бугарцко наречиiе. Оно iет сравнител'но со западно-бугарцкото по распространено. Во последното се имат голема разлика од источното наречиiе, но се признаат во него, осим оригиналноста негоа, србцки уплив. Македонцките наречиiа имаат пак своiи оригинални особини, а зашчо се наог'аагг по саседство со србите, се признаваат лак за не чисти от србизми. Осим тоа тиiе сет иа краiниiот запад. По сите тиiе причини, а наi главно по тоа, шчо македонците, за своiето ослободуаiн'е од грцкиiот патрик и от Турцко, работеа до последната руско турцка воiна заiедно со бугарите под името бугари, а местата за таiа борба беа около Бугариiа, т. е. во Стамбул, Влашко, южнозападна Русиiа и Србиiа, коiи (места) помагаа во ослободител'ната работа наi многу да бидат застапени бугарите, поможаа да се обiаит источното бугарцко наречиiе за литературен iазик на бугарите и македонците.

    Сега да допушчиме да сет и македонците бугари, и да сет особините на македонцкото централно наречиiе исто толку бугарцки, колку и источно-бугарцките. И во таков случаi не можит да се зборуат за етнографцка целост мег'у Бугариiа и Македониiа. И да iет имало некога таква целост, она можит од одот на историiцките прилики да се нарушит. Во секоi случаi обшчите интереси можат да се поддржаат со взаимно согласуаiн'е мег'у членоите на целината. Интересите на целината требит да сет iеднакво скапи за сите членои, шчо iе состауваат: од неiа требит да имаат сите iеднакви згоди, и во неiна полза соте требит да праат iеднакви жртви. Ако тоа се немат, и ако од неiа, iедни имаат голема полза, не праеiки никакви жртви, а друзите праат големи бесполезни жртви, целината се раздел'уат. Националната бугарцка целина, во коiа се односуваа: Бугариiа, Тракиiа и Македониiа, не можит да се сочуат, зашчо немат таков етнографцки центр, шчо можит прочно да соiединит тиiе три страни, као шчо сет соiединени србцко-хрватцките земiи, немат постредин на тиiе земiи iедно наi распространено, и iеднакво оддалечено от сите нивни краiишча наречиiе, коiе да притегл'уат около себе периферичните наречиiа и да распространуат обшчо национално самосознаiне мег'у сите, шчо зборуваат на тиiа наречиiа. Во таков случаi секоi ке сознааше, оти не само македонците, ами и бугарите од Бугариiа и Тракиiа праат iеднаква со ниф отстапка во полза на центрот.

    Сега пак случаiот издигнал за литературен iазик на бугарите источното бугарцко наречиiе, коiе се наог'ат на краiната протиоположна страна од Македониiа. Оно не можит да служит за обшч литературен iазик на бугарите и македонците, зашчо не можит дуовно да обiединит на iеднакви праа сите три припаметени области; Тоi задаток би можело да исполнит западно-бугарцкото или шопцкото наречиiе, да не беше мало распространено и со многоброiни оригинални особини, коiе се немаат во друзите наречиiа во Бугариiа, Тракиiа и Македониiа. Наi после за сочувуаiн'е на националната целост мег'у Бугариiа и Македониiа, првата не ке се согласит, за обшч литературен iазик на македонците и бугарите да се изберит македонцкото централно наречие, на место источнобугарцкото. Ето зашчо прашаiн'ето: коiе наречиiе требит да бидит обшч литературен iазик за македонците и бугарите, ако првите и за однапред ке се вел'ат бугари, — коiе, прашаiн'е, сега не се постаат на дневен ред, зашчо умоите на сите македонци сега сет зафатени со револ'уционото движеiн'е iеден ден неминуемо ке поведит и без друзи причини кон iедно расцепуаiне мег'у Бугариiа и Македониiа, со создааiн'ето от последната своi литературен iазик.

    А создааiн'ето, редом со србцкиiот и бугарцки, одделен македонцки литературен iазик, не iет ли рамносил'но со одел'уаiн'ето на македонците во оддел'на ни србцка ни бугарцка, ами македонцка словенцка народност?
    Бугарите, можит, ке речат, оти ноата словенцка народност со своi литературен iазик ке бидит пак бугарцка, само со друго име. Ниiе македонците, се разбират, да не ке имаме нишчо, не само против бугарите, ако не признаагг нас за бугари, но и против србо-хрватите, ако последните не признаваат нас за чисти срби или хрвати.

    И така централното македонцко наречиiе iет iеднакво далеко и от србохрватцкиiот и бугарцкиiот литературен iазици и можит да се разгледуат, како нешчо оддел'но од ниф. Ке се речит, наiдофме iедно неутрално колце на веригата од наречиiа. Сега остаат да се решит, дали тоа неутрално колце стоит осамотено со оддел'на од друзите колца боiа, или имат и друзи колца со истата или по блиска до неiа, од колко до друзите боiа? Ако стокмиме наречиiата от краиiшчата на Македониiа, од iедна страна со централното македонцко наречиiе, од друга со источно-бугарцкото наречиiе или србцкиiот iазик каi Вук Караџич, ке видиме, оти сите македонцки наречиiа сет по блиски до централното македонцко, а не до централните наречиiа на друзите iужни словени.

    Значит, во Македониiа имат сплошно словснцко ни србцко, ни бугарцко населеiн'е.

    Тоа го признаваат и србцкага и бугарцкага пропаганда, и ако за надворешниiот свет и iедната и другата зборуваат, оти во Македониiа имало г'оа две народности: србцка и бугарцка.

    Србцката пропаганда iет р'аширена низ цела Македониiа без Костурцко, Сереско, Петричко, Драмцко т. е. без краiниiот iуг и краiниот исток. Во Костурцко србите немаат поопаганда, не зашчо не сет костурци срби, ами, дрбровол'но отстапуат на грцката пропаганда. Истокот на Македониiа србите великодушно го отстапуат на Бугариiа.

    Бугариiа iет не по малу великодушна во македонцкото прашаiн'е кон Србиiа: и Бугариiа признаат срби на с.-з. от Шар планина; сета друга Македониiа iет бугарцка, според бугарите.

    Значит, двете пропаганди не спорат само за земiите
    на с.-з. од Шар планина и тиiе части от серцкиiот санджак, шчо сет краi бугарцката граница. Во првата живеiат iедногласно срби, а во другата — пак iедногласно — бугари. Но великодушиiето на србите iет само за тоа, да покажат умереноста на овоiот апетит и справедлиоста на нивните бараiн'а: ето не сакаме тоа, шчо не iет наше. Истото iет причината на бугарцкото великодушие спроти србите. Бугарите дори излезоа по толерантни: страната зад Шар, iе признаа за Стара Србиiа.

    Но от како шчо се искл'учат тиiе две краiини, сета друга Македониiа србите iе крстат србцка, бугарите — бугарцка.

    Каде iет причината на тоа? И шчо можит да зак л'учит чоек од двоiните претенциiи за Македониiа?

    Причините на претенциiите на србите и бугарите сет, се разбират, чисто политични, но осим ниф имат ушче iедна: македонцките наречиiа iедно до друго стоiат така блиско, iедно во друго се сливаат толку незабележено, да, ако се признаит iедно од ниф за србцко или бугарцко, ке требит да се признат за такви iедно по друго и сите саседни со него. Закл'учок от тоа iет — да самите пропаганди признаваат, да во Македониiа имат само iедна словенцка народност; значит, утврдуадн'ето, да Македониiа не предстауала етнографцка целина, противоречит на нивните постапоци.

    * * *

    И после, се горереченото, ке се наiдаг мнозина коiи ке речат: можит, вистина iет, да, ако немало до сега македонцка словенцка народност, она можит да бидит создадена од времето, особено от сегашните историiцки прилики; вистина iет, оти македонците по iазико своi не можат со прао да бидат наречени, ни бугари, ни срби, ами сет нешчо оддел'но, т. е. состауваат оддел'на етнографцка iединица но пак, како ниiе сега можиме да се велиме македонци и да создааме оддел'на македонцка народност, кога: ниiе, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се велеле бугари? Ниiе не можиме да се откажиме от тоа, зашчо тоа име ни iет свето као и верата.

    Да видиме, дали iет тоа така.

    Ниiе се велеме бугари, како шчо iеден чоек се велит со iедно име, да речиме Петр. Се прашат, коi ни го клал името, шчо сакал да означит тоi со него, кога не крстил и шчо разбираме ниiе под името бугарин, кога се велиме со него? На тиiе прашаiн'а ке ни одгоорит крстуаiн'ето на чоека и значеiн'ето на негоото име за друзите и за самиiот него.

    Некоi, шчо носит име Петр, сам не си го клал името, ами му го клале друзи -нунковците. Нунковците му клаваат iедно име на кумчето, тоi со него да се разликуат од друзите л'уг'е, деца, жени, моми. Кога ке го викнат Петр, не ке се одзрнит Иван, Лазар, Велика, и прочее. Значит името на iеден чоек не iет толку важно за самиiот него, колку за друзите, за тоа он не се крстит сам, ами го крстат него друзи. Он сам и не се велит Петр, ами си велит: „iас". Се ползуат со негоото име, само кога требит да се различит од много друзи л'уг'е подобни на него.

    Исто така, iеден народ долго можит да бидит без народно име, ако на близу од него немат друг народ, от коi шчо ке требит тоi да се разликуат со оддел'но народно име. Но тоа народно име, не си измисл'уат народот сам за себе, ами со него го велит саседниiот народ и тоi од него си го земат. Значит наi природно iет народното име за iеден народ да се поiаит у iеден саседен со него народ. Саседните народи iеден кон друг, значит, се iауваат во вид на нунко и кум.

    По мисл'ата на проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, словените сет крстени со тоа име од римiаните. Словенцките имиiн'а наi често се свршуаат на — слав: Светислав, Венцеслав, Борислав и др. Словените служиле у римiаните као робои и гладиатори, а у тиiе робои и гладиатори наi много се повторуало збор от „слав", затоа тоi збор зафатил да означуат, од iедна страна, чоек, шчо работит наi тешките работи, т. е. роб, а пошчо наi многу робои се земало от словените, то од друга страна, словените биле крстени од римiаните со името slavi, коiе они си го позаiмиiа од ниф и го препраиiа на
    слов- -ни, т.е словени. Тоа крстеiн'е на нашите предедовци стана ушче, кога они одваi влезоа во сносуаiн'е со по културните романцки народи. Со тоа име ке се наречеше некоi от словените, ако требеше да различит себе од некоi романец или германец, и то не секаде само оно се употребуаше. Како и да iет, важно iет само то, да оно не Господ знаiит, шчо означуаше,
    за да не можит да бидит заменено со друго.

    И така, прво наше народно име ни имат бидено името словенин. Но за тоа име, како за наше народно ниiе наi много знаiиме, не по некакви своiи традициiи или од романците, ами по византиiцките историци.

    Главната причина, да зборуваат византиiците за словените, значит, и за нашите предедовци, беа нивните воiни со Византиiа. Опустошеiн'ата, шчо и правеа нашите предедовци во Византиiа беа таквиiа фактои, за коiи не можеше да се молчит; а заiедно со прикажуаiн'ето за опустошеiн'ата се прикажуаше и за опустошуачите, кон коiи се односуваа визангиiците со гордост и презреiн'е, као кон варвари.

    Византиiците зборуваа само за опасните за ниф варвари. Колку iеден варварцки, т. е. не грцки народ беше по страшен за нивната држаа, толку поеке омразиiата кон него беше по голема и толку негоото име добиiаше по долно, по презрител'но значеiн'е.

    Нападеiн'ата на: вест-готите, остгогите, хуните, аварите, антите, словените, србо-хрватите, бугарите, на Византиiа сменувааа iедното другото и за таiа причина византиiцките историци зборуваат за сите тиiе народи, па и за словените и антите. При тоа требит да се не забораат, оти вестготцките, остготцките, хунцките полчишта се состоiеа, не од iедни остготи, вестготи, хуни, словени, но да во нив господствуаше iедната народност, но имаше примеси и од друзите. Важно iет да византиiците одбележуваат господствуiушчата народност, а за друзите молчат. За словените поеке зборуваат от сите друзи народи, осим србо-хрватите и бугарите, зашчо сите друзи вистина поминаа преко Балканцкиiо полуостров, но и си оiдоа од него. Но словените арно се утврдиiа на целиiот полуостров, а особено во Македониiа, каi шчо образуваа ушче во VI столетiе силна воiска.

    Но над много Византиiа пострада од народот бугари, од монголцко племе, коi шчо опустошуаше се шчо ке му се попаднит во Византиiа. Во полчишчата на тоi народ имаше и словени, коiи се броiеiа од византиiците пак за бугари. Наi голем удар доби Византиiа од бугарите, коiи шчо зедоа од неiа голем дел неiни земiи, заселени со словени, и од ниф образуваа iедна голема и силна држаа, коiа од VIII век до идеiн'ето на турците на Балканцки полуостров, готоо постоiано наносеше на неiа iеден удар за друг.

    Бугарцката држаа беше поеке со словенцко жител'ство, но со името на неiните образуачи т. е. монголците бугари.

    Словените од Бугариiа и Македониiа наi напред беа само соiузници на бугарите во воiните со Византиiа. Но соiузните со бугарите словенцки полчишта беа во очите на неприiателите т. е. византиiците пак бугарцки. Значит византиiците зафатиiа да прекрстуваат словените ушче од времето на Аспарухоата орда. Постоiаната борба рамо за рамо со бугарите и напраи ниф iеден народ со бугарцко име, но со словенцки iазик. Бугарцкото име мег'у словеиите беше попул'аризирано од грците, и оно, прво, означааше само бугарите — монголите, после нивните воени соiузници, после бугарцките поданици и наi после стана етнографцки термин за бугарцките словени. Но тоа име во очите и устата на грците имаше ушче специално значеiн'е: наi ненавистни за ниф варвари, л'уг'е не образоани, груби, коiи граничаат со звероите. За грците се словенцко беше грубо и бугарцко.

    Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено. От србите ниiе бефме прекрстени во срби.

    Во втората полоина на XII век, во времето на србцкиiот жупан Немаiн'а и бугарцките царои Асеновци или Асановци, Византиiа беше нападната от крстоносците и разни друзи неприiатели. Тогаi бугарите се приготвиiа да востанат и закл'учиiа догоор со србите против Византиiа. Последната беше обшч неприiател' нивен и двата народа решиiа да удрат на неiа, и секоi да земит, коi шчо ке можит да откачит. Во Византиiа немаше бугарцки и србцки земiи, као шчо немаше и некакво национално самознааiн'е у iужните словени. На основание тоi догоор бугарите нападнаа на источниiот дел на Балканцкиiот полуостров т. е. на Тракиiа, а србите на западниiот т. е. сегашна Србиiа, Западна Бугариiа и и Македониiа и малу по малу си и разделиiа мег'у ниф, Во течеiн'е на два векои србцките кралеи присоiединуваа кон своiата држаа византиiцки земiи. Но они секога се велеа само кралеи на србите. Цар Душан се нарече: цар на србите, грците и арнаутите, а не и на бугарите. Титулата на цар Душан се обiаснуат така: тоj признаат на Балканцкиiот полуостров две словенцки држаи: Бугариiа и Србиiа и една не словенцка — Византиiа; Србиiа со завоеваiн'ето на византиiцки земiи сакат да наследит Византиiа, но со тоа она земат земiи коiи можат да бидат и србцки и бугарцки но коiи не сет бугарцки.

    Македонцкото жител'ство не се односуало со мрзн'а кон србите. Ушче од времето на паг'аiн'ето на Самуилоото царство, македонците не iеднаш праиiа силни востааiн'а против Византиiа, многу по силни од бугарцкото во време на браiк'а Асановци, но не можаа да се ослободат, зашчо каi ниф сет друзи географцките прилики каi бугарите друзи. За да се ослободат бугарите во горна Бугариiа, шчо се оддел'уат од долна со Балканите, доста iет да се избиiат византиiцките гарнизони во неiа и да се фатат од ниф дервентите, за да не пропушк'аат ноа византиiцка воiска. А во Македониiа работите сет сосем инакви. Тука немат таков зид, коi шчо да бранит востаачите, као Балканчте во Бугариiа. Тука имаме многу високи планини, коiи имаат разен праец и образуваат котловини, одделени една од друга. Планините затруднуваат соiединеi'н'ето на сите македонци за обшча борба со неприiател'от, а пак олеснуваат работата на византиiците, зашчо, со разместуаiн'е во ниф гарнизони, они можат да држат македонците во послушаiн'е. Осем тоа на Византиiа поможуваа да држит македонците во послушаiн'е и шосетата или друмишчата, шчо сет напраени за воени требности ушче од римiаните и iа пресечуваат Македониiа од исток на запад, т. е. од Белото море кон Сиiн'ото и од iуг кон север краi Вардар, т. е. од Белото море кон Дунаот. При ваквиiа географцки прилики, iасно iет, оти македонците не можаа да се ослободат од Византиiа и готои беа да бидат соiузници на секоi неприiател', шчо ке воiуат со Византиiа. Таков соiузник до Х век беа бугарите, а от XIII в. беа србите.

    Македонците станаа соiузници на србите, и со тоа се ослободиiа од византиiците. Они се присоiединиiа кон Србиiа, но тоа присоiединуаiн'е не беше насил'ническо, а на осноа на догоор мег'у македонците големци и србцките кралеи. Тоа беше резултат на iеден компромис мег'у првите и вторите, компромис згоден и за iедните и за друзите. Македониiа под србцките кралеи, особено под Душана имаше полна самостоiност во натрешните работи, и то таква, со каква не се ползуаше ни iеден друг дел од големата империiа на Душана. Тоа се видит
    от титулите, шчо и носеа македонцките големци и од влиiаiн'ето нивно на имперцките работи. Тоа се видит и од големата приврзаност на македонците кон царцкиот трон. За да се убедит чоек во тоа нешчо, доста iет да прегледат историiата на Немаiничиата држаа од времето на цар Душана до смртта на Волкашина, особено периодот на распадаiн'ето на Душаноата империiа. Од овде ке се убедит чоек оти центрот и наi големата рол'а во таiа империiа принадлежеше на Македониiа. От секаде от перифериiата на Душаноата империiа по негоата смрт отпаг'аат областите iедна по iедна. Македониiа крепит Урошеиiот престол и македонцкиiот големец крал' Волкашин iет главниiот советник и десна рака на Уроша. Сите го мрзат Волкашина за негоага рол' и влиiаiн'е на Уроша, но царот му веруат, македонцките големци: 70 кралеи и банои, по народните песни, му веруваат и му даат 70,000 воiска, со ниф да умрит на Марица за царот и „србцкото име".

    70,000 души воiска от 70 кралеи и банои! Како се
    велеше таiа воiска? Чиiе име носеше и коi му гу кладе? Сите се велеа „срби", но во ниф имаше толку срби, колку во воiската на цар Симеона имаше Бугари — монголи;
    па ми се чинит да и имаше и по малу. Значит во XIV век македонците официално носеа името срби, коiе немаше зашчо да го презираат и да се срдат на него.. Во тоа име они не наог'аа нишчо лошо.

    Србите беа главната воена сила против византиiците. Нашите предедовци беа нивни соiузници. Византнiците велеа сите своiи противници, т. е., и србите, и нас срби. Малу по малу они не прекрстиiа од бугари на срби. Истото се поддржа од признаiн'ето суверенитетот на Душнаа во Македониiа и од рол'ата на нашите големци во негоата држаа. Ниiе станафме за надворешниiот свет срби, после истапифме како србцки подаiници и наi после зафати името србин да, означуат македонец, не грк, не влаф и не арнаутин.

    Једно нешчо не сочува србцкото име во Македониiа;
    тоа iет караi'н'ето мег'у крал' Марко и кнез Лазар. Последниiот истапи као противник на турците со името србин и со тоа турците врзаа со пон'атиiето србин и Србиiа денешното крал'ство и негоите жители. Марко и негоите подаiници во очите на турците не можеа да бидат срби, зашчо не се противиiа и не покажаа таква воинственост против ниф, каква покажаа кнез Лазар и негоите поданици.

    И така до идеiн'ето на турците каi нас ниiе три пати бефме прекрстени: 1, славени, 2, бугари, 3, срби.
    Но со тоа не се сврши се. Доiдоа турците: се зафати борба мег'у рисiанството и мусул'манството, борба мег'у крст и полумесец. Но со тоа не се пресече борбата мег'у словенството и грцизмот. Турцкото господство на Балканцкиiо полуостров беше историiцки период, кога потчинените мисл'ат да сочуваат нивното историiцко наследiе. Се разбират, оти се сочува само, шчо можеше да се сочуат и шчо не сакаа да ни го земат, зашчо не им беше нужно, и не беше опасно за ниф. Турците ни зедоа земiата и си iа разделиiа мег'у ниф. Ниiе се примирифме со таiа загуба. Зафатиiа да ни земаат деца наши, да потурчуваат и да праат од ниф iаничари. И тука молчефме. Турците видоа зор до кога iа покорат Србиiа и името србин означуало за ниф разбоiник. Ниiе свифме глаа и не се велефме срби, да не го расрдиме агата. Он не сакал да се велиме и бугари; и бугари не се велефме. Турчинот ке ни доiдеше во кук'ата, ке се наiадеше, ке се напиiеше и ке ни речеше: бре г'аур! аi донеси ми тоа и тоа! — ке му одгоорифме, сега беим! Ако не питаше некоi турчин, шчо сме? — ке му одгоорифме да сме или „каури" т. е. неверници, или „раiа на царот". Со друзи зборои ниiе пред турците се кажуафме така, како да не се расрдит агата. Пред турците ниiе сме „каури" и „раiа", и „каури" зафатифме да се велиме и мег'у нас. Во народните песни не iеднаш се употребуат името „каурин" и „раiатин", и „земiа каурцка" или „земiа раiатцка" во етнографцко значеiн'е.

    Значит турците од нас напраиiа народ „каурцки" и „раiатцки", термини осноани на нашата принизеност пред турците, на религиозната разлика мег'у нас и ниф и на обшчественото наше положеiн'е

    Но о'сем турците, по изгубуаiн'ето на нашата слободиiа, наши „воспитачи" и господари станаа грците.

    Ниiе видофме во грците дуовни господари и верцки началници. Ниiе бефме и кон ниф, исто така принизени, као и кон турците. Грците со црквата не експлоатираа нас и сакаа да извршат под турцкото владичество тоа, шчо не можаа до него. За да не претопат нас, они избегуваа да не вел'ат со народното име. Они ни кажуваа, да сме биле ниiе рисiани, и ниiе тврдефме:
    абре брате, рисiани сме, ами шчо сме! Кога ке се расрдеа на нас, и ке не наречеа тврдоглаи бугари, ниiе пак ке речефме: е пак така си iет: вистина рисiани сме, ама не сме образуани, као грците! Нашите глаи не разбираат; ниiе сме бугари. Со iеден збор во турцко време ниiе потврдуафме и се согласуафме со се, шчо ке ни кажеа турците и грците. Но турците со тоа, шчо не нарекоа нас: раiати и г'аури, гледаа на нас као на л'уг'е, не од известна народност, а шчо сет во известен однос кон ниф, господарите и праоверните. Во истата смисл'а употребуафме и ниiе, односуаiки кон себе, тиiе имиiн'а. Значит турците во нивната држаа не признаваа народности. Исто така не знаiефме за ниф и ниiе. Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени, особено тоi дел од ниф, шчо им причини наi големи неприiатности и се наог'аше во турцко време под нивната опека, они го презираа и го велеа со презреното за ниф име „бугари". Но тоа име искажуаше презреiн'ето на грците, а не и достоинства на бугарите, затоа се сопроводуаше со зборот тврдоглав или „хондрокефалос".

    И така доiдофме до националното наше име, шчо го имаат носено нашите татковци, дедовци и наi блиски предедовци. Но видофме, оти онде имаме работа, не со iедно, ами со цели 4 имиiн'а, коiи означуваат да немало до пред неколку години точно определеко народно самосознаiн'е. Името бугарин, како се видит, до полоината на XIX век немало за нашите предедовци по големо значеiн'е од имиiн'ата: рисiанин, раiатин и каурин. До тогаi ниiе знаiефме да имат и да имало каурцки, раiатцки, и рисiанцки земiи и држаи. Но ниiе се броiефме за каури, рисiани и раiати и паметиме да сме имале наша каурцка и раiатцка царшчина, но сме iе изгубиле на Косоо поле, кога се е расрдил Господ на нашите предедовци. Тамо, т. е. на Косоо поле рекол Господ да си загубиме царшчината за наказаiн'е за тоа, шчо не сме чуале верата чиста. Тамо нашите каурцки царои извадиле голема воiска да се биiат со турчинот, но како рекол Господ да загубиме царшчината, от сите парчиiн'а, на коiи бивале раздробени турците, никнале нои турци. Кога го виделе тоа цароите, рекле, оти Господ сакат да загубат царшчината каурите, и да се потчинат на турчинот. Така турците ни го презеле царството. На Косоо паднале дваiца царои.

    После таквоа „iасно" предстауаiн'е у народот македонцки за негоата „бугарцка" наррдност, можит ли да бидит збор за бугарцко национално самосознааiн'е у македонците?

    Ако iет така, ке возразит бугарцката партиiа од македонци, то шчо означаат црковното прашаiн'е, во коiе бугари и македонци одеа рамо за рамо, и последните се велеа и работеа со името бугари?

    Ево шчо означаат: македонците беа крстени со национални имиiн'а, со коiи они се разликуваат од друзите саседни со ниф народности, т. е. од турците и грците, па и власите. Првите не трпеа името срби заради србцкиiот отпор при завоеваiн'ето на Балканцкиiот полуостров. Во Турциiа до руско турцките воiни збороите „србг'аур" требит да означауле тоа, шчо означаваат сега збороите „москов г'аур". Се разбират, оти рисiаните не само сами не се велеле срби, но им било неприiатао да се вел'ат и од друзи така. Така не велеа и грците, зашчо последните не видеа големи от србите. Па и немало зашчо: името србин погости во Македониiа, као политичен термин само малу време. Оно се и забораи скоро без чуздо приiатно потсетуаiн'е за него. От турцко гледишче и не прао iет да се вел'ат македонците сите поглавно „србг'аури", зашчо они се предадоа на турците. А,ако се испразднит од Македониiа името србин, то ке останит за македонците само името бугарин, коiе беше политичен и етнографцки термин ушче до турцкото завоеваiн'е. Тоi термин не беше лош от турцко гледишче, а од грцкото, беше много удобен, зашчо со него наi убао можеше да бидит искажано презрез'н'ето и ненависта на грците кон' нас. Ето зашчо ниiе мег'у другото се признафме за бугари т. е. тврдоглавци.

    Значит, нас со бугарите не врзуаше iедно обшчо и'ме, iеднаков однос кон нас от страна на грци и турци, iеднаква жежда за слободен от фанариоти и турци жиот. Таiа обшчност не побуди заiедно да се бориме с'о обшчите неприiатели. Но таiа обшчност не iет нешчо, коiе почиват на некакви обшчи воспоминаiн'а и обшчи историiцки задаки, коiи да се сознаваат и да се, имаат сознаiано од нас и од бугарите iеднакво. Нашата обшчност iет проста случаiност.

    До краiот на првата 1/4 на XIX столетиiе се ослободиiа от Турциiа сите балканцки земiи, осем Бугариiа, Тракиiа, Македониiа, Босна и Ерцегоина. Првите три географцки беа многу близо и iеднакво се третираа от турците и грците. Последните две беа одделени от првите три и беа во по инакви односи кон турците и грците. За тоа првите три, iедно 'се пробудиiа, зафатиiа да живеiат со обшчи идеали, а вторите две со друзи, пак обшчи.

    Но, ако при националното разбудуаiн'е на македонците, имахме друг вид на политичната карта на Балканцкиiот полуостров, то македонците ке работеа сосем инак. Ако беше Бугариiа со Тракиiа слободна, а Србиiа заiедно со Македониiа поживеiеше 50 години при едни исти условиiа, то македонците ке работеа заiедно со србите, а не со бугарите. Исто така македонците можеа да работат и заiедно со грците, да можеа грците да работат по умно и да беше само Грциiа и Македониiа под Турцко около 50 години, кога сите друзи балканцки земi'и би биле слободни.

    Бугарцкото име во Македониiа, значит, iет резултат на лошото третираiн'е на македонците от страна на грцкото дуовенство. Грците унишчиiа Охридската архиепископиiа за тоа, шчо се упоминуаше името „бугарцка", како историiцки reliquium, но употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон с словенцко. И имено тоа воплотеiн'е на грцкото презреiн'е кон нас и iет причината да се велиме „бугари", а не историiцките традициiи. Последните напротив нишчо не ни зборуваат за бугарите, а поеке за србцкото име во Македониiа. Значит не крстиле „бугари" грците без да не питаат нас, и ниiе, немаiки време да гледаме и да му наiдиме мана на името, си го усвоiифме.

    Ако iет така, а инак и не можит да бидит, то iасно iет, оти името бугарин не зборуат ушче за бугарцка народност во Македониiа. Тоа име сега се прддржуат во Македониiа искуствено, као шчо и се насадуат тамо во наi ноо време името србин. Името бугарин во Македониiа сега немат место, зашчо веке цели 25 години, као живеiеме ниiе македонците одделен живот од бугарите. Мег'у бугарите и нас имат многу малу обшчи интереси сега. Македониiа iет нужна за Бугариiа, затоа последната праiк'ат во првата катагодина милион франкови и содржат на служба многу македонци. Бугариiа пак iет нужна за македонците, зашчо во неiа македонците ке добиiат место и ке експлуатираат со нивните „бугарцки" чувства. Значит, во течеiн'е на последните 25 години односите мег'у Бугаоиiа и Македониiа почиваат, не на почва на iеднакви традициiи и задаки, а на чисто трговцка осноа, т. е. iедеiн'от го експлуатират другиiот.

    Значит, името бугарин во Македониiа, со коiе сега експлуатираат бугрите, никак не iет национално, и затоа никоi од македонците немат прао со него да експлуатират македонцките интереси во негоа полза. Никоi не ни имат дадено прао заради него да ни се набркуваат бугарите во нашите работи. Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се велеле по недоразбериiа бугари, то ушче не значит, оти и iас требит да сум као ниф во мрак за моiата народност; ако се велеле ови бугари, то не значит, оти ниiе ке требит да престаниме да веруаме во русите за атар на разни Стамбуловци и Свирчовци, на место, заiедно со нашата пролиiена крв, ниiе да си бараме праото от каi шчо требит, да допушчиме да ни се бркаат во работите л'уг'е, коiи шчо и сами не знаiат, шчо бараат; ако се велеле моiите дедовци бугари, ушче не значит, да iас имам прао да експлуатирам македонцките интереси со издааiн'е ноини, коiи на место да бранат интересите на нашиiот народ, и бранат бугарцките и интересите на бугарцкиiот кн'аз. Нашите дедовци, велеiки се бугари и не мислеле, оти ниiе ке праиме от тоа име капитал, за да се наiадиме, напиiеме и облечеме со него.

    Значит, у македонците името бугарин iет фал'шлива монета, со коiа они плаiк'аат на Бугариiа и неiниiот кн'аз и на нивната таткоина и нивниiот народ. Време iет да се раскриiет таiа фал'ш, за да се престанит да се експлуатират со неiа.

    * * *

    Од до тука реченото се видит: прво, оти, ако по нашите сегашни етнографцки пон'атиiа на Балканцкиiо полуостров, особено на централниiо и iугоисточен негов дел, т. е. во денешна Србиiа, Бугариiа, Тракиiа и Македониiа имало и имат само две словенцки етнографцки iединици: србцки и бугарцки народ, то тоа ушче не значит да немат, немало и не можит да бидит друга словенцка iединица, а напротив, оти неiното сашчествуаiн'е iет во пределите на возможното и на деiствител'носта; второ, да во Македониiа немат две iужно-словенцки народности: србцка и бугарцка, а напротив, да во неiа имат само iедна народност со своiи особини, коiи, или претстауваат нешчо оригинално, коiе се немат, ни каi србите, ни каi бугарите, као шчо iет, да речиме, со много особини на македонцките наречиiа, или нешчо коiе се имат, и каi бугарите, и каi србите, или коiе се имат само каi македонците по краишчата на нивната таткоина и каi србите, или пак по ниф и каi бугарите; и да от тиiе особини на македонците, као дел от словенцката група народи, наi многоброiни, наi распространени, обшчи за сите македонци, значит, и наi важни сет тиiе особини, со коiи македонците се одличаваат од друзите словенцки народи: по ниф македонците фактически состауваат оддел'на и самобитна словенцка народност, и ако за неа не се гоорит денеска во науката и во катаденниiот разговор; трек'о, причина на тоа игнорираiн'е и затемнуаiн'е на сашчествуаiн'ето на македонцката народност да се криiет во сашчествуаiн'ето во Македониiа името „бугари" во етнографцки значаi и во експлуатираiн'ето со него от страна на бугарите. Исто така, се запознафме со произлезот на името бугарин во вид на етнографцки термин во Македониiа.

    Со друзи зборои, ниiе се запознафме до сега со тоа, да состаула, состауат и да можит Македониiа да состауат от себе оддел'на етнографцка iединица.

    Сега ни остаат да видиме, али она состауала, состауат и можит да состауат таква iединица во политичен однос?

    Во одгоорот на тиiа прашаiн'а, ке требит да се продолжат расудуаiн'ата за народноста на македонците от тамо, каi шчо и остаифме.

    Ниiе видофме, оти во Македониiа, името бугарин iет последната метаморфоза во развиiаiн'ето на нашето национално самосознааiн'е и да iет резултат на тоа политично и обшчествено положеiн'е во коiе бефме постаени од завоiуаiн'ето на Балканцкиiо полуостров от
    т урците. На осноа на се тоа, шчо рекоф iас за историiата на националните имиiн'а коiи имаат сменуано iедно друго, као и за причините на тиiа сменуаiн'а, ке возникнат много злоупотреби. Можит, мнозина ке ме осудат, коа србофил. Можит, самите срби на него ке основаат своiите шовинистични претенциiи на Македониiа. Можит наi после, ке експлуатираат србите сето речено за изменуаiн'ето на националното ни име, за да докажат, да македонците никога немале национално самосознааiн'е и не играле никаква' самостоiна историiцка рол'а, а 'сет влизаме само, као суров материiал во државниiот организм на бугарцката или србцката држаа.

    Мег'у другото такви недоразбериiи можат да се очекуваат, как от тоа, шчо iас категорично осудиф бугарцката политика во македонцкото прашаiн'е, от коiе
    можат да помисл'ат да сум iас бугарофоб и србофил, исто така и од експлуататорцката тактика на балканцките словени во македонцкото питаiн'е.

    Србите можат да затрубат, да сет македонците срби, iедно не сет бугари, зашчо така се викале до турцкото доiдуаiн'е на Балкан. полуостров. Исто така, можит, некоiи срби во моiите расудуаiн'а за непостоiанството на народното име каi нас, ке наiдат потврдуаiн'е на мислите на проф. Милованович, коi шчо докажуал во „Дело" да требит Македониiа да се поделит мег'у балканцките држаици, зашчо не предстауала нито географцка, ни етнографцка, ни историiцка целина.

    За првото ево шчо можит да се речит: македонците, сите заiедно се викале срби не поеке од педесет години, а во некоiи, и то северните делои, нека сто и сто и педесет, но не и поеке години. Името србин тогаi iет им'ало поеке државна смисл'а и по малу етнографцка. До тогаi и во турцко време го немало каi нас. И ако iет така, то не iет ли шовинистична заслепеност да ни се наврзуат сега нам на сите македонци, па и само на северните наши сонародници, наместо бугарцкото име?

    За тврдеiн'ето на, проф. Милованович, да Македониiа не состауала и не состауат географцка, етнографцка и историiцка целина, за коiе, можит, некоiи ке наiдат потврдуаiн'е во моiите расудуаiн'а за изменеiн'ето на националното име каi нас, осем тоа, шчо iет речено, кога одеше зборот за прашаiн'ето, али имат во Македониiа две словенцки народности, ке речам ушче следното:

    И ако iет Македониiа состаена од неколку котлоини, разграничени со високи гори, пак она во днешниiот неiн вид имат живеiано оддел'но од Бугариiа и Србиiа, или самостоiен жиот, или под друзи држаи. Тоа iет iасна докажуачка, оти неiната стрек'а не iет зависела само от Србиiа и Бугариiа, и оти високите планини шчо заобикол'уваат македонцките котлоини, ушче не сет таква опасност за заiеднични политичен жиот у нивните жители. Така Македониiа во денешниiот неiн вид до образуаiн'ето на бугарцката држаа, беше iедна полусамостоiна византиiцка област. После она цела, потпадна под Бугариiа. Кога последната падна под Византиiа, Македониiа беше слободна држаа на време и со успеф се бореше против Византиiа и имаше под себе цела денешна Србиiа. После, Македониiа потпадна под Византиiа и во течеiн'е на неколку века во разни неiни делои се дигаа востааiн'а против покорител'ката. Кога се ослободи Бугариiа и се усили држаата на Неманичите, во коiа влезе прегешниiот дел од Македониiа, т. е. денешна Србиiа, она, т. е. Македониiа во денешната неiна големина, ушче остааше византиiцка земiа, каi шчо продолжаваа да се дигаат востааiн'а против Византиiа, за коiи се бараше соiуз и покроител'ство от саседните држаи. После, цела Македониiа влезе во држаата на Неманичите. Во неiа она као да iет била привилигироана и самостоiна во натрешната политика, При крал' Волкашин, Македониiа пак као да се оддел'уат од друзите делои на Неманичеата држаа и као да се состредоточуат около него. Во царуаiн'ето на Крали Марко, она сосем се оддел'уат од србцките земiи и се постаат во особен однос кон турцко-србцките односи и воiни. Во турцко време, она iет на истите осноаiн'а под турцкото владичество. После Берлинцкиiот догоор она iет сама од сите друзи iужнословенцки земiи под Турцко и веке живит таков оддел'ен жиот поеке од 25 години.

    Во тоi згорен поглед на историiцките собитиiа н'а Македониiа, се видит, оти горе-долу у сите македонцки котлоини iет iедна и иста историiцка судба, горедолу сите нивни жители имаат особен, одделен историiцки жиот, не ретко самостоiен или пак, закл'учуат во себе обшча борба за политична слободиiа. Ако се приiимит на вид, оти таiа обшча историiцка судба, тиiе обшчи политични борби и самостоiниiот политичен жиот iет удел на iедно исто словенцко населеiн'е и на iеден и исти народ, то ке бидит iасно, оти, тврдеiн'ето да Македониiа не состауала географцка, етнографцка и историiцка целина iет осноано не на деiствител'носта, а на србцките есапи за Македониiа.

    Тоi згорен поглед на историiата на Македониiа ми се чинит, не само да покажуат, да ниiе македонците имаме своiа историiа и да сме народ, судбите на коi шчо се разиiале во врска со судбите на друзите саседни нам народи, но и да имат во нашата историiа много самобитно и своiеобразно, као шчо iет да речиме самостоiната Охридцка архиепископиiа, со неiното работеiн'е на полето на народното просветуаiн'е. Исто така тоi историiцки поглед покажуат, да готоо во сите времиiн'а се забележуат силно работеiн'е на народниiо дух на културно-историiцка осноа, резултата на коiа се iауват образуаiн'е на силна македонцка држаа од цар Самуил и богата народна литература.

    А ако Македониiа до сега со мали исклу'чеiн'а се iет развиiала оддел'но од Бугариiа и Србиiа, то она можит да чинит и за однапред, ушче поеке, шчо пропагандите: бугарцка и србцка употребуваат сите и дозволени и не дозволени стретства да искоренат во нашиiот народен жиот се самобитно, се чисто македонцко. Самосталното политично развиiаiн'е на Македониiа iет необходност, као нешчо, без коiе ниiе не ке располагаме со доста стретства да се бориме со пропагандите за сочувуаiн'е од ниф нашата национална самобитност.

    Leave a comment:


  • Soldier of Macedon
    replied
    Нaционалниiот сепаратизм: земiишчето на коiе се имат развиiено и ке се развиiат за однапред

    На првото заседааiн'е на Бугарцкото Студентцко Другарство во Петроград от таiа година iас рекоф неколку зборои за резултатите на сегашното востааiн'е во Македониiа. Тиiе резултати iас и резiумираф во два пунктои: 1. Македониiа после востааiн'ето iет загубена за бугарцката народност, и 2. македонците ке си сознаiат грешките, шчо беа причина на нестреките од востааiн'ето, ке се откажат од досегашното направуаiн'е на националното нивно самосознаiн'е и ке отворат систематична борба на сите национални и верцки пропаганди во Македониiа, во тоа натре, и на бугарцката, за да можат, со оддел'уаiн'ето на своiите интереси од интересите на пропагандите, да достигнат национално обiединуаiн'е помег'у себе.

    Јас рекоф тогаi, оти таква iет деiствител'носта, коiа не ке се аресит на мнозина, но jас не можам да зборуам, шчо ке се аресит на некого, а тоа, шчо iет свршена работа, со коiа рано или поздно, ке требит да се броiат iужните словени, па за тоа iет нужно да се знаiит ноото течеiн'е стред македонците, за да се определ'ат iасно односите на iужние словени кон него, и да се избегнит безполезната и вредител'на борба измег'у ниф.

    Мнозина ке речат, оти моiите утврдуаjн'а за некакво ноо течеiн'е во развиiаiн'ето на националн'ото самосознааiн'е стред македонците iет само мистификациiа на неколцина македонци, но да таiа мистификациiа немат под себе земiишче, и за тоа, како што се имат скоро поiавено на белиiот свет, исто така скоро ке исчезнит од него.

    За да се увериме во тоа, дали моiиве закл'учуаiн'а за резултатите на востааiн'ево сет праил'ни, или пак возразуаiн'ата на моiите противници, ке требит да се разгледаат тиiа собитиiа од наi ноата историiа на Македониiа, во коiи наi силно се проiави националното самосознааiн'е, а имено, ке требит да се разгледат: возродуаiн'ето на македонците; собитиiата, шчо послужиiа како причина да се пробудит народниiот дух на македонците; какви размери и каков праец зе тоа пробудуаiн'е? во какви односи станаа македонците со нивното национално пробудуаiн'е кон балканцките народности, и дали положеiн'ето, коiе земат сега натрешната револуциона организациiа во прашаiн'ето за народноста на македонците словени iет такво, от коiе не можит да се идит по тамо, или пак требит од него да се напраит ушче iеден рачкор, и македонците да се iават приврженици на националниiот сепаратизм со приiимаiн'ето за обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречiе? И наi после, ако организациiата и македонцката емиграциiа во Бугариiа, особено тоi дел од неiа, шчо имат, или државна служба со убаи плаiки, или се занимаат со журналистика, и со тоа имат убаи дооди и големо влиiаiн'е на бугарцките работи, така да се iауват со кандидатура на министерцки постои во Бугариiа, или си имат друзи згодни предприiатиiа, — дали, вел'ам, и без помок'та на таiа наша колониiа, iет возможно некако особено проiавуаiн'е на нашето возродуаiн'е, а имено во таков смисол, како шчо го упоменаф т. е. во полно оддел'уаiн'е на нашите интереси от тиiе на балканцките народи и во развиiаiн'е мег'у македонцката интелегенциiа и народ македонцко народно самосознааiн'е?

    Згорен поглед на собитиiата, шчо изврвеа пред востааiн'ето ни докажуат, оти наi силниiот толчек кон национално собудуаiн'е на македонците ни послужи зафатокот на србцката пропаганда во Македониiа. До тоа време нашето национално самосознаiн'е беше само разбудено на полоина. Специiално со прашаiн'ето за нашата народност никоi не се занимааше. Се велефме вистина „бугари" и „рисiани" во национална смисл'а, но зашчо тоа iет, и али iет на вистина така, ниiе не се запитуафме многу многу.

    Врските наши со бугарите станаа многу тесни со обшчето положеiн'е во Турцко: ниiе бефме браiк'а по судбата си, и бефме во iеднакви односи кон праител'ството и фанариотцкото дуовенство. Обшчноста во судбите наши ни закрепи обшчето име бугари ушче до ослободуаiн'ето на Бугариiа, коiе си остана по традициiа во Македониiа и по ослободуаiн'ето на првата. На таiа осноа бугарите кладоа своiите претенциiи на Македониiа, и македонците очекуваа ослободуаiн'е од Бугариiа.

    Но конкуренциiата со Бугариiа од страна на Србиiа во македонското прашаiн'е од политична и национална страна извика на политичната сцена и самите македонци. Македонците зафатиiа усилено да се интересуваат со прашаiн'ето за нивната народност и нивната судбина.

    Одот на тоа национално пробудуаiн'е, као и резултатите, кон коiи приведе оно, се предстауваат приближно во тоi вид:

    Србите и бугарите зафатиiа да оспоруваат iеден у друг праата на Македониiа: и iедните и друзите вел'ат, оти цела Македониiа била нивна. Једните си викаат како свидетели за спраедлиоста на нивните претенциiи iедни, друзите друзи авторитети.

    Постред тоi безкраiен спор мег'у двата братцки саседни народи, македонцкото словенцко населеiн'е зарди коiо они се караат малце по малце здреет во национално самосознааiн'е, и сакат да се ослободит од опекунството на саседните народи, за да можит само да биди вршител' на судбите си.

    Македонците бараат национално обiединуаiн'е помег'у ним, но при тоа сакаат тоа обiединуаiн'е да станит, не на ноа почва, не да се зафатит од ноо, зашчо такоа обiединуаiн'е ке требит многу време, а обiединуаiн'ето беше важно, како стредство за достигуаiн'е политична слободиiа. За тоа обiединуаiн'ето беше зафатено на почва, на тоа, шчо се велеа македонците бугари.

    Мисл'ата за национално обiединеiн'е на македонците, и ако под маската бугарцка, се зафати во 1890 г. Во краiо на 1889 год. се префрлиiа во Бугариiа 30—40 души ученици и студенти македонци од Белград во Софиiа. Тиiе ученици сет душата на сите собитиiа во Македониiа од тогаi до сега. Они беа запознаiани со Србиiа и Бугариiа, со нивните култури и цели во Македоиiа. Они и сознаа опасноста за дележ на Македониiа мег'у тиiе две држаи, ако да бидит македонците сами да не се вооражат, за да си извоiуваат сами, со свои собствени сили и средства слободиiа, и со тоа да преупредат дележот на Македониiа.

    По нивна инициатива првен се образуа во зафатоко на деветдесетите години. Једно национално сепаратистично движеiн'е со цел'а да се оддел'ат интересите на македонците од бугарцките со возведуаiн'е на iедно од македонцките наречиiа на степен на литературен iазик на сите македонци. Орган на тоа сепаратитстко движеiн'е на македонците во Бугариiа беше журналот „Лоза". Но тоа дуовно движеiн'е на македонците не се ареса на бугарцкото стамболовцко праител'ство, коiе забрани да се издаат „Лоза" и зафати да гонит македонците сепаратисти. От тоа време ушче побегна Дамiан Груев, коi шчо беше во броiот на македонците ученици, шчо поминаа од Белград во Софиiа и во броiот на сепаратистите.

    Немаiки во Бугариiа почва за национален сепаратизм македонците, шчо пребегаа од Белград во Софиiа, се зафатиiа со образуаiн'е на револ'уциони организациiи во Бугариiа и Македониiа. Видните македонци револ'уционери сепаратисти, како Дел'чев, беа само ученици на првото поколеiн'е македонци, ученици србцки и бугарцки. Исто така и Сарафов и друзите по доцкнашни револ'уционери се iавиiа, само нивни продолжатели последуатели, но не инициатори на револ'уционата организациiа.

    От самиiот зафаток на револ'уционата организациiа македонците во Бугариiа или со бугарцко образуаiн'е, работеа под маската бугари, iедно за тоа, шчо така се викаше голем дел од населеiн'ето, а друго, шчо по тоi пат можеше да се добиiет прддржката на бугарцкото праителство, на бугарцкиiо народ и бугарцката екзархиiа.

    Играта, одиграна од ниф, имаше положни и одрични резултати. Мег'у првите требит да се однесат: 1, македонците, со обiединеiн'ето си за преследуаiн'е интересите на своiата таткоина, станаа важен фактор, коiи шчо на вид влезе во союз со бугарцкиiот народ и сите негои официiални предстаители за достижеiн'е на вид обшчебугарцки интереси во Македониiа, а во сашност, со тоа напраи бугарцкиiот народ и негоите официiални предстаители и учреждениiа орадиiа за свои собствени чисто македонцки цели и интереси; 2, македонците од соiузници со бугарите во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е станаа господари на тоi соiуз, во коi'и шчо бугарите зафатиiа услужливо, а по некоi пат и со гореч во душата нивна, да исполнуваат бараiн'ата на македонците.

    Контака и македонците зафатиiа да заiауваат, оти они сакаат „Македониiа за македонците" оти тиiе сакаат автономиiа за Македониiа, а не соiединуаiн'е со Бугариiа. Бугарите, „скрепя серце", можеа да чуiат таква новост, коiа не можеше да бидит ним приiатна. Но македонците и успокоiуваа бугарите: чекаiте вие, нека ни даат нам автономиiа, па ке видите, оти после неколку години таiа Македониiа ке бидит бугарцка, зашчо поекето од македонцката интелегенциiа доби обруазуаiн'ето си во Бугариiа. Надворешниiо свет пак го уверуваа, оти историiата со Источна Румелиiа не можит да се повторит и со Македониiа, зашчо во Македониiа имат многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите саседни балканцки држаици и големите држаици, ке можат да побркаат на соiединуаiн'ето на Македониiа со Бугариiа. Наi после заiауваа: каков интерес имаат македонците да се присоiединуат до Бугариiа, кога от тоа присоiединуаiн'е ке имат полза поеке Бугариiа, отколку Македониiа?

    Македонците не се установиiа на таiа двоiна игра со различни заiауваiн'а на бугарите и на Европа. Тиiе пренесоа центрот на револ'уционата оргнизациiа заiедно со сите национално-политични прашаiн'а во Македониiа, за да бидат слободни во своите постапоци од бугарцкото праител'ство.

    Во комитетите во Бугариiа зафатиiа да пропапандираат полно оддел'уаiн'е интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа.

    Се зафати енергичната работа на Сарафов, заiедно со комитетите, председател'ствувани од него. Сарафов, како председник на Врховниiот комитет во Софиiа, работеше, сосем не сообразуваiки се со бугарцкото праител'ство. На Сарафов не му сочувствуаше бугарцкото праител'тсво и кн'азот, со друзи зборои: комитетот, на коi шчо, председател'ствуаше Сарафов се придржуаше во македонцкото прашаiн'е iедна таква програма, тогаi за тогаi само политична, изработена ушче от понапред, на коiа тиiе, шчо сет призвани да бранат бугарцките интереси, не сочувствуваа, а тиiе шчо состауваа толпата, со друзи зборови, бугарцкиiот народ, сочувствуваа. Од тука iет iасно, оти бугарите iе голтнаа пил'ул'ата и касно iет да си испраат грешката.

    Праител'сгвото напраи усилиiа да поврнит изгубеното, но уви! - било касно. Врховниiот комитет во Софиiа се кладе под председничеството на ген. Цончев, бугарин, л'убимец на кн'азот. Но македонците во Бугариiа убедиiа бугарцкото населеiн'е во праотиiата на нивната програма за полно оддел'уаiн'е на интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа, покажаа политиката на праител'ството, на кн'азот и на „генералцкиiот комитет" или комитеот на Цончев-Михаiловцки, како егоична и добиiа во Бугариiа по голема власт над „генералцкиiот комитет" и над праител'ствената политика во македонцкото прашаiн'е. Таiа сила главно се поддржуаше со полната солидарност на „Станишевцкиiот врховен комитет" со „Натрешната организациiа".

    И така комитетите, а заедно со ниф, и уопшче македонците се ослободуваат од влиiаiн'ето на бугарцкото праител'ство, создаваат своiа независна програма за работа, таiа програма пропагандираат во Бугариiа и со неiа добиiаат влиiаiн'е на бугарцкиiот народ, а преко него и на праител'ството.

    Откако се укорени така македонцкото „дело" во Бугариiа, македонците зафатиiа да одат и во Србиiа и тамо да излагаат своiата програма на праител'ството и на србцкиiот народ. Сарафов, Радев, Јанков, увераваа, оти они се борат со девиз „Македониiа за македонците“, за сите македонци без разлика, и оти никоi пат Македониiа не ке се соiединит со Бугариiа. Не iет ли iасно и от тиiе постапоци на македонцките водачи, оти македонците зедоа сами да решаваат судбите на Македониiа, и оти они во своiата деiност сет готои да се столкуваат и да согласат интересите на своiата таткоина, не само со Бугариiа, но и со друзите блкански држаици, откако се дадат од страна на Македониiа некоiи задолжеiн'а на тиiе држаици за окажаната неi помок'?

    Од дотука реченото iет iасно, оти борбата мег'у Бугариiа и Србиiа за влиiаiн'е во Македониiа во резултат даде развиiаiн'е на сознаiн'ето, да судбите на Македониiа требит да сет во раците на македонците. Македонците се организуваат со сознааiн'е своiите праа на своiата таткоина и своiот долг пред неiа. Со организуаiн'ето си, македонците станаа главниiот фактор во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, как во своiите очи, така и во очите на Европа. Од востааiн'ето со нас се церемонат; до него на нас гледаа како на iедна неопределена маса.

    Тиiе сет сите резултати од досегашното ни самосознааiн'е. Организациiата со постепеното оддел'аiн'е на македонцките интереси од бугарцките, со земаiн'ето на македонцкото прашаiн'е во своiи раци и наi после и наi многу со сегашново востааiн'е во резултат достигна тоа, шчо не предполагаше: на место слободиiа да бараат, сега во Македониiа мнозина сет убедени, да ни требит полно пресечуаiн'е на врските со сите балканцки народности и култивираiн'е на се, шчо iет во Македониiа оригинално и своiе: iазико, обичаiите. историiата, писменоста, народната словесност и пр.

    Тоа нешчо не се предвидуаше, зашчо се мислеше, оти името „бугарин" ке ни донесит с, шчо очекуафме од народното движеiн'е. Но во расчетите се излагафме. Заiедно со арнотиiите за интересите на Македониiа, изброiени по горе, името бугарин донесе и одречни резултати за револ'уционото „дело": Името бугарин и неiеднаквите увереiн'а пред Бугариiа и пред Европа за судбата на Македониiа по неiното ослободуаiн'е состаиiа полно недоверие кон нашето „дело" от страна на европеiците, мислеiки го за итрост, не македонцка, ами бугарцка, и за маневр на бугарцкото праител'ство да се решит македонцкото прашаiн'е по скоро. Сиромашкото бугарцко праител'ство се наiде во небрано лоiзе во македонцкото прашаiн'е: македонците го изиграа и го употребуваа како средство во своите цели, а европеiците го обвинуваа во итрости, от коiи шчо тоа сиромашкото беше далеку. И така името бугарин присвоiено от комитетите и организациiата за македонцките словени, и соединуаiн'ето на нашите интереси со интересите на Бугариiа во агитациiата на комитетите у бугарите, беа причина, сета македонцка работа да се припишит од Европа на Бугариiа и бугарите, и като бугарцко надворешно iавуаiн'е да се не поддржуат.

    Малу тоа: името бугарин, коiе застауаше да се односуат европеiците со недоверiе кон работата на организациiата, видеiки во неiа сакаiн'е на Бугариiа, со револ'уциiа да нарушит равновесiето на Балканцкиiот полуостров, и непостоiанството на бугарцката надворешна политика, напраена, сега против Русиiа, сега со неiа, послужиiа за причина да се согласат Русиiа и Австро-Унгариiа, заiедно со взаимно согласiе да решаваат балканцките прашаiн'а. Тоа согласуаiн'е од 1897 год. беше напраено против Бугариiа, како мнима подстрекател'ка на македонците, но негоите резултати беа вредител'ни, не за Бугариiа сама, зашчо во бугарцките натрешни работи никоi немат прао да се набркуат, а за нас македонците. Тоа iет отрицател'ната страна на првиiот период на националното ни самосознаiн'е; тоа iет причината на неуспеот на востааiн'ето ни. Неуспеот значит главно се должит на името бугарин, усвоено и пропагандирано од револ'уционерите.

    Востааiн'ето напраи епоха во жиотот и националното самосознаiн'е на македонците словени. Оно ке натерат нашиiот народ и негоата интелегенциiа да погледат назад на своiите упушчеiн'а од коiи произлезе неуспео на востааiн'ето. Оно ке натерат македонцката интелегенциiа со различно образуаiн'е да се сплотит во iедно, за да обiединит народот ни, но веке, не на таiа осноа, шчо си покажа сета своiа несостоiател'ност, а на друга, на чисто македонцка. Востааiн'ето ни покажа оти ниiе македонците не можиме да очекуаме помок од никоi од балканцките држаици, оти решеiн'ето на нашето прашаiн'е iет сето во раците на Големите Сили, и за тоа нам и не ни требит да соiединуаме и збркуаме нашите интереси со чиiи и да бидит словенцки на Балканцкиiот полуостров. Нам ни требит натрешно обiединуаiн'е мег'у себе: не ни требат во Македониiа ни срби, ни бугари, ни грци, оти не сме ни iедното, ни другото, ни трек'ото; не ни требат патриархисти, екзархисти, оти ниiе сме само праославни рисiани. Делеiн'ето iет искуствено создадено од балканцките држаици, намерени да дел'ат Македониiа со стечен'е на обстоiател'ствата. Но македонците, на сегашната степен на нивното национално развитiе, не сет материiал во раците на малечките балканцки држаици, ами сет силен етнографцко-политичен фактор, от коi шчо поеке зависaт судбите на Македониiа, отколку од малечките балканцки држаици. Тиiе македонци, шчо покажаа таква способност во своiето националнополитично организуаjн'е, шчо покажаа таквоа примерно жртвуаiн'е со своiите интереси во полза на интересите на своiата татаоина, не со по малечок успев, ке можат да организират секакви препiаствиiа на националните и религиозни пропаганди, шчо цепат денеска народот наш на делои враждебни iеден кон друг.

    Организациiата и македонците до сега на далеко растоiаiн'е отдалечиiа интересите на Македониiа' од бугарцките. Од тоа положеiн'е до полното отцепуаiн'е од Бугариiа и до обiавуаiн'ето Македониiа за оддел'на од Бугариiа и Србиiа етнографцка област имат iедеи рачкор. Тоi рачкор iет необходимо следствиiе на неуспео на сегашното востааiн'е. Тоi iет на полоина напраен. Полното отцепеiн'е на Македониiа од балканцките држаици во етнографцки однос ке испливит на iава со успокоеiн'ето на Македониiа.

    Набркуаiн'ето на бугарите и србите во Македониiа беше предизвикано од некоiи обстоiател'ства: македонците идеа рака за рака со бугарите во црковното прашаiн'е от тамо раширеiн'ето власта на екзархиiата во Македониiа. Србиiа се набрка во Македониiа откако изгуби надеж да си присоiединит Босна и Ерцегоина.

    Но сега и за нас македонците настапиiа нои обстоiател'ства, коiи ке не потресат, и ке ни кажат нои патишча, по коiи шчо ке требит да одиме однапред. Претенциiите на Србиiа и Бугариiа од iедна страна, ни покажаа, оти само конкуренциiата на тиiе две држаи не застауат да робуаме ушче на неопределен срок; од друга — тиiе претенциiи ни подтврдиiа и без тоа известната истина, оти во цела Македониiа имат само iедна а не неколку словенцки народности. Значит делеiн'ето iет искуствено и од борбата со него наi напред ке требит да се зафатит нашата ноа работа во по натамошното развитиiе на националното ни самосознаiн'е.

    И така имин'ата: србин, бугарин и грк си изслужиiа своiата служба во Македониiа и за ниф там немат поеке место. Време iет да заменит iедно обшчо за сите македонцки словени име — името „македонец". Таiа смена iет само логично следствиiе на досегашната работа на македонцките комитети, организациiи и интелегенциiа и се барат од обстоiател'ствата. Тада смена частично веке iет настапила и не iет далеко тоiа време, кога таiа ке торжествуат.

    При с горереченото за ноото течеiн'е во развиiаiн'ето на националното самосозвааiн'е у нас, ми се чинит, оти пак мнозина од вас, ке видат во моiите мнеiн'а и зборои само iедна мистификациiа. Можит, мнозина ке се запитаат: 1, ако до сега комитетите имаат играно двоiна рол'а: нa бугарите им имаат вел'ано, оти македонците сет бугари 'и iеден ден Македониiа, какo и да бидит, ке се соiединит со Бугариiа, а на европеiците им вел'ат, оти они бараат автономна Македониia само за македонците, оти се н'емат никаква мисл'а за соединуаiн'е со Бугариiа, то откаде iас знам, оти комитетите iа лажат Бугариiа, а не Европа? Можит да бидит сосим противното на тоа, шчо рекоф iас по горе за комитетите т. е. тиiе сет готои да дадат на Европа секакви гарантиiи, Македониiа да не се соiединит со Бугариiа, но они никоi пат не ке склонат да се упразднит во Македониiа бугарцкиiот iазик и бугарцкото име во полза на централното македонцко наречiе и името „македонец", со друзи зборои, то, шчо кажуаф iас, да имало само iеден чекор од тоа положеiн'е шчо се држаат македонците и македонцките комитети во македонцкото прашаiн'е кон Бугариiа, до полното отцепуаiн'е на Македониiа и македонците од бугарцките национални интереси, не iет прао, зашчо, не iеден чекор, ами цела пропаст оддел'уат iедното од другото, и комитетите ке покажат наi силно сопротивуаiн'е на ноото течеiн'е; 2, ако се допушчит, оти комитетите никоi пат немат да се согласат на упразднуан'ето на бугарцкото име и iазик од Македони а заiедно со него ке бидит против ноото течеiн'е и сета македонцка интелегенциiа со бугарцко образуаiн'е, то откаде ке поцрпуат ноото течеiн'е, сила за себе? Коiи ке бидаг теоретиците на ноото течеiн'е, каде тиiе теоретици ке развиваат своiата деiност, каде и каква ке бидит нивната аудиториiа, откаде ке се зимаат средствата за пропагандираiн'ето на идеiата, како ке проникнит таiа во народот и како ке се поддржуат во него ? Откаде ке се наiдат стредства за нои учебници, коi ке и приготвуат, на чиiи стредства ке се содржуат сколиiите со македонцки iазик? — Очигледно, iедно комитетите и македонцката интелегенциiа во Бугариiа зафатат да се противат на ноото течеiн'е, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, iасно iет, оти од него немат да останит нишчо: фантазиiите на неколцина македонци ке бидат осмеiани и поеке нишчо.

    Така ли iет во сашчност? Да разгледаме до колку можат да бидат осноани таквиiа предполагаiн'а и сообразуаiн'а?

    Прво ке прегледаме прашаiн'ето: во каков однос комитетите и македонцката интелегенциiа ке станат кон iедно ноо национално течеiн'е стреди македонците, коiе барат не само политично, ами и национално и религиозно ослободуаiн'е на Македониiа т. е. кон iедно течеiн'е, шчо прокламират „Македониiа за македонците" против сите претенденти на Македониiа, во истиiо броi и против Бугариiа и бугарите. Да си предстаиме, оти тоа ноо течеiн'е iет незначител'но. И во тоi случаi требит да се решит прашаiн'ето за односот кон него. Ако ноото течеiн'е од гледишче на комитетите iет нешчо опасно и нежел'но, то тоа требит да се искорнит ушче во самиiот зафаток; ако тоа само по себе немат почва, то требитда се предостаит само од себе да исчезнит; а ако iет полезно за Македониiа, то ке требит да се поддржит од ниф.

    Прашаiн'ето, дали ноото течеiн'е имат биднина или не, ке се разгледит по долу, откаде ке се видит оти оно, ако се предостаат на само себе и се игнорират, ке се развиват само, а не ке опаг'ат. За тоа, имаiки пред вид, оти ноото течеiн'е само от себе ке растит, требит да се разгледат прашаiн'ето, али комитетите ке се борат со него, или пак ке го поддржуваат?

    Прво се питат: дали комитетите, разсудуаiки логично, можат да обiаат воiна на ноото течеiн'е? Можит да се допушчит, оти таква воiна можит да се очекуат, зашчо во комитетите имат членои, не само македонци, ами и бугари, и последните некоi пат не ке се согласат со ноото течеiн'е, оти со него ке се закопаат бугарцките интереси во Македониiа; исто така имат и мег'у македонците, членои на комитетите, лица, коiи ке расудуат така: сега на старост ниiе не можиме да учиме нов iазик: бугарцки знаiиме и бугарцки ке зборуаме, — ниiе сме бугари.

    Малу тоа. Мнозина, па и наi големиiог дел од македонцката емиграциiа во Бугариiа ке се противит на ноото течеiн'е по чисто егоистични сообразуаiн'а. Поеке од 5.000 души македонци имат на државна служба само во Софиiа. Не по малу имат кандидати на служба. Измег'у таiа македонцка интелегентна емиграциiа имат мнозина, или шчо имале, или имаат високи должности, пак и коiи сет претеденти и кандидати на, ниф, во тоi броi и на министерцки портфеiл'. Се знаiит, оти сите тиiе господиновци имаат наi горе от се своiите лични интереси. За ниф интересите на Македониiа сет iедно стредство да добиiат служба и да се одржат на неiа. И интересите на Бугариiа, не Господ знаiит, шчо означаваат. Но за да се исполнат нивните егоистични планои за убаа служба, они сет готои да се покажат поеке бугари от самите бугари, да играат от себе рол'а на бугарцки шовинисти, со неiа да експлоаатараат и бугарцкиот кн'аз и интересите на Македониiа, и на бугарцкиiот народ, и европеiцкото обшчествено мнеiн'е, со iедеи збор, да лажат, и на десно, и на лево, под вид да исполнуваат некаков патриотцки долг, а во сашчност да добиiат служба, власт и попул'арност. Једно македонцкатга интелегентна емиграциiа се состоiит главно от таквиiа лица, шчо си имаат соiединено своiите интереси со Бугариiа и се облизуваат около бугарцкиiот кн'аз, коi шчо по кефот си клаат и сфал'ат миниетрите, и коi шчо можит да клаит за министри, не само луг'е коiи шчо имаат малу попул'арност стред бугарцкиiот народ, но и таквиiа, шчо немаат сосим партиiа и сет „независими" т.е. „и тука го клаваат и гамо го клаваат", — iедно имаме луге, шчо мисл'ат, оти главното достоинство на чоека iет, не честно да служит на своiот народ, ами да итруат т. е. да лажит, и десно, и лево, — то природно iет, оти ноото течеiн'е во развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е на македонците не ке стретит поддржка во нашата емиграциiа во Бугариiа.

    Немат шчо да се зборит за учените македонци во Бугариiа: тиiе iедногласно ке речат, оти ноото течеiн'е iет просто апсурд, оти никоi пат немало македонцка народноот и сега iа немат; оти македонците сет бугари и пр. Секоi пат и на секаде iет бивало така и така ке бидит сега и каi нас. Учените, аристократиiата, интелегенциiата и вообшче обшчествените класои, каi шчо се имаат лични интереси, стари традициiи и предубедеiн'а се борат со ноите течеiн'а, каi шчо се наог'ат истината и праината. Тиiа течеiн'а се укоренуваат прво во долните класои и уопшче во л'уг'ето без предубедеiн'а, готои да се борат со тиiа предубедеiн'а во зашчита на ноите идеи, од осашчествуаiн'ето на коiи ке зависит, не само нивната, но и стрек'ата на нивниiот народ. За илустрациiа на одот и на, резултатите на борбата мег'у стари и нои течеiн'а, доста iет да си припаметиме борбата на рисiанството со iазичеството, реформираiн'ето на Русиiа от Петр Велики, возродуаiн'ето на чехите, литовците, праопионата реформа на Вук Караджич и пр.

    Туку да остаиме излезот на борбата мег'у старото и ноо македонцко национално течеiн'е, да се задржиме на прашаiн'ето за односот на комитетите кон ноото течеiн'е. Јас по горе рекоф, оти по големиiот дел от членоите на комитетите ке бидат за борба со ноото течеiн'е. Но како ви се чинит, али таiа борба ке бидит победоносна за ниф? — Не. — Она само ним ке им ископат гробот. Она ке компрометират и бугарцката политика во Македониiа. И ето зашчо.

    До сега комитетите кажуваа на надворешниiот свет, оти они работат само за „Македониiа за македонците" и сет готои да дадат секакви гаранциiи да не станит присоiединуаiн'е на Македониiа со Бугариiа. Бугариiа искажуат истата политика во македонцкото прашаiн'е. Комитетите вел'ат, оти се готвеше и стана обшчо македонцко востааiн'е от сите македонцки народности заiедно, а не само од „бугарите". А кога им кажуате: iедно востааiн'ето iет обшчо от сите македонцки народности, то зашчо комитетот заседаат само во Бугариiа, [a] не и во Србиiа, Влашко и на друго место, тиiе одговараат така: от тоа, шчо комитетите заседаваат во Бугариiа, грешно iет да се праит закл'учок, македонцките комитети да сет бугарцки; за македонцките комитети Бугариiа не iет нишчо поеке од iедна држаа, шчо окажуат гостеприемство на македонците и им даат слободиiа да работат слободно до колку таiа работа не наносит вреда на држаата; т. е Бугариiа во македонцкото востааiн'е играт само рол'ата на Каравлашко во бугарцкото востааiн'е. Бугариiа кажуаше истото. Европеiците, се разбират, не веруваа на тоа. Ами сега, колку лажовни ке излезат тиiа увереiн'а и на македонцките комитети и на Бугариiа, ако и iедните и друзите, от пасивен однос кон iедно ноо течеiн'е, шчо барат „Македониiа за македонците" а не за бугарите, или од иронизируаiн'е со него, стапит во борба со него? Таiа борба ке свалит маската и од iедните и од другата и ке востаноит симпатиiите на европеiцкото обшчество и европеiцките праител'ства во полза на ноото течеiн'е и против лажливците. А без Европа и Русиiа, ни комитетите, ни Бугариiа, не можит ни на iота да изменат судбините на Македониiа.

    А iедно iет така, комитетите од ироничен и пасивен однос кон ноото течеiн'е ке требит непостредствено да преминат до негоото поддржуаiн'е. Ето го одгоорот на прашаiн'ето, каков можит да бидит односот на комитетите кон ноото течеiн'е?

    Сега да поминиме до другото прашаiн'е: от каде ноото течеiн'е ке зимат сила, ако македонцката интелегенциiа и комитетите во Бугариiа зафатат борба со него? Со шчо располагат оно?

    За одгоор на тоа прашаiн'е требит во неколку рески да се одбележит рол'ата на Србиiа во македонцкото национално возродуаiн'е. Да пренебрегуат чоек со положеiн'ето, шчо го имат земено Србиiа во македонцкото прашаiн'е и со неiната рол'а во македонцкото национално возродуаiн'е iет лесномислено. Даже можит да се речит, Србиiа да изигра во наi ноата историiа на Македониiа по голема рол'а од Бугариiа. Кога Бугариiа со шум сакаше да решит македонцкото прашаiн'е, водена за носот од македонцката емиграциiа, Србиiа тио, со голем успеф работеше во Македониiа наполно согласно со србцката погоорка: „тиха вода брег рони''. Беше време, кога ролите на тиiе две држаи беа обратни т. е. Србиiа шумеше а Бугариiа работеше.

    Да бидиме по iасни.

    До србцко-бугарската воiна во 1885 г. бугарите тио работеа во Македониiа. Сливница им покажа на србите, оти ако iедна Бугариiа со Источна Румелиiа можат да покажат на Србиiа iедна Сливничка поразиiа, то соiединената Бугариiа, заiедно со присоiединената до неiа Македониiа во бидно време, можит и сосем да победит и поробит Србиiа. Сливница натера Србиiа да зафатит iедна ноа борба со Бугариiа за Македониiа. Наi напред таiа борба беше на книга: србите докажуваа со громки и плитки фрази, оти они имаат по големо прао на Македониiа од бугарите. От тоа поминаа пак на громка, но безрезултатна пропаганда во Македониiа: наобек'аа на македонци, млади ученици, од бугарцки и грцки сколиiи златни гори за во Србиiа. Патриотичното пропагандно другарство „Св. Сава" од 1888 година отвори пансион за своiите ученици стипендиiати. Во 1889 година броiот на стипендиiатите на тоа другарство се уголеми, за да се умалит по неколку месеци: во ноември месец на таiа година около 40 души ученици македонци, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно поминаа од Белград во Софиiа, за тамо да се учат (се разбират со бугарцки пари). Тоi неуспеф не обескуражи одважните срби: другарството „Св. Сава" отвори патриотична подписка во Србиiа за построiуаiн'е ноо здаiн'е на другарство за пансиiон и за своiа пропагандцка околиiа. Во 1890 год. се издигна големо трикатно здаiн'е, во коiе од iануари 1891 год. се отвори пропагандцката „Богословцко-учител'цка сколиiа", за да се затворит по полоина година. Но за тоа Светосавцкото другарство за таiа полоина година напраи доста шум: во неiа осим науките имаше и воена гимнастика и маршеи на учениците со музика по Белград и негоите околиiи и патуаiн'е на летото по Србиiа, каде се произносуваа громки тостои. Со тоа се сврши шумот во Србиiа, и србите зафатиiа да работат тио и упорно: пропагандата помина от патриотцкото другарство во раците на министерството на надворешните работи. Министерството првно и праiк'аше своiите стипендиiати во србцките провинциални градишча, за да се учат, а после собираше во Белград во специални или великата сколиiа.

    Работеiн'ето на србите не остана без резултати при решааiн'ето на македонцкото прашаiн'е. Србите со своiите сколиiи во Македониiа успеа да создадат во европеiцкото и руско обшчествено мнеiн'е ил'узиiа, да имат срби во Македониiа. Једно подобна ил'узиiа поминуат пред праител'ствата на Великите Сили за факт, то iасно iет, оти при решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е требит да се имаат пред очи и бараiн'ата на србцкото праител'ство. Следствено, Србиiа при таiа борба достигна поеке од Бугариiа, коiа со шумот, шчо подигна остана со загуби, а не со добит. Ако да не се iавеше ноото течеiн'е во развитиiето на националното самосознааiн'е мег'у македонците, коiе ке приравнит загубите на Србиiа со загубите на Бугариiа, то можит положно да се тврдит, оти од востааiн'ето бугарцките интереси во Македониiа само пострадаа, а србцките само се уголемиiа.

    Но србцката пропаганда осем ил'узиiата за србцка народност во Македониiа и побркуаiн'ето да се решит македонцкото прашаiн'е во полза на бугарите, имат и друзи резултати.

    Во зафатокот на нивната пропаганда, србите и не мислеа да праат македонците срби; тиiе сакаа просто да создадат во Македониiа, редом со бугарцките, и србцки интсреси, така, да во време решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, да добиiат колку се можи по голем дел од неiа.Таiа цел'а се достигаше, iедно со изiавуаiн'е историiцки и друзи праа и сообразуаiн'а, а друго и главно со инакво постааiн'е прашаiн'ето за народноста на македонцките словени. Последните можеа да се истаат, или како нешчо стредно мег'у србите и бугарите т. е. ни срби, ни бугари, а просто македонци или македонцки словени, или како срби. Првата теориiа имаше по малу последуачи и беше предназначена за пред европеiцкото обшчествено мнеiн'е. Но на таiа теориiа беше затворен входот во Македониiа, како и со сите тиiе стредини, откаде излизаа пропагандистите. Таiа теориiа беше опасна за србцките интереси во Македониiа, зашчо ке повлечеше по себе согласiето на Србиiа да се образуат оддел'на македонцка држаа и со тоа Србиiа не ке добиiеше ни iеден дел од неiа. Втората теориiа, т. е. сите македонцки словени сет исто таквиiе срби, како и бошн'ацие, црногорците и пр., се укорени во Србиiа. Со тоа србите лажеа, не само европеiцкото обшчествено мнеiн'е и македонците, но и сами себе; тиiе зафатиiа да пропагандираат истата идеiа и стред србите со помок'та на сколиiи и книги. Последните беа и сет сите тенденциозни во прашаiн'ето за народноста на македонците. Ил'узиите на европеiцкото обшчествено мнеiн'е за србцки интереси донесе своiите плодои. Ил'узиiите на, самиiот србцки народ пак не сет без резултатно: во случаi на воiна за Македониiа со кого и да iет, србите, како iеден, сите ке се наврл'ат на неприiател'от, — србцката воiска со наi силно патриотцко осек'аiн'е ке се биiет за Македониiа.

    Србцките усил'а, да се прегледат од научно гледишче македонцкото прашаiн'е се увенчаа со успеф. Бугарите можат да се утешаваат да iет прашаiн'ето за народноста на македонците решено во нивна полза. Они можат да му турат нему крст. Но не го праат тоа друзите учени. Сега веке имат предстаители од науката, како проф. проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, П. А. Лавров и В. Јагич, коiи гледаат на македонцките наречиiа, како на одделен предстаител' на словенцката фамилиiа од iазици. Тоа прегледуаiн'е и такво решеiн'е iет србцка научна победа.

    Србите напраиiа преврат и во пон'атиiата и стремежите на македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но ушче по малу во бугарцка. Они сакаат да напраат македонците срби, забрануаiки да се обраiк'ат пропагандата со ниф инак, осем како со „праи" и „чисти" срби. Тоа не стана. Македонците зафатиiа да се задолбочуваат во прашаiн'ето за нивната народност и интереси, и доiдоа дозакл'учок, да не сет они, ни срби, ни бугари; да немат за ниф, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, а да имат само македонцки. Србите не достигнаа краiниiот предел на нивните стремежи, но достигнаа таков предел, от коi, шчо вистина не можит да се одит контака, но коi шчо можит да успокоит по умерените елементи во србцкото обшчество и народ.

    Одот на србцкото влиiаiн'е во развиiаiн'ето на народното самосознааiн'е у македонците и негоите резултати се предстауваат во тоi вид:

    Во 1889 год, во Белград во пансионо на Св. Савцкото Другарство на Космаiцка улица имаше около 50—60 души млади македонци. Мег'у ниф немаше „старо-србиiанци", а сите беа само од Македониiа и по нивното образуаiн'е до идеiн'ето нивно во Србиiа, во бугарцки или грцки сколиiи, се делеа на: „бугараши" и „гркомани". Мег'у ниф „србомани" немаше.

    Старите „бугараши" заiедно со ноопристигнатите таiа година и со некоiи „гркомани", на броi около 30—40 души, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно, заминаа во Бугариiа. Тиiе млади македонци, воспитани во Србиiа во народен, т. е. во дух да, л'убат наi напред 'своiата таткоина и своiот народ, па после човечеството, заминааiки во странаата, каi шчо немат националн'о самознааiн'е, а на место него полон индеферентизм кон народните интереси, внесоа во неiа ноа струiа од национално воодушевеiн'е и работеiн'е за ослободуаiн'ето на Македониiа. Они состаиiа во Бугариiа осноата на работеiн'ето во полза на Македониiа.

    „Гркоманите" во Белград од година на година се уголемуваа со нои „гркомани" и „бугаромани", но и iедните и друзите натре во Србиiа мачно се преобрнуваа во „србомани". „Србомани" се чинеа они само со заминуаiн'ето во Македониiа како србцки чиновници и органи на србцката пропаганда. „Србомани" македонци имаше само за надворешниiот свет и за друзите пропаганди во Македониiа. Органите на србцката пропаганда во душата си никоi пат не се осек'аа како „срби" или „србомани", особено првите 10 години и ако имаат они живеiано во Србиiа.

    Живеiн'ето на млади македонци во Србиiа секоi пат имаше многу арно влиiаiн'е на интересите на Македониiа. Тука они се заинтересуваа со прашаiн'ето за нивната народност, со србцките филологиiцки и историiцки аргументи за народноста нивна, со србцкиiот патриотизм и со краiното негоо изражуаiн'е во вид на шовинизм или слепо предпочитуаiн'е на своiето пред чуздото, со причините на србцкиiот шовинизм, со рол'ата на Србиiа во сегашно и бидно време во македонцкото прашаiн'е и со много друзи важни и интересни прашаiн'а.

    Искуственоста на создааiн'е србцки интереси во Македониiа беше iасна за сите. Но исто така македонците сознаваат да iет Србиiа држаа, шчо разполагат со воiска, дипломатиiа, iеден народ и iедна интелегенциiа, коiи шчо ке зашчитуваат србцките интереси во Македониiа со примерна преданост и краiен фанатизм.

    Борбата со србцките интереси во Македониiа iет непосил'на, не само за македонците, коiи шчо не располагаат со држаа и државен бiуджет, воiска, дипломатиiа и пр., но и за слободна Бугариiа. Затоа македонците во Србиiа се одрекоа од iедна iавна борба со србите, но со тоа они не се откажаа од интересите на нивната таткоина.

    Од избегуаiн'ето на првата група македонци ученици во 1889 година, за коiе напоменаф, се до 1895/6 уч. г. избегуваа, коiе по мали групи от 5—10 души, коiе оддел'но от по 1—2. Но по големиiот дел македонци остануваа во Србиiа и бараа пат, како ке се можит да се работит во полза на Македониiа без да се влегуат во отворен конфликт со србите.

    За да се изработит iедна таква програма, македонците ученици во Белград во 1893/4 уч. г., во време на инспекторството над ниф на директорот на III гимназиiа Г'уро Милиiашевич, решиiа да состаат македонцко другарство во Белград. Цел'ата на другарството беше негоите членои да се запознаiат и да си изработат iедна програма коiа ке iе осашчествуваат во Македониiа таiно от србцката пропаганда. Јавната цел'а на другарството беше изучуаiн'ето на Македониiа во етнографцки, географцки филологиiцки и историiцки однос.

    Се разбират, оти от тоа другарство не излезе нишчо, зашчо србите не доверуваа на македонците и зафатиiа да праiк'аат во него „старо-србиiанци", црногорци, босниiци, ерцеговинци и пр. Оообено тоа недовериiе и наплив от срби во македонцкото другарство настапи на II година него сашчествуаiн'е при инспекторот, гимназиiцкиiот проф. Јуришич. Но со растураiн'ето на другарството не се измениiа чувствата и стремежите на македонците во Србиiа. Они зафатиiа да следат револ'уционата организациiа, создадена од македонци со бугарцко-србцко образуаiн'е као и односот на србите кон неiа. Они си дадоа отчет од рол'ата на Србиiа во македонцкото прашаiн'е до сега и за однапред, затоа и ним принадлежит честта да сет создаачи на националниiот сепаратизм стред македонците. Они сет и главните негои последуачи. Мег'у ним имат луг'е со висок патриотизм и со здрао разбираiн'е на националните македонцки интереси.

    Тиiе македонци и дадоа израз на своiите убедеiн'а за македонцкото прашаiн'е со издааiн'ето во Белград во 1902 год. ноината „Балкански Гласник". Издааiн'ето на таiа ноина не можеше да се аресит на србцките шовинисти, за тоа србцките ноини подигнаа шум против издааiн'ето на „Балкански Гласник", обвинуаiки негоиiот редактор во сочувство на македонцките комитети, во резултат на коiе тоi беше претеран от Србиiа.

    Таквиiе сет резултатите на србцката пропаганда мег'у неiните воопитаници и органи, родом од Македониiа. Во прашаiн'ето за народноста на македонците србите пред македонците се придржуваа до втората од упоменатите две тероиiи, т. е. да сет македонците срби, и токмо со тоа у ниф се добиiа противни резултати. Србите сакаа да напраат македонците да служат на србцките интереси, т. е. сами да се мисл'ат, и на своiите сонародници да им вел'ат, да сет срби. Но на место тоа македонците зафатиiа да гледаат на себе како на македонци со своiи оддел''ни цели, и сакаа, не да служат како орадиiа за србцки цели, но да употребат србцката политика како средство за достижеiн'е на чисто македонцки цели.

    Ни iеден србцки воспитаник, особено, ако тоi имат живеiано во Србиiа, не само не веруат на србите, да iет он србин, но и мрзит за нивниiот шовинизм, и лажит, за да си достигнит само цел'ата, да добиiет образуаiн'е. По свршуаiн'ето на учеiн'ето, можит да бидит и чиновник на пропагандата, но при тоа тоi и мрзит, и проклинат судбата си за тоа, шчо iет орадие на iедна пропаганда, коiа си имат своiи цели, совршено противни на интересите на негоата таткоина — Македониiа.

    Таков македонец, обично до постапуеiн'ето во србцка: сколиiа, iет бил и во бугарцка, или грцка, или ; и во iедната, и во другата. Тоi си припаметуат, како во iедната сколиiа го уверавале, да iет он грк, во другата — да iет бугарин, а тука — да iет србин. За него iет прашаiн'е, каде iет истината, зашчо сите имаат свои аргументи. Протиоположните аргументациiи не даваат возможност да се наит, коiа iет наi праата, и за тоа македонецот решаат да сет сите лажни и да имат само iедна неопровргната истина: македонцките словени сет македонци и словени, следствено требит секоi македонец да чуат интересите на своiата таткоина и на своiот народ, а не интересите на пропагандите.

    Да покажиме и на друг тип македонец со србцко образуаiн'е; Он можит се броiит бугарин, и по проживуаiн'ето во Србиiа 4—5 год. Откако сврши тоi своето, образуаiн'е во Србиiа, каде тоi требит да одит; во Бугариiа или Македониiа? И во iедната, и во другата шчо ке праит? Бугариiа и екзархиiата во Македониiа имаат чиновници поеке от колку им сет нужни. Пак и да имат место, то него не ке му го даат на iеден, шчо свршил во Србиiа, ами на iеден своi кандидат. Да допушчиме ушче и тоа, да он добиiат бугарцка служба. Но ке се чувствуат ли он на местото му? — Не. Тоi за време на поминатите негои години во Србиiа се наог'ал под влиiаiн'е на цел ред прилики, шчо отсатствуваат во Бугариiа, и за тоа негоото мировозреiн'е се разликуат од мировозреiн'ето на тиiе, шчо се образуваа само во Бугариiа и iет слободно от цел ред предземени мисли и предрасудоци. Наi малу во ноата обшчествена стредина тоi ке се осек'ат не на своiето место.

    И така Србиiа, со своiето набркуаiн'е во македонцкото прашаiн'е, напраи грмаден успеф и требит да си го признаиме да iет тоi, не толку во неiна, колку во наша полза. Она отвори сколиiи, кладе консулства, ракоположи Фирмил'ана и со се тоа даде нов праец на нашето прашаiн'е. Она создаде во европеiцкото обшчествено мнеiн'е и во самата Србиiа ил'узиiа да имат срби во Македониiа и таiа ил'узиiа минуат во очите на iевропеiците за факт. Она застаи, да се прегледат од ноо прашаiн'ето за народноста на македонците, и да се решит, ни во полза на бугарите, ни во полза на србите, а во полза на оддел'на македонцка народност. Она воспита цело поколеiн'е македонци, коiи имаа, имаат и ке имаат наi решител'но значеiн'е во ноата историiа на Македониiа. Србцките воспитаници играат важна рол'а во македонцкото прашаiн'е без да се обрак'ат внимаiн'е на тоа, али они работат под бугарцка, србцка или македонцка фирма, као и без разлика. али сет они во морален однос л'уг'е високи или не. Србцки воспитаници имат от сите тиiе категориiи, и во сите ниф се покажуат србцкото влиiаiн'е благодатно за Македониiа. Србцките воспитаници, шчо работеа под бугарцка фирма, создадоа и поткрепиiа македонцката револ'уциiа ; на ниф се должит и политическиiот сепаратизм. Националниiот сепаратизм се должит на србцки воспитаници идеалисти, шчо работаат под србска маска, а во душата своiа се признаваат за македонци; србцките воспитаници, со своiеето образуаiн'е во Србиiа, се образуваа во национален дух, наместо во национален индеферентизм во Бугариiа, и ако некоiи од ниф сецело не престанаа да се вел'ат бугари, но мег'у ниф и македонците со чисто бугарцко образуаiн'е и самите бугари се отвори iедна голема пропаст: они со своiето образуаiн'е станаа на стредината мег'у бугарите и србите, т. е., велеiки се по традициiа бугари, они престанаа во душата своiа да сет такви: они станаа македонци. Наi после наi долните, наi отчаiаните органи на србцката пропаганда, родом Македонци, пак сет полезни за Македониiа: од ниф се образуат клас од недоол'ни со србцката пропаганда, за коiи шчо немат пат кон бугарите; они ке уголемуваат класот од националните сепаратисти.

    Значит, ако ниiе се лажиме во претположеiн'ето, оти националниiот сепаратизм ке бидит поддржан от комитетите, организациiагга и македонцката интелегентна колониiа во Бугариiа, то, и во таков случаi, доста iет iедна силна србцка пропаганда во Македониiа, за да земит националниiот сепаратизм наi големи размери.

    Но ноото течеiн'е стрек'ат и ке стретит арен приiем ушче во зафатокот негов и во наi арната, наi интелегентната и непродадената македонцка интелегенциiа, како шчо и iет резултат на умственото и наравствено развиiаiн'е на последната. Имат, и ке се наiдат, мнозина интелегентни македонци, код шчо сет готои да дадат животта своiа за интересите на своiата таткоина и своiот народ, коiи ке се запитаат: шчо iет по важно за нас македонците: обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките или македонцките интереси? И ке одгоорат, да сет интересите на таткоината секоаш по горе од интересите обшченародни, и да сет последните само стредство за првите, а не наопаку. Мала набл'удател'ност требит, за да се убедит чоек во таiа истина. Наi напред се знаит от секого, оти ниiе милуаме нашата таткоина Македониiа и нашиiот народ, зашчо катаден и видиме и изучуаме со своiите органи на чувствата. Во неiа и стред него сме изл'упени. Од детинство с, шчо iет мило ним и нам ни iет мило; с со шчо се радуваат они, и ниiе се радуаме; они плакаат и ниiе плакаме. Обшчата радост и жалост, обшчите предаiн'а и обичаiи не праат сите нас iедно цело, — iеден народ. Но iедно поминиме границите на Македониiа, или на iуг, или на северо-исток, или на север, т. е. во Грциiа, Бугариiа, Србиiа, наiеднаш ке осетиме, оти дуiет на нас веке друг ветар; ке осетиме да сме ниiе тамо само неканени гости, и оти, ако сакаат тамо да ни се покажат браiк'а, но тоа го праат, за да не ограбат нас и да не експлуатираат. Грците, бугарите, србите, сите заiедно не уверуваат нас, да ниiе сите сме само од нивната народност, и оти нашето спасеiн'е iет само во соiединеiн'ето на цела Македониiа, или барем на iеден голем дел од неiа, кон нивната држаа. Секоi од нас ке забележит, оти тиiе л'уг'е, за коiи ниiе знаiефме само от книга, и знаiефме како л'уг'е, шчо сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за приiатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покроители, не зато, шчо сме ниiе грци или бугари, или срби, не зашчо се грижат за некакви обшченародни интереси, во коiи флизаат и нашите, не зашчо сакаат да ни поможат и да не избаат нас, а само со чисто егоистични цели, т. е. они експлуатираат со тоа, шчо се велиме ниiе со нивните народни имиiн'а, и сакаат на осноа на сашчествуаiн'ето на тиiе народни имиiн'а во таткоината ни, да уголемат своiата таткоина, да обеспечат своiите интереси со завладуаiн'ето, ако не на цела Македониiа, то барем на голем дел од неiа. Не ни покажуат ли тоа, оти малите држаи, па и секоiа iедна страна, со преследуаiн'ето обшченародни цели, преследуат не хуманни цели. ослободеiн'ето на поробените а чисто материiални и егоисгични, т. е. уголемуаiн'ето нивно за неiн интерес, без да се гледат, али ке настапит подобруаiн'е во судбата на Македониiа, или не. Значит месните интереси се iауват главни, а обшченародните второстепени; првите сет цел'а, вторите — стредство. Имиiн'ата: бугарин, србин, грк во Македониiа сет стредство на малите држаи да не заробат нас. Ако и ниiе милуаме нашата таткоина и сами себе, то и ниiе требит да претпочитаме нашите местни македонцки интереси пред обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките. Ниiе требит да создадиме такво положеiн'е, да немат во Македониiа, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, зашчо тамо немат бугари, срби и грци, а имат само македонци от словенцки происход и некоiи друзи македонцки народности. Нашите интереси требит да си и изучиме и да, си и зашчитуаме сами, а не да и дааме во туг'и раци, за да експлуатираат со ниф малите балканцки држаици.

    После, националниiот сепаратизм ке имат место и у л'уг'е, шчо гледаат от практично гледишче на работите, без да се занимаваат многу со теориiата за народноста ни. Така, они ке расудуваат: ако iедна Канада можит да се срдит на Англиiа за тоа, шчо последната, за да си бидит во арни односи со Сев.- Американцките Соiединени Држаи, пожртвуала ним интересите на Канада, и последната сега сакат да се ослободит од Англиiа и сама да си бранит своiите државни интереси, зашчо по арно си и разбирала; — то зашчо Македониiа да се не срдит на Бугариiа за тоа, шчо она не можит да бранит македонцките интереси, ами само експлуатират со ниф, и зашчо Македониiа да не речит: iас проливав крв од моiи синои, нека бранат моiите интереси они сами, а не твоi Начович, Цоков, Станчев и С-iе.

    Исто така, мнозина ке забележат, оти малите држаи се односуваат со таквоа недоверуаiн'е кон рол'ата на Бугариiа во Македониiа, као шчо се односуваа Големите Сили кон рол'ата на Русиiа во бугарцкото ослободуаiн'е. Последните се боiеа од iедна „С.-Стефанцка Бугариiа", зашчо мислеа, оти Русиiа ке си iа присвоiит. Исто така, малите држаи мисл'ат сега, оти Бугариiа сакат да се ослободит Македониiа, за да си iа присвоiит. Но кога видоа западните држаи, оти сет излажани и оти Бугариiа рог'ат таквиiе л'уг'е, као покоiниiот Стамболов и живиiот Свирчо, се успокоiиiа и зедоа да праат против вол'ата на Русиiа тоа, шчо сами расипаа во Берлин. Не ке се наiдат ли и каi нас л'уг'е, коiи ке разберат, оти доверiето на малите држаи кон нашата таткоина ке зависит од наши Стамболовци и Свирчовци, но коiи ке видат опасноста за нашите национални интереси, не во Русиiа, ами во Бугариiа? Поеке iет од за веруаiн'е, оти ке се наiдат и таквиiе. И тиiе ке бидат краiните сепаратисти.

    Наi после мнозина ке забележат, оти наi големата нестрек'а наша се криiет во тоа, шчо немат у нас местен македонцки патриотизм. Да беше у нас тоi, ниiе, каi и да сме, ке мислефме и ке работефме само за Македониiа. А сега iедни од нас гледаат на себе како на бугари, и соiединуваат нашите интереси со бугарцките и наместо да изучуваат Македониiа во секаков однос, наместо да изучуваат историiата на Македониiа во сите времиiн'а изучуваат бугарцките интереси и бугарцката историiа, и често пати тиiе периоди од неiа, шчо немаат никаков однос кон Македониiа. Така н. пр. г. Баласчев, ориг'анец родом, на место да се занимаат спеациално со историiата и интересите на Македониiа, ми изучуат бугарцките интереси и „вешчествената култура на бугарцкото ханство", нешчо, коiе имат за Македониiа истиiо значаi, као и историiата на Абисиниiа до покрстуаiн'ето на абисинците. Друзи од нас сет во Грциiа и изучуваат грцките интереси и историiа. Друг ориг'анец, Димица, се подвизаат во Грциiа и за него имат значеiн'е историiата на Македониiа само до неiното завоiуваiн'е од римiаните. Друзи македонци во Србиiа се чинат србцки патриоти и работат, на место за Македониiа, за србцките интереси. Така iеден богат кожарцки тргоец по име Коста Шуменкович по смртта своiа пожртвува за србцките сколиiи 500.000 франкои. Такви печал'ни резултати, од врзуаiн'ето на нашите интереси со туг'ите, доста сет, за да се убедат мнозина, да iет нашето спасеiн'е само во националниiот и религиозен сепаратизм.

    Во л'уг'е со таквиiа убедеiн'а, као и во сите недоол'ни от пропагандите македонци ке бидит првоначално силата на ноото течеiи'е. Но така ке бидит само во зафатоко. Броiо на приврженците iавни и таiни ке растит, не по дни, а по часои. Важно iет то, шчо до кога ке имат во Македониiа бугарцка пропаганда, ке имат и србцка. И двете пропаганди се држат само со бугарцки и србцки пари. Недоол'ните од втората до востааiн'ето беа поеке. По востаiн'ето броiот на недоол'ните од iобите пропаганди ке се израмнит со увеличааiн'ето на недоол'ните од бугарцката пропаганда.. Но и да не бидит тоа, iедна србцка пропаганда iет доста да создаит превосходна почва на ноото течеiн'е. Сите македонци от србцката пропаганда ке бидит на страната на ноото течеiн'е: органите на пропагандата ке сочувствуваат таiно, а не платените срби ке исповедуваат своiата македонцка народност iавно.

    Напоследок и мнозина македонци словени со грцко образуаiне ке се признаат за словени. Сега тиiе не го праат тоа, оти требит да се вел'ат бугари, а името бугарин у грците се стаит многу долу. После сите од македонците сет готои да напраат отстапки от своiа страна за обiединуаiн'е во iедно национално цело, но ни iеден от последуачите на трите национални пропаганди немат да изменит на своiата пропаганда, за да капитулират пред друга. Националното обiединуаiн'е на македонците можит да станит само со компромис мег'у ниф а не со капитулираiн'е на iедните пред друзите. А тоi компромис и iет ноото национално македонцко течеiн'е.

    Оттука iет iасно, оти, ако ноото течеiн'е и не добиiет некаква поддржка од многоброiната интелегентна македонцка колониiа во Бугариiа, пак ке се развиiат, само ке се развиiат веке како течеiн'е напраено специално против бугарцките интереси во Македониiа. При големото развитiе на ноото течеiн'е и при силниiот отпор од Бугариiа можит да се очекуат за него поддржка от страна на Србиiа. Колку и да се покажуат оно не арно и опасно за Србиiа, се оно не протиоречит на србцките интереси. За Србиiа iет важно, Македониiа, ако не бидит србцка, да не бидит и бугарцка. Једнаш се виде, оти она никоi пат немат да бидит србцка, србите ке можат да се одв.ртат от своите утврдуаiн'а, да сет македонците срби, и ке признааат за одделно словенцко племе, iеднакво блиско до србите и бугарите.

    И така, македонцкото национално возродуаiн'е iет настапен историiцки процес, шчо имат под себе iака почва и голема биднина. Оно се должит главно на конкуренциiата мег'у Бугариiа и Србиiа во македонцкото прашаiн'е. Како преодни стадиiи кон полното оддел'аiн'е на македонцките интереси од бугарцките и србцките, т. е. кон националниiот сепаратизм, служат политическите револ'уциони организациiи и политическиiот сепаратизм, пропагандиран од ниф. Као главен извор за уголемуаiн'ето на броiот на националните сепаратисти ке служит уголемуаiн'ето на конкуренциiата мег'у бугарцката и србцка продаганди во Македониiа и броiот од лица недоол'ни от тиiе пропаганди. Националниiот сепаратизм ке се уголемит исто и од лица, шчо сознаваат сета вреда од националните и верцки пропаганди, коiи под вид да бранат нашите интереси, безбожно експлуатираат со ниф, и коiи шчо ке се решат на борба за националното обiединуаiн'е на македонците со сите тиiе пропаганди. Борбата со него iет опасна, не за него а за негоите противници. От таiа борба он ке излезит победник, ушче поеке, шчо реформите во Македониiа, ке дадат на неiа возможност да се ослободит от туг'ите влиiаiн'а, и да пренесит центрот на возродуаiн'ето натре во неiа.

    -

    Прочитано на III-та седница на Петроградцкото Македонцко Научно-Литературно Другарство „Св. Климент“ на 19-и Октом 1903 г.

    Leave a comment:


  • Soldier of Macedon
    replied
    Нaционалниiот сепаратизм: земiишчето на коiе се имат развиiено и ке се развиiат за однапред

    На првото заседааiн'е на Бугарцкото Студентцко Другарство во Петроград от таiа година iас рекоф неколку зборои за резултатите на сегашното востааiн'е во Македониiа. Тиiе резултати iас и резiумираф во два пунктои: 1. Македониiа после востааiн'ето iет загубена за бугарцката народност, и 2. македонците ке си сознаiат грешките, шчо беа причина на нестреките од востааiн'ето, ке се откажат од досегашното направуаiн'е на националното нивно самосознаiн'е и ке отворат систематична борба на сите национални и верцки пропаганди во Македониiа, во тоа натре, и на бугарцката, за да можат, со оддел'уаiн'ето на своiите интереси од интересите на пропагандите, да достигнат национално обiединуаiн'е помег'у себе.

    Јас рекоф тогаi, оти таква iет деiствител'носта, коiа не ке се аресит на мнозина, но jас не можам да зборуам, шчо ке се аресит на некого, а тоа, шчо iет свршена работа, со коiа рано или поздно, ке требит да се броiат iужните словени, па за тоа iет нужно да се знаiит ноото течеiн'е стред македонците, за да се определ'ат iасно односите на iужние словени кон него, и да се избегнит безполезната и вредител'на борба измег'у ниф.

    Мнозина ке речат, оти моiите утврдуаjн'а за некакво ноо течеiн'е во развиiаiн'ето на националн'ото самосознааiн'е стред македонците iет само мистификациiа на неколцина македонци, но да таiа мистификациiа немат под себе земiишче, и за тоа, како што се имат скоро поiавено на белиiот свет, исто така скоро ке исчезнит од него.

    За да се увериме во тоа, дали моiиве закл'учуаiн'а за резултатите на востааiн'ево сет праил'ни, или пак возразуаiн'ата на моiите противници, ке требит да се разгледаат тиiа собитиiа од наi ноата историiа на Македониiа, во коiи наi силно се проiави националното самосознааiн'е, а имено, ке требит да се разгледат: возродуаiн'ето на македонците; собитиiата, шчо послужиiа како причина да се пробудит народниiот дух на македонците; какви размери и каков праец зе тоа пробудуаiн'е? во какви односи станаа македонците со нивното национално пробудуаiн'е кон балканцките народности, и дали положеiн'ето, коiе земат сега натрешната револуциона организациiа во прашаiн'ето за народноста на македонците словени iет такво, от коiе не можит да се идит по тамо, или пак требит од него да се напраит ушче iеден рачкор, и македонците да се iават приврженици на националниiот сепаратизм со приiимаiн'ето за обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречiе? И наi после, ако организациiата и македонцката емиграциiа во Бугариiа, особено тоi дел од неiа, шчо имат, или државна служба со убаи плаiки, или се занимаат со журналистика, и со тоа имат убаи дооди и големо влиiаiн'е на бугарцките работи, така да се iауват со кандидатура на министерцки постои во Бугариiа, или си имат друзи згодни предприiатиiа, — дали, вел'ам, и без помок'та на таiа наша колониiа, iет возможно некако особено проiавуаiн'е на нашето возродуаiн'е, а имено во таков смисол, како шчо го упоменаф т. е. во полно оддел'уаiн'е на нашите интереси от тиiе на балканцките народи и во развиiаiн'е мег'у македонцката интелегенциiа и народ македонцко народно самосознааiн'е?

    Згорен поглед на собитиiата, шчо изврвеа пред востааiн'ето ни докажуат, оти наi силниiот толчек кон национално собудуаiн'е на македонците ни послужи зафатокот на србцката пропаганда во Македониiа. До тоа време нашето национално самосознаiн'е беше само разбудено на полоина. Специiално со прашаiн'ето за нашата народност никоi не се занимааше. Се велефме вистина „бугари" и „рисiани" во национална смисл'а, но зашчо тоа iет, и али iет на вистина така, ниiе не се запитуафме многу многу.

    Врските наши со бугарите станаа многу тесни со обшчето положеiн'е во Турцко: ниiе бефме браiк'а по судбата си, и бефме во iеднакви односи кон праител'ството и фанариотцкото дуовенство. Обшчноста во судбите наши ни закрепи обшчето име бугари ушче до ослободуаiн'ето на Бугариiа, коiе си остана по традициiа во Македониiа и по ослободуаiн'ето на првата. На таiа осноа бугарите кладоа своiите претенциiи на Македониiа, и македонците очекуваа ослободуаiн'е од Бугариiа.

    Но конкуренциiата со Бугариiа од страна на Србиiа во македонското прашаiн'е од политична и национална страна извика на политичната сцена и самите македонци. Македонците зафатиiа усилено да се интересуваат со прашаiн'ето за нивната народност и нивната судбина.

    Одот на тоа национално пробудуаiн'е, као и резултатите, кон коiи приведе оно, се предстауваат приближно во тоi вид:

    Србите и бугарите зафатиiа да оспоруваат iеден у друг праата на Македониiа: и iедните и друзите вел'ат, оти цела Македониiа била нивна. Једните си викаат како свидетели за спраедлиоста на нивните претенциiи iедни, друзите друзи авторитети.

    Постред тоi безкраiен спор мег'у двата братцки саседни народи, македонцкото словенцко населеiн'е зарди коiо они се караат малце по малце здреет во национално самосознааiн'е, и сакат да се ослободит од опекунството на саседните народи, за да можит само да биди вршител' на судбите си.

    Македонците бараат национално обiединуаiн'е помег'у ним, но при тоа сакаат тоа обiединуаiн'е да станит, не на ноа почва, не да се зафатит од ноо, зашчо такоа обiединуаiн'е ке требит многу време, а обiединуаiн'ето беше важно, како стредство за достигуаiн'е политична слободиiа. За тоа обiединуаiн'ето беше зафатено на почва, на тоа, шчо се велеа македонците бугари.

    Мисл'ата за национално обiединеiн'е на македонците, и ако под маската бугарцка, се зафати во 1890 г. Во краiо на 1889 год. се префрлиiа во Бугариiа 30—40 души ученици и студенти македонци од Белград во Софиiа. Тиiе ученици сет душата на сите собитиiа во Македониiа од тогаi до сега. Они беа запознаiани со Србиiа и Бугариiа, со нивните култури и цели во Македоиiа. Они и сознаа опасноста за дележ на Македониiа мег'у тиiе две држаи, ако да бидит македонците сами да не се вооражат, за да си извоiуваат сами, со свои собствени сили и средства слободиiа, и со тоа да преупредат дележот на Македониiа.

    По нивна инициатива првен се образуа во зафатоко на деветдесетите години. Једно национално сепаратистично движеiн'е со цел'а да се оддел'ат интересите на македонците од бугарцките со возведуаiн'е на iедно од македонцките наречиiа на степен на литературен iазик на сите македонци. Орган на тоа сепаратитстко движеiн'е на македонците во Бугариiа беше журналот „Лоза". Но тоа дуовно движеiн'е на македонците не се ареса на бугарцкото стамболовцко праител'ство, коiе забрани да се издаат „Лоза" и зафати да гонит македонците сепаратисти. От тоа време ушче побегна Дамiан Груев, коi шчо беше во броiот на македонците ученици, шчо поминаа од Белград во Софиiа и во броiот на сепаратистите.

    Немаiки во Бугариiа почва за национален сепаратизм македонците, шчо пребегаа од Белград во Софиiа, се зафатиiа со образуаiн'е на револ'уциони организациiи во Бугариiа и Македониiа. Видните македонци револ'уционери сепаратисти, како Дел'чев, беа само ученици на првото поколеiн'е македонци, ученици србцки и бугарцки. Исто така и Сарафов и друзите по доцкнашни револ'уционери се iавиiа, само нивни продолжатели последуатели, но не инициатори на револ'уционата организациiа.

    От самиiот зафаток на револ'уционата организациiа македонците во Бугариiа или со бугарцко образуаiн'е, работеа под маската бугари, iедно за тоа, шчо така се викаше голем дел од населеiн'ето, а друго, шчо по тоi пат можеше да се добиiет прддржката на бугарцкото праителство, на бугарцкиiо народ и бугарцката екзархиiа.

    Играта, одиграна од ниф, имаше положни и одрични резултати. Мег'у првите требит да се однесат: 1, македонците, со обiединеiн'ето си за преследуаiн'е интересите на своiата таткоина, станаа важен фактор, коiи шчо на вид влезе во союз со бугарцкиiот народ и сите негои официiални предстаители за достижеiн'е на вид обшчебугарцки интереси во Македониiа, а во сашност, со тоа напраи бугарцкиiот народ и негоите официiални предстаители и учреждениiа орадиiа за свои собствени чисто македонцки цели и интереси; 2, македонците од соiузници со бугарите во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е станаа господари на тоi соiуз, во коi'и шчо бугарите зафатиiа услужливо, а по некоi пат и со гореч во душата нивна, да исполнуваат бараiн'ата на македонците.

    Контака и македонците зафатиiа да заiауваат, оти они сакаат „Македониiа за македонците" оти тиiе сакаат автономиiа за Македониiа, а не соiединуаiн'е со Бугариiа. Бугарите, „скрепя серце", можеа да чуiат таква новост, коiа не можеше да бидит ним приiатна. Но македонците и успокоiуваа бугарите: чекаiте вие, нека ни даат нам автономиiа, па ке видите, оти после неколку години таiа Македониiа ке бидит бугарцка, зашчо поекето од македонцката интелегенциiа доби обруазуаiн'ето си во Бугариiа. Надворешниiо свет пак го уверуваа, оти историiата со Источна Румелиiа не можит да се повторит и со Македониiа, зашчо во Македониiа имат многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите саседни балканцки држаици и големите држаици, ке можат да побркаат на соiединуаiн'ето на Македониiа со Бугариiа. Наi после заiауваа: каков интерес имаат македонците да се присоiединуат до Бугариiа, кога от тоа присоiединуаiн'е ке имат полза поеке Бугариiа, отколку Македониiа?

    Македонците не се установиiа на таiа двоiна игра со различни заiауваiн'а на бугарите и на Европа. Тиiе пренесоа центрот на револ'уционата оргнизациiа заiедно со сите национално-политични прашаiн'а во Македониiа, за да бидат слободни во своите постапоци од бугарцкото праител'ство.

    Во комитетите во Бугариiа зафатиiа да пропапандираат полно оддел'уаiн'е интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа.

    Се зафати енергичната работа на Сарафов, заiедно со комитетите, председател'ствувани од него. Сарафов, како председник на Врховниiот комитет во Софиiа, работеше, сосем не сообразуваiки се со бугарцкото праител'ство. На Сарафов не му сочувствуаше бугарцкото праител'тсво и кн'азот, со друзи зборои: комитетот, на коi шчо, председател'ствуаше Сарафов се придржуаше во македонцкото прашаiн'е iедна таква програма, тогаi за тогаi само политична, изработена ушче от понапред, на коiа тиiе, шчо сет призвани да бранат бугарцките интереси, не сочувствуваа, а тиiе шчо состауваа толпата, со друзи зборови, бугарцкиiот народ, сочувствуваа. Од тука iет iасно, оти бугарите iе голтнаа пил'ул'ата и касно iет да си испраат грешката.

    Праител'сгвото напраи усилиiа да поврнит изгубеното, но уви! - било касно. Врховниiот комитет во Софиiа се кладе под председничеството на ген. Цончев, бугарин, л'убимец на кн'азот. Но македонците во Бугариiа убедиiа бугарцкото населеiн'е во праотиiата на нивната програма за полно оддел'уаiн'е на интересите на Македониiа од интересите на Бугариiа, покажаа политиката на праител'ството, на кн'азот и на „генералцкиiот комитет" или комитеот на Цончев-Михаiловцки, како егоична и добиiа во Бугариiа по голема власт над „генералцкиiот комитет" и над праител'ствената политика во македонцкото прашаiн'е. Таiа сила главно се поддржуаше со полната солидарност на „Станишевцкиiот врховен комитет" со „Натрешната организациiа".

    И така комитетите, а заедно со ниф, и уопшче македонците се ослободуваат од влиiаiн'ето на бугарцкото праител'ство, создаваат своiа независна програма за работа, таiа програма пропагандираат во Бугариiа и со неiа добиiаат влиiаiн'е на бугарцкиiот народ, а преко него и на праител'ството.

    Откако се укорени така македонцкото „дело" во Бугариiа, македонците зафатиiа да одат и во Србиiа и тамо да излагаат своiата програма на праител'ството и на србцкиiот народ. Сарафов, Радев, Јанков, увераваа, оти они се борат со девиз „Македониiа за македонците“, за сите македонци без разлика, и оти никоi пат Македониiа не ке се соiединит со Бугариiа. Не iет ли iасно и от тиiе постапоци на македонцките водачи, оти македонците зедоа сами да решаваат судбите на Македониiа, и оти они во своiата деiност сет готои да се столкуваат и да согласат интересите на своiата таткоина, не само со Бугариiа, но и со друзите блкански држаици, откако се дадат од страна на Македониiа некоiи задолжеiн'а на тиiе држаици за окажаната неi помок'?

    Од дотука реченото iет iасно, оти борбата мег'у Бугариiа и Србиiа за влиiаiн'е во Македониiа во резултат даде развиiаiн'е на сознаiн'ето, да судбите на Македониiа требит да сет во раците на македонците. Македонците се организуваат со сознааiн'е своiите праа на своiата таткоина и своiот долг пред неiа. Со организуаiн'ето си, македонците станаа главниiот фактор во решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, как во своiите очи, така и во очите на Европа. Од востааiн'ето со нас се церемонат; до него на нас гледаа како на iедна неопределена маса.

    Тиiе сет сите резултати од досегашното ни самосознааiн'е. Организациiата со постепеното оддел'аiн'е на македонцките интереси од бугарцките, со земаiн'ето на македонцкото прашаiн'е во своiи раци и наi после и наi многу со сегашново востааiн'е во резултат достигна тоа, шчо не предполагаше: на место слободиiа да бараат, сега во Македониiа мнозина сет убедени, да ни требит полно пресечуаiн'е на врските со сите балканцки народности и култивираiн'е на се, шчо iет во Македониiа оригинално и своiе: iазико, обичаiите. историiата, писменоста, народната словесност и пр.

    Тоа нешчо не се предвидуаше, зашчо се мислеше, оти името „бугарин" ке ни донесит с, шчо очекуафме од народното движеiн'е. Но во расчетите се излагафме. Заiедно со арнотиiите за интересите на Македониiа, изброiени по горе, името бугарин донесе и одречни резултати за револ'уционото „дело": Името бугарин и неiеднаквите увереiн'а пред Бугариiа и пред Европа за судбата на Македониiа по неiното ослободуаiн'е состаиiа полно недоверие кон нашето „дело" от страна на европеiците, мислеiки го за итрост, не македонцка, ами бугарцка, и за маневр на бугарцкото праител'ство да се решит македонцкото прашаiн'е по скоро. Сиромашкото бугарцко праител'ство се наiде во небрано лоiзе во македонцкото прашаiн'е: македонците го изиграа и го употребуваа како средство во своите цели, а европеiците го обвинуваа во итрости, от коiи шчо тоа сиромашкото беше далеку. И така името бугарин присвоiено от комитетите и организациiата за македонцките словени, и соединуаiн'ето на нашите интереси со интересите на Бугариiа во агитациiата на комитетите у бугарите, беа причина, сета македонцка работа да се припишит од Европа на Бугариiа и бугарите, и като бугарцко надворешно iавуаiн'е да се не поддржуат.

    Малу тоа: името бугарин, коiе застауаше да се односуат европеiците со недоверiе кон работата на организациiата, видеiки во неiа сакаiн'е на Бугариiа, со револ'уциiа да нарушит равновесiето на Балканцкиiот полуостров, и непостоiанството на бугарцката надворешна политика, напраена, сега против Русиiа, сега со неiа, послужиiа за причина да се согласат Русиiа и Австро-Унгариiа, заiедно со взаимно согласiе да решаваат балканцките прашаiн'а. Тоа согласуаiн'е од 1897 год. беше напраено против Бугариiа, како мнима подстрекател'ка на македонците, но негоите резултати беа вредител'ни, не за Бугариiа сама, зашчо во бугарцките натрешни работи никоi немат прао да се набркуат, а за нас македонците. Тоа iет отрицател'ната страна на првиiот период на националното ни самосознаiн'е; тоа iет причината на неуспеот на востааiн'ето ни. Неуспеот значит главно се должит на името бугарин, усвоено и пропагандирано од револ'уционерите.

    Востааiн'ето напраи епоха во жиотот и националното самосознаiн'е на македонците словени. Оно ке натерат нашиiот народ и негоата интелегенциiа да погледат назад на своiите упушчеiн'а од коiи произлезе неуспео на востааiн'ето. Оно ке натерат македонцката интелегенциiа со различно образуаiн'е да се сплотит во iедно, за да обiединит народот ни, но веке, не на таiа осноа, шчо си покажа сета своiа несостоiател'ност, а на друга, на чисто македонцка. Востааiн'ето ни покажа оти ниiе македонците не можиме да очекуаме помок од никоi од балканцките држаици, оти решеiн'ето на нашето прашаiн'е iет сето во раците на Големите Сили, и за тоа нам и не ни требит да соiединуаме и збркуаме нашите интереси со чиiи и да бидит словенцки на Балканцкиiот полуостров. Нам ни требит натрешно обiединуаiн'е мег'у себе: не ни требат во Македониiа ни срби, ни бугари, ни грци, оти не сме ни iедното, ни другото, ни трек'ото; не ни требат патриархисти, екзархисти, оти ниiе сме само праославни рисiани. Делеiн'ето iет искуствено создадено од балканцките држаици, намерени да дел'ат Македониiа со стечен'е на обстоiател'ствата. Но македонците, на сегашната степен на нивното национално развитiе, не сет материiал во раците на малечките балканцки држаици, ами сет силен етнографцко-политичен фактор, от коi шчо поеке зависaт судбите на Македониiа, отколку од малечките балканцки држаици. Тиiе македонци, шчо покажаа таква способност во своiето националнополитично организуаjн'е, шчо покажаа таквоа примерно жртвуаiн'е со своiите интереси во полза на интересите на своiата татаоина, не со по малечок успев, ке можат да организират секакви препiаствиiа на националните и религиозни пропаганди, шчо цепат денеска народот наш на делои враждебни iеден кон друг.

    Организациiата и македонците до сега на далеко растоiаiн'е отдалечиiа интересите на Македониiа' од бугарцките. Од тоа положеiн'е до полното отцепуаiн'е од Бугариiа и до обiавуаiн'ето Македониiа за оддел'на од Бугариiа и Србиiа етнографцка област имат iедеи рачкор. Тоi рачкор iет необходимо следствиiе на неуспео на сегашното востааiн'е. Тоi iет на полоина напраен. Полното отцепеiн'е на Македониiа од балканцките држаици во етнографцки однос ке испливит на iава со успокоеiн'ето на Македониiа.

    Набркуаiн'ето на бугарите и србите во Македониiа беше предизвикано од некоiи обстоiател'ства: македонците идеа рака за рака со бугарите во црковното прашаiн'е от тамо раширеiн'ето власта на екзархиiата во Македониiа. Србиiа се набрка во Македониiа откако изгуби надеж да си присоiединит Босна и Ерцегоина.

    Но сега и за нас македонците настапиiа нои обстоiател'ства, коiи ке не потресат, и ке ни кажат нои патишча, по коiи шчо ке требит да одиме однапред. Претенциiите на Србиiа и Бугариiа од iедна страна, ни покажаа, оти само конкуренциiата на тиiе две држаи не застауат да робуаме ушче на неопределен срок; од друга — тиiе претенциiи ни подтврдиiа и без тоа известната истина, оти во цела Македониiа имат само iедна а не неколку словенцки народности. Значит делеiн'ето iет искуствено и од борбата со него наi напред ке требит да се зафатит нашата ноа работа во по натамошното развитиiе на националното ни самосознаiн'е.

    И така имин'ата: србин, бугарин и грк си изслужиiа своiата служба во Македониiа и за ниф там немат поеке место. Време iет да заменит iедно обшчо за сите македонцки словени име — името „македонец". Таiа смена iет само логично следствиiе на досегашната работа на македонцките комитети, организациiи и интелегенциiа и се барат од обстоiател'ствата. Тада смена частично веке iет настапила и не iет далеко тоiа време, кога таiа ке торжествуат.

    При с горереченото за ноото течеiн'е во развиiаiн'ето на националното самосозвааiн'е у нас, ми се чинит, оти пак мнозина од вас, ке видат во моiите мнеiн'а и зборои само iедна мистификациiа. Можит, мнозина ке се запитаат: 1, ако до сега комитетите имаат играно двоiна рол'а: нa бугарите им имаат вел'ано, оти македонците сет бугари 'и iеден ден Македониiа, какo и да бидит, ке се соiединит со Бугариiа, а на европеiците им вел'ат, оти они бараат автономна Македониia само за македонците, оти се н'емат никаква мисл'а за соединуаiн'е со Бугариiа, то откаде iас знам, оти комитетите iа лажат Бугариiа, а не Европа? Можит да бидит сосим противното на тоа, шчо рекоф iас по горе за комитетите т. е. тиiе сет готои да дадат на Европа секакви гарантиiи, Македониiа да не се соiединит со Бугариiа, но они никоi пат не ке склонат да се упразднит во Македониiа бугарцкиiот iазик и бугарцкото име во полза на централното македонцко наречiе и името „македонец", со друзи зборои, то, шчо кажуаф iас, да имало само iеден чекор од тоа положеiн'е шчо се држаат македонците и македонцките комитети во македонцкото прашаiн'е кон Бугариiа, до полното отцепуаiн'е на Македониiа и македонците од бугарцките национални интереси, не iет прао, зашчо, не iеден чекор, ами цела пропаст оддел'уат iедното од другото, и комитетите ке покажат наi силно сопротивуаiн'е на ноото течеiн'е; 2, ако се допушчит, оти комитетите никоi пат немат да се согласат на упразднуан'ето на бугарцкото име и iазик од Македони а заiедно со него ке бидит против ноото течеiн'е и сета македонцка интелегенциiа со бугарцко образуаiн'е, то откаде ке поцрпуат ноото течеiн'е, сила за себе? Коiи ке бидаг теоретиците на ноото течеiн'е, каде тиiе теоретици ке развиваат своiата деiност, каде и каква ке бидит нивната аудиториiа, откаде ке се зимаат средствата за пропагандираiн'ето на идеiата, како ке проникнит таiа во народот и како ке се поддржуат во него ? Откаде ке се наiдат стредства за нои учебници, коi ке и приготвуат, на чиiи стредства ке се содржуат сколиiите со македонцки iазик? — Очигледно, iедно комитетите и македонцката интелегенциiа во Бугариiа зафатат да се противат на ноото течеiн'е, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, iасно iет, оти од него немат да останит нишчо: фантазиiите на неколцина македонци ке бидат осмеiани и поеке нишчо.

    Така ли iет во сашчност? Да разгледаме до колку можат да бидат осноани таквиiа предполагаiн'а и сообразуаiн'а?

    Прво ке прегледаме прашаiн'ето: во каков однос комитетите и македонцката интелегенциiа ке станат кон iедно ноо национално течеiн'е стреди македонците, коiе барат не само политично, ами и национално и религиозно ослободуаiн'е на Македониiа т. е. кон iедно течеiн'е, шчо прокламират „Македониiа за македонците" против сите претенденти на Македониiа, во истиiо броi и против Бугариiа и бугарите. Да си предстаиме, оти тоа ноо течеiн'е iет незначител'но. И во тоi случаi требит да се решит прашаiн'ето за односот кон него. Ако ноото течеiн'е од гледишче на комитетите iет нешчо опасно и нежел'но, то тоа требит да се искорнит ушче во самиiот зафаток; ако тоа само по себе немат почва, то требитда се предостаит само од себе да исчезнит; а ако iет полезно за Македониiа, то ке требит да се поддржит од ниф.

    Прашаiн'ето, дали ноото течеiн'е имат биднина или не, ке се разгледит по долу, откаде ке се видит оти оно, ако се предостаат на само себе и се игнорират, ке се развиват само, а не ке опаг'ат. За тоа, имаiки пред вид, оти ноото течеiн'е само от себе ке растит, требит да се разгледат прашаiн'ето, али комитетите ке се борат со него, или пак ке го поддржуваат?

    Прво се питат: дали комитетите, разсудуаiки логично, можат да обiаат воiна на ноото течеiн'е? Можит да се допушчит, оти таква воiна можит да се очекуат, зашчо во комитетите имат членои, не само македонци, ами и бугари, и последните некоi пат не ке се согласат со ноото течеiн'е, оти со него ке се закопаат бугарцките интереси во Македониiа; исто така имат и мег'у македонците, членои на комитетите, лица, коiи ке расудуат така: сега на старост ниiе не можиме да учиме нов iазик: бугарцки знаiиме и бугарцки ке зборуаме, — ниiе сме бугари.

    Малу тоа. Мнозина, па и наi големиiог дел од македонцката емиграциiа во Бугариiа ке се противит на ноото течеiн'е по чисто егоистични сообразуаiн'а. Поеке од 5.000 души македонци имат на државна служба само во Софиiа. Не по малу имат кандидати на служба. Измег'у таiа македонцка интелегентна емиграциiа имат мнозина, или шчо имале, или имаат високи должности, пак и коiи сет претеденти и кандидати на, ниф, во тоi броi и на министерцки портфеiл'. Се знаiит, оти сите тиiе господиновци имаат наi горе от се своiите лични интереси. За ниф интересите на Македониiа сет iедно стредство да добиiат служба и да се одржат на неiа. И интересите на Бугариiа, не Господ знаiит, шчо означаваат. Но за да се исполнат нивните егоистични планои за убаа служба, они сет готои да се покажат поеке бугари от самите бугари, да играат от себе рол'а на бугарцки шовинисти, со неiа да експлоаатараат и бугарцкиот кн'аз и интересите на Македониiа, и на бугарцкиiот народ, и европеiцкото обшчествено мнеiн'е, со iедеи збор, да лажат, и на десно, и на лево, под вид да исполнуваат некаков патриотцки долг, а во сашчност да добиiат служба, власт и попул'арност. Једно македонцкатга интелегентна емиграциiа се состоiит главно от таквиiа лица, шчо си имаат соiединено своiите интереси со Бугариiа и се облизуваат около бугарцкиiот кн'аз, коi шчо по кефот си клаат и сфал'ат миниетрите, и коi шчо можит да клаит за министри, не само луг'е коiи шчо имаат малу попул'арност стред бугарцкиiот народ, но и таквиiа, шчо немаат сосим партиiа и сет „независими" т.е. „и тука го клаваат и гамо го клаваат", — iедно имаме луге, шчо мисл'ат, оти главното достоинство на чоека iет, не честно да служит на своiот народ, ами да итруат т. е. да лажит, и десно, и лево, — то природно iет, оти ноото течеiн'е во развиiаiн'ето на националното самосознааiн'е на македонците не ке стретит поддржка во нашата емиграциiа во Бугариiа.

    Немат шчо да се зборит за учените македонци во Бугариiа: тиiе iедногласно ке речат, оти ноото течеiн'е iет просто апсурд, оти никоi пат немало македонцка народноот и сега iа немат; оти македонците сет бугари и пр. Секоi пат и на секаде iет бивало така и така ке бидит сега и каi нас. Учените, аристократиiата, интелегенциiата и вообшче обшчествените класои, каi шчо се имаат лични интереси, стари традициiи и предубедеiн'а се борат со ноите течеiн'а, каi шчо се наог'ат истината и праината. Тиiа течеiн'а се укоренуваат прво во долните класои и уопшче во л'уг'ето без предубедеiн'а, готои да се борат со тиiа предубедеiн'а во зашчита на ноите идеи, од осашчествуаiн'ето на коiи ке зависит, не само нивната, но и стрек'ата на нивниiот народ. За илустрациiа на одот и на, резултатите на борбата мег'у стари и нои течеiн'а, доста iет да си припаметиме борбата на рисiанството со iазичеството, реформираiн'ето на Русиiа от Петр Велики, возродуаiн'ето на чехите, литовците, праопионата реформа на Вук Караджич и пр.

    Туку да остаиме излезот на борбата мег'у старото и ноо македонцко национално течеiн'е, да се задржиме на прашаiн'ето за односот на комитетите кон ноото течеiн'е. Јас по горе рекоф, оти по големиiот дел от членоите на комитетите ке бидат за борба со ноото течеiн'е. Но како ви се чинит, али таiа борба ке бидит победоносна за ниф? — Не. — Она само ним ке им ископат гробот. Она ке компрометират и бугарцката политика во Македониiа. И ето зашчо.

    До сега комитетите кажуваа на надворешниiот свет, оти они работат само за „Македониiа за македонците" и сет готои да дадат секакви гаранциiи да не станит присоiединуаiн'е на Македониiа со Бугариiа. Бугариiа искажуат истата политика во македонцкото прашаiн'е. Комитетите вел'ат, оти се готвеше и стана обшчо македонцко востааiн'е от сите македонцки народности заiедно, а не само од „бугарите". А кога им кажуате: iедно востааiн'ето iет обшчо от сите македонцки народности, то зашчо комитетот заседаат само во Бугариiа, [a] не и во Србиiа, Влашко и на друго место, тиiе одговараат така: от тоа, шчо комитетите заседаваат во Бугариiа, грешно iет да се праит закл'учок, македонцките комитети да сет бугарцки; за македонцките комитети Бугариiа не iет нишчо поеке од iедна држаа, шчо окажуат гостеприемство на македонците и им даат слободиiа да работат слободно до колку таiа работа не наносит вреда на држаата; т. е Бугариiа во македонцкото востааiн'е играт само рол'ата на Каравлашко во бугарцкото востааiн'е. Бугариiа кажуаше истото. Европеiците, се разбират, не веруваа на тоа. Ами сега, колку лажовни ке излезат тиiа увереiн'а и на македонцките комитети и на Бугариiа, ако и iедните и друзите, от пасивен однос кон iедно ноо течеiн'е, шчо барат „Македониiа за македонците" а не за бугарите, или од иронизируаiн'е со него, стапит во борба со него? Таiа борба ке свалит маската и од iедните и од другата и ке востаноит симпатиiите на европеiцкото обшчество и европеiцките праител'ства во полза на ноото течеiн'е и против лажливците. А без Европа и Русиiа, ни комитетите, ни Бугариiа, не можит ни на iота да изменат судбините на Македониiа.

    А iедно iет така, комитетите од ироничен и пасивен однос кон ноото течеiн'е ке требит непостредствено да преминат до негоото поддржуаiн'е. Ето го одгоорот на прашаiн'ето, каков можит да бидит односот на комитетите кон ноото течеiн'е?

    Сега да поминиме до другото прашаiн'е: от каде ноото течеiн'е ке зимат сила, ако македонцката интелегенциiа и комитетите во Бугариiа зафатат борба со него? Со шчо располагат оно?

    За одгоор на тоа прашаiн'е требит во неколку рески да се одбележит рол'ата на Србиiа во македонцкото национално возродуаiн'е. Да пренебрегуат чоек со положеiн'ето, шчо го имат земено Србиiа во македонцкото прашаiн'е и со неiната рол'а во македонцкото национално возродуаiн'е iет лесномислено. Даже можит да се речит, Србиiа да изигра во наi ноата историiа на Македониiа по голема рол'а од Бугариiа. Кога Бугариiа со шум сакаше да решит македонцкото прашаiн'е, водена за носот од македонцката емиграциiа, Србиiа тио, со голем успеф работеше во Македониiа наполно согласно со србцката погоорка: „тиха вода брег рони''. Беше време, кога ролите на тиiе две држаи беа обратни т. е. Србиiа шумеше а Бугариiа работеше.

    Да бидиме по iасни.

    До србцко-бугарската воiна во 1885 г. бугарите тио работеа во Македониiа. Сливница им покажа на србите, оти ако iедна Бугариiа со Источна Румелиiа можат да покажат на Србиiа iедна Сливничка поразиiа, то соiединената Бугариiа, заiедно со присоiединената до неiа Македониiа во бидно време, можит и сосем да победит и поробит Србиiа. Сливница натера Србиiа да зафатит iедна ноа борба со Бугариiа за Македониiа. Наi напред таiа борба беше на книга: србите докажуваа со громки и плитки фрази, оти они имаат по големо прао на Македониiа од бугарите. От тоа поминаа пак на громка, но безрезултатна пропаганда во Македониiа: наобек'аа на македонци, млади ученици, од бугарцки и грцки сколиiи златни гори за во Србиiа. Патриотичното пропагандно другарство „Св. Сава" од 1888 година отвори пансион за своiите ученици стипендиiати. Во 1889 година броiот на стипендиiатите на тоа другарство се уголеми, за да се умалит по неколку месеци: во ноември месец на таiа година около 40 души ученици македонци, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно поминаа од Белград во Софиiа, за тамо да се учат (се разбират со бугарцки пари). Тоi неуспеф не обескуражи одважните срби: другарството „Св. Сава" отвори патриотична подписка во Србиiа за построiуаiн'е ноо здаiн'е на другарство за пансиiон и за своiа пропагандцка околиiа. Во 1890 год. се издигна големо трикатно здаiн'е, во коiе од iануари 1891 год. се отвори пропагандцката „Богословцко-учител'цка сколиiа", за да се затворит по полоина година. Но за тоа Светосавцкото другарство за таiа полоина година напраи доста шум: во неiа осим науките имаше и воена гимнастика и маршеи на учениците со музика по Белград и негоите околиiи и патуаiн'е на летото по Србиiа, каде се произносуваа громки тостои. Со тоа се сврши шумот во Србиiа, и србите зафатиiа да работат тио и упорно: пропагандата помина от патриотцкото другарство во раците на министерството на надворешните работи. Министерството првно и праiк'аше своiите стипендиiати во србцките провинциални градишча, за да се учат, а после собираше во Белград во специални или великата сколиiа.

    Работеiн'ето на србите не остана без резултати при решааiн'ето на македонцкото прашаiн'е. Србите со своiите сколиiи во Македониiа успеа да создадат во европеiцкото и руско обшчествено мнеiн'е ил'узиiа, да имат срби во Македониiа. Једно подобна ил'узиiа поминуат пред праител'ствата на Великите Сили за факт, то iасно iет, оти при решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е требит да се имаат пред очи и бараiн'ата на србцкото праител'ство. Следствено, Србиiа при таiа борба достигна поеке од Бугариiа, коiа со шумот, шчо подигна остана со загуби, а не со добит. Ако да не се iавеше ноото течеiн'е во развитиiето на националното самосознааiн'е мег'у македонците, коiе ке приравнит загубите на Србиiа со загубите на Бугариiа, то можит положно да се тврдит, оти од востааiн'ето бугарцките интереси во Македониiа само пострадаа, а србцките само се уголемиiа.

    Но србцката пропаганда осем ил'узиiата за србцка народност во Македониiа и побркуаiн'ето да се решит македонцкото прашаiн'е во полза на бугарите, имат и друзи резултати.

    Во зафатокот на нивната пропаганда, србите и не мислеа да праат македонците срби; тиiе сакаа просто да создадат во Македониiа, редом со бугарцките, и србцки интсреси, така, да во време решеiн'ето на македонцкото прашаiн'е, да добиiат колку се можи по голем дел од неiа.Таiа цел'а се достигаше, iедно со изiавуаiн'е историiцки и друзи праа и сообразуаiн'а, а друго и главно со инакво постааiн'е прашаiн'ето за народноста на македонцките словени. Последните можеа да се истаат, или како нешчо стредно мег'у србите и бугарите т. е. ни срби, ни бугари, а просто македонци или македонцки словени, или како срби. Првата теориiа имаше по малу последуачи и беше предназначена за пред европеiцкото обшчествено мнеiн'е. Но на таiа теориiа беше затворен входот во Македониiа, како и со сите тиiе стредини, откаде излизаа пропагандистите. Таiа теориiа беше опасна за србцките интереси во Македониiа, зашчо ке повлечеше по себе согласiето на Србиiа да се образуат оддел'на македонцка држаа и со тоа Србиiа не ке добиiеше ни iеден дел од неiа. Втората теориiа, т. е. сите македонцки словени сет исто таквиiе срби, како и бошн'ацие, црногорците и пр., се укорени во Србиiа. Со тоа србите лажеа, не само европеiцкото обшчествено мнеiн'е и македонците, но и сами себе; тиiе зафатиiа да пропагандираат истата идеiа и стред србите со помок'та на сколиiи и книги. Последните беа и сет сите тенденциозни во прашаiн'ето за народноста на македонците. Ил'узиите на европеiцкото обшчествено мнеiн'е за србцки интереси донесе своiите плодои. Ил'узиiите на, самиiот србцки народ пак не сет без резултатно: во случаi на воiна за Македониiа со кого и да iет, србите, како iеден, сите ке се наврл'ат на неприiател'от, — србцката воiска со наi силно патриотцко осек'аiн'е ке се биiет за Македониiа.

    Србцките усил'а, да се прегледат од научно гледишче македонцкото прашаiн'е се увенчаа со успеф. Бугарите можат да се утешаваат да iет прашаiн'ето за народноста на македонците решено во нивна полза. Они можат да му турат нему крст. Но не го праат тоа друзите учени. Сега веке имат предстаители од науката, како проф. проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, П. А. Лавров и В. Јагич, коiи гледаат на македонцките наречиiа, како на одделен предстаител' на словенцката фамилиiа од iазици. Тоа прегледуаiн'е и такво решеiн'е iет србцка научна победа.

    Србите напраиiа преврат и во пон'атиiата и стремежите на македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но ушче по малу во бугарцка. Они сакаат да напраат македонците срби, забрануаiки да се обраiк'ат пропагандата со ниф инак, осем како со „праи" и „чисти" срби. Тоа не стана. Македонците зафатиiа да се задолбочуваат во прашаiн'ето за нивната народност и интереси, и доiдоа дозакл'учок, да не сет они, ни срби, ни бугари; да немат за ниф, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, а да имат само македонцки. Србите не достигнаа краiниiот предел на нивните стремежи, но достигнаа таков предел, от коi, шчо вистина не можит да се одит контака, но коi шчо можит да успокоит по умерените елементи во србцкото обшчество и народ.

    Одот на србцкото влиiаiн'е во развиiаiн'ето на народното самосознааiн'е у македонците и негоите резултати се предстауваат во тоi вид:

    Во 1889 год, во Белград во пансионо на Св. Савцкото Другарство на Космаiцка улица имаше около 50—60 души млади македонци. Мег'у ниф немаше „старо-србиiанци", а сите беа само од Македониiа и по нивното образуаiн'е до идеiн'ето нивно во Србиiа, во бугарцки или грцки сколиiи, се делеа на: „бугараши" и „гркомани". Мег'у ниф „србомани" немаше.

    Старите „бугараши" заiедно со ноопристигнатите таiа година и со некоiи „гркомани", на броi около 30—40 души, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно, заминаа во Бугариiа. Тиiе млади македонци, воспитани во Србиiа во народен, т. е. во дух да, л'убат наi напред 'своiата таткоина и своiот народ, па после човечеството, заминааiки во странаата, каi шчо немат националн'о самознааiн'е, а на место него полон индеферентизм кон народните интереси, внесоа во неiа ноа струiа од национално воодушевеiн'е и работеiн'е за ослободуаiн'ето на Македониiа. Они состаиiа во Бугариiа осноата на работеiн'ето во полза на Македониiа.

    „Гркоманите" во Белград од година на година се уголемуваа со нои „гркомани" и „бугаромани", но и iедните и друзите натре во Србиiа мачно се преобрнуваа во „србомани". „Србомани" се чинеа они само со заминуаiн'ето во Македониiа како србцки чиновници и органи на србцката пропаганда. „Србомани" македонци имаше само за надворешниiот свет и за друзите пропаганди во Македониiа. Органите на србцката пропаганда во душата си никоi пат не се осек'аа како „срби" или „србомани", особено првите 10 години и ако имаат они живеiано во Србиiа.

    Живеiн'ето на млади македонци во Србиiа секоi пат имаше многу арно влиiаiн'е на интересите на Македониiа. Тука они се заинтересуваа со прашаiн'ето за нивната народност, со србцките филологиiцки и историiцки аргументи за народноста нивна, со србцкиiот патриотизм и со краiното негоо изражуаiн'е во вид на шовинизм или слепо предпочитуаiн'е на своiето пред чуздото, со причините на србцкиiот шовинизм, со рол'ата на Србиiа во сегашно и бидно време во македонцкото прашаiн'е и со много друзи важни и интересни прашаiн'а.

    Искуственоста на создааiн'е србцки интереси во Македониiа беше iасна за сите. Но исто така македонците сознаваат да iет Србиiа држаа, шчо разполагат со воiска, дипломатиiа, iеден народ и iедна интелегенциiа, коiи шчо ке зашчитуваат србцките интереси во Македониiа со примерна преданост и краiен фанатизм.

    Борбата со србцките интереси во Македониiа iет непосил'на, не само за македонците, коiи шчо не располагаат со држаа и државен бiуджет, воiска, дипломатиiа и пр., но и за слободна Бугариiа. Затоа македонците во Србиiа се одрекоа од iедна iавна борба со србите, но со тоа они не се откажаа од интересите на нивната таткоина.

    Од избегуаiн'ето на првата група македонци ученици во 1889 година, за коiе напоменаф, се до 1895/6 уч. г. избегуваа, коiе по мали групи от 5—10 души, коiе оддел'но от по 1—2. Но по големиiот дел македонци остануваа во Србиiа и бараа пат, како ке се можит да се работит во полза на Македониiа без да се влегуат во отво&