Деновиве се навршија 63 години од донесувањето на Грбот на Народна Република Македонија.
При неговото составување, за разлика од повеќето социјалистички држави и репу*блики, историскиот грб не го најде своето место во новиот социјалистички амблем, создаден по урнек на „грбот“ на СССР. Наместо историскиот и земски грб, новиот грб на Н.Р. Македонија поприма чисто пејзажна композиција, и со тоа влегува во иста категорија со Романија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Авторството на грбот му се припишува на Василије Поповиќ – Цицо, кој веројатно е авторот на ликовното решение на преtставата на грбот од законот, кој се употребувал до крајот на истата година. Тој знаел за земскиот грб на Македонија. Има мислење дека автор на денешниот грб е Ѓорѓе Андреевиќ – Кун кому му се припишува и авторството на грбовите на другите републики на ФНРЈ, кој всушност стилски ги унифицирал.
Грбот на Н.Р. Македонија е усвоен на Второто вонредно заседание на народното собрание одржано во Скопје на 26 јули 1946 година, каде што е донесен законот за Грб на Н.Р. Македонија, а членот 1 од овој закон го дава описот (блазонот) на овој грб:
Грбот на Народна Република Македонија е поле опкружено со житно класје испреплетено со плодови афион и листови тутун кои на долната страна се поврзани со лента исшарана со народни мотиви. На лентата е напишано „Н. Р. Македонија“. Меѓу врвовите на класјето се наоѓа ѕвезда петокрака. Во средина на полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце.
Весникот „Нова Македонија“, два дена подоцна, го објавува овој закон заедно со прикажан грб и објаснување:
Грбот на Народна Република Македонија е симбол на слободата и братството на Македонскиот народ и богатството на Македонската земја. Житното класје, плодовите на афионот и листовите тутун го претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзината економија. Пето*кра*ката ѕвезда ја симболизира народ*но*ослободителната војна со која Македонскиот народ ја доби слободата. Народниот мотив на лентата го изразува богатството и убавината на народниот бит. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска планина која била центар на народноосободителните војни во минатото, а реката која тече е реката Вардар, најпознатата Македонска река во Републиката. Пирин и Вардар истовремено ги преставуваат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување. Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија.
Интересно е да се забележи дека дизајнот и објаснувањето на грбот е различен од грбот кој се користи подоцна. Во првиот устав на Нардона Република Македонија во член 3 е дефиниран грбот на НРМ:
Државниот грб на Народна Република Македонија претставуе поле опкружено со житни класја испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја кои што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви. Меѓу врвовите на класјата има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртуе планина, во подножјето на која што тече река. Зад планината изгрева солнце.
И во овој опис, како и во прет*ход*ниот, не се споменува ни една боја. Единствената разлика е што во Уставот го нема текстот на лентата. На печатот со кој е оверен овој документ, е прет*ставен грбот на НРМ со првиот дизајн објавен во „Нова Македонија“, додека отпе*чатокот во восок со кој е запечатен емственикот, го содржи новиот дизајн на грбот.
Во член 4 од овој Устав, стои:
Државното знаме на Народна Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Звездата е црвена со златен/жолт/ раб, и има правилна петокрака форма. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.
Со распадот на СФР Југославија, се постави прашањето за грб на Република Македонија. Така, Владата формира комисија за утврдување на грб и знаме на Република Македонија во 1992 г. во состав: Анета Светиева-етнолог, Александар Цветковски- ликовен уметник, Коста Балабан историчар на уметноста, Димитар Кондовски-ликовен уметник. Во комисијата е вклучен и Матковски. На распишаниот конкурс пристигнуваат преку 3000 трудови, од кои најголемиот дел е инспириран од грбот претставен во книгата на Матковски, која е преиздадена во 1990 година. За жал, Матковски умира непосредно пред ставањето на законот во собраниска расправа, но остава своја порака која е прочитана во Собранието, во која Матковски го изразува својот став дека за грб на Република Македонија треба да се прифати историскиот грб. Комисијата не успева да се согласи околу еден предлог кој би го претставил пред Собранието. Прашањето премногу се политизира.
Поради необезбедено мнозинство, овој закон никогаш не влезе на собраниска расправа, и покрај тоа што според уставниот Закон, овој закон требаше да се донесе до крајот на 1992 година. Македонските пасоши се издаваат без грб, со цел тој да биде дополнително втиснат веднаш штом истиот ќе биде донесен. Ова трае до 2006 година, кога се воведени новите пасоши и на нив е втиснат стариот грб на НР Македонија.
Покрај ова, Република Македонија нема претседателско знаме што ја става повторно во една категорија во која има многу малку земји.
Најголемиот дел европски и повеќето земји во светот имаат знамиња на позиција, особено на највисоката, Претседател на државата, освен Македонија.
Чудно како СРМ не ја наследи и оваа вообичаена категорија од СФРЈ, како што ја усвоија сите поранешни републики?
Така кога претседателот на РМ се вози во службениот автомобил, на него е истакнато само знамето на РМ, како да се работи за некој министер или амбасадор.
Република Македонија не доби грб ни по 18 години. Но, барем знае дека и треба еден. А досега никој не се сетил дека и треба и претседателско знаме.
Како никој до сега не се сетил на тоа кога во овие 19 години дека странските претседатели, кои ако барем ништо, го имаат претседателското знаме на лимузитите од десната страна додека на левата се виори националното знаме? Да не зборуваме дека тоа е секогаш присутно во нивните кабинети?
http://books.google.com/books?id=569bAAAAQAAJ&pg=PA211&dq=macedonians+bulgarians&lr=&as_drrb_is=b&as_minm_is=1&as_miny_is=1652&as_maxm_is=12&as_maxy_is=1810&as_brr=3#v=onepage&q=&f=false
page 211
Here's the rough translation I got online. Anybody who can provide a better
Is the Lion above Sigismund the Macedonian symbol or another that looks like it?
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.
Thanks Bratot, it is becoming evident that the Lion symbol of Macedonia is related to the Lion symbol for Alexander as depicted during the middle ages.
In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.
WOW that is very interesting the lion is almost or even exactly identical to the Macedonian lion now.
And i don't see the Greeks with the lion in any of there national symbols.
This famous poem is known as "Alexandreis, sive Gesta Alexandri Magni" writen by Walter of Châtillon (also known as GAUTIER DE LILLE, GUALTERUS DE INSULIS, or GAUTIER DE CHATILLON, GUALTERUS DE CASTILLIONЕ)
Title: Hector van Troje, Alexander van Macedonia en Julius Caesar
Date: 01-06-2004; 1567
Creator: Muller, Harmen Jansz ; Heemskerck, Maerten van; Muller, Harmen Jansz
Format: 195 x 250 mm; gravure; Ie; prent; text/xml
Source: BdH 14172 (PK) (prent, gravure; Ie), 16e eeuwse Noord- en Zuid-Nederlandse grafiek, Prentenkabinet Museum Boijmans Van Beuningen
Koninklijke Bibliotheek
National Library of the Netherlands
Rights: for information contact Museum Boijmans Van Beuningen; Museum Boijmans Van Beuningen; voor informatie: Museum Boijmans Van Beuningen
Data provider: Het Geheugen van Nederland
Provider: The European Library ; Netherlands
More
Less
Identifier: http://www.geheugenvannederland.nl/?...B01:BDH14172PK
Temporal coverage: 16e/17e eeuw
Type: StillImage
Relation: 16e-eeuwse Noord- en Zuid-Nederlandse grafiek
BVB01
GVN
Comment