НАЈНОВА ИСТОРИСКА КНИГА ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ



АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ И НИВНИТЕ ЗАГУБЕНИ ДЕЛА



Ги известуваме заинтересираните за македонската историја дека во догледно време треба да излезе од печат најновата книга од историчарот Александар Донски под наслов „АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ И НИВНИТЕ ЗАГУБЕНИ ДЕЛА“.

Во книгата за прв пат пред македонската јавност ќе бидат претставени биографиите на дванаесет античко-македонски историчари, како и делумен список на нивните загубени дела.

Во книгата ќе бидат претставени историчарите: Птолемеј и Аристобул (кои воедно биле генерали на Александар Велики Македонски), Леон од Пела, Антипатер, Кратер Македонецот, Птолемеј Осми, Филип од Амфипол, Критон од Пиерија, Марсија од Пела, Патрокле, Марсија од Филипи и Зоил од Амфипол.

Најголем дел од нив биле македонски патриоти и пишувале за историјата на Македонија.

Така на пример, за делото на античко-македонскиот историчар Марсија од Пела во „Речникот на историјата на идеите“ (“The Dictionary of the History of Ideas”, Electronic Text Center; PO Box 400148; Charlottesville VA; Maintained by: Electronic Text Centerat the University of Virginia Library, © 2003) пишува:

“... Помеѓу историчарите кои пишувале за Алек*сандар имало и еден Македонец аристократ, кој се викал Марсија од Пела и бил припадник на една од најстарите и најблагороднички семејства. Тој пишувал за царот од сосема поинаков аспект. Покрај неговата Историја за Александар, тој исто така напишал и Историја на Македонија, која почнувала од митолош*киот период. Денес не е зачувано многу од неговата работа, но од она што го имаме се гледа дека Марсија ги припишувал неверојатните достигнувања на царот, не толку на неговата лична генијалност, колку на карактерот на Македонскиот народ. Неговото дело било најтемелната патриотска историја од тоа време.”

Историчарот Кратер, пак, самиот си го ставил прекарот „Македонецот“, а за античко-македонскиот историчар Птолемеј (кој прво бил генерал на Александар, а потоа крал на Египет) старогрчкиот географ Павсанија запишал дека, иако бил крал на Египет, секогаш себеси се декларирал како Македонец.

Каде се наоѓаат денес некои од делата од овие античко-македонски историчари?

Како посебен дел во книгата ќе бидат изнесени податоци од антички автори од кои јасно се гледа дека античките Македонци не биле Грци.

Ве известуваме дека секој што сака да помогне во објавувањето на оваа книга од дијаспората може да го направи тоа преку предвремен откуп. Секој што ќе даде најмалку 40 АСУД (или 30 УСД или 25 ЕУР) ќе добие 10 примероци од книгата (која има 92 страници А5 формат со корица во боја), кои потоа ќе може да ги продаде поскапо со цел да си ги врати вложените пари. Во оваа сума е вклучена и поштарината од Македонија во која било држава во светот. Истовремено името на секој предвремен откупувач ќе биде спомнато во книгата заедно со реклама за неговиот бизнис, доколку тоа го сака. На тој начин неговото/нејзиното име ќе останат овековечени за сите идни генерации Македонци. За 80 АУСД следуваат 20 книги и поголема реклама и т.н.

Помогнете јавноста да дознае за фактот дека античките Македонци биле културен и писмен народ и дека имале сопствени историчари! Ако ние сами не си ја претставуваме сопствената историја, никој тоа нема да го направи наместо нас или ако го направи, ќе ги претстави овие автори како „грчки“! Затоа ќе ви бидеме благодарни ако оваа порака ја препратите и на други ваши познати.

За повеќе информации обратете се кај авторот Александар Донски на е-маил адреса: [email protected]