Lets start this thread here 2 
Билазора е важен центар на македонската античка цивилизација
Очигледно дека е пајонски град, кој живеел во класичниот, а уште поинтензивно во хеленистичкиот период, вели археологот Виктор Лилчиќ

Сребрена тетрадрахма на владетелот Ликеј, 356-340 година пр.н.е
Пајонскиот град Билазора е важен центар на македонската античка цивилизација, вели археологот Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, коментирајќи ги новите откритија на локалитетот Градиште, кај светиниколското село Кнежје.Истражувачки тим од земјава и од САД деновиве соопшти дека е откриена влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора. Тоа беше главната причина што истражувачите вчера се сретнаа со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа им ветила поддршка во натамошните истражувања.Според Лилчиќ, се претпоставува дека Билазора се наоѓа на локалитетот Градиште, кај селото Кнежје, околу 3 километри оддалечено од Свети Николе. Локалитетот прв го премерил археологот Иван Микулчиќ, пред многу години. Тоа е локалитет што зафаќал површина од 19 хектари, со акропола. Имал овална, елипсовидна форма. Со тоа Микулчиќ ја урива дотогашната теза дека Билазора е кај Велес и поставува нова теза - бил изграден во Овчеполието за да ги блокира нападите - го цитира Лилчиќ својот професор.
НЕИСТРАЖЕН ЛОКАЛИТЕТ
Истражувањата на Градиште почнаа во јуни, под раководство на Бобан Хусеновски, археолог од гевгелискиот музеј, со Вилијам Хајдингер и Јула Метју од Фондацијата за археолошки и историски истражувања од Хјустон, Тексас. Истражувањата се под ингеренции на Народниот музеј од Свети Николе. Во истражувањата учествуваа и археолозите Ѕвонимир Николовски од Управата за заштита на културното наследство и Стефан Данев од Свети Николе. Истражувањата ги финансира Министерството за култура со 200.000 денари. Археолозите работеа на акрополата. Лилчиќ ги раскажува своите искуства од Градиште.Го премерив локалитетот. Голем дел од градиштето било изедено од ерозија уште пред да биде подигнат градот. Сметам дека тоа ја намалило станбената површина на десетина хектари. Но, факт е дека локалитетот досега не бил убаво истражен. Пред десетина години учествував во пробните сондирања на одбранбениот ѕид, изработен од груби квадратни блокови. Малку е рустикален, но очигледно дека е пајонски град кој живеел во класичниот, а уште поинтензивно во хеленистичкиот период - вели Лилчиќ.
ЗАШТИТА ОД НАПАДИ
Според античкиот историограф Полибиј, Билазора бил град подигнат на место на кое Дарданците влегувале во Македонија. Лилчиќ вели дека во минатото таму била пронајдена монета од пајонскиот крал Ликеј, но ја нашол трагач, па не е сигурно документирано дека потекнува токму од Градиште. Според Полибиј, Билазора била густо населена. Според тоа што сум го видел на терен, нема многу нумизматика, а тоа би било основна карактеристика на густо населен град. Освен тоа, граничното подрачје кон северната страна било опасно за живот. Сепак, постои логика токму со Билазора Македонија треба да се гордее. Можеби не е покрај фреквентен пат и е тежок за развој на туризам, но е важен центар на македонската античка цивилизација - вели Лилчиќ.Министерката за култура вчера се сретна со Александар Данев, директор на светиниколскиот музеј. Тој ја информирал дека треба итно да се покрие хидрорезервоарот. Министерката ветила дека ќе помогне в година да продолжат истражувањата.
Весна Ивановска

Comment