This is what I've been talking about when it comes to media reporting in Macedonia.
Here's the latest report from the Institute for Communication Studies that follows media reporting in the period from 19.12.2015 to 29.01.2016.
It supports the fact that the public service (MRTV) along with the 3 biggest national TV stations (Sitel,Kanal 5 and Alfa TV) are just government propaganda tools.
Here are a couple of things I'd like to stress out:
And here's a part that DedoAleko won't like,it's the role of the so-called "show hosts" in the spreading of government propaganda through their shows, featuring the one and only Milenko Nedelkovski:
Read the full report in pdf here:
Here's the latest report from the Institute for Communication Studies that follows media reporting in the period from 19.12.2015 to 29.01.2016.
It supports the fact that the public service (MRTV) along with the 3 biggest national TV stations (Sitel,Kanal 5 and Alfa TV) are just government propaganda tools.
Here are a couple of things I'd like to stress out:
Трендот на пропагандистичко известување на МТВ 1, МТВ 2, Сител, Алфа и Канал 5 во полза на власта, а особено во полза на партијата ВМРО-ДПМНЕ, продолжува. Јасно се видливи изборот на исти теми, исти цитирани извори и ист агол на обработка, така што прилозите на различни телевизии изгледаат како да се уредувани од ист центар на моќ. Продолжуваат и истите матрици на стратегиско демонизирање на СДСМ односно фаворизирање на ВМРО-ДПМНЕ, како и постојано користење на извори кои застапуваат исто гледиште.
...кај телевизиите Телма, 24 Вести и Алсат М (македонски и албански) набљудувачите констатирале аргументирана критика кон политичките актери и кон актуелните настани. Сепак, како што стои во извештајот, нивното известување, иако пружа отпор кон дискурсот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ што циркулира низ провладините медиуми, сепак нема моќ да создадат контра – тежа од спротивставени информации што на гледачот би му помогнале самиот да ја оформи сликата за релните настани.
Сите четири про-владини телевизии (МТВ 1, Сител, Канал 5 и Алфа) со силен интензитет,
секојдневно, преку промовирањето на владините проекти и остварувања, на граѓаните им
претставуваа „максимално позитивна“ слика за работењето на власта, трансформирајќи ја
функцијата на новинарството од критичко информирање во гола политичка пропаганда.

...во анализираниот период (19 декември 2015 – 29 јануари 2016 година) во вестите на МТВ1 биле објавени дури 28 обраќања на претседателот на владејачката ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, а наспроти тоа само 6 јавни обраќања на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев. Исто така, констатирана е и пропагандистичка поддршка на сите проекти кои ги објавува ВМРО ДПМНЕ во име на Владата. Еден од насловите односно најавите, кои најмногу привлекуваат внимание, во овој контекст е „Дејан Момировски најсреќен за Водици, доби лаптоп од ВМРО-ДПМНЕ“.
Во овој случај, кај сите три медиуми (Сител, Канал 5 и Алфа) дури беше јасно видливо насоченото и синхронизирано „конструирање на приказна“ која не кореспондира со реалните случувања, со цел кај гледачите да се поттикнат негативни перцепции за работата на Специјалното обвинителство „кое работи во поврзаност со опозицијата“
Откако Никола Груевски поднесе оставка од
премиерската функција, про-владините медиуми целосно го свртеа своето внимание кон него,
сега ословувајќи го како лидер или претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Се следеше неговото
присуство на јавни настани, како прославата на празникот Водици, на псевдо-настани
организирани од државни институции каде што тој беше гостин, или на партиски трибини.
Силниот фаворизирачки тон продолжи со несмален интензитет, дури и откако тој отстапи од
премиерската позиција. Дури се емитуваа и прилози во кои граѓани изразуваат поддршка
директно на Никола Груевски, а не на Владата. Четирите телевизии воопшто не го поставуваа
прашањето зошто поранешниот премиер учествува на настаните, и во кое својство, како што
тоа го правеа неутрално-критичките медиуми.

Во неделата од 7 до 15 јануари беа објавени дури 135 прилози за владините проекти и
инвестиции, при што најголем број на комерцијалните телевизии кои се блиски до власта.
Ваквите пропагандни прилози кај телевизиите Сител, Канал 5, Алфа и МТВ1 беа проследени
со силен коментаторски тон и во најавите и во известувањето, како „Историски ден за Велес“
(Сител и Канал 5, 12 јануари) или „ветено-сторено“ со стари изјави од партиски митинзи на
Груевски

Директни обраќања: Во анализираниот период емитувани се 15 директни обраќања на политичките
лидери. МТВ 1 продолжува и натаму најголем простор од вестите за тоа да дава на премиерот и
лидер на ВМРО - ДПМНЕ Груевски (11), додека лидерот на ДУИ Ахмети има две, и лидерот на
СДСМ Заев и на ДПА Тачи по едно.

Во целина, телевизиите во Македонија овозможуваат простор за јавна дебата за најактуелните
политички прашања во земјава. Но, генерална оценка е дека петте провладино-ориентирани
телевизиски канали (МТВ1, МТВ2, Сител, Канал 5 и Алфа) и во актуелно-информативните
емисии настојуваат да ги пропагираат првенствено гледиштата на владејачките политички
структури, а на опозициските ставови и мислења или воопшто не им даваат простор или
крајно ги напаѓаат и демонизираат. Најизразени примери во овој поглед се повторно емисиите
„Јади бурек“ на Сител и „Миленко Лејт најт шоу“ на Канал 5.
Она што најмногу загрижува е позицијата на јавниот сервис, т.е. двата телевизиски сервиси
МТВ1 и МТВ2. По дефиниција и според законските обврски, токму јавниот сервис треба да
обезбеди најмногу простор за политички плурализам односно да биде форум за јавна дебата
за сите најактуелни прашања, бидејќи се финансира и им служи на сите граѓани. Во
Македонија, јавниот сервис, не само што одамна ја изгуби водечката улога во овој поглед,
туку исто како и дел од комерцијалните телевизии, во континуитет им служи на владејачките
структури.
(f) Водителите на емисиите „Јади бурек“ и „Миленко Лејт најт шоу“ во континуитет го
прекршуваат членот 14 од Кодексот на новинарите, во кој се бара професионална дистанца од
политичките субјекти. Тие речиси во секоја своја емисија јасно ги пропагираат и
фаворизираат ставовите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во исто време отворено и
грубо демонизирајќи ја опозиционата СДСМ и нејзини претставници. Во дел од овие емисии
се прави дискриминација врз основа на политичко односно друго уверување на сите кои ја
критикуваат власта и на критичките медиуми, со нивното дисквалификување и навредување
(„соросоиди“, „сороспии“, „предавници“ и сл.), што е спротивно на членот 3 од Законот за
спречување и заштита од дискриминација.
(g) Водителот на емисијата „Миленко Лејт најт шоу“, во изданието од 15 јануари, користи
екстремен говор со отворени лични навреди и вулгарности како и негативни квалификации
кои претставуваат имплицитен говор на омраза. Преку нападот врз еден поединец,
Неделковски врши дискриминација и на цела една група: „Хомосексуалците се болни луѓе и
сметам дека треба да имаат медицинска нега“. Со ова, тој врши груба повреда на членот 3
од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
(h) И двајцата водители во континуитет ги прекршуваат основните принципи утврдени во
Кодексот на новинарите на Македонија, а посебно членот 10 во кој се вели дека новинарот
нема „... да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и
дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична,
сексуална ориентација, политичка...).“

Comment