Merry Christmas (Среќен Божиќ) and a Happy New Year (Среќна Нова Година)

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Peshoshnitsa Lerin
    Junior Member
    • Jun 2012
    • 85

    happy new year everybody! all the best for the year to come!

    Comment

    • makedonche
      Senior Member
      • Oct 2008
      • 3242

      Srekien Nova godina do suti Makedonci!
      On Delchev's sarcophagus you can read the following inscription: "We swear the future generations to bury these sacred bones in the capital of Independent Macedonia. August 1923 Illinden"

      Comment

      • lavce pelagonski
        Senior Member
        • Nov 2009
        • 1993

        Стара Нова Година, Св.Василиј

        Today is my dads name day, I wish everyone with the name Vasko/Vaska happy name day and happy old new year. Povelete na luta rakija i na bogato meze




        Стара Нова Година, Св.Василиј,Обрезание Христово-обичаи кај Македонскиот народ

        На 14 јануари според новиот(односно 1 јануари според стариот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за воспоставување врска со Бога поради што необрежаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа и отпадници од еврејскиот народ. Исус како божји син можел и да не биде обрежан, но тој не дошол на земјата за да ги негира законите туку за да ги потврдува и да служи за пример. Поради тоа светото семејство на осмиот ден од раѓањето го донесло во храмот новородениот син каде што по извршувањето на овој обред му ставиле име, онака како што им рекол ангелот при јавувањето на Света Дева Марија, Исус (еврејски збор што значи Спасител) и Христос (грчки збор што значи помазан). Во спомен на овој настан светата црква го востановила празникот Обрезание Господово на осмиот ден по Божик - денот на Христовото раѓање.

        Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Роден е во овој град во 329 година од побожни родители, татко кој исто така се викал Василиј и мајка Емилија. Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката. Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува. Умрел на 1 јануари 389 (според некои 379) поради што црквата секоја година на овој ден го празнува споменот на неговото име. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.

        Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата Божја. Се верува дека овие денови за човекот се опасни бидејќи тогаш мртвите се во движење, разни вампири, караконџули, вештерки, самовили и други нечисти сили се активни и на сите начини сакаат да му напакостат. За заштита од овие негативни демони човекот во овој период избегнувал некои потешки работи, но изведува и разни магиски заштитни дејствија. Особено познати се некои обичаи како бабарските, русалиските и сл. од кои траги на почвата на Македонија се одржале до денес. Посебно интересна е една драмска игра со маски која се среќава на теренот на цела етничка Македонија, но секаде со различни имиња според имињата на учесниците во играта: во Охридско-василичари, во Битолско-бабари, во Скопско-џамалари, во Тиквешијата-џаламари, во Разлошко-сурваскаре, во Костурско и други места во Егејска Македонија ешкари и тн. Иако во повеќе места оваа драмска игра се играла во текот на сите дванаесет Некрстени денови сепак таа најчесто е поврзана со празникот Василица.

        Важно е да се одбележи дека како ретко кој празник децата одделно од возрасните Новата Година ја пречекуваат со посебни обичаи, игри и песни кои многу се различни од оние што ги изведуваат возрасните, но се блиски до обичаите и песните што се изведуваат на Бадник. И на Василица како и на Бадник групи деца најпрвин околу заедничкиот оган, а потоа одејќи по куќите низ селото или градот, пеат пригодни песни за што добиваат подароци. И овие песни како и коледарските од Бадник немаат развиена мелодија туку се кажуваат со скандирање, со карактеристични извици на почетокот и на крајот, а и во мотивска смисла се блиски. Низ песната се искажуваат многу убави желби и благослови за родна година

        Сурова, сурова година голем клас на нива,
        голем грозд на лоза жолт мамул на леса,
        живо здраво до година, до година до амина.

        Децата носат прачки, (дренови или сливови), со кои ги удираат луѓето, особено старите и болните лица, обичај што се вика суровење, што значи и тие да се сурови како прачката односно здрави. Тоа се прави и со домашните животни особено со коњите, воловите и овците поради што домаќинот василичарите ги одведува во шталата.

        Возрасните за овие прослави се подготвуваат од порано. Тие набавуваат прибор за маскирање, предмети за тропање и правење врева, како ѕвонци, клопотарци, тенеќиња, тенџериња, но и музички инструменти: гајди, кавали, тапани и сл. Со овие реквизити се создава голема врева која има цел не само да создаде весела атмосвера туку и да ги заплаши и избрка лошите духови.

        Во василичарските дружини одат луѓе веселници, луѓе што знаат да се шегуваат. Обичаите што притоа ги изведуваат претставуваат вистинска народна драма со точно определени улоги на учесниците, со маскирање и други елементи присутни во фолклорниот театар.

        Во Скопско овие дружини броеле 30 до 50 учесници од кои се избирале четворица „маскарџии“. Меѓу нив двајца биле „старци“, а други двајца ги играле улогите на две млади жени - невестата и орваната. Другите учесници во тајфата претставувале „деца“ или „војска“. Во играта што ја играле добриот старец го убивал лошиот, што значело дека добриот дух го убивал лошиот што од друга страна, пак требало да значи обезбедување на благостојба во куќата и богат род на земјоделските култури. Во Горноџумајско овие дружини броеле 15-20 момчиња и се викале „сурваскаре“. Еден од нив го викале мечка, друг мечкар, трет се правел невеста и бакнувал рака итн. Во селата Емборе, Дебрец и Палиор во егејскиот дел на Македонија се играла Мала и Голема Ешка. Првата ја изведувале децата, а втората возрасните. Во Дебарца (Охридско) главни актери во оваа игра биле зетот, невестата и гатачот.

        Овие василичарски дружини во секоја куќа, или, ако не ги пуштале да влезат поради тоа што биле многу вулгарни, во дворот ја играле споменатата драмска игра за што добивале подароци (месо, грав, компири, зејтин и др.) од кои правеле заедничка гозба. Таму пак каде што не ќе ги дарувале правеле некоја штета најчесто кршеле нешто што ќе најделе во дворот на пр. плуг, брана, кола и сл. Се внимавало две василичарски дружини да не се сретнат зашто редовно доаѓало до тепачки што траеле се додека некој не загинел за што сведочат топонимите Василичарски гроб, Бабарски гроб и тн. што ги има низ цела Македонија.

        Постојат повеќе обичаи и верувања што се директно поврзани со започнувањето на Новата година. Тука во прв ред е прогнозирањето на среќата и напредокот на секој член од семејството како и на стоката и на земјоделските култури. Во загреана пепел или во нагорена црепна се ставаат зрна жито и во зависност од тоа колку ќе скокне зрното се гледа колку ќе има напредок во претстојната година. Исто така во црепна се ставаат жарје и се покриваат со вршник, а потоа се гледа тие што се изгорени со бела пепел ќе имаат напредок, а тие што се изгаснати, црни јаглења, ќе доживеат болест и несреќа. На Василица во некои места месат и погача или баница со пара, како што тоа во повеќе места се прави на Бадник, и со тоа се прогнозира кој член од семјството ќе биде најсреќен. Според некои верувања на Василица секој требало да облече нешто ново за да го износи во текот на годината.

        Во селото Битуше наспроти Василица правеле суровици и низалки со костење. Суровиците ги правеле од едно лозово и две дренови гранчиња, изврзани со бел и црвен преден волнен конец. Суровицата била долга околу шеесетина сантиметри, а на врвот се врзувала рачно плетена киска и сребрена пара. Во минатото суровици се правеле за машките деца, а во поново време се правеле суровици и за женските деца. Низалките се правеле од костени, на тој начин што на подебел конец со игла се нижеле варени костени. Меѓу костените се ставале шеќерчиња, а во средината на низалката се врзувало и варено јајце. Во поново време наместо јајце се ставало чоколадо.

        Во селото Вевчани се одржува прочуениот Вевчански карневал кој од година во година станува се помасовен и попопуларен. Како туристичка атракција тој е посетен од многу гости и тоа не само од нашава земја. Во формата во која денес се одржува во него гледаме мноштво традиционални обичаи, но и некои елементи што се од поново време. Во Вевчани Василица се празнува два дена, на 13 и 14 јануари (н.с.). Василичарите се организираат во групи, зависно од маалската припадност, во василичари од Горна и од Долна маала. Секоја од овие групи си има свој конак, каде што се собираат и подготвуваат. Секоја група си има свој василичарски бајрак, што се чува во црквата Свети Никола и се користи само во оваа прилика. Бајраците се носат пред поворката додека василичарите шетаат низ селото. Секоја василичарска група има традиционални ликови: зет и невеста, потоа поп, ѓавол и Глупавиот Август. Зетот, облечен во народна носија носи и патерица со која ги фаќа луѓето за вратот, ги доближува за да им бакне невестата рака, а тие да ја даруваат со пари. Невестата, секогаш е машко лице, облечено во невестинска облека и претставува симбол на плодноста. Составен дел на василичарските групи се и свирачите кои ги веселат присутните.

        Василичарските поворки тргнуваат на 13 јануари (с.с.) на пладне. Одделно одат горномалските и долномалските василичари. Ги минуваат сите улици одејќи надесно и застанувајќи на секоја раскрсница каде што играат. Василичарите ги посетуваат сите домови, играат ора и пеат песни по што добиваат дарови во пари или продукти. Насекаде се пее василичарската песна:

        По мене бабо, по мене, како струпска ертица,
        како прилепска ножница, сурва, сурва година.
        Сурва, сурва година, голем клас на нива,
        голем грозд на лозје, жолт мамул на леса,
        црвено јаболко в градина, живо-здраво до година,
        до година до амина, пара, пара домаќине!

        Вечерта по полноќ, околу 2 - 3 часот, откако василичарите ќе минат низ сите куќи се оди на вода на познатите Вевчански извори. Тоа е означено и со биење на камбаните. Тука се присутни сите селани сообено женскиот свет. На вода се носи литургија, котле или ѓум за вода, дрвена лажица и василичарска киска. Киската се прави од босилек, василичарка (растение со боцки) и гранки од дрен. Сите тие се поврзуваат со црвен волнен конец. На изворите попот испева молитва со што ја осветува водата. Потоа сите присутни во специјални садови земаат од водата и ја носат дома. Со оваа светена вода се попрскуваат сите простории во куќата. Со оваа вода се подготвува кашаник (тури-потпечи) во кој се става сребрена пара. Тој што ќе ја најде парата се смета за најсреќен во семејството. Киската се става над влезната врата и тука останува цела година како заштитник на куќата од разни лошотии: демони, несреќи, елементарни непогоди и сл.

        На 14 јануари најпрвин се одело во црквата, а потоа низ селото. Тогаш се оди во сите домови во кои има Васил и се честита именденот. Попладне сите се собираат на средселото каде што се игра Василичарското оро. Секоја група имала свое оро, а потоа сите се обединувале во едно заедничко оро.

        На 15 јануари се организирала заедничка гозба. Тогаш се броеле собраните подароци главно парите и се решавало за што ќе бидат искористени. Секогаш се користеле за некои добротворни цели, изградба на чешма, водовод, црква, училиште итн.

        Во василичарските празнувања во Вевчани покрај традиционалните елементи, ликови, маски и сл. има и нови елементи, пред се маски и активности со кои се критикуваат некои настани или личности од изминатата година. Поради тоа што оваа манифестација доби поголема масовност и атрактивност во 1993 година Вевчани со својот карневал стана член на Здружението на европските карневалски градови. Вевчанските василичари учествувале на многу карневали во светот.

        Очигледно е дека обичаите и верувањата поврзани со празникот Василица потекнуваат од претхристијанско време и дека нивна цел е да ги отстранат лошите демони но и да обезбедат среќа и напредок на поединецот како и на пошироката заедница.

        Народна песна

        Сива, сива Василица, каде си се осивила?

        - Тамо долу на Бел Дунав!
        - Што имаше, што немаше?
        - Ми имаше златна чаша,
        златна чаша канатица, ми канеше слава Божа,
        слава Божа и Божика. Божик ми е небото,
        слава му е на земјата! Оооооо и в година!

        Благослов

        Колку трна, претрна, толку амбари пчејнца!
        Колку капки сланина, толку прасци в кочина!
        Колку трошки сирење толку јагниња, јариња!
        Колку писма, преписма, толку синчиња, ќерчиња!

        Тропар

        Нова година - Oбрезание на Господа Исуса (1/14 јануари)

        Ти што седиш во висините на огнозрачен престол со Беспочетниот Отец и Божествениот твој Дух, си благоволил да се родиш на земјата од девојка, недопрена од маж, Твоја Мајка, Исусе. Поради тоа, си бил и обрезан како човек осмодневен. Слава на Твојата себлага одлука; слава на Твојата грижа; слава на Твојата милост, единствен Човекољупче.

        Свети Василиј Велики (1/14 јануари)

        Твојата проповед се рашири по целата земја; таа го прими твоето слово, со кое божествено учеше; си ја објаснил суштината на се што постои; човечките обичаи си ги украсил, небеска светлино, оче преподобен, моли го Христа Бога да ги спаси нашите души.

        Пагански обичаи, и македонски карневали- да се истера лошото...

        Старата Нова година во тој крај се прославува од памтивек. Името василичари доаѓа според една билка, по едно растение со боцки, кое жените во очи на старата Нова година го берат и од него прават китка, букет.

        Таквиот букет од исушеното растение со боцки тие го стават над куќниот праг, на порти; значи, во пресрет на 13-ти, дента на Василица, таа китка, тој букет од такви исушени боцкилави цветови е врзан со црвен конец (што кај постарите било традиција) и тој букет се става во котле со вода Семејството и жената

        Жената дента вади црепна од глина, ја грее, фрла по едно зрно пченица и кажува: „Ова зрно е за Никола!“ Ако притоа зрното отскокне, тогаш сите се радуваат. Значи: Никола е жив и здрав и ќе има бериќет и здравје во текот на годината. Таа ги спомнува сите по ред од семејството, а потоа ги вклучува и добитокот и родот. Вели: „За кравите, за овците, за коњите, за магарињата, за кокошките, за лозјето, за пченицата, за покуќнината“. Василичарите, луѓето што се облечени во носии и преправени во маски, претходно се договараат во која куќа ќе биде сместена групата. Откако ќе се договорат, се носат казани, посебно чувани за таа цел. Но не се само селаните тие кои мислат и промислуваат каква маска и носија ќе измислат. И печалбарите, во јабана, во долгите студени зимски ноќи, се обземени со истите мисли. И тие во мислите се со карневалот. И тие плетат и кројат планови низ главата.

        Василичарите задолжително имаат невеста и зет. Во маските на 13-ти и 14-ти јануари, на Стара Нова година, МАЖИТЕ СТАНУВААТ ЖЕНИ, А ЖЕНИТЕ - МАЖИ! Едните се облекуваат во женска носија, а другите во машка. Значи, главните елементи на карневалот се зетот и невестата и секогаш задолжително и група и имаат по два ѓавола. Едните се облечени во црно, а другите во црвено (!) Нив никој не ги познава и тие изведуваат невидени и несфатливи ѓаволштини, да речеме, на студ од минус 30° тие се бањаат голи во јазовите, се качуваат и јазат по дрвјата, онака облечени во црвено и црно, со маски од мртовечки глави и нарамени со вили! Притоа тие умеат да откинат и тазе исушена опашка од вол, од крава, рогови од биволи и сл. Оваа игра василичарите ја играат попладне, Потоа се приклучуваат и две- три тајфи зурлаџии и тапанари, составени од Роми и тие традиционално, отсекогаш се капарисани да свират на карневалот. Зетот, невестата, ѓаволите и сите други преправени, заедно тргнуваат со нив попладнето шетајќи. Луѓето со нив чинат здраво-живо и си подаваат раце, честитајќи си ја Новата година. Така, тие цела ноќ шетаат низ улиците, за утредента, во претпладневните часови, да се сретнат со една заедничка игра и со еден заеднички оган, во кој се фрлаат маските и се откриваат сите во своите вистински, автентични лица. Вечерта, пред полноќните часови, жените месат погачи, ги ставаат во специјални шарени торбиња и со калаисани котлиња, во кои е ставена китката, букетот со василичарките, заминуваат на изворите. Таму, точно на полноќ, на преминот од Старата во Новата година, се огласуваат камбаните на црква, попот и ја „пее“ водата. Жените ја бркнуваат погачата и три пати се прекрстуваат, изговарајќи ги сите оние вообичаени зборови за здравје, успех и бериќет на семејството. Притоа, се разбира, особена е нагласката на печалбарите, чија судбина отсекогаш била неизвесна. Ќе откршат неколку залака од погачата и ќе стават светена вода во котлето и откако попот со китката ќе ги изговори молитвите за печалбарите и семејството, на полноќ, тие се враќаат дома. Во куќата, таа ноќ, сè е осветлено. Во минатото со борина, подоцна со газиена ламба, а сега со електрично осветление. Никој не спие. Дури ни најмалечките, освен новороденчињата, се разбира. Сите чекаат да дојде ТАА: ГЛАВАТА НА СЕМЕЈСТВОТО, ЖЕНАТА, МАЈКАТА. Таа поминува со ред најпрвин од домаќинот, од стопанот, кој ја бакнува китката, додека таа го прска со ајазмото, со светената вода и му посакува сè најубаво во животот и откако ќе седнат да вечераат, тогаш сите задолжително каснуваат од онаа малечка погача. По полноќ, мажите пијат, а децата си легнуваат да спијат. Карактеристично за песните кои се пеат за Василичарската ноќ е тоа што се однесуваат на празниците Сурова и Нова година.

        „...Сурова, сурова и Нова година
        лошата едекавица веќе мина,
        а тебе, име, тебе побратиме
        празна ти пајнца, сува ти лајца
        а мразурци ти растат под капајца...
        Затоа од навала, затоа од завала
        (ала бјала без објала)
        јавни бодни низ ветрови водни
        па со бела страчка оди на вражачка
        да ти каже каков ум да збираш
        со кој ангел и ѓавол да се разбираш“.

        Петре М. Андреевски („Смртта на бабарот“, поема)


        На невестата ѝ се даваат подароци, на зетот му се дава суво месо, колбаси, грав, јаболка, ореви, костени, а сето време покрај нив оди човек со вреќичка и го прибира даруваното. И едната, и другата група, од секое семејство ги добиваат овие подароци. Од насобраната храна се прави ручек и вечера за учесниците на карневалот.
        Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

        „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Васил Чакаларов

        Comment

        • Bij
          Member
          • Oct 2009
          • 905

          za mnogu godini i cestito imendenot na tatkoti.

          I love Vasilica, such a great holiday. I love the adeti with the pare and maznik.

          Comment

          • George S.
            Senior Member
            • Aug 2009
            • 10116

            Merry X-mas & happy new year.

            hey Guys & Gals the catholic chrismas is oncemore upon us.What more could I say except Merry x-mas & a happy new year.Drive Safely eh.:21 I hope santa gives you a big present.
            amazing 2013 has come and gone so quickly!!!!
            So this thread is for the catholic & orthodox Chrismas.
            Srecken Bozic to one & all,Merry x-mas & happy new yEar2014
            Last edited by George S.; 12-23-2013, 01:35 PM.
            "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
            GOTSE DELCEV

            Comment

            • Risto the Great
              Senior Member
              • Sep 2008
              • 15658

              I can't believe the year is almost over. All the best everyone.
              Remember the real reason for Christmas. The rampant consumerism in our economy which leads to economic prosperity akin to a massive sugar fix. Please do your best.
              Risto the Great
              MACEDONIA:ANHEDONIA
              "Holding my breath for the revolution."

              Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

              Comment

              • Daskalot
                Senior Member
                • Sep 2008
                • 4345

                Happy new year to everyone here at Macedoniantruth.org!
                Macedonian Truth Organisation

                Comment

                • TRAVOLTA
                  Member
                  • Nov 2009
                  • 504

                  Happy new year to all...

                  Comment

                  • George S.
                    Senior Member
                    • Aug 2009
                    • 10116

                    where has the year gone?have a good one.
                    SREKEN BOZIK to one and all..
                    Last edited by George S.; 01-06-2014, 09:06 PM.
                    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
                    GOTSE DELCEV

                    Comment

                    • Soldier of Macedon
                      Senior Member
                      • Sep 2008
                      • 13674

                      Merry Christmas to all of our Macedonian brothers and sisters.
                      In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

                      Comment

                      • Momce Makedonce
                        Member
                        • Jul 2012
                        • 562

                        Streken Bozik do site, se najubavo.
                        "The moral revolution - the revolution of the mind, heart and soul of an enslaved people, is our greatest task." Goce Delcev

                        Comment

                        • Gocka
                          Senior Member
                          • Dec 2012
                          • 2306

                          Srekjen Bozik, da vi dajt gospod mnogu srekja i uspek na site i Samo napred za Makedonija i Makedoncite.

                          Comment

                          • lavce pelagonski
                            Senior Member
                            • Nov 2009
                            • 1993

                            Sreken Bozik Hristos se rodi!
                            Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

                            „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Васил Чакаларов

                            Comment

                            • TRAVOLTA
                              Member
                              • Nov 2009
                              • 504

                              Hristos se rodi...

                              Comment

                              • DedoAleko
                                Member
                                • Jun 2009
                                • 969

                                Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати. Синот Божји насекаде нека ве води, честит Божиќ - Христос се роди!

                                За многу години Македонци, каде и да сте!

                                Comment

                                Working...
                                X