Macedonian killed by Zlatna Zora, is this true?
Collapse
X
-
Како што сите веќе знаете, вчера низ медиумите проструи вест за убиство во Солун на млад студент – Македонец, Александар Самарџиев од село Треболец, воденско, од страна на припадници на грчката нео…
Александар Самарџиев
Posted on 01/10/2012
Како што сите веќе знаете, вчера низ медиумите проструи вест за убиство во Солун на млад студент – Македонец, Александар Самарџиев од село Треболец, воденско, од страна на припадници на грчката неофашистичка партија со милозвучно име „Златна Зора“. Информацијата беше лиферувана преку социјалните мрежи од страна на неговиот братучед Стилјан Самарџиев од село Крушодари, леринско, а пренесена од страна на претседателот на Светскиот македонски конгрес – Тодор Петров.
Веднаш по објавувањето на веста, почнаа да пристигнуваат контрадикторни известувања, сомневања и деманти од сите страни дека такво убиство воопшто се случило. Она што посебно интригира е фактот дека додека грчките „демократски“ власти с уште „ја проверуваа информацијата“, некои наши медиуми веќе го прогласија убиството за „наводно“, „непостоечко“, „измислено“ и „лага“.
Се разбира, „независните“ органи на нашиот јужен сосед, откако „најпрофесионално ја проверија информацијата“, „смело и одлучно“ демантираа дека имало убиство на студент (македонската националност на студентот„ разбирливо“ ја изоставија), а грчкото МНР се произнесе дека тоа е „плод на нечија морбидна фантазија“.
Ова за дел од домашните медиуми веќе беше „доволен доказ“ дека немало убиство и почнаа да се однесуваат како во добрите стари советски времиња – ако не јавила „Правда“, значи дека не се случило. Дури се одеше дотаму „наводното убиство“ да се прогласи за сценарио на грчките тајни служби за фрлање дамка врз Македонија пред претстојниот (очекувано позитивен) извештај на Европската Комисија за напредокот на земјава кон ЕУ.
Ниту еден медиум не испрати новинари во Егејска Македонија да го пронајде семејството Самарџиеви, како на Стилјан така и на Алесандар. Ниту еден медиум не се заинтересира зошто ова семејство е на удар на неофашистите, но и на легитимно избраната грчка власт. Ретко кој новинар се интересира за положбата на Македонците во Грција и неможноста да се именуваат и презиваат како што сакаат. Напротив, некои македонски медиуми дури и ден денес ги пишуваат Македонците и топонимите од Егејот, со грчките наместо со нивните вистински македонски имиња.
Да резимирам:
Најмалку е важно дали убиството се случило или не. И во обата случаја, тоа претставува еден крик на Македонецот од југот за неговата неподнослива положба, секојдневно зачинета со закани и шиканирања. Доколку Александар е убиен, тое е една голема загуба за неговото семејство, за македонската нација и за македонштината во целина, за што јас искрено сочувствувам со Самарџиеви.
Доколку не е, информацијата за наводното убиство е еден апел дека ако не денес, нешто лошо ќе се случи во скора иднина, исто како што се случувало и во минатото и дека под итно мора да се преземе нешто денес за да се заштитат нашинците од приморјето од бесните орди на неофашизмот, но и прикриениот грчки наци-шовинизам. А за тоа што се случувало во минатото еве само три сведоштва од очевидци:
„Јас одев прв, а џелатот ме следеше со бајонетот в рака. Низ вратата од собата можев да видам убиени луѓе, и некои уште беа живи и стенкаа. Еден беше без глава. Собата беше полна, а телата лежеа по две или три едно врз друго… Влегов еден чекор во собата, а при другиот тој ме удри во вратот. Потоа го стави стапалото врз мене и ми зададе шест удари со бајонетот, по грбот, зад увото, под десната челуст и грлото. Кога милосрдните сестри потоа ми дадоа млеко, тоа течеше низ последната рана… Во големата соба убивале по тројца или четворица, но во оваа мала соба другите жртви мораа да гледаат додека беа зафатени со мене. Го гледав човекот од Дебар како се бори крај вратата. Тие му ги фатија рацете и го фрлија врз мене… Му го пресекоа вратот и завршија со бодења во грбот…“ Георги Белев од Сер, за масакрот извршен во серското училиште во 1913 година.
„Грците не ги прогонуваат само сите живи Македонци, кои еднаш ги именуваат „бугарогласни“, втор пат „словеногласни“, туку и сите мртви Македонци чии гробишта се наоѓаат во цела Македонија. Тие ниту во гробот не ги оставаат на мир, од крстовите ги бришат натписите на македонски јазик, ги вадат коските од гробовите и ги горат…“ Непознат англиски патеписец во 1928 година.
„Конзулите (италијански б.м.) слегоа од коњите и тргнаа пеш. Пред очите им се појавија првите жртви: кметот на Загоричани и неговата ќерка. И на двајцата телата им беа обезличени. Понатаму лежеа другите убиени, до вечерта двајцата конзули со придружниците ги обиколија сите 62 убиени и 6-те ранети. Меѓу убиените беше и мојот стар татко, поради што конзулите ми искажаа длабоко сочувство. Најпотресителна беше глетката на 17-те убиени изложени во црковниот двор. Тука можеа да се видат трупови на кои очите им беа избодени, градите распорени, рацете и нозете исечени, мозоците распрснати…“ Наум Темчев од Загоричани, за масакрот во Загоричани во 1905 година.
Прочитајте ги овие сведоштва уште еднаш, следниот пат кога ќе се одлучите да „идете на шопинг у Солун“."The moral revolution - the revolution of the mind, heart and soul of an enslaved people, is our greatest task."__________________Gotse Delchev
Comment
-
-
"The moral revolution - the revolution of the mind, heart and soul of an enslaved people, is our greatest task."__________________Gotse Delchev
Comment
-
-
RIP,gospo dago prosti."Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
GOTSE DELCEV
Comment
-
Comment