Wow what a fantastic interview, i never knew Gruevski said all those good things about our Diaspora. Lidija Neshkovska labeled Nikola Gruevski as our best ever leader so far and called him an excellent leader.
ЕКСКЛУЗИВНО: ЛИДИЈА НЕШКОВСКА:
Груевски е највредниот премиер што Македонија го имала!
Најпрво би сакал да се заблагодарам за тоа што се согласивте да разговарате со нас и да ни кажете нешто повеќе околу вашата асоцијација, Македонско австралиска организација на заедницата (Macedonian Australian Community Organisation (MACO Inc.) како е примена во пошироката заедница и кои се целите кои се досега постигнати ?
- MACO Inc. најпрво беше оформена за да помогне, да се зближат повеќе македонски организации во Австралија и да се обединат сите за да се постигнат нашите цели кои си ги поставивме себе си, а тоа е да се развие свеста, лобирањето и да се добие потполно признавање на Македонија и нејзините граѓани од Федералната влада под уставното име. Кога го велам ова, не сакам да бидам разбрана дека сакам организацијата MACO Inc. да ја претворам во ентитет каде нејзините членови се чувствуваат обврзани да ги следат наредбите од другите. Би сакала MACO Inc. да биде водач во заедницата и да овозможи лидерство на другите групи каде тие имаат исти цели и намери, како нас, за поголема помош на македонската заедница во Австралија да ги достигне своите долгогодишни цели.
На пример ние добивме потполна поддршка од мнозинството македонско австралиски организации, вклучувајќи и спортските групи, културните, а ни се придружија и локалните бизнис сопственици кои се членови на македонската заедница. Ние исто така имаме и бројни надворешни советници кои ни помагаат во нашите секојдневни потреби од другите етнички заедници во Австралија. Нашиот фокус е насочен кон промовирањето на нашата култура во пошироката заедница и презентирање на македонскиот профил на другите луѓе во земјава - нешто кое мислам дека е од витално значење за добивање на поддршката која ни треба за да ги достигнеме нашите цели. Би сакала исто така да потенцирам дека MACO Inc. не е во ниту една форма, начин или насока нешто кое е замена за некој вид "чадор" организација кои веќе работат во нашата заедница. Ние сме тука за да ги поддржиме сите организации, без оглед на нивниот профил и работа заедно - секој со секого да работат за една и единствена цел.
Тоа се чини е многу дискутабилно и тешко, имајќи ги во предвид актуелните случувања во заедницата
- Секако дека е предизвик, ништо во животот не е едноставно, и понекогаш морате навистина да се намачите и да го гризнете куршумот така речи, во желбата да ги донесете сите заедно на еден брод. Воопшто не е важно што индивидуалците можеби мислат, и веруваат во тоа, ние сме сите заедно во ова, и треба да бидеме како една цврста македонска заедница во Австралија ако сакаме да бидеме слушнати. Со право сакаме да кажеме и да учествуваме во донесување одлуки во пошироката австралиска заедница, без оглед за кои политичари се работи, дали на федерално, државно или локално ниво, зашто ова е витален интерес, зашто се однесува на нашата егзистенција како заедница за годините кои доаѓаат.
Имавте средба со македонскиот премиер Никола Груевски околу ова прашање, за време на вашата последна посета во татковината. Кажете ни најпрво околу средбата и за тоа што премиерот Груевски мисли: како македонско австралиската заедница функционира околу ова прашање денес?
- Средбата со премиерот Груевски беше навистина голема чест за мене и нешто кое е навистина за паметење. Тоа беше и формална и неформална средба. Формална во смисла дека беше договорена преку официјалните канали и протокол, меѓутоа неформална веднаш по запознавањето. Многу брзо видов дека премиерот Груевски е голем џентлмен, народен човек но, и дека тоа е премиер кој многу работи и му посакува само најдобро на својот народ.
Тој призна дека Македонците имаат направено многу за напредокот на австралиското општество генерално за време на историјата од земјава, и посочи дека секогаш кога ќе ја посетел Австралија или кога разговарал со официјални претставници од државава тоа е факт на кој тој се гордеел благодарение на македонската заедница. Поради тоа се заблагодари и му честита на секого од нас за нашата тешка работа и напори да го зачуваме македонската заедница сеуште жива за генерациите кои доаѓаат.
Без двоумење премиерот Груевски е запознат со некои актуелни прашања со кои македонската заедница се соочува?
- Да, тој е запознат со проблемите со кои се соочуваат Македонците во Австралија и ја истакна неговата загриженост околу тоа што многумина кои се вклучени во заедницата вистински се обидуваат да го решат проблемот и да најдат решение. Премиерот Груевски е длабоко загрижен за растечката поделеност во македонската заедница, што прави голема штета внатре и ништо не помага да се достигнат главните цели на заедницата. Тој верува во обединета Македонија, па така очекува Македонците не само во Австралија, туку и насекаде во светот, да бидат и да делуваат како една нација и еден народ. Ние сме малку по број, и г-дин Груевски го разбира ова, меѓутоа тоа не значи дека ние не можеме да бидеме слушнати и дека ние не би можеле да имаме што да кажеме. Било каква поделба во заедницата не е добра, особено ако заедницата е мала. Токму поради ова г-дин Груевски верува дека многу глави во различни организаци треба да бидат заедно и да покажат единство кога настапуваат за решавање на големо прашање на Македонците во Австралија. Тие не мора да соработуваат во други области, но кога станува збор за национална важност, тогаш различностите треба да бидат ставени на страна за да се долови големата слика на која треба сите да се насочат.
Тоа е сигурно охрабрувачки да се чуе од Премиерот и добро да се види дека е во тек со повеќе прашања и заложби на луѓето во светот и во Австралија. Дали можеш да ни кажеш Лидија кое беше твоето лично согледување околу г-дин Груевски како личност, како политичар и лидир ?
- Искрено, премиерот Груевски е најкомпетентниот и највредниот Премиер кој Македонија до сега го имала и ќе го има за долго време во иднина, пред да видиме некој од неговиот калибар да застане на неговото место и да го преземе владеењето на нашата прекрасна татковина. Тој е многу одлучен и решен да постигне толку многу за кратко време. Многу е енергичен и ентузијаст кога станува збор за помош на неговите луѓе и верува дека има добро место за да направи убави работи да се случат за Македонија како целина.
Се разбира, како и повеќето земји во транзиција, развојот може да биде спор и тежок, зашто треба време, но кога имаме луѓе како г-дин Груевски, верувам дека можеме да постигнеме се што ќе си поставиме за задача. Тој е одличен лидер и се надевам дека ќе не води и во иднина, за доброто на Македонија и Македонците во светот.
АМН

Comment